Јас не им простувам на луѓето бидејќи сум слаба. Им простувам, бидејќи сум доволно силна за да знам дека луѓето прават грешки.
Ќе дојде време да се вратам во животите на некои луѓе. Ќе биде ред да ги наплатам долговите. Не онака како што тие мислат-со солзи, со молење и заради одмазда. Само ќе се вратам. Неповикана, не како пријател, не како другар, дури ни како познаник, едноставно ќе се вратам. Само да поминам покрај нив со високо крената глава, да ги убијам со погледот и да ги честам со насмевка.Кој знае, можеби ќе им посакам и добар ден и ќе ги прашам дали мирно спијат навечер? Ако им е сонот мирен онолку колку се чесни и добри, навистина се за жалење, затоа што мирната совест е најудобната перница, а тие не се ни свесни колку се несреќни.
Доцна е... сеќавањата залудно се јавуваат, безкорисни се веќе неможните утехи и потсетувањетона она што можело да се случи... она што небило, не ни можело да биде. А секогаш изгледа убаво она што не се остварило.
Сте слушнале ли некогаш дека не треба да и помагате на пеперутката да ги отвори своите крилца, затоа што така и ја одземате силата која и е потребна за полетување? Колку пати ние им ја одземаме силата на оние околу нас сакајќи да им ’помогнеме’?
Во животот е слично како и во математиката - не секогаш ги разбираш работите, но принуден си да се навикнуваш на нив...
Ништо во животот не доаѓа два пати или барем ретко. Ништо не се остава за утре, за понатаму. Грабни го животот со обете раце, живеј го со полни гради.
Момент на трпение Може да не спаси од големо зло; Момент на нетрпение Може да ни го уништи целиот живот.
Љубовта, кога животот не притиска е само еден бран повисок од сите други бранови. Страв ми е од љубовта, бидејќи таа означува работи кои одат над човечкото разбирање. Нејзината светлина е ослепувачка, но нејзината сенка ме плаши. Никогаш не му велете на едно дете дека соништата се глупости. Би било трагично ако поверува...
Бог не ветил насмевка без солзи,пат без трње,радост без тага.Но ни дарувал љубов кон луѓето,вера во животот,надеж во вечноста.
Луѓето се гордеат со храброста, талентот, добрината, големите задачи и големите искушенија, ама не ценат ништо освен парите!!!
Сакајте, тоа е убаво, ама со мера и воздржаност. Немојте никого да го сакате толку многу поради што тој не би ве сакал вас!