* Живот поминат во правење грешки не само што е почесен, туку и поуспешен отколку живот поминат не правејќи ништо. * Се во животот е експеримент. Колку повеќе експерименти, толку подобар живот. * Не лутајте наоколу велејќи дека светот ви должи живот. Светот не ви должи ништо. Беше тука прв. *Не плачете бидејќи е готово. Радувајте се бидејќи ви се случило. *Во три збора може да сумирам се што научив во живoтот - продолжува да тече. *Секогаш простувајте им на своите непријатели. Ништо не ги нервира повеќе.
Си биле четири свеќи кои полека гореле и во меѓувреме разговарале. Првата свеќа рекла: „Јас сум МИР ... луѓето не успеваат да ме сочуваат, нема потреба да горам понатака... мислам дека ќе се угасам“ и веднаш се угасила. Втората свеќа рекла: „Јас сум ВЕРА ... за жал многу луѓе имаат самоповршна вера и јас не ги интересирам, нема смисла да горам понатаму.“ Само што ги изрекла овие зборови, дувнало ветерче и свеќата се угасила. Третата свеќа жално проговорила: „Јас сум ЉУБОВ ... немам повеќе сила, луѓето често забораваат на мене.“ и истиот момент се угасила. По кратко време во собата влегло дете: „Што е ова ?“ Запрашало детето. „Требаше да горите до крај“ и почнало да плаче. Тогаш се огласила четвртата свеќа: „Не плаши се, додека јас горам ќе може да ги запалиме повторно сите свеќи. Јас сум НАДЕЖ. “
Ако не постојат разделбите никогаш нема да знаеш колку ти значат оние што те напуштаат...............!
Бог секогаш навива за нас. Тој секогаш нè потсетува дека треба да продолжиме понатаму. Тој ни го дава она што ни треба, а не она што го сакаме. Бог не пропушта ниедна игра од нашиот живот и тогаш кога ни се чини дека не заборавил на клупата за резерви. Тој е оној кој ги наплаќа долговите кај оние кои ни згрешиле. Тој е оној кој не прати во играта наречена „живот“ и тогаш кога не го гледаме. Продолжете понатаму, играјте за него!!!
Our greatest weakness lies in giving up. The most certain way to succeed is always to try, just one more time. - Thomas A. Edison Not everything is meant to be understood.
Една стара легенда раскажува за тројца мажи, кои носеле секој по две вреќи. Но теретот не го чувствувале подеднакво. Вреќите им биле, едната од напред, а другата од назад, виселе обесени на дрвена мотика на рамената. Го прашале првиот човек што има во вреќите. Одговорил: - Сите мои успеси, сите добри дела на моите пријатели, сите животни радости - се во вреќата однапред. Скриени од погледите, завршени, прикриени со лисја, не ми сметаат многу. Во вреќета однапред ги имам сите лоши и грди работи кои ми се случиле. Одам, застанувам често, ги вадам, набљудувам, проучувам, размислувам што да правам. Постојано сум со нив, и во мислите и во чувствата. Постојано работам на нив. Овој човек често подзастанувал, гледал назад, се мачел и напредувал многу бавно. Вториот човек го запрашале истото. Тој им одговорил: - Во вреќата однапред ги носам моите добри дела, знаењето за доблестите. Често ги гледам, вадам и покажувам на другите. Вреќата од позади ги содржи моите грешки и моите слабости. Ги носам со себе каде и да одам, бидејќи тие се мои и не можам туку така да ги оставам на страна. Ме забавуваат, понекогаш се многу тешки. Кога го запрашале и третиот човек, тој им одговорил: - На предната вреќа го напишав зборот - ДОБРИНА. Преполна е со позитивни мисли, добри човечки дела, сите добри работи кои ги имав и направив во животот, мисли за мојата сила. Таа вреќа не ми е тешка. Напротив, како бродско едро, ми помага во движењето напред. Додека пак вреќата која ја носам на грбот има натпис - ЛОШИ СПОМЕНИ и празна е, бидејќи и го исеков дното. За се што ми се случило лошо, лошите мисли кои понекогаш ги имам за себе, злото кое го слушам од другите, малку размислувам и го фрлам во таа вреќа. Низ дупката тоа си оди засекогаш. ЈАС СУМ СЛОБОДЕН... ЈАС НЕМАМ ТЕРЕТ КОЈ БИ МЕ ЗАБАВУВАЛ ВО ОДЕЊЕТО... Овој човек зборува за ТРИ ЕДРА: ПОЗИТИВНО ЗА СЕБЕ... ПОЗИТИВНО ЗА ДРУГИТЕ... ПОЗИТИВНО ЗА СИТУАЦИИТЕ... ЕДРА НА ПОЗИТИВНО РАЗМИСЛУВАЊЕ... бидејќи, СИТЕ НИЕ СМЕ РОДЕНИ ДА ИЗБИРАМЕ МИСЛИ КОИ ЌЕ НИ ГО НАСОЧАТ ЖИВОТОТ... Тогаш... АЈДЕ СИТЕ НИЕ ДА ГИ ИЗБЕРЕМЕ ЕДРАТА СО КОИ СЕ СТИГНУВА НАЈДАЛЕКУ !!!
Луѓето се воодушевуваат на храброста,на талентот,на добрината,на големите задачи и на големите искушенија...но не ценат ништо освен пари." Мораме да запомниме дека не сме единствените кои се нашле во безизлезна ситуација. Исто како што леталото од хартија се крева на ветрот, дури и најтешките маки можат да нe направат посилни. Како што илјадниците пред нас ги снашла иста судбина и успеале да се справат, така можеме и ние! "Изворот на нашата среќа е во субјективните особини : племенит карактер, позитивен дух, ведар ум и здраво тело. Човекот не треба никогаш да престане да сонува. Сонот е храна за душата. Кога ќе победите, сте среќни. Кога ќе изгубите, ќе научите што да направите да бидете подобри и да победите следниот пат. Не оди како да владееш со светот,оди како да не ти е гајле кој владее со светот. Тоа се вика став. Дрво на дрво се потпира, а човек на човека. Јас си велам : Бори се !Јас сe храбрам ,не предавај се, издржи, воздивни, победи, насмевни се и љуби...
Колкупати сакаш вракај се на некоја прочитана книга, таа секогаш ќе има ист краj Културата е само шминка, која брзо се раствора во алкохол! Љубов е токму тоа, вие да бидете негова, а тој сеуште да чувствува копнеж за вас. Жената се бори додека е во врска, а мажот после разделбата.
Ниеден човек во твојот живот не е случаен. Некои доаѓаат за да почувствуваш среќа, други за да стекнеш искуство, трети да го зајакнеш карактерот.