Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Quotes, интересни поговорки

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Fearless, 13 октомври 2010.

  1. Meggy

    Meggy Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    387
    Open books, not legs. Blow minds, not guys.
     
    На Alanna, Grunge и mysterious им се допаѓа ова.
  2. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    "Happiness in intelligent people is the rarest thing I know"
    -Ernest Hemingway
     
  3. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    2.268
    Пол:
    Женски
    „Искуството е она што го добиваш кога не го добиваш она што го сакаш.“ - Непознат автор
     
  4. PoisonGirl-Valo

    PoisonGirl-Valo Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    35
    А кој сака да биде творец во Доброто и Злото, тој најнапред мора да биде уништувач и да ги уништи вредностите. Така врвното Зло и припаѓа на највишата Добрина: таа пак, е творечка. - Ниче.

    Иронијата е еден од поочајните обиди да се сочува достоинството.


    Често се преправаме дека веруваме, а во себе знаеме дека ризикуваме.

    Кога некој високо те крева, тоа само ти прави реклама за да те продаде. Ќе се свестиш, не заради тоа што те продал, туку заради ефтината цена.
     
  5. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Исус дојде на вечера

    Рут повторно погледна во пликот. Немаше печат, немаше поштенска марка, само нејзиното име и адреса .Таа го прочита писмото уште еднаш...

    Драга Рут,

    Ќе бидам во твоето соседство во сабота попладне и сакам да наминам да те посетам.

    Со љубов

    Исус

    Нејзините раце се тресеа додека го оставаше псимото на масата. „Зошто Господ би сакал да ме посети? Јас не сум никој посебно. Јас немам ништо да понудам.“

    Со таа мисла, Рут се сети на нејзините празни рафтови во кујната. „Ох,леле, јас навистина немам ништо да понудам. Ќе треба да појдам до продавница и да купам нешто за вечера.“

    Во ташната пронајде и изброја седум долари и четериесет центи. „Па, можам да земам најмалку еден леб и филети.“ Си го облече нејзиното палто набрзина и излезе.

    Парче француски леб, пола килограм мисиркино месо и едно млеко... останувајќи и уште само дванаесет центи кои треба да и стигнат до Понеделник. И покрај се, таа беше задоволна одејќи кон дома, кога некој ја потапка по рамото.

    „Еј госпоѓице, може ли да ни помогнете?“ Рут беше толку задлабочена во нејзините планови за вечерата, што не ги примети двете фигури. Маж и жена, обајцата облечени во многу малку партали.

    „Видете, госпоѓице, јас немам работа, знаете, и јас и жена ми живееме подоле на улицата, и сега е ладно и ние сме многу гладни, ако би можела да ни помогнете, навистина би го ценеле тоа.“

    Рут ги погледна обајцата. Тие беа нечисти, мирисаа лошо, и искрено, беше сигурна дека можат да добијат некаква работа ако навистина сакаат. „Господине, би сакала да ти помогнам, но и јас сум сиромашна жена. Се што имам се неколку парчиња месо и малку леб, и имам важен гостин на вечера вечерва и планирав тоа да му го послужам Нему.“

    „ Ох, па, добро, госпоѓице, ве разбирам. Ти благодарам како и да е.“ Мажот и жената си продолжија по патот.

    Гледајќи ги како си заминуваат, Рут почувствува јадеж во своето срце. „Господине, почекајте!“ Двојката застана и се сврте а таа отрча кон нив. „Видете, зошто не ја земете вие оваа храна. Ќе смислам нешто друго да го послужам мојот гостин.“ Му ја подаде на мажот нејзината торба со намирници.

    „Ти благодарам, госпоѓице. Ти благодарам многу!“ „Да,благодарам“ рече неговата жена, и Рут можеше да види дека таа се тресе од студ.

    „Знаете, имам уште едно палто дома. Еве,зошто не го земете ова.“ Рут го откопча палтото и и го облече на жената. Тогаш насмевнувајќи се, се враќаше по улицата... без нејзиното палто и без ништо со што би го послужила нејзиниот гостин“ .

    Рут се смрзнуваше додека стигна до нејзината врата, и беше загрижена исто така. Господ ќе дојде да ја посети и таа нема што да Му понуди. Се посегна во ташната по нејзиниот клуч од вратата, но забележа уште еден плик во нејзиното сандаче. Тоа е чудно. Поштарот обично не доаѓа два пати во еден ден.“ Таа го зема пликот и го отвори.

    Драга Рут,

    Беше многу добро што те видов повторно. Ти благодарам на прекрасниот оброк. И ти благодарам исто така, за прекрасното палто.

    Со љубов,

    Исус

    Воздухот се уште беше ладен, но дури и без нејзиното палто, Рут повеќе не забележуваше.

    Тогаш праведните ќе го прашаат, „Господе, кога те видовме гладен и те нахранивме, или жеден и ти дадовме нешто за пиење? Кога те видовме странец и те поканивме, или ти беше потребна облека и те облековме?

    Кралот ќе одговори: „Вистина ви кажувам, доколку му направивте на еден од овие браќа мои, мене ми направивте.“ (Матеј 25.37-40)
     
    На miss-bootylicius, INSIDIOUS и Gordana10 им се допаѓа ова.
  6. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.203
    Допаѓања:
    8.431
    Солза....кога јазикот молчи....а душата зборува!
     
  7. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    [​IMG]
     
    На crazylady, anneyy и ViktorijaMari им се допаѓа ова.
  8. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Мојата мајка имаше само едно око. Ја мразев…беше срамота за мене. Во нашето училиште подготвуваше храна за учителите и за нас.

    Еден ден додека уште бев во тоа основно училиште, мајка ми влезе во класот и ме поздрави. Ми беше толку многу срам. Како можеше тоа да ми го направи? Ја игнорирав, и упатив поглед полн со омраза и побегнав.

    Подоцна сите мои пријатели ми се подсмеваа и ми велеа: Бљак, твојата мајка има само едно око!

    Пропаднав в земја и посакав мојата мајка да ја нема. Кога повторно ја видов станав и и реков: – “Ако повторно мислиш да ме правиш предмет на исмејување подобро ти е да умреш.” Мајка ми ништо не ми одговори.

    Не застанав ни за момент да размислам што реков, бев полн со омраза и бес во себе. Бев незаинтересиран за нејзините чувства. Единствено што сакав е да побегнам што подалеку и да немам никаков контакт со неа.

    Во подоцнежниот живот учев многу и тешко. Добив шанса да одам во Сингапур и да студирам… бев пресреќен! Се оженив, купив куќа и добив свои деца. Бев среќен со својот живот, со своите деца, иако живеев во друга земја.

    Но, еден ден дојде мојата мајка да ме посети. Ме немаше многу години видено, а и внуците исто. Се појави на вратата. Моите деца почнаа да ја исмејуват. Јас почнав да и се викам како може туку така да се појавува непоканета. И викав: – Како можеш да доаѓаш туку така и да ми ги плашиш децата? Гони се одтука и да не те гледам!

    Мојата мајка само тивко одговори: „Извинете мора да сум ја погрешила куќата“ и замина…

    После неколку години дојде писмо кај мене. Повикан бев на матурска прослава. Ја излажав жена ми дека треба да одам на службен пат. После прославата, од љубопитност се вратив до стариот дом.

    Кога ме видоа соседите ми рекоа дека е веќе мртва. Ниту една солза не пуштив. Ми дадоа едно писмо и ми рекоа дека е од неа…

    „Мил мој сине
    Мислeв на тебе цело време.
    Извини што така упаднав во твојата куќа и ти ги исплашив децата.
    Ми беше драго дека си успеал во работата и дека ќе дојдеш на прослава овде.
    Јас можеби нема ни да станам од креветот да те видам.
    Жал ми е што секогаш те срамев и ти бев терет.
    Кога беше мал се случи една несреќа и го изгуби едното око.
    Како мајка не можев да поднесам да растеш со едно око.
    Докторите те прегледаa и ми рекоа дека е можно.
    Тогаш јас ти го дадов моето…
    Бев пресреќна кога знаев дека мојот син, го гледа светот за мене со тоа око…
    Со љубов,
    Секогаш за тебе”
    Твојата мајка.
     
  9. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Знаеш ли што е тоа далечина? – да те слушаат, а да не те гледаат.
    Знаеш ли што е тоа копнеж? – да те посакуваат, а да не те допираат.
    Знаеш ли што е тоа ЉУБОВ? – да те сакаат, а да те немаат покрај себе.
    Не е важно каде си ТИ, а каде сум ЈАС!
    Не е важна оваа далечина помеѓу нас!
    Важно е само дека си тука, каде што треба и да бидеш, длабоко во моето СРЦЕ !!!
     
    На crazylady и thelittle17 им се допаѓа ова.
  10. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Целта во бракот не е да мислиме слично,туку да мислиме заедно.
     
  12. Meggy

    Meggy Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    387
    Убави се луѓето кога се искрени и отворени, кога на лицето можеш да им ја видиш душата. Најубави се кога од срце се смеат или кога плачат. Тогаш чувствата спонтано им избиваат. Тогаш се луѓе!
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Најважно во животот е да се досегне и допре совршенството…
    Животот не се состои само од борба и надмоќ во јатото…постои нешто што се вика совршенство…целта на живеењето се состои во тоа да го откриеме тоа совршенство, и да им го покажеме на другите.

    Слободни сме да одиме каде што сакаме и да бидеме она што сме..

    Кој е поодговорен од галебот кој ќе ја пронајде и ќе ја следи смислата и повисоките цели на животот? Илјада години се измачуваме за да дојдеме до рибините глави, а сега имаме причина да живееме-да учиме, да откриваме и да станеме слободни. Дајте ми можност, дозволете ми да покажам што научив…

    Колку е побогат животот сега ! Тоа е смислата на животот, а не она еднолично влечење до рибарскит бротчиња и назад!Можеме да се извишиме од незнаење, можеме да станеме умешни, паметни и совршени суштества.Можеме да бидеме слободни!Можеме да научиме да летаме! -"Галебот Џонатан Ливингстон" - Ричард Бах

    Превземено од блогот на Магдалена.
     
  14. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Оној кој не може да се облече во лавовска кожа, нека се наметне со лисичино крзно.
    -Ако закажува храброста, служи се со досетливоста!
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  15. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    [​IMG]
     
    На ViktorijaMari и Shelea им се допаѓа ова.
  16. Steff.Unique

    Steff.Unique Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    Најмногу боли онаа тишина која содржи најмногу зборови.

    Најголемиот пораз за маж е рамнодушноста на жената за која тој сака да биде Недостижен. :)

    Оние кои сакаат да ве видат со наведната глава всушност забораваат дека не можат да го видат својот одраз во секое огледало. :rock:

    Да не знаев дека мускулната маса може сериозно да ја Поремети функцијата на нервните клетки, можеби и ке се заљубев во твојата Телесна разгранетост. ;)

    Не мора некому да си му Непознат за да не те вади од уста... луѓето секогаш се најСилни кога зборуваат во нечие отсуство. :)

    Ако не можеш да достигнеш некого, плукај по него... тоа е и единственото кое го можеш за да го забележат твоето....Постоење... :)
     
    На ViktorijaMari и anneyy им се допаѓа ова.
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Бидете силни бидејќи работите ќе станат подобри...можеби имате бура моментално во вашиот живот, но неможе вечно да врне
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LUNA.girl

    LUNA.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    135
    Ako си среќен...насмевни се,
    ако си тажен...расплачи се
    бесен си...викај
    но те молам направи нешто да знам дека ти си сеуште ти.
     
  19. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    И најгорката вистина е подобра од најслатката заблуда"

    Сите ние сме резултат на љубовта и занесот""

    Да ги познаваш другите е мудрост, да се познаваш сам себе е врвна мудрост."

    Љубовта е како партија карти, каде што сите мамат. Мажите - за да добијат, а жените - за да не изгубат."

    Глупоста е мајка на злосторството. Татковците, обично се генијалци"

    ""Ако ги решите сите проблеми на вашите деца, тие нема да имаат други проблеми освен вас""

    "Вашите пријатели не знаат многу работи, но секогаш знаат што би направиле да се на ваше место" "

    Никој никому не може да му натовари на врат толку маки на еден човек колку што тој може сам себеси.-"


    Моќта, после љубовта, е првиот извор на среќата."
    Љубовта е светлината на животот, а бракот е бескрајна сметка за струја."
    "Повеќе сакам необразовани а чесни луѓе, а не образовани а непоштени."
    Ниедна личност не ги заслужува твоите солзи, а онаа која ги заслужува, никогаш нема да те расплаче
    Љубовта е најчудна од сите заблуди во сфаќањето дека човековата среќа е во тоа ништо да не љуби."


    Човекот од оружјето направи свој бог и кога оружјето ќе победи, човекот останува porazen
    ""Прво: простувај им се на своите пријатели и биди полн со разбирање кон нивните недостатоци. А второ: постапувај така што никогаш да не мораш да молиш прошка од нив

    Љубовта е како војна: ја започнуваш кога сакаш, а бојот го напушташ кога се изнемоштеш!"

    Оние кои сакаат да очекуваат нешто за возврат, само го губат времето

    "Нашите недостатоци се нашите најдобри учители."

    ""Од илјадници пролетни цветови одвај еден дозрева до есенски плод, од илјадници љубовни прегратки одвај една стигнува до срдечно пријателство, кое одумира""

    Во овој свет секогаш има опасност за оние што плашат"



    На заљубените никогаш не им е досадно затоа што тие зборуваат само за себе - Лорошфуко


    Ако си камен биди мил, ако си растение биди нежно, ако си човек биди ЉУБОВ! - Виктор Иго


    Разделбата ја слабее просечната љубов, а ја за засилува силната, како што го гаси пламенчето, а го разорува пламенот. Балзак


    Љубовта живее со давање, а не со земање. Најпрвин сакај па после прави што сакаш. Св. Августин.

    Љубовта е среќа која заемно се дава. Жорж Санд


    Таму каде што љубовта владее, лутата љубомора е стражар на љубовта. Шекспир


    Втората љубов е всушност прва. Бранислав Нушиќ

    мојата омилена : Да сакаш и да бидеш сакан значи да го чувствуваш сонцето од двете страни. Денев

    Љубовта не е чудо но прави чуда. Милан Бреговиќ

    Големите љубови се ретки како што се ретки и големите дела. Адлер

    Љубовта се храни со надежи. Лао Це


    Вљубените се гледаат само себе си на светот, а забораваат дека светот ги гледа. Платон


    Бедна е љубовта ако не ја следи фантазијата. Граф


    Јазикот на љубовта е во очите. Финеас Флечер



    Невозможно е да се сокрие љубовта во очите кои љубат. Џон Краун


    Во втората љубов човек се чувстува као го повторува класот: познати му се сите предмети, но сепак, нема самодоверба дека ќе го положи испитот. Бранислав Нушиќ
    вистина!


    Повеќе е за жалење оној кој заради умот ја губи љубовта, отколку оној кој заради љубовта го загубил умот. Божидар Кнежевиќ



    Љубовта е како вода ако не ја разбранува нешто трули како мочуриште. Артуро Граф



    Трагедија на секоја љубов е рамнодушноста. Сомерсет Мом


    Кога љубовта сака да зборува разумот треба да молчи. Жан Франсоа Рењар
    __________________


    Човекот е мерка на сите нешта-Протагора
    Неистражениот живот не е вреден за живеење-Сократ
    Човекот е роден слободен,а секаде е во синџири-Жан Жак Русо
    Ништо човечко не ми е туѓо.
    Човекот кој е душевно богат, и во потполна осаменост одлично се забавува со сопствените мисли. - Артур Шопенхауер
    Се има граница која е опасно да се пречекори, зашто ако ја пречекориш, нема веќе назад.- Достоевски
    Сите идеали на светот не вредат колку солзите на едно дете- Достоевски
    Има две беcкрајни работи: вселената и човековата глупост,ама кога ќе подразмислам, вселената и не е толку бескрајна - Aлберт Ајнштајн
    Сите среќни семејства се слични на себе, секое несреќно, е несреќно на свој начин - Толстој ( Анна Каренина )
    Среќата секогаш изгледа мала кога ја имаш во рацете, но пуштија и ќе ја видиш нејзината големина - Горки
    Кога работата е задоволство, животот е среќа. Кога работата е должност, животот е ропство - Горки
    Човек во паника сам трча во круг, а во радост, ги подава рацете на другите и заедно танцуваат во круг. - Оден

    Осветата е сепак најсигурниот начин да се постигне правда. - Хенри Бек

    Изгубено е само она од кое се одрекнуваш. – Лесинг
    Љубовта гледа низ наочари низ кои: железото е злато, сиромаштијата е богатство а камењата се бисери.- Сервантес

    Многу малку нешта би се започнале, ако може да се види крајот.- Лесинг

    Убавината на проживеаниот живот е вистинската мерка. Не должината на живеењето.- Плутар
    Луѓето се често горди на чистотата на својата совест, само затоа што имаат краток ум. - Толстој

    Љубовта не учи да ја засакаме самотијата, а самотијата да го засакаме дружењето со себе си. - Тарчети

    Ако ја затворите врата на сите мани, и вистината ќе остане надвор. - Тагоре

    Не дозволувај јазикот да ти грми ако душата ти шепоти. - Сенека
    Не е најлошо што СЕ тече и СЕ се менува, туку тоа што ние не можеме да се помириме со тој прост и неизбежен факт. - Андриќ

    Меѓу слободата и здравјето сличноста е во тоа што ја спознаваме нивната вистинска вредност, тогаш кога ќе ги изгубиме. - Бек

    Животот умира тогаш кога борбата завршува. - Белински

    Во неискрени односи, најтешко е да се изрече вистината. - Бјорнсон

    Најголемата човечка слабост е тоа што секогаш сака да го дознае, она што воопшто не сака да го знае. - Молиер

    Ако постои Бог, тогаш е потребно најмногу да биде праведен....зашто ако не е, тогаш е полош и понесовршен од сите суштества. - Монтески

    Будалата има голема предност пред паметниот....секогаш е задоволен со самиот себе. - Наполеон

    На срцето полно со храброст и добрина, од време на време му е потребна мала доза на опасност....инаку животот му станува неподнослив. - Ниче

    Mozes da se somnevas deka sonceto sveti, mozes da se somnevas deka zvedite sjaat, mozes da se somnevas deka vistinata e lada , no mikako deka lubovta e lubov- Vilijam Sekspir


    Времето е тоа кое ја задоволува правдата! Тоа ги става нештата на свое место.- Волтер

    Полни со злоба се луѓето кои не знаат што е тоа љубов, затоа не знаат ни што е тоа срам. - Шо

    Светот е тесен, а паметот е неограничен.Мислите лесно живеат една покрај друга, но стварите болно се судираат во просторот.- Шилер

    Сомнежот е плод на виновниот ум.
    -Вилијам Шекспир

    Единствено би сакал да имам онолку колку што треба за да не ми завидуваат, но не толку малку за да будам милосрдие кај блиските.-Аретино

    Како што добро искористениот ден дава спокоен сон, така и добро проживеаниот живот дава спокојна смрт.-Да Винчи

    „Неистражениот живот не е вреден за живеење” – Сократ
    Најголемиот освојувач е оној кој знае да победи без борба. - Лао Це
    Премногу долго во жените беше скриен роб и тиранин.Затоа жените уште не се способни за пријателство, ја познаваат смо љубовта. - Ниче
    Најтивките зборови носат бура, а мислите кои доаѓаат тивко на прсти, управуваат со светот. - Ниче
    Sitnicite go pravat sovrsenstvoto, a Sovrsentvoto ne e sitnica.-Mikelandzelo
    Убавината на нештата постои во главата на на оној кој за нив размислува-Дејвид Хјум
    Човек на човека е волк - Томас Хобс
    Колку повеке тагата копа по вашето битие,толку повеке радост во него може да се собере.-М.Икбал
    Афоризам кој се здобил со кредибилитет по пат на негова долготрајна употреба.
    Афоризам. Концизна запамтлива дефиниција.
    Банална поговорка. Површна изрека, која е стара и понекогаш банална.
    Гном (старогрчки: gnome или gignoskein, знаење). Вид изрека, особено афоризам или максима која е осмислена за поучување во компактна форма.
    Досетка. Досетлива или смешна забелешка.
    Духовита забелешка. Паметна изрека, значајна по нејзиниот облик и стил, а не по нејзината содржина.
    Епиграм. Поетска форма или коментар по извесна идеја, настан или личност.
    Изветвена фраза. Безначајна, банална, или слаба забелешка.
    Клише. Многу површна, ветва или банална изрека.
    Максима. Фундаментален принцип или правило. Максимата е мудра изрека, која советува или препорачува начин на однесување. Во споредба со другите видови изреки, ова е концизна формулација на ултимативна вистина, фундаментален принцип или правило на однесување. Зборот потекнува од латинскиот збор maximus, „највелик“, преку изразот maxima propositio, „највелик исказ“.
    Мото. Коцизен израз на мотивација.
    Поговорка. Израз на практична вистина или мудрост.
    Ако баба лажи, трап не лажи.
    Ако жената ти е многу лична, не пуштај ја сама на свадба.
    Ако знаев кога ќе умрам, сам ќе си ископав гроб.
    Ако мажот е пијаница, жената ќе е маченица.
    Ако не врни, барем ќе капни.
    Ако се сториш овца, секој ќе те стрижи.
    Ако си мома, седи си дома.
    Ако те удри со камен, ти удри го со леб. (Така рекол Христос).
    Ако уште еднаш бидам невеста, знам како да гувеам.
    Ама што дрвена глава имал.
    Арен збор царски врати отвора.
    Арниот јунак дома не умира.
    Арно јади, ама и арно работи.
    Без бога нема добрина.
    Без труд не се ора со плуг.
    Бели пари за црни дни.
    Бело му е лицето, а црно му е срцено на нажален човек.
    Бог да го прости, си почина.
    Бог да не чува од неразбрани.
    Бог да те чува од домашен арамија.
    Брат брата не рани, тешко кој го нема.
    Брат за брата, сирење за пари.
    Брза како некоја стрела.
    Варди се да не се поболиш, оти тешко можеш да оздравиш
    Работата да се плаши од тебе ,а не ти од неа
    Верата Христова го омекнува човека.
    Видела камилата уши побарала и рогови
    Викај по волкот, додека не влегол во булукот.
    Вјасај брзо да стигнеш, но гледај и да не се препнеш.
    Во волов рог да се скриеш, смртта пак ќе те најде.
    Во вреќа скината што да ставиш, се ќе истечи.
    Во едното уше му влезе, во другото му излезе.
    Во Прилеп мајмун не игра. Прилепчани се сметаат за поитри
    Во сон се родив, со сон живеам, во сон ќе умрам.
    Времето си врви, нам ни се куси.
    Врзи прст да најдеш лек, секоја баба ќе ти баи како што знаи.
    Ѓаволот ни копа ни ора, само ги учи луѓето да се караат.
    Газ и нос не знаат за чест.
    Гајрет на болниот, додека не му излези душата.
    Галена кокошка просо сонува.
    Галена мачка оро не игра.
    Галена невеста не ја сака свекрвата.
    Галени деца и на трпеза се качуваат.
    Го надул носот како мисир (налутен човек).
    Го стемнило и не го осамнало (кога некој ненадејно ќе умре).
    Голем залак голтни и голем збор кажи.
    Голи сме се родиле, голи в земја ќе влеземе.
    Голо здравје, готова болка.
    Господ вели: помогни си сам, та и јас да ти помогнам.
    Господ да те чува од лоши пријатели, а од душмани сам ќе се чуваш.
    Господ дал, господ зел.
    Господ на може на секого да му угоди.
    Грешен човек, жив во гробот е закопан. Грми, врни, патот врви.
    Дај милостина, за гревовите да ти се простат.
    Дал ти господ добро (кога некој ќе рече: ,,Добро утро").
    Два лути камења не мелат брашно.
    Две раце за една глава.
    Добра работа човек го збогатува.
    Добрината со добрина се плаќа (враќа).
    Добриот владика и на сиромаси помага.
    Добриот збор се слуша надалеку, а лошиот се слуша уште подалеку.
    Добрите пријатели и од браќата се помили.
    Додека не заплачи детето, мајка му не му дава млеко.
    Дури не посеиш, нема што да жнииш.
    Дури не фрлиш рипче, не фаќаш крапче.
    Дури не фрлиш семе во нива, не никнува, а трње никнуваат и несеани.
    Дури човек е жив, се е пари.
    Душата ми дошла во забите.
    Една овца што се дели од булукот, ќе ја изеди волкот.
    Една прачка полесно се крши, а повеќе помачно.
    Железото дури е жешко се чука.
    Жена лоша вечна мака.
    Жена прокопсана - куќа отвора.
    Жена, пушка и коњ не се даваат на туѓи раце.
    Животот со пари не се купува, оти дар од Бога се дава.
    За светот кој плачи, без очи ќе остани.
    Заврна снег, се покрија трагите.
    Залудно работи, залудно не седи.
    Збирај на младост, да имаш на старост.
    Зборот дупка не дупнува, ама се памети.
    Здравјето за човекот е најголемото богатство.
    Јaзикoт е пoоcтap и oд caбjaтa.
    Јазикот прави добро, јазикот прави и лошо.
    Каков што е таткото, таков е и синот.
    Кој со ѓаолот, тикви сади, ѓаолот на крај очите му ги вади
    Лозје не бара молитва, туку мотика.
    Без мака нема наука.
    Вистинското пријателство е најретката птица на земјата
    Кога дваица се караат третиот користи
    Кој ги памети зборовите станува паметен,а кој ги памети бајките станува мудар
    Кој летоска седи во лад зимуске го чека глад
    Птиците се познаваат по пеењето а лугето по зборувањето.....
    Страв, лозје чува.
    Три пати мери еднаш крој
    Убавиот збор и железна капија отвара.
    Кога барем само на момент, Бог би заборавил дека сум закрпена марионета и кога би ми подарил само уште едно крпче живот: времето би го искористил многу подобро и поинтензивно.

    Најверојатно не би кажал се' што мислам, но би размислил што зборувам. Би ги оценувал работите не според нивната вредност, туку според нивното значење.

    Помалку би спиел – повеќе би сонувал, затоа што во секоја минута во која затвораме очи, губиме 60 секунди светлина. Би продолжил кога другите ќе застанат, би бил буден кога другите спијат.

    Кога Бог би ми го подарил тоа парче живот, едноставно, би се сончал долго, не само моето тело, туку би ја отворил и мојата душа.

    На луѓето би им докажал дека се лажат кога мислат дека не можат да се заљубат кога ќе остарат. На едно дете би му подарил крила, но би му препуштил само да научи да лета. На старите би им порачал дека смртта не доаѓа со староста, туку со заборавот.

    Од вас драги мои научив многу работи. Научив дека целиот свет брза кон врвот на брдото за да живее од високо, без да знае дека вистинската среќа лежи во подножјето на брдото.


    Научив дека кога новороденче за прв пат ќе го допре палецот на татко си, дека го врзува за цела вечност, засекогаш.

    Научив дека човекот има право да гледа на другиот од високо само кога му помага да стане.

    Има толку многу работи кои ги научив од вас, но наученото нема да ми помогне многу кога ќе лежам во ковчегот – за жал веќе полека умирам.

    Кажи секогаш што чувствуваш и направи го она што го мислиш.

    Кога би знаел дека денес ова ми е последен оброк, силно би ве прегрнал и би го замолил Бога да ми дозволи да бидам ангел – чувар на вашата душа. Кога би знаел дека ова се последните минути во кои ве гледам би ви кажал “ве сакам!“.

    Секогаш постои едно утро и животот ни нуди една прилика за да направиме се' да биде подобро... но, што ако се лажам и ако Денес е се' она што ни останало.

    Утре не се знае дали ќе дојде. Денес може да биде последен пат да видиш некого кого сакаш. Заради тоа - не чекај! Направи го тоа сега, затоа што ако не дојде утре, ќе зажалиш за денот кога не си имал време за една насмевка, прегратка, бакнеж , само затоа што... затоа што си бил вработен!
    Побарај ги луѓето кои ги сакаш, шепни им колку ти се потребни, сакај ги и биди добар. Најди време да им кажеш “Жал ми е“, “фала“, “те сакам“ и сите останати нешта кои ги мислиш.
    Никој нема да те запомни по твоите скриени и тајни мисли. Замоли го Бога да ти даде сила и мудрост за да можеш да изговориш се.
    Кажи им на пријателите и на драгите луѓе колку ти се важни.
    Она што е вредно е ОВОЈ ЧАС И ОВОЈ МОМЕНТ!
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  20. song

    song Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    46
    *Понекогаш доброто воспитание се состои во тоа, да ги истрпиш невоспитаните.

    *Секој човек знае нешто што ти не го знаеш. Учи од секого!

    *Ако сакаш да леташ како орел не треба да се дружиш со кокошки.

    *Тој што не прави грешки, обично не прави ништо.

    *Засладувај ги своите зборови: можеби самиот ќе мораш да ги голташ.

    *Животот е како виножито. Потребни се и сонцето и дождот за да се појават боите...

    *Никој не знае колку е тежок оној товар што не го носи со себе!
     
    На crazylady, Meggy и ViktorijaMari им се допаѓа ова.