Ја прашува љубовта смртта: "Зошто мене сите ме сакаат, а тебе не?" Смртта одговара: "Затоа што ти си лага, а јас вистина." ************ Во љубовта искуството не вреди. ************ Ризикувајте,но никогаш со нештата кои не сакате да ги изгубите.. ************ Штом ќе се разбудиш едно утро, а не ќе помислиш на првиот здив, ниту пак на првата свежа голтка вода, туку сите мисли како јато птици ќе одлетаат да побараат каде е таа, тогаш ќе знаеш - ти веќе не си свој...
Зборовите се куршуми кога се врескаат, и така е , повредуваат, рануваат.Толку е лесно да се мрази. а толку тешко да се сака? Лекувањето е меѓусебно чување. На болниот му треба лек.На душевната рана и треба лек .Наместо да се руши, треба да се гради. Рушењето разболува, а градењето лекува. Лекувањето е подавање рака. Лекувањето е сакање.Лекот е мост .Мост што обединува.На лекот му треба време. Му треба љубов.На лекот му треба напор. На лекот му треба трпение. На лекот му требаат сите. Не е повеќе време за војна, време е за мир. Не е време за градење ѕидови кои ќе не разделат, туку време за мостови кои ќе не обединат. Лекувањето е чување...Да престанеш да чуваш е да престанеш да лекуваш.Како се лекува душата?Како се лекува омразата? Како се лекува злобата? Како се лекува насилството? Како се лекува стравот? Како се лекува огорченоста? Тажно е и разлутува, но има нешта кои немаат лек.
Го прашале професорот: - Што е љубов? - Не ја знам таа лекција. Го прашале таксистот: - Што е љубов? - Не сум слушнал за таа улица. Го прашале детето: - Што е љубов? - Не ја знам таа игра. Го прашале лудиот? - Што е љубов? - Она што ме направи ваков. Не вeли дека би умрел за неа, живеј за неа ))