Си биле четири свеќи кои полека гореле и во меѓувреме разговарале. Првата свеќа рекла: „Јас сум МИР ... луѓето не успеваат да ме сочуваат, нема потреба да горам понатака... мислам дека ќе се угасам“ и веднаш се угасила. Втората свеќа рекла: „Јас сум ВЕРА ... за жал многу луѓе имаат самоповршна вера и јас не ги интересирам, нема смисла да горам понатаму.“ Само што ги изрекла овие зборови, дувнало ветерче и свеќата се угасила. Третата свеќа жално проговорила: „Јас сум ЉУБОВ ... немам повеќе сила, луѓето често забораваат на мене.“ и истиот момент се угасила. По кратко време во собата влегло дете: „Што е ова ?“ Запрашало детето. „Требаше да горите до крај“ и почнало да плаче. Тогаш се огласила четвртата свеќа: „Не плаши се, додека јас горам ќе може да ги запалиме повторно сите свеќи. Јас сум НАДЕЖ. “
И така еден ден ќе сфатиш дека најубавите работи се случуваат спонтано, без форсирање, влегуваат тивко и остануваат вечно...
It doesn't even take a minute to tell a person that you care for them. However, it takes years to prove that to them. You are one person who has proved that you care for me time and again. Thank you for everything.
Кај еден мудрец дошла млада, убава девојка, целата облеана во солзи. - Што да правам? – низ солзи прашала таа. Секогаш се обидувам да се однесувам добро со луѓето, никого не повредувам, помагам со што можам. И покрај тоа што со сите сум добра, често наместо благодарност и почит, добивам навреди и иронични насмевки. Дури некои се однесуваат отворено непријателски со мене. За ништо не сум виновна и се е толку неправедно и навредливо! Посоветувајте ме што да направам! Мудрецот ја погледнал со насмевка и рекол: - Соблечи се гола и прошетај така низ градот! - Полудевте ли?! - одговорила девојката. - Ете гледаш!- се насмевнал повторно мудрецот. Да го покажеш голото тело пред луѓето се срамиш. Зошто тогаш одиш по светот со гола душа? Таа е отворена како оваа врата. Секој што ќе посака влегува во твојот живот и ако ги гледа твоите добри страни како одраз на сопствените пороци, тој се труди да те навреди, оклевети, понижи. Не секој има храброст да признае дека некој е подобар од него. Биди како цвет, откриј го срцето пред луѓето бавно и неприметно. Види кој е достоен да биде твој пријател и да твори добро, како се полива цвеќе со вода и кој крши ливчиња и го гази цвеќето со нозе. „Не фрлај бисери на свињите!“
Mожеш да го мразиш противникот, но секогаш респектирај го... затоа што не за џабе ти е противник! Не е страшно ако пробаш и не успееш, страшно е ако не пробаш, тогаш сигурно нема да успееш.
Ферид Мухиќ: Таму каде човекот е број еден, парите се број два.А таму каде што парите се број еден, човекот е нула.
Надежта дефинитивно не е исто што и оптимизмот. Тоа не е уверување дека нешто ќе испадне добро, туку наша потполна убеденост дека нешто има смисла, без оглед на тоа како испаднало на крај – Вацлав Хавел Судбината е за губитници. Тоа е само глупав изговор да чекаш работите да се случат сами по себе, наместо самиот да ги создаваш – Блер Волдорф
If you think it's all gone just breathe and hold on. ~Christon-Fight the end(делче од песната за серијата Владеење-"Reign")
Кога си млад се ти изгледа супер и се ти е рамно. Kога си возрасен ништо не ти е јасно. Kога ке подостарееш се ти е јасно само за се ти е касно.