Еден златар си седел во својот дуќан и низ излогот ги гледал минувачите. Едно девојче се доближило до излогот. Прекрасните сини очи добиле радосен сјај гледајќи во еден од изложените предмети. Одлучно влегла во дуќанот и со раката покажала кон една тиркизно сина огрлица. - За сестра ми е, може ли да ми ја запакувате како поклон? Трговецот просто не си верувал и го прашал девојчето: „ Колку пари имаш?“ Девојчето се дигнало на прсти и отворило лимена кутија полна со неколку банкноти, ситни пари, школки и играчки. Ќе биде ли доволно? - прашала гордо. Сакав на постарата сестра да и купам поклон. Откако ја нема мајка ни, таа само работи и нема време за себе. Денес и е роденден. Мислам дека поклонот ќе ја израдува. А нејзините очи ја имаат истата боја. Трговецот отишол назад, го спакувал поклонот и го дал на девојчето. Земи ја, внимавај и оди дома кај сестра ти. Таа гордо го зела поклонот и тргнала дома. Еден час покасно во дуќанот влегла прекрасна девојка со коса боја на мед и прекрасни тиркизно сини очи. Ја ставила кутијата на пултот и прашала: - „ Дали ова е купено овде?“ - „ Да, госпоѓице “ - одговорил трговецот. - „ Колку чини ова?“ - „ Во мојот дуќан цените се доверливи, не можам да ви кажам“ - одговорил трговецот. - „ Но мојата сестра имаше само малку ситни пари, сигурно не можела ова да го плати.“ Трговецот ја затвори кутијата како што беше и и ја даде на девојката. „Вашата сестра ја плати највисоката цена, ДАДЕ СЕ ШТО ИМАШЕ.“
“If your actions inspire others to dream more, learn more, do more and become more, you are a leader.” ~John Quincy Adams
ЏЕНТЛМЕНИ - вид мажи кои изумреле веднаш по диносаурусите И кога ќе свртиш нов лист никогаш не заборавај го прочитаното.....!!!! Жената има само една грешка: ПОНЕКОГАШ ЗАБОРАВА КОЛКУ ВРЕДИ! Долга е патеката која треба да ја изодиме!Затоа чекорете само напред,тоа што е назад,Е веќе видено! Никогаш не се чудам што гледам зли луѓе, но често се чудам што гледам дека не се срамат...
Твојот успех и среќа лежат во тебе. Надворешните околности се случајности во животот... Одлучи да бидеш среќен и твојата радост и ти ќе создадете непобедливо единство против потешкотиите.
Ако некогаш доживееш пораз, не дозволувај солза да заблеска на твојот образ, затоа што суровите луѓе на рушевината на твојата среќа ќe изградат спомени на нивната победа.
На една жена им треба барем 20 години од дете да направи човек, а на друга жена им треба 10 минути тој човек да го направи БУДАЛА.. Колку е само вистина
Шекспир рекол: "Секогаш се чувствувам среќен. Знаеш ли зошто? Зашто не чекам ништо од никого. Да чекаш секогаш боли. Животот е краток. Затоа сакај го животот, биди среќен и секогаш смеј се. Живеј за себе и запомни - пред да зборуваш - слушај, пред да пишуваш - мисли, пред да повредиш - чувствувај, пред да мразиш - сакај, пред да се предадеш - обиди се! пред да умреш - Живеј!
* Животот никогаш не станува полесен- туку ти стануваш посилен. * Не е успех да најдеш 100 пријатели за една година, успех е да најдеш еден за 100 години. * Понекогаш не ја знаеме вистинската вредност на моментот, се додека не стане спомен. * Заборави го она што те повредило во минатото, но не заборавај што те научило.
Оние што најчесто се занимаваат со туѓите животи...и им судат...и им се потсмеваат на другите....На истите тие...кога - тогаш животот им ја враќа истата ситуација која некогаш им била предмет на потсмев...зошто ЖИВОТОТ Е ТРКАЛО за се....и за СЕКОГО
Да не ја напуштев можеби ке намаше да биде она таму а јас тука. Можеби немаше да го правам ова што го правам сега, можеби немаше толку да се сеќавам на неа и да патам.. .. онаа која умираше гледајќи го твојот презир, која живееше само за тебе, те чекаше само тебе, мислеше само на тебе, не можеше без тебе... Зар требаше да се случи сето ова?,.. требаше времето да ги залечи моите рани и да ми дозволи да ги отворам очите, да видам дека друг може да ме сака онака како што ти не умееше .. а сега сакаш повторно да се појавиш .. и повторно мојот живот да го уништиш.. потребна ми е сила ..
„Најкрутите лаги често се кажуваат во тишина“ – Роберт Луис Стивенсон „Себеси се лажеме два пати за луѓето кои ги сакаме - најпрвин за нивните предности, а потоа за нивните мани“ – Албер Ками „Неверство на другите. Тоа е она што во светот се вика романса“ – Оскар Вајлд „Вистината изречена со лоши намери ги победува сите лаги кои можете да ги измислите“ – Вилијам Блејк „Малата непрецизност понекогаш ги штеди објаснувањата“ – Саки „Предавството може да се случи само доколку сакате“ – Џон ле Каре „Бигамија е да имате една жена повеќе. Моногамија е исто“ – Оскар Вајлд „Љубов: Привремено лудило кое се лечи со брак“ – Амброс Бирс „Секогаш треба да бидеш заљубен. Затоа не треба да се венчаш“ – Оскар Вајлд „Вистината која опстанува е едноставно лагата во која е најлесно да се верува“ – Х.Л.Менкен „Лесно е да го измамиш оној кој те сака“ – Жан Батист Поклен Молиер „Тие кои се неверни го познаваат задоволството на љубовта, а оние верните трагедијата во љубовта“ – Оскар Вајлд „Неверството на жената е машка особина“ „Таа се сомнева дека тој ја изневерува, со или без причина, наутро или навечер или за време на ноќта“ – Ада Леверсон „Паметните омажени жени не се грижат за неверството на своите мажи“ –Семјуел Џонсон „Работното и љубовното партнерство ги соединува една работа – измамата која никогаш не престанува“ –Саул Антин „Мислам дека она што ги уништува холивудските бракови не се измамите, туку работното време“ – Ева Лонгорија „Мажите се добри љубовници кога ги изневеруваат своите жени“ – Мерлин Монро „Кога не сум блиску до девојката која ја сакам, тогаш ја сакам онаа девојка која е блиску“ – Харбург „Срцето на измамникот е празно и шупливо“ „Желбата на жената за освета ги надминува сите нејзини останати емоции“ – Сирил Коноти „Да изневериш е лесно, но невозможно е да се вратиш назад“ – Дин Озборн „Ако се омажиш за човекот кој ја изневерува жената, ќе се омажиш за човек кој те изневерува“ – Ана Ландерс Spoiler Prezemeno od KURIR.COM>MK
Луѓето велат дека не знаеш што имаш, се додека не го изгубиш. Вистината е, дека си знаел што имаш, но никогаш не си помислил дека ќе го изгубиш.