babylove овошни кашички

R.E.M.

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од Phyramide, 23 септември 2011.

  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.778
    R.E.M. вчера го најави својот крај. Речиси во „исусовите“ години реши достоинствено да ја напушти музичката сцена.
    Ми падна жал и ме фркна носталгија затоа што оваа група за мене е едноставно една од најлегендарните рок групи. Го одбележа најмногу времето на 80те а особено 90те години.
    Основана во 1980 во Атина, Georgia, USA, од фронтменот Michael Stipe, гитаристот Peter Buck, басистот Mike Mills и тапанарот Bill Berry, полека си го градеше патот кон ѕвездите. Донесе сосема нов звук а Мајкл блесна со еден навистина препознатлив, уникатен и крајно оригинален глас.
    Навистина, да го чуете меѓу илјадници пејачи – секако ќе го препознаете.

    За историјата нема да зборувам, за неа повеќе на Википедија.
    http://en.wikipedia.org/wiki/R.E.M.

    Ќе зборувам за музиката. Јас овој бенд го обожавам. Уште еден од оние кои инспирираат, лечат, смируваат, дигаат, тераат да врескате. Едноставно се!
    Automatic For The People за мене најслушаниот и најизлижаниот албум на сите времиња. Не ги потценувам ниту останатите. Едноставно тие ЗНААТ да прават добра музика.

    Денес веќе ја спомнав Nightswimming – прекрасна е, а текстот ве остава без здив. И токму тоа ми се допаѓа кај нив – секогаш знаеле да трогнат дали со музиката дали со текстовите.
    А секако дека ги имам многу повеќе кои сакам да ги слушам, преслушувам, да заспивам со нив.

    Ги сакавте ли? Ги слушавте ли? Ајде да ве чујам.

    Јас само ќе речам, ЛЕГЕНДАРНИ се. И ќе бидат. За мене барем засекогаш.

    Од мене, само текстот на гореспомнатата песна. Едноставно е магична.

    Nightswimming deserves a quiet night.
    The photograph on the dashboard, taken years ago,
    turned around backwards so the windshield shows.
    Every streetlight reveals the picture in reverse.
    Still, it’s so much clearer.
    I forgot my shirt at the water’s edge.
    The moon is low tonight.

    Nightswimming deserves a quiet night.
    I’m not sure all these people understand.
    It’s not like years ago,
    The fear of getting caught,
    of recklessness and water.
    They cannot see me naked.
    These things, they go away,
    replaced by everyday.

    Nightswimming, remembering that night.
    September’s coming soon.
    I’m pining for the moon.
    And what if there were two
    Side by side in orbit
    Around the fairest sun?
    That bright, tight forever drum
    could not describe nightswimming.

    You, I thought I knew you.
    You I cannot judge.
    You, I thought you knew me,
    this one laughing quietly underneath my breath.
    Nightswimming.

    The photograph reflects,
    every streetlight a reminder.
    Nightswimming deserves a quiet night, deserves a quiet night.
     
    На Wild.Child, Magnolija, Theodora и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.589
    Допаѓања:
    71.434
    Кога ќе помислам на R.E.M., веднаш ми текнува на Loosing My Religion, која стана апсолутен хит меѓу тогашните млади тинејџери откако Бренда од Беверли Хилс ја слушаше безброј пати кога се обидуваше да го свари моментот - Дилан и Кели заедно. Сцената ја памтам како да сум го гледала филмот вчера.

    После три децении работа треба да сме благодарни за се што оставија зад себе.
     
    На Sparks, Phyramide и Annath им се допаѓа ова.
  3. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.188
    Everybody hurts е песна што делува подобро и од лек кога е тагата во прашање.
    Само што ќе прочиташ:

    When the day is long and the night, the night is yours alone,
    When you're sure you've had enough of this life, well hang on
    Don't let yourself go, 'cause everybody cries and everybody hurts sometimes

    тогаш навистина ти текнува дека ничиј живот не е совршен и дека сите имаат проблеми.
    Ја имам преслушано едно 14312432 пати, секогаш кога имам тежок ден Колдплеј и Р.Е.М ми се за опуштање.

    Losing my religion e исто добра, ама сепак everybody hurts ми е на прво место. И At my mоst beautiful ми е преубава.

    Штета што на прво место престанаа да издаваат албуми, уште поголема штета е што се распаднаа.
    Нивната музика си ја сместувам во музиката за опуштање, за релаксирање.

    Не знам што повеќе да напишам, освен дека нивната музика не се доживува со впечаток на читање на некој пост, треба да се ислуша, да се прочита текстот и да се сфати. Дури тогаш се увидува колку вистинити се нивните текстови, колку само се убави зборовите и колкави магионичари се момциве со 10тина реченици можат да ти го разубават денот.

    Не знам до каде ќе оди ова, вакви групи се распаѓаат, а музиката е оставена на претставници како Бибер, Ребека Блек, Ники Нинџа и најстрашното нешто, најголемата навреда за музиката Лејди Гага. Господе, врати го музичкиот квалитет од пред неколку децении...
     
    На Magnolija и Phyramide им се допаѓа ова.
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.562
    Навистина почувствував инстантно некоја празнина денес кога прочитав во постот на Пирамида дека оваа фантастична група е пред распад :worried: .
    Точно е дека Losing my religion и мене ми асоцира на Бренда од Беверли Хилс и нејзините најтешки, како и наши на гледачите на серијата - моменти, ама воедно мислам дека асоцира и на една од највпечатливите нумери на светската музичка сцена.
    Музиката фасцинира и со богатата содржајност на текстовите меѓутоа и со трансцеденталниот мир кој го предизвикува самата музика. Ова е меѓу ретките групи кои навистина владеат со умешноста да создадат спој на совршена музика и текст.
    Мои фаворити, многу се - Everybody hurts и Nightswimming веќе се подразбираат, исто така ќе ги споменам I don't sleep, I dream, Imitation of life, The one I love, Fall on me, Man od the moon...
    Права штета што се губат од сцена создавачите на вистинската музика, сепак им изразувам благодарност за наследството кое ни го оставиле.
     
    На Phyramide, LivingGlam и Magnolija им се допаѓа ова.
  5. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.659
    Допаѓања:
    7.623
    Јас, како голем љубител на стиховите во песната, ги љубам R.E.M.
    Пејачот има мн. карактеристичен и чуден глас, па и самите тие како група ми се многу чудни.Посебно нивните спотови. Спотот на песната Imitation of life е многу енигматичен, исто така и на Loosing my religion. Оваа втората ми е има многу убав текст и само оваа песна знам да ја пејам :P Магична е...
    Една од омилените ми е и Nightswimming. Песната е да легнеш и да медитираш.

    Не, неможе секој да ги сака овие, генијалциве, штета што многу малку луѓе знаат да го ценат доброто.
    Криво ми е што го објавија својот крај, но сепак ни оставија добар мтеријал за слушње ;)
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.