На крајот од патеката...можеби и песимистот и оптимистот ќе стигнат до точка за која песимистот сепак бил во право...но оптимистот дефинитвно ќе си помине поквалитетно време во тек на патувањето...
Кога нешто градиш немој да рушиш, кога нешто цвета не дозволувај да овене, кога некого љубиш немој да го губиш, кога некој сакаш сакај го човечно, а не лицемерно! Надежта е единственото нешто што МОРАМ да го направам пред да се откажам од нешто и тоа е нештото што ми одзема најмногу време и воедно ме тера да правам грешки кои ги согледувам откако ја губам надежта во таа работа!
Секогаш оди по патот со главата горе, бидејќи постојат луѓе што го насочуваат целиот нивен живот за да те видат со главата доле!
*Сите сме исти само што правиме различен избор во животот.* *Некој потрезно размислува кога ќе се опијани,него кога е трезен.* *Мудроста не се стекнува само од книгите или улицата,мудроста се стекнува со искуството и годините.* *Мудар е оној кој знае да молчи и да зборува само тогаш кога е потребно.* *Ако умот е највозвишениот ,најмудриот и најважниот човечки орган,зошто тогаш сите цртаат срциња а не мозоци.* *Некои луѓе никогаш не се будат од зимскиот сон.Некои се разбудуваат,но пак си легнуваат* *Мислата е најбрза,но на некои луѓе јазикот им е побрз и од мислата.*
Верувам дека би биле посреќни ако направиме лична револуција во својот живот и се вратиме на едноставниот живот. Едноставните работи го прават животот вреден за живеење - убавите суштински нешта, како љубовта и должноста, работата и одморот, и живеењето блиску до природата. Оној кој знае колку му е доста, секогаш ќе има доволно. Се во свое време, и секоја работа под небото има свое време.
Потребно е да ја најдеме и пееме нашата сопствена песна, да ги пружиме рацете и нозете и да ги раздвижиме во толку див танц, за на нив, не може да се задржи, ништо што го поттикнува копнежот по осаменото патување!
Невозможно е да сме постојано среќни. И кога сме навистина среќни, живееме во страв дека секој миг среќата може да исчезне.
It's true that we don't know what we've got until we lose it, but it's also true that we don't know what we've been missing until it arrives. Girls are like phones. We love to be held, talked too but if you press the wrong button you'll be disconnected!
Никој не му робува никому! Самите ние доброволно го правиме сето тоа, дали заради навика, дали заради страв од осаменост....... Секој сам ги знае своите причини, и секој сам го бира начинот на живеење!
-Сите ми велат дека сум променета, но всушност вистината е дека престанав да живеам како што ТИЕ сакаат. -Сите сакаат да го променат светот, но ниту еден не сака да се промени себеси. -Ослободи се од ограничувањата што си дозволил да ти ги наметнат другите. Ти си безграничен. Не постои нешто што не можеш да го направиш. Не постои тага во животот која не може да се промени во спротивното. -Колку добро и да зборува човек, кога многу зборува, секогаш на крај кажува некоја глупост
Најдобро е некој целосно да го имаме,а ако тоа не е можно,тогаш подобро е целосно да го изгубиме. Во срцево чувам нешто за тебе.Ангелите го викаат рај,ѓаволите пекол,а ние луѓето ЉУБОВ !
Понекогаш е потребно повеќе храброст човек да го промени мислењето, отколку да му остане верен. Животот е низа од лекции кои треба да се преживеат, за да бидат сфатени ! Сите имаме некакви способности, само различно ги користиме. Жената најчисто го гледа својот лик во очите на саканиот човек.