Љубезноста секогаш ни се враќа двојно повеќе! Еден ден, едно сиромашно момче, коешто продавало разни нешта од врата на врата за да може да се школува, останало со само една паричка во својот џеб, а било многу гладно.Тоа решило на следната врата да замоли за оброк. Како и да е, кога една прекрасна млада девојка му ја отворила вратата, тоа се засрамило и побарало само чаша вода. Кога го видела момчето, таа помислила дека мора да е многу гладно, и наместо вода, му донела голема чаша со млеко. Тој полека ја испил чашата, и потоа прашал: „Колку ви должам?“ „Не ми должите ништо“ му одговорила таа „мајка ми нè научи никогаш да не примаме пари за нашата љубезност.“ Тој кажал: „Тогаш, ви се заблагодарувам од сè срце.“Како што Хауард Кели се оддалечувал од куќата, тој не само што се почувствувал посилен во снагата, туку и неговата вера во Бог и во луѓето исто така се утврдила и зајакнала. А веќе беше почнал да се откажува од неа. Години подоцна, таа млада жена тешко се разболела. Локалните лекари биле збунети и не знаеле што да прават, и најпосле ја испратиле во големиот град, каде што повикале специјалисти да ја проучат нејзината ретка болест. Др. Хауард Кели бил повикан за консултација. Кога го слушнал името на градот од каде дошла болната, очите му засветлиле со чуден сјај. Во истиот миг станал и низ болничкиот ходник се упатил право во нејзината соба, облечен во својот докторски мантил. Веднаш ја препознал. Се вратил назад во кабинетот за консултации решен да стори сè што може да го спаси нејзиниот живот. Оттогаш, тој на случајот му посветил посебно внимание. После долга борба, битката најпосле била добиена. Др. Кели побарал од одделот за финансии да му ја донесат конечната сметка за тој да ја потпише. Погледнал во сметката, и потоа напишал нешто на крајот и сметката била испратена во собата на пациентот. Жената се плашела да ја отвори, бидејќи била сигурна дека цел живот ќе треба да ја исплаќа. Најпосле таа погледнала, и нешто на крајот од сметката ѝ го привлекло погледот. Почнала да ги чита следниве зборови: Исплатено во целост со една чаша млеко. Потпишал: Др. Хауард Кели Понекогаш,најмалите гестови имаат најголемо значење!
Чувај се од жената која нема да ти возврати кога ќе ја повредиш. Таа нема да ти прости, ниту ќе дозволи самиот да си простиш! Стори го тоа сега! Ако чекаш совршени услови, никогаш нема да го направиш. Љубовта е безгрешна, таа не греши. Сите гревови се поради недостиг на љубов...
Секое добро дело е искачување на скалата до рајот. God gives every bird his worm, but he does not throw it into the nest.
Sometimes happiness doesn't come from money, fame or power. Sometimes happiness comes from good friends and family and the quiet nobllity of leading a good life...
Ако имате изобилство наречено ОДЛУЧНОСТ... Машина наречена ИСТРАЈНОСТ... Сигурност наречена ВЕРА... Возач наречен БОГ... Секогаш ќе стигнете до местото наречено... УСПЕХ ! - Најголем хендикеп е СТРАВОТ. - Најдобар ден е ДЕНЕС. - Најлесна работа е да се најде ИЗГОВОР. - Најголема грешка е ОТКАЖУВАЊЕТО.
Can you hear those footsteps behind you ? That's not me running after you, That's Karma catching up to you!!
Најголемата болка во љубовта....кога ќе сватиш дека нема за што да се бориш!. Без жена, нема ни среќа ни несреќа Кај мене љубовта никако не оди, само си стои в место )) Ако некој навистина те сака... нема да ти даде причина да се сомневаш во тоа... Кога навистина ќе се одлучиш, а не само да посакуваш... Кога навистина ќе направиш, а не само да се обидеш... Кога навистина ќе преземеш одговорност, а не само да се согласиш... ЧУДА НАВИСТИНА ЌЕ СЕ СЛУЧАТ! Ако знаев кога ќе умрам, сам ќе си ископав гроб. Ако мажот е пијаница, жената ќе е маченица. Прашај те се дали сте среќни и ќе престанете да бидете среќни Колку повеке тагата копа по вашето битие,толку повеке радост во него може да се собере.- Ништо на светот неможе да те направи толку среќен како сонувањето.
Си правиме илјада проблеми плашејќи се да не ги повредиме другите. Па како тогаш тие нас нѐ повредуваат без никаков проблем?
Ако еден маж те сака ништо не може да го оддели од тебе. А ако не те сака ништо не може да го задржи!