„Никогаш да не сте стапиле во брак додека сеуште одите на факултет. Ќе биде многу тешко да започнете кариера ако некој перспективен работодавец види дека веќе сте направиле една грешка.“ -Kin Hubbard
МУДРОСТИ - ПАРИ, ПАРИ - Луѓето подлабоко се поклонуваат на дисаѓи полни со пари, отколку на глави полни со мудрост. Козби - За човек да биде независен и непристрастен, треба да има полни џебови со пари. Лиен - Полесно е парите да ги стекнеш, отколку да ги зачуваш. Монтењ - Парите не ја прават среќата, но спречуваат многу несреќи. Др.Џонсон - Кога бев млад, верував дека парите се најважни во животот. Сега, кога остарев, тоа го знам. Вилд - Парите се најважна работа на светот. Тие претставуваат здравје, снага, чест, племенитост и убавина. А желбата за нив претставува болест, слабост, срамота, безначајност и одвратност. Брнард Шо - Тоа што јас не можам како човек, што не можам со моите индивидуални способности, тоа можам со помош на парите. Маркс - Желбата за пари е смрт за пријателството - парите од пријателот можат да направат непријател. Латинска поговорка - Изгубените пари се оплакуваат со вистински солзи. Јувенал - “Кралот - пари”, и дава на девојката и потекло и убавина. Хорацие - Да имаш пари е исто толкаво зло, како и ако ги немаш. Латинска поговорка - Не е ли човек на човек плен? Ѕверовите убиваат заради глад, а човекот тоа го прави за пари. Греј - Оној кој знае како е да се биде сиромав, знае се. Микеле - Сиромаштијата не е само несреќа, таа е и понижување. Бернард Шо - Да не знаеш да ја поднесеш бедата, срамота е; да не знаеш со работа да ја отклониш е уште поголема срамота. Перикле - Сиромаштијата не е грев, но од Бога е срамота. Руска поговорка - Човекот ги прави парите, а не парите човекот. Народна поговорка - Парите ни помагаат да ја поднесеме сиромаштијата. Алфонс Аплиас - Тие што мислат дека со парите можат се, сигурно се спремни за пари да направат што било. Едмон Бошен - Луѓето се восхитуваат на храброста, талентот, добротата, големите задачи и големите искушенија, но не ценат ништо освен парите. Енри Бек - Без пари ни синот на таткото гробот не му го копа. Бугарска поговорка - Не цени ги парите ни повеќе ни помалку од што вредат: тие се добар слуга, но и лош господар. Дима - Најубавата особина на парите е во тоа што со нивна помош може на другите да им донесете радост, но за жал, тоа го прават мал број од оние што ги имаат. Перл Бак - Оние кои имаат намера да играат за пари, мораат и душата да ја стават на коцка. Ојштен - Пари во џебот - ѓавол во срцето. Козарац - Кога се во прашање парите, сите се од иста вера. Волтер - Не е злато се што сјае, а не е ни сјај се што е од злато. Хебел - Кога на некој ќе му позајмиш пари, или ќе ги изгубиш парите или пријателот. Југ. пог. - Никогаш не троши ги парите, пред да ги имаш. Цицерон - На тој што нема пари, ништо не му помага тоа што е побожен. Лутер - Парите имаат тркалезен облик, за полесно да одат од рака во рака. Народна пог. - Парите кога заминуваат имаат сто нозе, а кога доаѓаат само две. Народна поговорка - Кога немам пари, се чувствувам бедно каде било да се наоѓам. Тоа морам да го надминам, а најдобар начин е да ставам во џебот сто златници и да ги носам цела година. Постојаната тежина на златото ќе ми го отклони непријатното чувство на невредност. Шопенхауер - Сега знам по што луѓето се разликуваат од животните - тоа се тешкотиите заради парите. Жил Ренар - Порасна богатството и лудата желба за него - и, макар што имаат многу, бараат уште повеќе. Овидие
Ако ве наречат егоисти само затоа што го живеете сопствениот живот по своја волја, не срамете се! Засрамете се ако барате некој друг да го живее неговиот живот според вашата волја! Женските очи се како БУНАРИ, во нив човек може да го види СЈАЈОТ на звездите, но и да се удави во океан од ТИШИНА и БОЛ... Добрите страни на еден човек ги цениме потполно, само ако ни се укажат во облик кој одговара на нашите сваќања.
Еве некои наши мак мудрости На сто вреќи ќе врзеш устите, ама на една жена не можеш. Сложни браќа куќа градат, а несложни две! Кој работи тој и греши, рече петелот и се симна од патката. Господи, брани од женска беља. Кој вино сакат, тој без невеста скакат.
Колку повеќе растевме толку помалку верувавме. Не дека не сакавме, туку премногу се случи за да не можеме...
*Болката по изгубената работа е многу поголема од нејзината вистинска вредност. *Работата не штити од три големи зла: Досада, беда и пороци. *Некој може да победи илјада војници на бојното поле, но не може да се споредува со победникот кој се победил самиот себе.
" Мислам дека во животот треба секогаш да гледаме напред и никогаш да не се вртиме назад освен со благодарност за среќните мигови што поминале. " Ахх, ретко го применувам ова Да се самокритикувам јас
Научи со трпение да ги поднесуваш туѓите недостатоци и слабости, какви и да се, поради тоа што во самиот тебе има многу недостатоци, кои другите мора да ги поднесат!
Додека си жив, учи. Не очекувај старостa да ја донесе со себе мудроста. Тајната на вечната младост е да се учи секој ден нешто ново.
Ќе видите многу паметни мажи со глупави жени, но речиси никогаш паметна жена со глупав маж. Никогаш не жали за она што си го сторил, ако било добро тогаш е прекрасно, ако било лошо сметај го за искуство! Работите се менуваат.. а исто и луѓето!
Iskustvoto e samo ime so koe lugeto gi narekuvaat svoite greski Ако не си среќен со она што го имаш, нема да бидеш среќен и кога ќе имаш повеќе. Светот ќе стане вистинит кога човекот ќе научи да сака - дотогаш ќе живееме мислејќи дека знаеме што е љубовта , но ќе немаме храброст да стигнеме до неа таква каква што е.Љубовта е дива сила.Кога се обидуваме да ја подариме , не уништува. Кога ќе се обидеме да ја заробиме не ...претвара во робови. Кога се обидуваме да ...ја сфатиме , се губиме и се збунуваме." "Ubavite zeni nikogas ne se somnevaat vo svojata inteligencija, no inteligentnite zeni sekogas se somnevaat vo svojata ubavina." Vnimavaj na mislite - stanuvaat zborovi, vnimavaj na zborovite - stanuvaat dela pazi na delata - stanuvaat naviki, pazi na navikite - tie stanuvaat karakter, pazi na karakterot - toj stanuva tvoja sudbina" "Со пари можеш да купиш... Куќа,но не и дом, часовник,но не и време, книга,но не и професија, доктор,но не и здравје, крв,но не и живот, секс,но не и љубов."
Не ја посакувај истата желба повеќе пати, посакај ја еден пат, а обиди се повеќе пати за да ја исполниш..
Без оглед на тоа дали те отфрлил животот или коњот од седлото, веднаш врати се назад. Како што огнот не се гаси со оган, така ни злото не се гаси со зло. Кога веруваш во сопствениот пат, нема потреба да докажуваш дека туѓиот е погрешен. Од убиство на животни до убиство на луѓе има само еден чекор. Љубомората е броење на туѓи среќни моменти наместо броење на своите. Љубомората може да го направи несреќен и најбогатиот ... Никој не е толку богат и славен да може да се откаже од една насмевка, ниту толку сиромашен за да неможе да ја подари! Љубовта е утеха во тагата, мир во немирот, одмор во исцрпеноста, надеж во очајот....
Љубовта има свое време, свои моменти, свои причини и не можеш да ја задржиш, единствено можеш да ја прегрнеш кога дојде и да бидеш среќен што е во ТОЈ момент дел од твојот живот.
Веќе не ми е,не ми е страв Прекрасно е кога ќе се изгуби Стрвот, нема потреба од страв доколку се зборува за Љубов. Неуспехот е само ПРИЛИКА да пробате повторно ...ама овој пат ...ПОМУДРО ! "...Ако некој те удри по едниот образ,ти сврти му...уште посилна шлаканица."
Кога ќе мислиш дека ти е тешко во животот,погледни низ прозорецот ке ги видеш врапчињата на гранките со снег како стојат сами!!!( лично производство од моето мало мозоче )