Нашиот проблем не е болката, од неа патиме но таа не нè уништува. Проблемот е самотијата која предизвикува болка. Тоа е она што нè убива, тоа што нè одделува од светот. Гијом Мисо
-Дека вистински губиш може да почувствуваш само ако сакаш некого повеќе од себе. -Ќе бидеме многу посреќни ако навреме ја прифатиме едноставната вистина, дека секој од нас живее во сопствената кожа а не во туѓите очи. -Илјада пати се каеме за она што го кажуваме, но многу ретко за она што го премолчуваме.
Животот е ехо. Што испраќате Тоа ви се враќа. Што сеете Тоа ќе жнеете. Што ќе дадете Тоа ќе добиете. Не судете И нема да ви се суди. Давајте љубов И љубовта ќе ви се врати.
Знаеш... За да ме повредиш, треба најпрво нешто да ми значиш. За да ме убиеш со зборови, треба да ми значи тоа што ти се крие во мислите. За да ми ги видиш солзите, најпрво треба да ти ги подарам насмевките. Но, дали навистина мислиш дека ја имаш таа моќ, така лесно да го растргнеш моето небо?
Вистински те познава личноста која ја гледа тагата во твоите очи додека останатите веруваат во насмевката на твоето лице!
Секогаш се чуствувам среќен. Знаеш ли зошто? Зошто не чекам ништо од никого. Да чекаш секогаш боли. Животот е краток. Затоа сакај го, биди среќен и секогаш смеј се. Живеј за себе и запомни -пред да зборуваш -слушај,пред да пишуваш -мисли,пред да повредиш -чуствувај,пред да мразиш -сакај,пред да се предадеш -обиди се! Пред да умреш-ЖИВЕЈ! - Шекспир
О, музика! Ќе се потсетиш на некоја мелодија, ја пееш нечујно, сам во себе, битието од неа ти се напојува, владее таа со сета твоја снага и движење и во тие моменти, додека во тебе живее, ти го гасне сето она што е случајно, сето зло, сето сурово, сето жалосно, прави светот да звучи заедно со неа, тешкото го прави лесно, а на здрвениот му дава крила! http://www.youtube.com/watch?v=U8uGd3drYgw
Секое нешто во животот се плаќа со крв, со пот, со солзи, со жртвување. Затоа, не завидувај, не зборувај и не стварај свое мислење за луѓето без да ти раскажат. Не знаеш кој со што платил!
Во тебе се кријат тројца. Првиот е каков што сакаш да биде. Вториот, каков што мислиш дека си. А третиот, каков си навистина. И единствено тој не го познаваш доволно добро. - Во секој од нас живее чудно слепило. Сè гледаме, освен самите себе. - Кога барате совет, размислете за можноста на неговото прифаќање. - Мудриот човек не кажува сè што мисли, но затоа мисли сè што кажува. - Совет бараме тогаш кога го знаеме решението, но тоа не ни се допаѓа. - Кога некој е вреден слуга, жалосно би било да стане господар. - Ништо не може да ја замени упорноста. Ниту талентот, ниту генијалноста, ниту образованието. Упорноста и одлучноста се моќ. - Постојат само две бесконечни работи на светот - вселената и човечката глупавост... Но, за вселената и не сум баш сигурен. - Човекот кој знае да го прикрие своето незнаење знае многу повеќе. - Светот е опасно место за живеење, не заради злобните луѓе, туку заради добрите кои ништо не превземаат. - Она што се смета за тврдоглавост кога целта е лоша, се смета за упорност кога таа е добра. - Наша работа не е да гледаме што се надзира во далечината, туку она што е јасно поставено пред нас. - Секој може да критикува, но само стручното лице знае да пофали. - Храбар е оној кој признава дека е кукавица. - Некои битки мора да се водат неколку пати за да се добијат. - Кога пријателите ќе се вивнат високо, не барај ги додека не те побараат самите. - Прави го она во што веруваш и верувај во она што го правиш. Сè останато е расипување на вербата и губење на времето. - Трудете се да бидете она што се, а не она што би требало да бидете. - Научивме да разбиваме атоми, но не и предрасуди. - Фантазијата е подалеку важна од знаењето. - Престани да размислуваш за своите граници, започни да ги откриваш своите можности.
Професорот: Ти си христијанин, така ли е синко? Студентот: Да, господине. Професорот: Значи, ти веруваш во Бог? Студентот: Апсолутно, господине. Професорот: Дали Бог е Добар? Студентот: Секако. Професорот: Дали Бог е Семоќен? Студентот: Да. Професорот: Мојот брат умре од рак и покрај тоа што се молеше на Бог, да го излекува. Повеќето од нас ќе се обидат да им помогнат на другите во болеста. Но, Бог не. Тогаш, како овој Бог е добар? (Студентот траеше.) Професорот: Не можеш да одговориш, зар не? Ајде да почнеме од почеток, младо будалче. Дали Бог е добар? Студентот: Да. Професорот: Дали ѓаволот е добар? Студентот: Не. Професорот: Од каде доаѓа ѓаволот? Студентот: Од... Бог... Професорот: Токму така. Кажи ми синко, дали има зло на овој свет? Студентот: Да. Професорот: Злото е насекаде, зарем не? И Бог направи сè. Точно? Студентот: Да. Професорот: Значи, кој го направи злото? (Студентот не одговараше.) Професорот: Дали постои болест? Неморал? Омраза? Гордост? Сите овие ужасни нешта постојат на овој свет, зарем не? Студентот: Да, господине. Професорот: Значи, кој ги направи нив? (Студентот немаше одговор.) Професорот: Науката вели дека има 5 сетила кои ги користиме за да го идентификуваме и набљудуваме светот околу нас. Кажи ми, синко, дали некогаш си го видел Бог? Студентот: Не, господине. Професорот: Кажи ни, дали некогаш го имаш слушнато БОГ? Студентот: Не, господине. Професорот: Дали некогаш го имаш почувствувано Бог, пробано твојот Бог, миризнато твојот Бог? Дали некогаш си имал некоја ментална перцепција за Бог? Студентот: Не, господине. Се плашам дека немам. Професорот: Сè уште веруваш во Него? Стдентот: Да. Професорот: Според Емпирискиот, Тестирачкиот, Демострирачкиот Протокол, Науката вели твојот Бог не постои. Што велиш на тоа, синко? Студентот: Ништо. Јас само ја имам мојата вера. Професорот: Да, вера. И тоа е проблемот кој Науката го има. Студентот: Професоре, дали постои такво нешто како топлина? Професорот: Да. Студентот: И дали постои такво нешто како ладно? Професорот: Да. Студентот: Не, господине. Не постои. (Предавалната стана многу тивка со овој тек на настаните.) Студентот: Господине, можете да имате многу топлина, уште поголема топлина, супер-топлина, мега-топлина, бела топлина, малку топлина или воопшто да немате топлина. Но, ние немаме ништо што е наречено студ. Може да се дојде до 458 степени под нулата што не е топлина, но не можеме да одиме понатаму, после тоа. Не постои нешто такво како ладно. Ладно е само збор кој го употребуваме да го опишеме отсуството на топлина. Ние не може да го измериме студот. Топлината е енергија. Ладно не е спротивно на топлина, господине, само отсуство од неа. (Потполна тишина владееше во предавалната.) Студентот: Што е со темнината, Професоре? Има ли нешто такво како темнината? Професорот: Да. Што е ноќта ако не е темнината? Студентот: Пак сте грешка, господине. Темнината е отсуство на нешто. Може да имате слаба светлина, нормална светлина, јасна светлина, блескава светлина. Но ако немате светлина постојано, немате ништо и тоа се нарекува темница, зар не? Во реалноста, темнината не е ништо. Ако е нешто, ќе бидете во можност темнината да ја затемните, нели? Професорот: Која е поентата која ја правиш, младичу? Студентот: Господине, мојата поента е недостатоците на вашите филозофски премиси. Професорот: Недостатоци? Можеш ли да објасниш како? Студентот: Господине, вие работите на премисите на дуалитетот. Вие се согласувате дека постои живот а потоа постои и смртта, добар Бог и лош Бог. Вие го гледате концептот за Бог како нешто ограничено, нешто што може да се измери. Господине, Науката не може да објасни дури ниту ЕДНА мисла. Користи електрицитет и магнетизам, но никогаш не ги видела, а уште помалку се целосно разбрани. Да се гледа смртта како спротивност од животот е да се биде неук за фактот дека смртта не може да постои како суштинска работа. Смртаа не е спротивност од животот: само отсуство од него. Сега кажи ми, Професоре, дали ги учите вашите студенти дека тие еволуирале од мајмунот? Професорот: Ако се однесува на природниот еволутивен процес, да, се разбира, ги учам. Студентот: Дали некогаш сте забележале еволуција со вашите очи, господине? (Професорот одмавна со главата со насмевка, почнува да сфаќа каде аргументите водат.) Студнетот: До сега, никој не го набљудувал процесот на еволуција на работа и не може дури ни да докаже дека овој процес преставува тековен потфат и дека е во постојаност. Не го предавате ли вашето мислење, господине? Дали со тоа не сте научник, туку проповедник? (Во класот настана голема галама.) Студентот: Има ли некој во овој клас, кој го има видено мозокот на Професорот? (Сите во класот почнаа да се семат гласно.) Студентот: Има ли некој овде кој некогаш го слушнал мозокот на Професорот, го почувствувал, го добпрел или миризнал? Никој од присутните не го направил тоа. Значи, според утврдените правила на Емпирискиот, Стабилен, Демонстрирачки Протокол, следи дека Науката вели дека вие немате мозок, господине. Со сета почит, господине, како ние тогаш им веруваме на вашите предавања, господине? (Во предавалната настапи тишина. Професорот се загледа во студентот, беше потполно збунет.) Професорот: Претпоставувам, предавањата ги слушаш со вера, синко. Студентот: Тоа е тоа господине... Токму така! Врската помеѓу човекот и БОГ е ВЕРАТА. Тоа ги одржува сите работи живи и во движење. Патем, тој студент бил Ајнштајн.