"Бидете среќни кога ви се нуди можност за тоа и кога ќе најдете сила во себе, бидејќи миговите на чиста радост значат повеќе од цели денови и месеци од нашиот живот поминати во матна игра на нашите мали и големи страсти и апетити. А минута чиста радост останува во нас засекогаш, како сјај кој ништо не може да го помрачи."
Пријателе, не дај боже да и здосадиш.. не си свесен колку ќе ја засакаш. Не затоа што е посебна или најубава, туку затоа што нема да те погледнува.
Животот е неверојатен и нуди прекрасни возможности. Тој треба да се користи, а не да се пази. Да се троши, а не да се штеди.
Минатото не може да биде сменето, заборавено, додадено или избришано. Минатото може да биде само прифатено...
Смирениот човек, не зборува многу, туку молчи. Не се истакнува со ништо, туку само учи од другите. Негативностите и гревовите кај другите ги ситни, ги прави незабележителни, па ги просејува низ сито, додека горе ги остава само добрите духовни особини на другите. Нив им се восхитува, ги споредува со себе, бидејќи знае дека не ги поседува, па се труди и самиот да ги стекне. Затоа е смирен и молчи, зашто знае дека е сиромав со добродетели.
https://www.facebook.com/pages/%D0%91%D ... 41?fref=ts Постојано ги читам нејзините цитати,текстови .Се што таа ќе напише е прекрасно и допира до срце.Девојката си има талент за пишување па сакав да ги споделам со вас. Се надевам дека ќе ви се допаднат.
Научи се да живееш со насмевка без разлика колку те гази животот..Што ќе добиете ако сте тажни???Само задоволство на непријателите..
Со тек на време ќе се навикнеш на разделби. Ќе научиш да се сеќаваш. А сеќавањето е исто како средба. И постепено ќе се навикнеш да сакаш многу луѓе во спомените...
‘ Никогаш никому ништо не објаснувај … зашто вистинските пријатели никогаш и не бараат објаснување … а непријателите и онака нема да ви веруваат.”