Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Quotes, интересни поговорки

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Fearless, 13 октомври 2010.

  1. Steff.Unique

    Steff.Unique Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    "Си ги познаваме дишењата. А тишината е сосема пријатна. Нема потреба од зборови, кога дури и мрдањето на шарените завесички означува што си значиме. Кога знам дека те имам, кога знам дека сум целосно твоја, треперам од Убавина. Се мирисам самата. Уште мириса на нашето спојување пред малку. Зарем треба да напишам нешто повеќе? Зарем некој чита во денешно време? Ти читаш. И ми ги имаш прочитано емоциите. Не ги давам на друг. Бриши ги само редовно од прашина, нема смисла, луѓе гледаат." :)
     
    На anneyy, Meggy и Libera им се допаѓа ова.
  2. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Помислив на тоа, ама ја да прашам. :wasntme:

    -Голем број од животните неуспеси ги доживеале луѓе кои не сфатиле колку блиску биле до успехот кога решиле да се откажат.

    -Додека се жалиш и кукаш дека розите имаат трње, уживај и восхитувај им се на трњето, зашто имаат рози.

    -Три работи го „издаваат “ човек.
    Неговите очи, неговите пријатели и неговата омилена песна.

    -Има насмевки кои се потешки од солзите.

    -Луѓето те ценат онолку колку што имаат корист од тебе !

    -Мажите се како паркет,како ќе си го наредите така ќе си го газите-се додека не го смените со нов!

    -Секое задоволство се плаќа повеќе отколку што чини.

    -Неуспехот е само можност да почнеш одново, овој пат помудро.

    -Ако во текот на ноќта мечтаеш за сонцето , нема да ги забележиш sвездите .
     
  3. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Понекогаш се наоѓам во состојба, кој е својствена на многу луѓе... Слушам, ама не слушам...
     
  4. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Имај времена за рад- то је цена успеха
    Имај времена за размишљање- то је извор моќи
    Имај времена за игру- то је тајна младости
    Имај времена за читање- то је основа мудрости
    Имај времена за пријатељство- то је пут до среќе
    Имај времена за сањарења- то је пут до звезда
    Имај времена да волиш и да будеш вољен- то је привилегија великих људи
    Имај времена да гледаш око себе- сувише је кратак дан за себичност
    Имај времена за смех- то је музика душе.
     
  5. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Зошто да ги сакаме непријателите?!
    Затоа што несвесно ни помагаат. Нанесувајќи ни болка, несвесно не ставаат во рацете Божји, ни го зајакнуваат трпението, а со тоа не наградуваат со еден венец.
    Венецот на смирението.
     
    На IvanaMkd и Libera им се допаѓа ова.
  6. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Сеедно ми е , што тажно се случува во моето срце...јас го сакам животот!
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  7. plaza

    plaza Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Навлези во работите, извалкај си ги рацете, тресни на земја и дури потоа посегни по ѕвездите.

    Личноста со надеж гледа успех каде што другите гледаат неуспех, сончева светлина каде што другите гледаат сенки и бура.

    Од успехот добиваш многу нешта, но не најважното нешто во душата кое ти го носи љубовта.

    Утрешниот ден е најважното нешто во животот. Доаѓа на полноќ многу чист. Совршен е кога пристигнува и се сместува во нашите раце. Се надева дека сме научиле нешто од вчерашниот ден.

    Најдобрите и најубавите нешта на светот неможат да се видат ниту да се допрат. Тие мора да се почувствуваат во срцето.

    Светот е тркалезен и местото кое можеби изгледа како да е крај може исто така да биде и почеток.

    Кога една врата на среќата ќе се затвори, другата се отвара, но честопати толку долго гледаме во затворената врата, што не ја гледаме вратата што се отворила за нас.

    Тајната на среќата не е во тоа да го правиме тоа што го сакаме, туку да го сакаме тоа што мораме да го правиме.

    Можеме да направиме се што сакаме само ако сме доволно истрајни во тоа.

    Мојот предизвик не беше да го направам невозможното, туку да научам да живеам со возможното.

    Среќа е кога подарувате.

    Немој никогаш да пропуштиш виножито или залез бидејќи гледаш долу.

    Постои ризик во се што правите, но уште поризично да не правите ништо.

    Еден човек во сон е еднаков на 99 кои само покажуваат интерес.

    Не можеме да направиме големи работи, туку само мали со многу љубов.Кога лакот ти е скршен и немаш веќе ниту една стрела, тогаш гаѓај гаѓај со сето срце.

    Љубовта на само еден миг може и ќе го направи светот совршен.

    Не оди по веќе истапкан пат каде и да води. Место тоа, оди таму каде што нема пат и остави трага.

    Иднината им припаѓа на луѓето кои веруваат во убавината на своите соништа.

    Светот е тркало кое постојано се врти. Оние што се високо, се спуштаат надолу, а оние кои биле долу се качуваат се повисоко.

    Сите убави чувства на светот тежат помалку од едно дело од љубов.

    Големата надеж создава големи луѓе.

    Кога лажеш внимавај само едно, да не се излажеш самиот себе си.

    Љубовта е слепа. Поради тоа и е толку изострено сетилото за допир.

    Човечки е да се греши, а божествено е да се прости.

    Никогаш не се откажувај, вратата често се отвара со последниот клуч!

    Ако не одиш до крај? Тогаш зошто одиш?
     
    На A-j-a и anneyy им се допаѓа ова.
  8. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    Не барам ништо од тебе. Сакам само да бидеш тоа што си!.. Без никакво докажување на машкоста твоја.. Јасно ми е, маж си..! Не барам од тебе да ми симнуваш ѕвезди од небото, не барам да бидеш романтичен, не барам да ми го посветуваш целото твое внимание, не барам апсолутно ништо повеќе освен малку искреност од твоја страна.. За момент ги покажа своите слабости, па повторно се повлече.. Зошто? Се плашиш? Мислиш јас не се плашам? Мене ми е многу лесно..? Па и јас сум повредена.. и јас сум била повредена.. јасно ми е како стојат работите. Но, зошто настојуваш постојано да бидеш цврст, безчувствителен и ладен? Зар со тоа ќе си направиш подобро на себеси? Зар тоа ќе те спречи да се заљубиш? Зар тоа ќе ти ги смени чувствата? ..
    Биди она што си.. не барам ништо друго.. Биди онаков каков што можеш да бидеш..чувствителен, внимателен, нежен, топол.. Таков си! Ми го докажа тоа! Ама се плашиш! Се плашиш од мене, се плашиш од сите, се плашиш од чувствата, се плашиш од љубовта.. !
     
    На lola-86 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Искористи го секој миг полезно и за добри дела.
    Ако не можеш да направиш нешто со дело, доволно е да помислиш добро за ближниот. Да кажеш еден збор од срце, кој ќе ја поткрепи душата на другиот.
    Зашто тој миг што заминал не се враќа, а можел да биде скапоцен за некому.
     
    На stylishh, crazylady, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Будна е онаа личност која не маршира во ритамот на друштвото, туку игра по тактот на музиката која ѝ ја свири душатa.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Човекот има 2 уши за повеќе да слуша и една уста за помалку да збори.
     
    На stylishh и IvanaMkd им се допаѓа ова.
  12. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    ГОСПОДОВИТЕ СТАПАЛА
    - Бисер од преданијата

    Еден човек секогаш Го молел Бога, да не го остава на земниот пат како што Господ некогаш ги пратил своите ученици на патот за Емаус (Лк. 24, 13 – 32), така и него го прати на неговиот животен пат. И на крајот од својот живот, имал вакво видение: се видел себеси како оди по песочниот брег на океанот (океанот на вечноста, покрај кој преоѓа патот на смртниците). Завртувајќи се ги видел стапките од своите стапала на мекиот песок како одат далеку зад него. Тоа бил патот на неговиот изминат живот. И покрај стапките од неговите стапала се наоѓале и траги од друг пар на стапала. Сфатил дека тоа Господ го пратил низ животот, како и што Му се молел. Но, на некои места од прејдениот пат видел траги од само еден пар стапала, кои длабоко се врежале во песокот, како да ја сведочеле тежината на патот во тоа време. Човекот се сетил дека тогаш, во неговиот живот имал посебно тешки моменти и животот му бил прекумерно тежок и мачен. И тој човек со прекор му рекол на Господа:
    - Ете гледаш Господе, во тешките времиња од мојот живот, Ти, не одеше со мене, ги гледаш ли трагите од само едниот пар стапалки, тогаш јас сам одев низ животот и според тоа колку трагите се длабоко врежани во земјата, толку многу ми било тешко и да одам. Но Господ му одговорил:
    - Сине мој, ти грешиш. Ти навистина гледаш само еден пар на стапалки во тоа време кога ти било најтешко. Но, тоа не се траги од твоите стапала, туку од МОИТЕ. Затоа што, во тие тешки времиња од твојот живот јас те носев на свои раце. Така, сине мој, тоа не се траги од твои стапала, туку од МОИ.
     
    На stylishh, A-j-a и Serafima им се допаѓа ова.
  13. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Повеќе филозофија има во едно шише вино отоколку во сите книги заедно... :)
     
    На anneyy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Колку жално што сега нема волшебници! Тие би ги исполнувале нашите желби, - кажа малечката Кате, разгледувајки го двогледот на мајка и која таа го добила на својот роденден. – Тогаш јас би знаела што да посакам од нив.
    -Изгледа ќе посакаш двоглед како мојот? – со насмевка одговори мајката.
    -Не баш ваков. Јас би посакала двоглед со кој ќе гледам не само лица и предмети , бидејќи и така доволно добро ги гледам, туку би сакала да видам што се крие позади нив. На пример, јас сакам да знам што луѓето имаат во срцето, кој од нив е добар, а кој злобен, би сакала да ги знам нивните мисли, желби.
    -Многу ме радува, - рече мајката, - што ти немаш ваков двоглед; инаку ти би добила многу непријатели.
    -Зошто, мамо? –праша девојчето.
    -Зарем ти мислиш, мило мое дете, на луѓето би им било пријатно да знаат, дека тие ништо неможат да сокријат и дека нивните срцата се отворени пред тебе? Чекај, се сетив на една бајка. Таа ќе ти објасни тоа што ти не го разбираш.
    Многу одамна живеел еден човек. Тој сакал да има наочари со стакла какви што и ти сакаш, и ги добил. И еднаш, кога тој ги ставил неможел повеќе да ги симне. Што се случило? Срцата на луѓето со сите нивни мисли се отворале пред него, но во нив тој гледал повеќе лоши работи од колку добри. Тој влегувал во срцата на најверните и најсаканите негови пријатели – и секаде наоѓал некоја мана. Тоа му донело голема тага и тој почнал да се однесува спрема нив круто и со недоверба. Тие прво се чуделе и се навредиле, незнаејќи зошто тој се сменил, па најпосле го оставиле сам. Осаменоста многу го натажила; но тој не сакал да ги гледа луѓето со обични очи, кои за него биле полоши од неговите, и во својата тага тој почнал да го моли Бога за смрт. Наместо смрт пред него се појавил ангел со кротко, добродушно лице и сини очи.
    -Јас сум љубов, - му рече небесниот гласник, - и дојдов да ти помогнам да ја тргнеш својата заблуда. Ти бараш од другите совршенство. Но, дали може да го пронајде тој, кој самиот е полн со недостатоци? Како прво проучи го твоето срце, а потоа осудувај ги твоите ближни ако смееш!
    Кажувајќи ги овие зборови ангелот ги допре волшебните наочари и пред тој човек се отвори неговото срце, кое било многу полошо од срцата на другите.
    -Боже, каков грешник сум! Прости ми! – извикна тој, и наочарите паднаа од неговите очи.
    -„Љуби го ближниот како самиот себе“, - му рече ангелот, - таква е Господовата заповед. Труди се да им ги простуваш на луѓето нивните недостатоци – ти ќе бидеш среќен во овој свет и ќе ти биде простено во другиот.
    Човекот ја исполнил наредбата која му ја кажа ангелот, и цел свет, сите луѓе почнале да му се гледаат подобри од него затоа што тој го запамтил тоа што видел во своето срце. Сега, гледајќи ги другите, тој се трудел да пронајде во нив само добри работи, а благодарејќи на тоа и самиот станал подобар и посреќен.
    -Дали ја разбра мојата бајка, Кате? – ја праша мајката. – Ајде и ние да гледаме во себе преку тие волшебни наочари, а на другите да гледаме со обични стакла. Нас ни е заповедано да ги љубиме ближните, а не да ги бараме нивните недостатоци. Доволно за нас е и тоа, што ние ги проучуваме и корегираме нашите гревови.
     
    На anneyy, ljubam и Serafima им се допаѓа ова.
  15. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Одгледувај го тоа малечко цвеќе во себе. Полевај го секој миг, храни го, заштитувај го...
    Еден ден ќе порасне и ќе даде многу убави цветови.
    Само тоа цвеќе на Љубовта, најубаво ќе го краси твоето срце.
     
    На A-j-a, Libera и ljubam им се допаѓа ова.
  16. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Во среќата биди умерен, во несреќата – разумен.
     
    На crazylady, Serafima и Libera им се допаѓа ова.
  17. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    I read because it takes me away,away to a place where anything is possible :)
     
  18. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    ПРИКАЗНА ЗА БОГАТИОТ ЧОВЕК И ЗЕМЈОДЕЛЕЦОТ
    Св. Николај Српски (Велимировиќ)

    Еден богат човек живеел во својот замок. Тој имал сѐ и од сѐ му здодеало. Паднал во униние. Тогаш човекот решил да отиде на пат за да се развесели некако. Но ништо не помагало. Тој и понатаму бил тажен. Во еден момент, тој застанал да одмори. Погледнал околу себе и што ќе види: пред него се простирало поле, а среде полето ...здогледал земјоделец, кој, паднат на колена, Го славел Бога, додека еден од неговите волови стоел во браздата, а другиот бил паднат на земја. Богатиот го прашал земјоделецот:
    - Зошто си Му толку благодарен на Бога?
    - Ми умре волот.
    - И затоа се радуваш?!
    - Јас сум голем грешник. Но Господ е милостив: ми го зачува животот и ме казни со смртта на волот. Затоа и го славам Бог. Го славев Господ, кога Он ми ги даде воловите, зарем да не го славам и сега, кога ми зеде само еден од воловите? Слава Му!
    - А како ќе ја обработуваш земјата само со еден вол?
    - Господ сѐ ќе си среди, – се насмеал земјоделецот.
    ”Гледај колку овој човек е среќен и се смее, иако го изгуби волот. А јас имам толку голем имот и пак не се смеам!” – си помислил во себе богатиот човек. Тој извлекол неколку златни монети и му рекол на земјоделецот:
    - Купи си друг вол. Денес многу научив од тебе.
    - Нели ти реков дека Господ сѐ ќе среди! – воскликнал радосно земјоделецот и повторно почнал да Го слави Бога.
    А богатиот човек си тргнал да се врати дома. Кога доближил до замокот, тој забележал дека целиот замок е опкружен со пламен. Тогаш човекот паднал на колена, ги кренал рацете и воскликнал:
    - Ти благодарам Боже! Ти благодарам, Боже!
    Слугите го гледале зачудено.
    Не се чудете, – им објаснил богатиот човек. – Не Му благодарев на Бога, кога Он ми даваше сѐ, но сега кога Он ми зеде, јас двојно сум Му благодарен. Ете време и за мене да се потрудам со вера во Бога! Тоа ќе ми врати смислата на животот и радоста. Господ се ќе среди!
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  19. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    8.431
     

    Прикачени фајлови:

  20. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.302
    Допаѓања:
    8.713
    Some relationships are like fat people. They just don't work out.
     
    На Bright му/ѝ се допаѓа ова.