Конфучие: "Во животот треба да се чувате од три нешта: во младоста од завист, во зрелоста од битка, а во староста од алчност".
„Се случува понекогаш некоја жена да сретне некој загубен човек и решава да направи од него здрав човек. Таа успева понекогаш!!! Се случува понекогаш некоја жена да сретне здрав човек и решава од него да направи загубен човек. Таа успева секогаш!!!“ Чезаре Павезе
Кога се качуваш, по скалилата, нагоре, поздрави ги сите кои ќе ги видиш, бидејќи и кога ќе слегуваш, тие можеби ќе бидат тука
Си одам пат за накај дома и онака на минување една жена зборуваше со некоја пријателка,но нејзината реченица ми остана во главата: Секој си е богат на свој начин
И на крајот од денот причината молчеше. Зборовите не постоеја, мислите беа заглавени, судбината ја криеше причината и повторно правеше сплетки, а времето течеше. Судбината постојано ја тераше да се соочува очи во очи со болката и со љубовта и носеше само зборови, зборови, зборови. Мастилото не секнуваше, а оставаше тешки дамки на црвените нокти. А љубовта колку и да сакаше не избледнуваше. Мислите не секнуваа, а солзите пресушија. Но, тишината знаеше – Тоа што нема да ја убие, ќе ја направи посилна.