Со насмевка можеш најлесно да му се доближиш некому, насмевката ја брише секоја далечина меѓу луѓето.
Кога некој високо те крева,само ти прави реклама за да те продаде.Ќе се свестиш,не заради тоа што те продал,туку заради евтината цена !
Телесната убавина е како цвет. Денес цвета, а наредниот ден веќе е уништена неговата убавина. Убавината е во душата. Таа е вечна и вечно постои. Зашто секој ќе си спомне за таа душа, со топлина, со љубов и искрена воздишка. За секое направено добро дело, за секој топол збор, за нејзината внатрешна убавина, украсена со безброј цветови кои не свенуваат.
Никогаш,ама никогаш нема да сфатиш како некој се чувствува, се додека не ти се случи и тебе истото...
„Има 4 прашања вредни во животот: Што е свето? Од што е направен духот? За што вреди да се живее? И за што вреди да се умре? Одговорот на сите нив е ист. Само љубовта!“ Џони Деп
Паметниот не кажува ни пола од она што го знае. Глупавиот не разбира ни пола од тоа што ќе го слушне.