За да се смени нешто. Сите треба да се едуцирани да препознаваат знаци на девијантно однесување. Ама не од филмови и подкасти. Посебно не МВР, психолозите(вклучувајќи ги и школските) и социјалните служби. И ко за промена, да почнат да работат нешто гореспоменативе.
Јас до сега немам препознаено убица. Се надевам дека никогаш и нема. Не сите злосторства мора да се убиство сторено од непознат човек кој ние што слушаме за таквите случаеви, треба лично да ги фатиме злосторниците. Можеш да научиш за одредени патерни на однесувања кои ќе ти помогнат за подобро расудување на карактерот на луѓето, а со тоа да не се доведуваш да бидеш во друштво на лоши луѓе. Можеш да научиш дека и позади мирните и навидум хумани луѓе, се кријат насилници, силуватели, педофили, киднапери, секташи, итн. Можеш да научиш за разни комплекси, трауми, растројства, итн, што знаејќи ги, во одредена ситуација можат да ти помогнат. Сите се надеваме дека таква ситуација никогаш нема да ни се случи, ама освен ако седиш дома и не пушташ никој да ти влезе, не знаеш што може утре да ти се деси и на каква личност можеби ќе налеташ.
Познавав убиец... Уан тајм убиец. Ама кога го запознав, веќе беше стар дедо, со веќе отслужена казна...
Секоја едукација е нешто плус за себе, а индиректно може да биде и за луѓето околу тебе. Криминал имало и ќе има . Но колку може да се направи подлога да се спречи толку подобро. Баш кај сериски убијци се карактеристично тоа што потекнуваат од дисфукционлано семество. Деца растени без љубов и внимание. Деца кои на некој начин не биле слушнати и видени од родителите. Деца кои не можеле своите желби, фантазии, мислења да го кажат на родителот. Деца оставени сами на себе. Психичкото растројство не се појавуа од денес за утре. Тоа е збир на години и собирање се во себе. Најпрост пример порано беше табу тема да се разведеш, ќе седиш и ќе триш ќутек поради детето. А денес знаеме дека не треба да се трпи ќутек поради доброто на детето да има семејство. Денес треба да се разведеш и да пријавиш насилство за доброто на детето. И ред други работи кои се најбитни за здрава психа . Од детството траумите за жал се тегнат цел наш живот.
Нормално е, љубопитност. Човечкиот род е љубопитен. Ете баш тие убијци се перфектни за набљудување бидејќи учиме за човечкиот мозок и однесување, за анализирање што сѐ може да доведе до растројство на мозокот до степен да еден човек манифестира такво абнормално однесување.Според ова ти што пишуваш нека не постои ни психологијата како наука и готово. И јас порано гледав многу true crime, уствари прво почнав да бидам опседната со фикција па после и true crime. Знам се сеќавам на discoverу ID имаше емисии, е тие сите ги поминував. Сега не толку, не гледам баш многу вистински настани ама уште го имам интересот.
Ова е моментот кој е проблематичен. Луѓето сакаат да веруваат во 'Добро' и 'Зло', оти им е полесно да се дистанцираат од девијантните појави во човештвото. А всушност нема ни 'добро', ни 'зло', само човекова природа. И најмногу зависи каков е човек, од тоа како е одгледуван од нуклеарното семејство и од околината.
Јас само сметам дака сме претерано изложени и учествуваме во анализа, а не сме стручни, ниту знаеме да се заштитиме ментално. Ниту пак гледам придобивки од толкава изложеност.
Ама ако знаеме што може да доведе во иднина до девијантно однесување, ќе внимаваме да не го правиме тоа со нашите деца и децата во нашата околина.
Така е. Токму тоа сакав да го истакнам....човекова природа која е склона кон добро и зло...па ако имаме лоша генетика или лоши животни услови, не мора и медијски да ги надополнуваме.
Претерано сме изложени на многу информации, тоа е факт. И се согласувам дека не е добро да сме бомбардирани со сѐ и сешто. Ама во темава зборуваме за тоа што нѐ интересира, секако ако ти немаш интерес за вакви емисии никој не вика со сила да гледаш.
Ама така се шири свесноста кај луѓето. Како ќе знаеш на што да внимаваш, ако не видиш од некаде? На школо не не' учат, дома не не' учат, никој не не' учи... И после... “О леле мамо! боли!“
Епа, како да научиме? Родителите си ги тепаат децата, роднините и комшиите исто, сите ќутат, МВР не казнува, социјалните служби спијат, школските психолози се обидуваат да турнат под тепих... Кој ќе не' научи?
Мислиш дека има промена на подобро од филмови? Бидејќи јас мислам спротивно....како да се нормализираат некои однесувања...
Зависи од човекот... Секоја алатка можеш да ја употребиш да направиш добро, или да направиш лошо. Да се надеваме дека повеќето 'учиме', за да превенираме, а не да реплицираме.