Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Real Crime „junkies“

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од WildMk, 3 октомври 2022.

  1. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Леле описите на темата се врв :D :D
    Не, не ја сфаќам темата како тема за зависници од сериски убиства или како и да беа другите описи :D

    Инаку и јас сум фан на true crime документарци и слично, порано заспивав и се будев со Investigation discovery.

    Мислам дека не треба да се пишува за серии кои се фикција на темава, колку што разбирам не е тоа идејата.

    Инаку она што ме држи заинтересирана е уствари човековата психа, степенот на одделеност со реалноста, колку мрачен може да е нечиј ум и уствари љубопитноста што се случува во мозокот на некој кој е толку суров и без чувства.
     
    На Cosmic Girl, Bezimenka90 и WildMk им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.257
    Не го гледам како 'одделеност од реалноста'.
    Сите различно ја перцепираме реалноста.
    Проблемот е што социопатите и психопатите немаат совест и ништо не ги 'спречува' да го 'земат' она што го сакаат, без разлика дали некого ќе повредат, или не.

    Интересното е што во денешното општество, во најдобрите ЦЕО-а повеќето се социопати и психопати.

    *Иначе, не ме интересираат само сериски убијци.
    Сите форми на убиства ми се во интерес.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    24.996
    Летоска се опседнав со случајот на Alissa Turney.

    Еве го тиктокот на Сара - https://www.tiktok.com/@saraheturney?_t=8WG7AHM7dUT&_r=1
     
  4. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    2.787
    Пол:
    Женски
    А што е со психологијата на мнозинството кое го привлекува психологијата на мрачните,заболени умови?
    Зошто се лепиме за приказни од црна хроника и ги анализираме, понекогаш и оправдуваме постапките на сторителите? ( лошо детство и сл. )
    Зошто уште од најрани години сме изложени и навикнати да даваме поголемо значење на лошите ученици,на пример?
    Зошто ни е помило да критикуваме,пофалиме ретко?
    И дали животот би бил поубав ако се свртиме кон добрината која многумина ја поседуваат? Да пофалиме добро и успешно дете , хуманост туѓа да не восхити, па за неа да поразговараме, анализирајќи го умот кој ја поседува....
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    24.996
    Јас лично се интересирам за психологијата на мрачните заболени умови затоа што сакам да знам сè. Зависна сум од информации и имам интерес за сите тематики и случувања, вклучувајќи ги и тие од темава. Љубопитна сум и скоро и да нема тема што не ме привлекува да ја дознаам подобро.

    Искрено, моето искуство е поинакво. Никогаш не се обрнувало внимание на лошите ученици, баш напротив.

    Акцент секогаш треба да се стави на добрината и на убавите позитивни постапки и случувања во светот. Лично јас, како што кажав веќе, се интересирам за сè. Како што слушам за злосторници и грозоморни случувања, паралелно слушам и за позитивни дела, за "големи" умови кои направиле добри и корисни нешта, за убавите моменти од историјата на човештвото.
    Според мене, што повеќе знаеш, тоа подобро. Од сè можеш нешто да научиш, лекција да извлечеш.
    Значи не да се претерува со негативните вести; нема потреба да знаеме за секоја можна сообраќајка, пожар или убиство. Ама и од лошите луѓе се учат корисни нешта.
     
    На Cosmic Girl и sonuvana им се допаѓа ова.
  6. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    24.996
    Инаку, еве еден подкаст посветен само на еден случај: "The Letter".
    Тука се разговара за убиството на Zachary Snarr, преживеаната Yvette Rodier и убиецот Jorge Benvenuto. Во подкастот, за нападот раскажуваат самата Ивет, родителите на Закари и детективите кои учествувале во случајот. Сè уште не е завршена целата приказна, секоја недела излегува по една епизода, но очекувам дека писмото (како што се вика подкастот) е напишано од убиецот кон родителите на жртвата и поради него, започнуваат да комуницираат и да си помагаат едни на други. Е во овој подкаст може да се види психологијата позади еден убиец кој рендом решава да разрешета луѓе на кои случајно налетал, но и да се види психологијата на преживеаните и нивните најблиски, како ги доживуваат случките во текот на неколку децении.
    Зошто еден 19 годишен човек импулсивно за време на прошетка решава да ги убие првите луѓе на кои ќе налета? За да види какво е чувството да убие некого? Зошто е депресивен и сака да умре, но не може самиот да го стори тоа, па се надева дека државата ќе го направи тоа место него? Зошто едноставно е злобен и сака да направи луѓето да страдаат? Дали убиецот чувствува грижа на совест? Дали посакува никогаш да не го направил делото?
    Дали родителите можат да му простат на убиецот кој им го одземал синот засекогаш? Дали воопшто требаат?
     
    На SStasia, Cosmic Girl, simoncelicius и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.257
    Аууу... подкастот е од документарецов...

    Dear Zachary: A Letter to a Son About His Father
     
    На SStasia и simoncelicius им се допаѓа ова.
  8. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    24.996
    Не е, жртвата Закари имал 18 години кога го убил Хорхе.
     
    На SStasia и WildMk им се допаѓа ова.
  9. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.366
    Пол:
    Женски
    Мислам дека едно време бев опседната со ID .

    Ме интересира , генерално психолошкиот профил на напаѓачот . Зошто и како ја одбира баш таа жртва и слично .

    Исто и на јутуб знам да изгледам по некое видео , но сега поретко од порано .
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    2.787
    Пол:
    Женски
    Убаво и ретко.
    Обично цел час му се посветува на Перо, кој го скршил прозорецот во трето или украл чоколадо во шесто одделение, па го ставаме во центар, а тој восхитен од својата макар и негативна популарност, успат и обележен,утре можеби ќе претепа и ограби некоја бабичка,бидејќи тоа се очекува од него.
    За тоа време на Сашо,кој потрошил часови и часови да освои прво место по математика,на пример,му се даваат пет секунди браво,понекогаш ни толку. И бидејќи Перо е попопуларен од него, набргу и самиот се одлучува да престане со досадната математика.
    Реалноста е горе долу таа.

    Скоро ништо не се учи од лоши примери,а од изопачени мозоци уште помалку.
    Постојат стручни лица кои треба да ги третираат.

    Сите сме љубопитни и поинтересно ни е да слушаме за екстреми кои зачекориле во забранетата зона.
    Тоа не значи дека е паметно да ја негуваме таа љубопитност.
     
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.257
    Да се обрнува внимание за да се интервенира и да се превентира ескалација во иднина.
    Ако дете намерно крши и кради, треба да се вклучат психолози и социјални служби.
     
    На SStasia, Cosmic Girl и Angie1432 им се допаѓа ова.
  12. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    24.996
    Учиш дека постојат, учиш како да се заштитиш, учиш на што сè да обрнеш внимание во односот со луѓето, блиски и непознати. И те како се учи од туѓите искуства.
     
    На SStasia и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  13. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    2.787
    Пол:
    Женски
    Стручни лица треба да превенираат и интервенираат, не ти и јас.
     
  14. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    2.787
    Пол:
    Женски
    Имаш ли пример да посочиш?
     
  15. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    848
    Допаѓања:
    4.254
    Пол:
    Женски

    Како Robert Durst требало он да биде на чело на нивната огранизација Дурст ( потекнува од едни од најбогатите семејства во Њу Јорк) односно најголемите изградени згради/ центри се изградени од нив) Роберт е магнант во областа на недвижности. И цел живот поминува на слобода за на крај пред да умре конечно несакајки сам се открива дека ги убил жена му и најдобрата другарка, како и еден сосед.
     
    На SStasia и WildMk им се допаѓа ова.
  16. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    24.996
    Пример за што?
     
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.257
    Нормално дека не ти и јас, ама ако ти или јас посведочиме вакво однесување, треба да пријавиме до надлежни служби, ако се случува во училиште, училиштето треба прво да интервенира и ако треба да инволвира социјални служби.

    Само кај нас, никој не пријавува, МВР и социјалното си спијат на ушите, школите се прават слепи и глуви и гледаат да турнат под тепих, родителите неретко не преземаат ништо (оти нели: им е жал)... и така полека, ама сигурно ги 'спремаме' идните генерации на криминалци.
     
    На SStasia му/ѝ се допаѓа ова.
  18. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    2.787
    Пол:
    Женски
    Па пример како ти лично или некој твој препознал убица и се спасил?
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.257
    Сите сме потенцијални убијци.
    Секој може да убие во дадена ситуација.
     
    На SStasia му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    2.787
    Пол:
    Женски
    И покрај толку филмови и подкасти,ништо. Зошто ли се едуцираме тогаш?