Го прочитав ова денес, и многу ми се допадна, мислам дека ова е соодветна тема да го споделам: Ако имаш храна во фрижидерот, облека на себе, кров на глава и место каде да спиеш - побогат си од 75% луѓе во светот. Ако имаш пари во паричникот и можеш да одвоиш толку да би можел да јадеш на некое место по своја желба, ти си во 8% најбогати луѓе на светот. Ако утрово си се пробудил со повеќе здравје отколку болест - поблагословен си од милион луѓе кои... нема да преживеат оваа седмица. Ако никогаш не си ja искусил опасноста во војна, осаменоста во затворот, агонијата на тортура или маките од гладување - ти си пред 500.000.000 луѓе на светот. Ако родителите ти се уште живи и уште се во брак - ти си помеѓу многу ретките. Ако држиш крената глава, насмевка на лицето и вистински си благодарен на Бог - благословен си, бидејќи повеќето луѓе тоа не го можат. Ако си ја прочитал оваа порака - посреќен си од 2 милјарди луѓе на светот кои воопшто не знаат да читаат.. Заблагодарете се на прекрасниот Бог на даденото и ќе имате повеќе!
Никогаш не се враќај на она што било, бидејќи ако било значи дека поминало, ако поминало значи дека не го бидува и никогаш нема да го биде.
In the age of information IGNORANCE IS A CHOICE! What would the child you once were, think of the adult you have become?
Ослободете се од тоа да ги слушате мажите, сватете колку вредите, не дозволувајте ни еден маж на влијае на вас и вашето расположение, бидете слободни како што од секогаш сонувате. ЖЕНИ СТЕ - МОЖЕТЕ СЕ!
Ќе бидеш сакана дента кога ќе ги покажеш своите слабости без другиот да се послужи за да си ја зголеми силата.
Има само два начина да го промениш твојот живот, да погледнеш во иднината и да го заборавиш минатото.
„Мажите поминуваат години за да ја освојат жената која ја сакаат. Жените го поминуваат остатокот од животот за да го задржат мажот за себе.”
Игнорирањето на проблемите, е најлесен начин за избегнување на истите. Но соочувањето со нив и преминувањето преку нив, е она што всушност не прави силни.
Своите заби во туѓа уста не можеш да ги ставиш. И со круна на главата, мајмунот си останува мајмун. Кој има млада жена и стара куќа секогаш има работа. Ако е празна главата, тешко на нозете.
Мажите кажуваат за авантури кои не ги ни имале, а жените имаат авантури за кои никогаш нема да кажат .
Многу лопати се потребни за да се погребе вистината! Најголемата човечка слабост е тоа што секогаш сака да го дознае она што воопшто не сака да го знае.