Случајностите се лузни на судбината. Не постојат случајности само сме марионети на нашата потсвест. Una vez que en el momento en que te paras a pensar si quieres a alguien, ya has dejado de quererle para siempre..
Живот е.. кога веруваш во твоите чувства, ги користиш шансите, ја бараш среќата, ги чуваш спомените и учиш од минатото.. Последната скала од лошата среќа е воедно прва скала за добра среќа. Многубројните желби го спречуваат обликувањето на нашата среќа. Дури и најскапиот подарок нема вредност ако не е подарен од срце. Си пораснал тогаш кога ќе сфатиш дека песната “Кучето мое“ не е напишана за куче. Недоволното внимание и недоволната посветеност ја убиваат и најдлабоката љубов.
Не им се лутам на оние кон ме озборуваат туку ана оние кој ги пренесуваат мојте озборувања. Со слатки зборови најубаво се соли памет. Чекањето љубов е како да чекаш брод на аеродром.
Една од најважните работи во животот е да знаеш кога треба да заминеш. Најсилна е онаа жена која умее да зачекори во секој нов ден со широка насмевка и крената глава, без оглед колку плачела претходната ноќ.
... И како што бидува меѓу оние кои се сакаат, со време почнуваат да личат еден на друг. Почнуваат секојдневно да ги јадат оние слатки кои прв пат ги јаделе кога се запознале. Едниот ја започнува мислата, а другиот ја завршува, следејќи ја до танчина. Чекорат со ист чекор и доволен им е само поглед па да почнат да се смеат, а на присутните да не им биде јасно, ни повод, ни видлива причина за сето тоа ... Некогаш го бараме она што го немаме, го зборуваме она што не го мислиме, го правиме она што не го сакаме и ги сакаме оние на кои не им значиме. Тешко е да сакаш, потешко е да не сакаш, но најтешко е да ја најдеш саканата личност, која те сака. ~ Александар С. Пушкин ~
Роза Еден човек застанал во цвеќарница за да купи еден букет цвеќе и да ѝ го испрати на својата мајка, која живеела на двесте километри од него. Додека излегувал од автомобилот, тој забележал едно девојче како седи на тротоарот и липа. Ја прашал што е проблемот и таа одговорила: „Сакав да купам една роза за мајка ми, но имам само седумдесет и пет центи, а една роза чини два долари.“ Човекот се насмевнал и рекол: „Ајде дојди со мене. јас ќе ти купам роза.“ Тој купил роза за девојчето, а потоа ги нарачал цвеќињата за неговата мајка и им ја дал адресата за да ги испратат. Додека излегувале од цвеќарницата, човекот му понудил на девојчето да го превезе до кај нејзината мајка. Таа рекла: „Да, може, ако не Ви е проблем. Може да ме однесете до кај мајка ми.“ Потоа го насочила да вози накај гробиштата каде ја оставила розата на еден ново ископан гроб. Човекот се вратил во цвеќарницата, ја откажал својата нарачка за испорака, го земал букетот и самиот тргнал на патот од двесте километри за да ѝ го однесе цвеќето на својата мајка.
~ Убави се луѓете кога се искрени и отворени, кога на лицето можеш да им ја видиш душата. ~ Фрли си лепче зад себе, за да си го најдеш пред себе. Spoiler
Младоста е добра не поради тоа што овозможува да се прават глупости, туку поради тоа што дава време за нивно поправање.