Most superior example for "LOVE" in anyone's life: When apples are four & members are five in a family, then mother says "I don't like apple".
Не радувај се премногу на ниту една работа,но не растажувај се премногу затоа што работите не се вечни-арапска пословица
Американскиот бизнисмен,Јон Паул ДеЈорија, денеска е „тежок“ четири милијарди долари. Но не било отсекогаш така. Пробивајќи се во сиромашното детство во грубиот свет, тој дури два пати останал без покрив над главата. Овој 68 годишен човек е роден во многу сиромашно семејство, а неговата мајка и татко се развеле кога имал две години. Првата работа ја добил кога имал само девет години, продавајќи божиќни честитки од врата на врата. Завршил средно училиште и работел секакви работи само за да преживее. На 22 години за прв пат станал бездомник. Сопругата, која сметала дека не е добра за мајчинство и брак, го напуштила него и две годишниот син и ги зела сите пари кои ги имале. Киријата за станот била прескапа, па завршиле на улица. За да преживеат, ДеЈориа некое време собирал шишиња, а по неколку дена поминати на улица се сретнал со пријател, кој му помогнал. Втор пат станал бездомник во времето когаја основал Paul Mitchell Systems. Tогаш во текот на разводот на сопругата и оставил се и повторно со синот од првиот брак повторно завршил на улица. Неколку недели спиел во автомобилот, а синот му го чувале пријателите. Сфатил дека може да се храни во рестораните за брза храна за 99 центи. Тој тврди дека никогаш во животот не би успеал ако не ја слушал неговата мајка која во него ја вградила работната етика и секогаш му зборувала: „Во животот можеш да постигнеш се што сакаш, само немој да се откажеш“.
Не очекувајте дека луѓето ќе ви помогнат во моментите на криза! Така ќе се поштедите од разочарувања. Бидејќи, победата има многу татковци, но поразот е секогаш сираче!
Ако ти се извалкани стаклата од прозореците (очите), матно и валкано ќе гледаш се. Некогаш има тврдокорни дамки, но на стаклото се се брише. Најважно е дали со правилното средство чистиш?!
„Кога светот вели ‘откажи се’, надежта шепоти ‘пробај уште еднаш’.“ – анонимен автор „Следете го вашето срце без сомневање. Ако е во право, ќе успеете, ако не, ќе научите.“ – Вилсон Канади „Секогаш борете се за она што го сакате, не откажувајте се од тоа без разлика колку изгледа безнадежно. И кога ќе немате веќе надеж, запрашајте се дали после 10 години би посакале да се обидевте уште еднаш, бидејќи најубавите работи во животот не се случуваат ‘бесплатно’.“ – Досонс Крик „Не очекувајте ништо и ќе бидете изненадени од нешто.“ – Вилсон Канади „Не плашете се да покажете кои сте навистина, бидејќи сè додека сте среќни и задоволни од себе, туѓите мислења не се важни.“ – непознат автор „За тие кои се на врвот – не бидете премногу горди, за тие кои се на дното – не бидете засрамени. Ништо не е дефинитивно, сè уште нешто може да се промени.“ – Вилсон Канади „Кога треба да донесете тешка одлука фрлете паричка. Кога паричката ќе биде во воздух ќе сфатите на што се надевате.“ – непознат автор „Искушението да се откажете е најголемо во моментот кога сте на прагот од успехот.“ – Кинеска поговорка „Секое утро ви нуди две можности: да продолжите со спиење и сонување или да станете и да почнете со остварување на вашите сни. Изборот е ваш!“ – непознат автор „Постојат две можности во животот, да следиш или да бидеш следен. Не можеш да бидеш и возач и патник во исто време.“ – Вилсон Канади „Моментот кога ќе престанеш да се грижиш за тоа што другите мислат, почнуваш да бидеш тоа што навистина си.“ – непознат автор
"Понекогаш треба да бидете силни за себеси. Треба да верувате дека сте добра личност и добар пријател. Што е пишано, ќе заврши добро, а што не е - нема. Љубовта е вредна за да се борите за неа, но понекогаш не можете само вие да сте личноста која се бори. Некогаш е потребно друг да се бори за вас. Ако не, мора да продолжите напред и да сфатите дека тоа кое сте им го пружиле било повеќе од она кое тие биле подготвени да ви го дадат вам. Секогаш борете се, се` додека нема да можете повеќе, а тогаш нека се борат за вас."
Секој има свое минато, кое е скриено во него, како страници од книга, познати само на него, а пријателите судат само по насловот. - Вирџинија Волф
Прстот кој ги брише твоите солзи кога си тажен, е многу подобар,од десетте прсти кои ти аплаудираат кога си успешен.
Уживај во сѐ што ти се случува во животот, но никогаш немој да дозволиш твојата среќа да зависи од некои луѓе, места и настани
*** Животот некои го живеат, а некои го преживуваат. *** Колку зборови сме изрекле мислејќи дека сме во право?! Повеќе грешиме, отколку што мислиме дека вистина кажуваме.