Научете да и се радувате на секоја секунда !!! Има денови кога помислуваме дека ќе се откажеме и покрај тоа што сме се труделе дури и премногу.. Има денови кога сме се смееле до последен здив и мислиме дека само небото ни е граница.. Има денови кога се затвораме во себе, не знаејќи што пропуштаме.. Секој ден е ново искуство а тоа најчесто го дознаваме кога по изминатиот ден ќе се сетиме на она што сме го кажале или направиле.. Некогаш се гордееме со самите себе си со сопствените постапки ...Некогаш се каеме. Со секоја помината секунда знаеме дека ништо не е исто како порано. Во таа секунда во еден здив можеме да кажеме “ ДА “ но и “ НЕ “. Но само едно нешто треба да ни е секогаш на ум : Кога веќе ништо не сме направиле нема повеќе враќање назад.. Најдобро е да го прифатиме нештото онакво какво што е.. Некогаш единствено нешто што ни недостасува е верба, надеж и среќа.. Затоа верувајте, надевајте се и бидете среќни... И не дозволувајте времето да го трошите на некои безвредни работи или личности..
Пред да им кажеш на луѓето како треба да живеат, покажи го тоа и со свој пример. Ништо на светот не е потешко од искреноста и нема ништо полесно од ласкањето. Знајте дека нема ништо повишно и посилно, и поздраво, и покорисно за идниот живот, од некаков убав спомен, а особено ако е тој од детството, од родителската куќа… Еден толку прекрасен свет спомен зачуван од детството, можеби е токму најдобро воспитание. Ако човек носи во себе многу такви спомени, тогаш тој е спасен за цел живот. А ако макар еден убав спомен остане во нашето срце, некогаш и тоа може да послужи како спас. .. .Не плашете се од животот! Колку е убав животот кога ќе направиш нешто добро и праведно! Ако сте се упатиле кон целта и при секоја препрека застанувате да фрлате со камења кон секое куче кое лае по Вас, никогаш нема да стигнете до целта. Фјодор M. Достоевски
* Кој помага брзо,помага двојно – Тадеуш Мазовјецки * Некои битки мора да се водат повеќе пати да се добијат – Маргарет Тачер * Љубовта не ја изразуваме со гледање на љубената личност в очи,туку заедно со неа гледаме во иста насока – Антоан де Сент-Егзипери
Животот е само мост. Немој да градиш куќа на мостот. Подобро запалете светло отколку да ја проколнувате темнината. Мудриот човек сам донесува одлуки, будалата го прифаќа јавното мислење. Човекот не мора секогаш да биде херој,но може секогаш да биде човек. Времето е споро за оние што чекаат,многу брзо за оние што се плашат,многу долго за оние што плачат,многу кратко за оние што слават,ВЕЧНОСТ ЗА ОНИЕ ШТО ЉУБАТ.
Ако сте се упатиле кон целта и при секоја препрека застанувате да фрлате со камења кон секое куче кое лае по Вас, никогаш нема да стигнете до целта. -Достоевски
Момче го прашало мудриот старец: "Што е поважно во животот, да сакаш или да бидеш сакан?". Старецот го праша момчето: "Кое крило и е поважно на птицата, левото или десното?''
Помисли за тоа што мислиш... и ако се фатиш себеси како мислиш на несреќа, болест или немаштија, смени го каналот и почни да мислиш на она што го посакуваш. Кога ќе се случат лоши работи, погледни ја ведрата страна и прашај се: “Што научив јас од ова?” или “Како да се заштитам за да не ми се случи повторно?” Не се задржувај на лошото, туку продолжи. Неуспехот е избор кој го создава недисциплината. Ако не ги постигнавте своите цели, какви и да се, тоа само значи дека на нешто друго му дадовте предност во вашиот живот. Ако не успеете, значи дека избравте да не успеете. Не “фаќаме” депресија, како што не “фаќаме” среќа. Ние ги креираме преку мислите. Затоа, внимавајте што читате, што слушате и со какви луѓе се дружите. Верувај дека доброто може да се случи. Очекувањето ќе ти се исполни.
Оние кои секогаш зборуваат добро за жените,не ги познаваат доволно.Оние кои за нив зборуваат само лоши работи не ги познаваат воопшто. G.Pigault Lebrun Саканата жена никогаш не може да остари. Горки Кога не би постоеле жените дијамантот би бил обично камче. Виктор Иго Убавата жена им се допаѓа на очите,а добрата на срцето. Првата е скапоценост, а втората ризница. Наполеон 1 Најубав храм на човештвото е срцето на една жена. Коцебу
Постојат три работи кои возрасните можат да научат од децата: да бидат радосни без повод, секогаш зафатени со нешто и да се стремат со сите сили кон она што го сакаат.
Ако некого го мрзат многу луѓе,тогаш тој мора да е добар човек. Дури и Господ има свој пекол,тоа е неговата љубов кон луѓето. Попаметниот попушта..........................НЕРВНО. На овој свет тешко е да се биде будала... има голема конкуренција. Никогаш не се расправај со идиот,ќе те спушти на негово ниво и ќе те победи со своето искуство. Несреќниот човек и кога ќе падне на пердуви ќе ја скрши главата. Ако не постојат глупави прашања, тогаш какви прашања поставуваат глупавите луѓе?! Зошто убиваме луѓе кои убиле луѓе за да докажиме дека убивањето е лошо ? "Лошите луѓе се резервирани затоа што се плашат дека со нив ќе се постапува онака како што заслужуваат."- Макијавели Неможам да ви го дадам рецептот за успех,но моќам да ви ја кажам формулата за неуспех-настојувајте секому да му угодите Зезај се со животот само внимавај тој да не те зезне тебе. „Човек кој не чита добри книги нема никаква предност пред човекот кој воопшто не знае да ги чита“ „Кој малку посакува, има се. Кој ништо не посакува, слободен е. Кој нема и не сака, човек е еднаков на боговите“- Fernando Pesoa "Бракот е препорачано писмо, обично погрешно адресирано, кое е интересно само додека е затворено"