Quotes, интересни поговорки

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Fearless, 13 октомври 2010.

  1. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    Доброто со добро се враќа

    Еден ден, едно сиромашно момче, коешто продавало разни нешта од врата на врата за да може да се школува, останало со само една паричка во својот џеб, а било многу гладно.
    Тоа решило на следната врата да замоли за оброк. Како и да е, кога една прекрасна млада девојка му ја отворила вратата, тоа се засрамило и побарало само чаша вода. Кога го видела момчето, таа помислила дека мора да е многу гладно, и наместо вода, му донела голема чаша со млеко. Тој полека ја испил чашата, и потоа прашал:
    „Колку ви должам?“
    „Не ми должите ништо“ му одговорила таа „мајка ми нè научи никогаш да не примаме пари за нашата љубезност.“
    Тој кажал:
    „Тогаш, ви се заблагодарувам од сè срце.“
    Како што Хауард Кели се оддалечувал од куќата, тој не само што се почувствувал посилен во снагата, туку и неговата вера во Бог и во луѓето исто така се утврдила и зајакнала. А веќе беше почнал да се откажува од неа.

    Години подоцна, таа млада жена тешко се разболела. Локалните лекари биле збунети и не знаеле што да прават, и најпосле ја испратиле во големиот град, каде што повикале специјалисти да ја проучат нејзината ретка болест. Др. Хауард Кели бил повикан за консултација. Кога го слушнал името на градот од каде дошла болната, очите му засветлиле со чуден сјај. Во истиот миг станал и низ болничкиот ходник се упатил право во нејзината соба, облечен во својот докторски мантил. Веднаш ја препознал. Се вратил назад во кабинетот за консултации решен да стори сè што може да го спаси нејзиниот живот. Оттогаш, тој на случајот му посветил посебно внимание.
    После долга борба, битката најпосле била добиена. Др. Кели побарал од одделот за финансии да му ја донесат конечната сметка за тој да ја потпише. Погледнал во сметката, и потоа напишал нешто на крајот и сметката била испратена во собата на пациентот. Жената се плашела да ја отвори, бидејќи била сигурна дека цел живот ќе треба да ја исплаќа. Најпосле таа погледнала, и нешто на крајот од сметката ѝ го привлекло погледот. Почнала да ги чита следниве зборови:
    Исплатено во целост со една чаша млеко.
     
    На Viiiiip му/ѝ се допаѓа ова.
  2. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.801
    Пази на своите мисли, бидејќи мислите ќе станат зборови. Пази на своите зборови, бидејќи зборовите ќе станат дела. Пази на своите дела, бидејќи делата ќе станат навика Пази на своите навики, бидејќи навиките ќе станат карактер. Пази на својот карактер, бидејќи карактерот станува твоја судбина!
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  3. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Кој умее да се радува, има и на што да се радува!
     
  4. Steff.Unique

    Steff.Unique Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    "Не ви вреди ништо ако немате со кого да ја споделите тавата ориз и љутиот пинџур макар и после смрделе на лук."
     
  5. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.214
    Допаѓања:
    8.436
    Не е важно колку е далеку еден човек од тебе, ако тој живее во твоето СРЦЕ!
     
    На A-j-a, Serafima и Libera им се допаѓа ова.
  6. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Се што е бело е штетно!
     
  7. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Оној што ти забива нож во грб, добро знае дека во срцето не би имал никаква шанса...
     
    На crazylady, Serafima и Grunge им се допаѓа ова.
  8. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Во животот барај човек, но и во човекот барај човек.
     
    На crazylady и Serafima им се допаѓа ова.
  9. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    ‎...големото дрво израснало од една тенка прачка... деветкатницата започнала да се гради од неколку тули и бетон... патувањето од илјада миљји започнува од еден обичен чекор... Затоа пазете се од своите мисли! Тие се почеток на вашите постапки!
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.275
    Себепознанието е првиот чекор кон совршенството.
    Колку подобро се спознаеш, толку повеќе ќе се поправиш. За еден ден од себе да изградиш вистинска личност.
    Човек, во секоја смисла на зборот.
     
    На A-j-a му/ѝ се допаѓа ова.
  11. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.025
    Сакај ги ближните, ќе бидеш сакан. Дај му на гладниот, ќе бидеш богат. Прави им го на сите она што го посакуваш за себе.
     
    На girl.23 и Serafima им се допаѓа ова.
  12. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.801
    ????? :?: (Нa што се однесува ова?)

    -Не постои поголем непријател од поранешниот пријател!

    -Имам две животни приказни...едната што ја живеам и другата што другите ми ја измислуваат.

    -Животот не е проблем што треба да се решава, туку доверба што треба да се оправда.

    -Aко се вљубиш во очите, цел живот ќе бидеш вљубен, зашто само тие во човечкиот живот остануваат исти, се друго се менува...

    -''Убавата жена е добра три месеци,а добрата жена е убава цел живот''

    -Има женски кои постојано се жалат како не им доаѓа принцот на бел коњ, туку само коњот... па можеби тоа е така зошто се кобили, а не принцези.

    -Не жали го оној кој поради љубовта ја изгубил гордоста, жали го оној кој поради гордоста ја изгубил љубовта.
     
    На A-j-a му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    A man of courage is also full of faith.
    Marcus Tullius Cicero

    Happiness is the natural flower of duty.
    Phillips Brooks

    If music be the food of love, play on.
    William Shakespeare
     
  14. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.214
    Допаѓања:
    8.436
    Не давај некому до знаење дека многу ти значи... бидејќи за возврат ќе го злоупотреби тоа !!!!!!

    ‎"Najveću bol u ljubavi sam osetila onog trenutka kad sam shvatila da nemam više za šta da se borim..."
     
    На Libera и anneyy им се допаѓа ова.
  15. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.076
    Кога си навистина важен за еден човек, тој секогаш ќе најде време за тебе – без извинување, без лаги и без неисполнети ветувања.
     
    На x.Daisy.x, AlanisM, crazylady и 2 други им се допаѓа ова.
  16. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.214
    Допаѓања:
    8.436
    Живеј за себе и запомни – пред да зборуваш, слушај, пред да пишеш, мисли, пред да повредиш, почуствувај, пред да мразиш, сакај, пред да се предадеш прво пробај, пред да умреш, живеј!
     
    На AlanisM и Meggy им се допаѓа ова.
  17. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Ова е народна поговорка, ама многу вистинита. Само неколку бели работи кои ги користи човекот нека ти паднат на памет и ќе видиш дека се штетни. Еве на пример, дрога, салото (арно сега нема толку), брашно (дебелеење и здравстени проблеми)...
    Ми падна на ум заради Whitney Houston и причините за нејзината смрт, како секојдневна поука. ;)
     
    На girl.23 и AlanisM им се допаѓа ова.
  18. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    [​IMG]
     
    На Serafima, Alanna, AlanisM и 2 други им се допаѓа ова.
  19. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Ако самите не се цените доволно, бидете сигурни дека остатокот од светот нема да ја подигне вашата цена.
     
    На IvanaMkd му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Ранетиот лав е најопасен...
    повредениот човек е најлош...
    ;)

    Човекот го покажува своето вистинско лице во три случаеви: Бес, Богатство и Пијанство...

    Времето менува се, но не брише ништо...
     
    На anneyy му/ѝ се допаѓа ова.