Човек ќе биде најубав и во најсиромашната облека само кога ќе го стави најважниот украс на себе, насмевката.
"Не знам каков е клучот на успехот, но клучот до неуспехот е да се трудиш да им се допаднеш на сите." - Бил Козби "Препорачувам да се грижите за минутите, бидејќи часовите ќе се погрижат за себе" - Лорд Честерфилд
Конфучие: Оној што не знае,а не знае дека не знае - избегнувајте го; Оној што не знае,а знае дека не знае - опасен е; Оној што знае,а не знае дека знае - разбудете го; Оној што знае,а знае дека знае - следете го!
Можеби грешките ја прават нашата судбина. Без нив, што би го обликувало нашиот живот? Да не лутаме никогаш не би се заљубиле и не би имале деца, никогаш не би станале тоа што сме. На крајот од краиштата - годишните времиња се менуваат. Како и градовите, сите се поинакви. Луѓето доаѓаат и одат. Но, утешно е што знаеш дека оние кои ги сакаш секогаш се во твоето срце.
Ако ве мачат прашања на кои немате одговор, ако мислите дека вашиот проблем нема решение, запрашајте се дали сте подготвени да ја чуете вистината? Дали сте подготвени за промени? Всушност, никој ништо не измислува ниту пронаоѓа, бидејќи се веќе отсекогаш постои. Меѓутоа, колку знаеме и колку ќе добиеме од Вселенската ризница на мудрост зависи само од нашата духовна подготвеност.
No pain,no gain. No fear,no tear.(моето мото ) Не прави им го на другите она што не сакаш да ти го прават тебе.