Секоја личност која поминува низ нашиот живот е ЕДИНСТВЕНА,секогаш остава малку од СЕБЕ,и зема нешто од НАС.
Најдобро е да се има се – срце кое не е камен, карактер кој не се предава и допир кој не нанесува болка
Најголема казна за лажливецот е да не му се верува ни кога ја зборува вистината. - Талмуд Не губи надеж. Кога сонцето ќе зајде се раѓаат ѕвездите.
Ако во сеќавање не ти се наоѓа ниту најмала лудост на која те навела љубовта, тогаш никогаш не си љубел.- Вилијам Шекспир
Едно момче гледајќи ја мајка си како е тажна и со солзи во очите, ѝ рекол: „Ти си втора најубава жена на светот.“ Таа зачудено го погледнала и го прашала: „А која е прва?“ Момчето одговорило: „Исто ти... само кога се смееш...“
Животот е како клавир, белите типки се за среќните денови а црните за тажните. Но, за да имаме убава мелодија треба да се користат двата типа. ▌▌▌│▌▌│▌▌▌│▌▌│▌▌▌│▌▌│▌▌▌│▌▌│▌ └└└└└└└└└└└└└└└└└└└└└└└└└└└└
Не можеш ни на малиот прст да му се фатиш! Ти никогаш не си знаел така да ме изненадиш! Ти не знаеше да ме цениш како него, не знаеше да бидеш тука кога ми треба... ти, ти не знаеше што значи да имаш љубов до тебе! Никогаш не научи зошто се смеам и плачам, никогаш не сфати колку боли кога ќе си заминеш без збор, ти никогаш не знаеше да прашаш зошто се кршам во себе... ти не знаеше да ми го препознаеш сјајот во очите. -Да, ама ти мене ме сакаше, а не него. Молк... наеднаш затрепери нејзиниот глас и тивко се слушна: Затоа се обидувам да го засакам. Барем тој знае што е љубов, а јас ќе учам да го сакам и да бидам со него. Знам, тешко е да сакаш некој за кој никогаш не ти треперело срцето, да бидеш со некој од кого нема да ти заиграат нозете кога ќе го видиш, да прегрнеш некој, а да не почувствуваш топлина од истиот допир. Ама и знам дека љубовта е слепа, а нејзиното ТЕ САКАМ некогаш не е доволно за да останеш. Едноставно некогаш е доволно да си заминеме без збор, не затоа што сме слаби туку затоа што некогаш мора да боли повеќе од вообичаеното за да помине. Можеби јас никогаш нема да сакам како сега, ама барем ќе знам дека нечија близина нема да боли како твојата. Денес убив човек. Го убив оној во мене кој те сакаше. Не се чуствувам виновен, го убив во самоодбрана... Љубовта не е да најдеш некого со кого ќе живееш, туку да најдеш некој без кого не можеш да живееш! Додека си никој треба да запамтиш кој те гледал како некој и кога си некој треба да ги заборавиш тие кои те гледале како никој.