Мажите што се фалат дека многу девојки трчаат по нив, не треба да заборават дека ниските цени привлекуваат многу муштерии! Дијамант остаје дијамант и кад падне у блато. А прашина остаје прашина и кад се дигне до неба! п.с. Ги заприметив во некој потпис тука на форумов ми се свиѓаат
„Нашите сомнежи ни се непријатели и се причина за загуба на многу нешта кои би ги постигнале доколку не се плашиме да се обидеме“- Шекспир
Замисли “еднаш се живее“ да значеше дека треба да побрзаш да направиш нешто корисно, а не да се правдаш кога правиш нешто глупо?
Добрината секогаш се враќа со добрина. Да се биде алка во синџирот на љубовта значи несебично да се помага, без скриени намери, без очекувања и награди. Подадете рака и станете дел од синџирот на добрината. Така, кога најмалку очекувате, а најмногу ви е потребно, секогаш ќе се најде некој кој вам ќе ви подаде рака.
Повеќето луѓе ќе учеа од нивните грешки ако не беа толку зафатени негирајќи ги. Успешниот брак подразбира заљубување повеќе пати, но секогаш во истата личност.
Знаеше дека дел од неа засекогаш ќе остане со него. Таму каде што се разделија оној ден, останаа неговата гордост, нејзината тврдоглавост, прошуштената шанса и едно ветување. Имаа сè, а избраа ништо.“
Кога некој ме праша: Зашто ти е толку тешко да им веруваш на луѓето? Мојот одговор беше: А зошто на луѓето им е толку тешко да одржат едно ветување. ?
Never Give Up. Победувај без да се фалиш,губи без да се правдаш! Дури и најскапиот подарок нема вредност ако не е подарен од срце. Вистинскиот пријател ќе те напушти само кога ќе умре. Без разлика како се чувствуваш, стани, дотерај се, појави се и никогаш немој да се откажеш!
Не сме единствени со своите искушенија, зашто некој пред нас го искусил истото. Можеби го нема, но останал примерот на неговиот живот. За се’ постои одговор и решение. Го има, тој одговор живее. Длабоко, длабоко во нас...
Егото има неверојатна моќ. Можете да постигнете милион успеси и сите тие да паднат во вода поради некој мал неуспех. Денес потсетете се на сите ваши достигнувања. Неверојатно е колку брзо забораваме на работите кои сме ги постигнале, кога неуспехот тропа на нашата врата.