Маж и жена се одлучиле да одат на одмор на езеро познато како рај за риболовците. Мажот бил мераклија за ловење риба посебно во раните зора жената сакала да седи во мир и да чита книги. Едно утро, после неколку часа риболов, мажот се вратил во куќичката и решил да дремне, а жената тогаш се решила да се прошета со чамче по езерото иако сама баш и не се снаоѓала добро. Го запалила моторот и го одвела чамецот на едно осамено место, го фрлила сидрото и продолжила во тишина да ужива во својата книга. По некое време се појавил риболовниот инспектор со својот чамец и се доближил до чамецот на жената: - Добро утро госпоѓо. Што правите? - Читам книга – одговорила таа (и во себе си помислила „зарем не е очигледно?!“) - Се наоѓате на делот од езерото кој е забранет за спортски риболов, ја информирал инспекторот. - Жал ми е господине, но јас не ловам риби. Јас само седам и читам книга. - Да, но во чамецот го имате целиот прибор кој е потребен за ловење и ако се прашувам јас, вие можете да почнете да ловите риба во секој момент. Ќе морам да ве однесам до станица и да поднесам пријава против вас, рекол инспекторот. - Ако вие го направите тоа, тогаш знајте дека и јас ќе поднесам пријава против вас, но, за силување – му одговорила жената. - Но, јас не ве ни допрев!? – рекол инспекторот. - Да, но вие го имате целиот потребен прибор и ако се прашувам јас би можеле да почнете да ме силувате во секој момент.. - До видување госпоѓо и уживајте во овој убав ден! Наравоучение: Не се расправај со жена која чита. Многу е веројатно дека таа умее и да мисли.
1. Физичкиот изглед нема никаква врска со љубовта. Врските се градат врз основа на доверба, истрајност, почит и внимание. 2. Насмевките, солзите, задоволството и гневот се фундаментални состојби во нашиот живот. Тие нè прават она што сме – луѓе. 3. Времето ги лекува сите рани… без разлика како се чувствувате во моментов. 4. Во поголемиот дел од времето, она што го барате, се наоѓа точно пред вашите очи. 5. Здравјето е најбитната работа во вашиот живот. 6. Шансите во животот се дар од Бога. Прифаќајте ги шансите, секогаш кога ви се пружа прилика. 7. Љубезноста и напорното работење ќе ве однесат многу подалеку во животот отколку интелигенцијата. 8. Луѓето заслужуваат да им дадете втора шанса, но не и трета. 9. Вашите постапки во сегашноста креираат спомени на кои ќе се присетувате во подоцнежните години од вашиот живот. 10. Мотивацијата надоаѓа во куси интервали. Реагирајте додека работата е „жешка“. 11. Во 50% од случаите, првиот впечаток не игра никаква улога во натамошното креирање на односите
Лесно е да си лут - тешко е да простиш некому..лесно е да се скриеш - тешко е да се извиниш..лесно е да обвиниш - тешко е да разбереш..лесно е да си силен на збор - тешко е кога си слаб на дела,..лесно е да се одмаздиш - тешко е да се помириш..
Сонцето не чека да ја распостели својата светлина и топлина. И ти, исто така, прави добри дела кои од тебе зависат, не чекајќи некој од тебе да ги бара. Епиктет
Никогаш нема да ја поправи својата положба оној, кој го менува само местото, а не животот и навиките. Франциско Квеведо Ако си успеал да одиш по вода, не си станал ништо повеќе од една сламка. Ако си успеал да леташ во воздухот, не си станал ништо повеќе од една птица. Но, ако си ги победил своите страсти, тогаш си станал некој. Ал Ансар
Не одлучувам кои луѓе ќе влезат во мојот живот, но затоа одлучувам кое место тие луѓе ќе го заземат во мојот живот.
Стави ме како знак на срцето како печат на раката своја зашто љубовта е силна како смрт а љубомората тврда како гроб!
-Don’t trust too much, don’t love too much, don’t care too much because that ‘too much’ will hurt you so much... -Само Господ може" да гледа од високо". -Не жали се што не добиваш се што ќе посакаш.Биди благодарен што не добиваш се што заслужуваш. -Тој што го гледа невидливото , го слуша безгласното и верува во неверојатното , ќе го постигне невозможното. -Тој што фрла со кал по другите можеби и ќе ја погоди целта , но сигурно ќе си ги извалка и рацете.
Кога една врата се затвора, друга се отвора. Но ние толку долго и тажно гледаме на затворената врата, што не успеваме да видиме која друга врата се отворила за нас.
Ти никогаш не се потруди доволно за да ја разбереш мојата тишина тогаш како можам да очекувам да ги разбереш моите зборови !
"Мудриот делува без делување и ја шири својата ука без зборови. Тој делува, но не се потпира врз својата моќ. Тој ја постигнува својата цел, но не бара признание. Токму затоа што тој не бара никакво признание, заслугата останува да биде негова." Лао Це
Немој да зависиш од никого на овој свет и немој да се надеваш дека постои Човек! Дури и твојата сенка те остава сам кога си во темнина!
Постојат две главни мотивациски сили: страв и љубов. Кога се плашиме, се оддалечуваме од животот. Кога сме заљубени, се отвораме кон сè она што ни носи животот. Важно е прво да научиме да се сакаме себе си. Ако не знаеме да се сакаме себе си, не можат да не сакаат ни другите. Еволуцијата и надежта за подобар свет тргнува од тоа дека не смееме да се плашиме да го живееме животот со полн здив. - Џон Ленон