Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Quotes, интересни поговорки

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Fearless, 13 октомври 2010.

  1. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Доброто со добро се враќа

    Еден ден, едно сиромашно момче, коешто продавало разни нешта од врата на врата за да може да се школува, останало со само една паричка во својот џеб, а било многу гладно.Тоа решило на следната врата да замоли за оброк. Како и да е, кога една прекрасна млада девојка му ја отворила вратата, тоа се засрамило и побарало само чаша вода. Кога го видела момчето, таа помислила дека мора да е многу гладно, и наместо вода, му донела голема чаша со млеко. Тој полека ја испил чашата, и потоа прашал: „Колку ви должам?“ „Не ми должите ништо“ му одговорила таа „мајка ми нè научи никогаш да не примаме пари за нашата љубезност.“ Тој кажал: „Тогаш, ви се заблагодарувам од сè срце.“Како што Хауард Кели се оддалечувал од куќата, тој не само што се почувствувал посилен во снагата, туку и неговата вера во Бог и во луѓето исто така се утврдила и зајакнала. А веќе беше почнал да се откажува од неа.
    Години подоцна, таа млада жена тешко се разболела. Локалните лекари биле збунети и не знаеле што да прават, и најпосле ја испратиле во големиот град, каде што повикале специјалисти да ја проучат нејзината ретка болест. Др. Хауард Кели бил повикан за консултација. Кога го слушнал името на градот од каде дошла болната, очите му засветлиле со чуден сјај. Во истиот миг станал и низ болничкиот ходник се упатил право во нејзината соба, облечен во својот докторски мантил. Веднаш ја препознал. Се вратил назад во кабинетот за консултации решен да стори сè што може да го спаси нејзиниот живот. Оттогаш, тој на случајот му посветил посебно внимание.



    После долга борба, битката најпосле била добиена. Др. Кели побарал од одделот за финансии да му ја донесат конечната сметка за тој да ја потпише. Погледнал во сметката, и потоа напишал нешто на крајот и сметката била испратена во собата на пациентот. Жената се плашела да ја отвори, бидејќи била сигурна дека цел живот ќе треба да ја исплаќа. Најпосле таа погледнала, и нешто на крајот од сметката ѝ го привлекло погледот.

    Почнала да ги чита следниве зборови: Исплатено во целост со една чаша млеко.
    Потпишал: Др. Хауард Кели
     
    На firequeenn, Mameha, teddybear и 9 други им се допаѓа ова.
  2. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Јака сум, затоа што сум свесна за своите слабости... Жива сум, затоа што сум борец... И се смеам затоа што многу добро ја познавам тагата...
     
    На crazylady и Hipica им се допаѓа ова.
  3. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Ако чекате некого неколку минути... тоа е од потреба. Ако чекате неколку часа... тоа е од доверба. Но, ако чекате иако знаете дека можеби и нема никогаш да дојде... е тоа е љубов...
     
    На crazylady, Hipica, Libera и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Човекот може да го засака и она што не го сака, само за да го преболи она што го сака...
     
    На sweet-star и crazylady им се допаѓа ова.
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    На светот секогаш ќе постојат двајца кои ќе ти ја кажат правата вистина за тебе:
    Непријателот кога ќе побесни и Пријателот кој искрено те сака! :)
     
  6. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Кога ќе наидам на препрека во животот, ја прескокнувам... па се враќам и ја прескокнувам уште еднаш... од инает!
     
    На anneyy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    The hardest thing is loving someone and than having the courage to let them love you back.
     
  8. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    Tатко и син

    Еден стар човек седел во дворот на својата куќа со синот кој тукушто завршил факултет.Наеднаш, еден гавран слетал на ѕидот.Таткото го прашал синот: “Што е тоа?“Синот одговорил: “Тоа е гавран.“
    По извесно време таткото прашал повторно “Што е тоа?“
    Синот одговорил: “Тоа е гавран.“
    Поминале неколку минути, а таткото повторно прашал,по трет пат: “Што е тоа?“
    Синот одговорил: “Татко, тукушто ти одговорив дека тоа е гавран.“
    Не поминало многу време, а таткото пак запрашал:“Што е тоа?“
    Овој пат на лицето на синот можело да се види малку гнев:“Татко ,тоа е гавран,гавран!“
    Таткото повторно прашал: “Што е тоа?“
    Овој пат синот одговорил со груб тон: “Татко, постојано прашуваш едно исто, иако постојано ти одговарам дека тоа е гавран.Зар не си во состојба да разбереш?“
    Таткото стана и отиде до собата.Наскоро се врати носејќи со себе стара тетратка – дневник.Отварајќи ја страницата,му рече на синот да го прочита тоа што е на неа запишано.
    Синот прочита:
    “Денес мојот мал син седеше со мене во дворот кога долета гавран.Синчето дваесет и пет пати ме праша :“Што е тоа?“, и дваесетипет пати му одговорив дека тоа е гавран, нималку изнервиран.Тоа што го чувствував е љубов спрема мојот мал невин син.“
    Тогаш таткото му ја објаснил разликата во ставот помеѓу татковците и синовите:
    “Кога беше малечок,ми го постави ова прашање дваесет и пет пати ,и ниеднаш не бев изнервиран со твоето прашување,туку упорно ти одговарав.а кога јас тебе денес ти го поставив истото прашање,но повторувајќи го само пет пати,ти се изнервира, се налути и беше нестрплив со мене.“

    Поука: Слушајте ги своите родители, бидејќи тие ви дале живот, обидете се да ја разберете нивната старост, бидејќи еден ден и вие ќе остарите.
     
    На stylishh и Libera им се допаѓа ова.
  9. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Кога бев малечка... се преправав дека плачам додека лежев во креветот за да привлечам внимание... А сега се преправам дека спијам, додека плачам во тишината.
     
    На Mameha, teddybear, INSIDIOUS и 7 други им се допаѓа ова.
  10. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    Можеби ова сѐ уште не е наше време. Но, се бараме и знаеме дека и тој и таа знаат... дека постојам јас, дека постоиш ти :)
     
  11. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Не е несреќа тоа што Тој не се сеќава на мене.
    Несреќа е што Јас сееуште се сеќавам на него!
     
    На crazylady и girl.23 им се допаѓа ова.
  12. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.301
    Вистинската ЖЕНА не се срами од НЕДОСТАТОЦИТЕ... Таа се ШЕГУВА СО НИВ и сфаќа дека токму тие ја прават УНИКАТНА !

    “Don’t feel stupid if you don’t like what everyone else pretends to love.” Emma Watson
     
  13. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Парите се отепувачка-не ја знам баш содржината ама на насловот секој ден се потсеќам
     
  14. moniquee

    moniquee Активен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    * Секогаш се потешки последиците на лутењето,отколку неговите причини ...

    *Невозможно е да сме постојано среќни.И кога сме навистина среќни, живееме во страв дека секој миг среќата може да исчезне ...

    * Многу луѓе ги губат малите радости, надевајќи се на големата среќа !!!

    * Love always ends for a reason and leaves with a lesson ..

    * И најнесреќниот човек има свои мигови исполнети и облеани со сонце, и под песокот и камењата има свои мали цвеќиња на среќа.
     
  15. miss-bootylicius

    miss-bootylicius Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    11.018
    Се што имаш, исто како да го немаш, ако го немаш онаа што навистина сакаш да го имаш...
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  16. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Веќе оддавна престанав да се прашувам зошто баш Јас?... Не бев ни најубава, ни најдобра... Ниту пак ме пратела добра среќа... Ниту пак добар глас, да бидеме искрени... Најверојатно тоа било судбина... Лоши карти во лоши раце... И затоа го носам Крстот поради своите грешки... Паѓав и повторно станував... Секогаш од ново го градев својот свет... Поразите беа моја победа... Ме научија да бидам јака и да чекорам храбро!
     
  17. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Борбата на една пеперутка

    Еден човек беше нашол кожурец на пеперутка. По неколку денови, тој забележа напукнување на кожурецот и еден малечок отвор – седна и гледаше како пеперутката за неколку часа макотрпно се бореше да го принуди сопственото тело да се ослободи преку малиот отвор. Дури и по неколку часа, се чинеше дека престана да остварува било каков напредок…
    Тогаш човекот реши да му помогне на кутрото суштество.
    Зеде едни ножици и го прошири отворот на кожурецот. Пеперутката се извлече надвор до невидена леснотија. Но, нејзиното телце беше отечено, а нејзините крила речиси збрчкани. Човекот продолжи да ја следи пеперутката и очекуваше секој момент дека крилата ќе и се отворат и прошират за да би можеле да бидат поддршка за телото, при нејзиниот лет. Но, тоа никогаш не се случи…
    Всушност, пеперутката го помина остатокот од својот живот (кој во просек е речиси ден) приморана да лази до прозорецот, губејќи го светот кој и се нуди, заробена во отечениот облик со изобличени крила. Таа никогаш не доби можност да лета.
    Дали човекот, во афект на неговата љубезност и брза реакција, всушност не разбра дека ограничувањето на отворот на кожурецот и борбата за излез всушност, се потребни за таа да го помине Божјиот пат на принуда на течност од телото за доток до нејзините крила, така што таа би била подготвена за лет веднаш штом ќе ја постигне својата слобода.

    Понекогаш борбата е токму она што ни треба во животот. Ако Бог дозволи без мака да поминеме низ истиот, без никаква пречка или заплет, тоа би не осакатило за навек. Никогаш не би станале силни, никогаш не би можеле да полетаме!

    Побаравме сила…
    Бог ни испрати потешкотии за да не зајакне.
    Побаравме мудрост…
    Бог ни даде проблеми да ги решиме.
    Побаравме просперитет…
    Бог ни подари разум да го користиме.
    Побаравме храброст…
    Бог ни пружи опасности да ги надминеме.
    Побаравме љубов…
    Бог ни ги вкрсти патиштата со луѓе на кои треба да им помогнеме.
    Побаравме услуги…
    Бог ни понуди можности.

    Добивме ништо од тоа што побаравме…
    Добивме се што ни беше потребно!
     
  18. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Немој да се вртиш и враќаш назад...
    Сети се: Дали Пепелашка ќе постанеше принцеза ако се завртеше и го земеше чевличето... ?
     
  19. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    226
    Ако некогаш помислиш да напуштиш некој,размисли дали ќе добиеш шанса да се вратиш назад

    каде што има љубов,има и милион шанси

    -Можеби секој ден не е убав,но во секој ден има по нешто убаво
     
  20. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    * Ништо во светот не е сосема погрешно. Дури и застанатиот часовник покажува точно време два пати во денот.

    * Заљубените не гледаат ништо освен себе.

    * Најдете човек кој ке ве прифати такви какви што сте,човек кој ке ви го исполнува денот,човек кој ке знае да ве насмее, да ви ја стопли душата со неколку зборови. :inlove: