Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Real Crime „junkies“

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од WildMk, 3 октомври 2022.

  1. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Женски
    Љубезна со овојпат,но знам дека поп со тамјан ви излегува пред очи,кога ќе се појавам :D
    Па ќе си дискутираме на други теми,нема проблем.:D
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Ми излезе искрено :$ :D

    Ама па многу ми се бендиса муабето :l:
     
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.444
    Допаѓања:
    24.944
    Еве прост пример со актуелниот Џефри. Возрасни мажи отишле кај него дома иако прв пат го запознале, сигурно ни во најлудите соништа не ни помислиле дека такво нешто може да им направи. Дали ви личи како да биле доволно упатени што сè еден човек може да направи?
     
    На christinnn, SStasia, senjorita-v и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Pax

    Pax Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2022
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Женски
    Не сум во тек за тој Џефри ама знам од мали не учеа кај непознати по дома да не одиме.

    На темава порано многу ги гледав и следев на тв каналиве. Детални анализи им прават, а дел од психолозите и вработените кои имале контакт со ова потоа и го користат тоа знаење како мотив и алатка да напишат стручна или пак сензационалистичка или крими литература.
    Тие кои се во овие води запознаени се со ова и кога знаењето останува зачувано во облик на стручна литература е многу корисно за едукација на идните генерации.

    Убиец имам познавано, поточно беше дете на блиски семејни пријатели, често ни доаѓаа дома и им одевме и ние. Ама детево се зафати со злоупотреба на наркотици и под дејство на нив се случило убиството.
    Одлежа казна, но еднаш ми дојде на работа службено, ми се заледи крв во моментот, сепак професионално си завршив работа и од тогаш врска немам што се случи со личноста.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.846
    Пол:
    Женски
    Леле и јас сум имала средба со убиец,таква ми беше работата,на прв момент језиво чувство,но изглумив прибрана,односно му се обратив нормално како и на секој човек.Изгледа го почувствува тоа(најверојатно навикнат од дистанцирање од средина)и потоа поради тоа ми стана редовен клиент.Го среќавам и денес, се поздравуваме,ама тоа језиво чувство секогаш го имам.
     
    На SStasia, Pax и WildMk им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Мене не ме плашеше дедово...
    Ама пак, можи баш поради тоа што беше дедо (накај 80) кога го запознав...
     
  7. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.399
    Пол:
    Женски
    Многу си грешка во однос на тоа дали треба да се проучуваат негативните случаи. Велиш не треба а после викаш треба да се третираат и лечат.
    А како ќе ги лечат ако не знаат ништо за нивната патологија? Тоа е исто како да речеш лекарите да не ги истражуваат ретките болести, ама некако нека ги лечат(?!).
    Од патолошки случаи се учи многу. Затоа и многу психопати, социопат и и сл. се предмет на истражување и интерес. Нивното проучување е дел од едукативни програми на универзитетите (особено низ Америка).
    Со оглед на штетата што ја прават врз останатите луѓе и општеството во целина, во интерес ни е на сите да се проучат и разберат за да се препознаат со време и евентуално да се третираат. На тој начин би превенирале криминални случаи наместо само да ги санкционираат.
     
    На Angie1432, Pax, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.846
    Пол:
    Женски
    Гледам крими серии,филмови.Не знам зошто ме привлекуваат.
    Еден период гледав ИД,редовно,Criminal minds ми е една од најдобрите.Иако ги гледам и чинам дека ми се подносливи,забележав кога ја гледав редовно горе споменатата и од ИД каналот често имав кошмарни соништа,значи ми влијаат во подсвест.
    Кога гледав ИД,ми остана пример за демнач,асоцијален на кој му обрнала внимание една добродушна девојка.Потоа и се закачил ја сталкал и ја убил.
    Оттогаш заклучив дека не е добро да бидеш добар со такви асоцијални.Има нешто во нив што ги одбива на луѓето.И Џеф Дамер бил чудак таков,еве што направил.
    Затоа подалеку од такви луѓе.
    Исто опседната бев едно време со Chris Watts,уште пред да излезе документарецот.Каков скриен нарцис,психопат,страшно.Ме извади од шини тотално.Не знам можеби затоа што сум мајка ама кога се работи за деца сум најсензитивна и такви случаи најчесто избегнувам да гледам.
     
    На WildMk и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  9. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.399
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно следам.
    Како психолог ме интересираат
    и тие гранки од психологијата: форензичка психологија, психопатологија.. сакам да гледам на Јутуб најчесто, зошто има голем избор. Обично следам канали во кои се анализира говор на тело и невербална експресија или интервјуа со криминалци од надзорни камери во полициски станици.
    Следам и стари случаи и нови.
    Следам и некои нерешени случаи.
    Периодов заради филмовите Нетфликс се зголеми интересот за сериските убијци како Џефри и Банди, па баш сега гледав нешто за Банди. Баш го гледав и филмот за него со зак ефрон неодамна...Сум пишувала за него на форумов, го сметам како пример типичен психопат..
     
    На WildMk и Anne Boleyn им се допаѓа ова.
  10. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Можеби малку оф-топик:
    Уште сум на средина на серијата и не знам како се случувало со другите жртви, но на досегашните им плаќал да дојдат кај него дома. Свесно „ловел“ меѓу ранливи категории на кои им биле потребни финансии. Но и општо кажано, еве и да го тргнеме финансиски аспект на можни средби (дрога, сексуални услуги), мажите го немаат тој страв дека некој ќе ги нападне, ќе ги повреди, ќе ги силува. Жените од друга страна, буквално од бењиња растат со тие предупредувања- не влегувај во кола со било кого, не оди сама дома кај некој кој не го знаеш добро, не влегувај во влез ако има некој што не ти е познат. Имам куп примери од околина, двајца момци се затекнале во исто друштво, им тргнал муабетот, се запиле, дошло време сите да си одат дома, овие двајца продолжиле кај еден од нив да се доначукаат. Живи, здрави наредниот ден, можеби малку мамурни. Девојка дома кај машко не оди така лесно, особено не неколку часа по запознавање.
    Имаше сцена во серијата, каде на жртвата и дава пијачка во која има дрога. Дечкото искоментира што е ова белото, Дамер му одговори „Сапуница од детергент за миење садови“ и овој си ја испи. Ја замислив истата сцена, ама со девојка место машко, дали би реагирала. Зошто на повеќето девојќи веднаш ќе им се размавтаат црвени заменца- од деца тоа ни е всадено, да ги пазиме пијачките, да не ги оставаме без надзор, веднаш да престанеме да пиеме ако нешто ни е чудно (вкусот, мирисот, или ако приметиме дека има некој талог или прашок).
    Навистина не знам дали и колку родителите им зборат на синовите да внимаваат, да не бидат лековерни итн. На девојчињата им се зборува многу, и со право, светот е многу небезбедно место за живеење, но дали некој им го кажува тоа и на машките деца?
     
    На pamelche, christinnn, Angie1432 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Pax

    Pax Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2022
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Женски
    Мислење на место, читам и ми делува ќе ме заинтригирате да гледам за тој Џефри.:D
    Пишав мислење на место затоа што ептен е точно за ова во врска со девојчињата, ама приметувам во новиве генерации се повеќе вака се советуваат и машките. Такви времиња се кога предаторите не бираат доминантно по пол, често и машките се и жртви, а и многу повеќе е подигната свеста за безбедноста на најмалите.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Женски
    Ти како психолог и сите со сродни занимања на твоето, веројатно учите како ментално да се заштитите од информации кои говорат за девијантните човекови однесувања. Нормално дека ќе проучувате и анализирате, во потрага за лек или барем начин да се превенираат таквите состојби.
    Тешко дека луѓе кои прочитала неколку психолошки книги, или ни тоа, се во состојба да процесуираат неповредено, голема количина на информации од тој тип.
    Постојана анализа на психопати,социопати и сл.девијации од страна на нестручни,а особено од страна на млади особи може да предизвика и кај нив пореметувања во однесувањето, анксиозност,недоверба, страв од животот,отуѓување и сл....Јас ова лаички и малку здраворазумски....можеби ти сметаш дека придобивките се поголеми...
     
  13. SStasia

    SStasia Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2017
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Женски
    Гледам многу мислења на тоа зошто вакви теми се толку чести, дали стварно помагаат или само како хоби е и сл. И са сакам да кажам анегдота па вие одлучете дали помагаат или не:
    Од мала сум била изложена на такво срање од ко ќе легне моите си одев в дневна и гледав се и сешто, не дека знаев дека е криминал. Излегувам од дома и иди Синка некој постар ми прај муабет демек еј јас сум другар на татко ти како се викаш кај живејш. Тие работите шо ги гледав ме напрај ја малце параноична и му реков се викам Сања и живеам овде и покажав кон куќа во која не сум влегла претходно и му реков еј ене го татко ми ај чао и избегав со трчање в продавница. Незнам дали само бев параноична или стварно избегав од нешто ама мило ми е шо од толку рана возраст така постапив.
    Од друга страна другарче едно, ако не се погодеше брат му да го крени и со плачење дома да го однеси ќе влезеше во кола со чоек шо му велеше дека има бомбони.
    Е са дали е корисно или не вие одлучете.
    Е са без разлика шо ќе одлучите не мора да е нешто корисно за да се интересират луѓето. Ако пеам не значи дека од пеењето нешто корисно ќе излези ама пак пеам при ми е интересно.

    Настрана то, дај некој жити се да збориме за серијата за Дамер оти немом ќе експлодирам, имам потреба да зборам со некој ама немам со кооојјјј!!!
     
    На Cosmic Girl, Anne Boleyn и WildMk им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Дефинитивно не е препорачливо малолетници да гледаат вакви работи.

    Има тема за Џефри Дамер
     
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.931
    Пол:
    Женски
    И јас исто така ко тебе од многу мала гледав вакви работи. Може ми влијаеле малку негативно, што знам, ама дефинитивно станав многу попретпазлива за разлика од врсниците. Барем нешто добро. :D
     
    На SStasia и WildMk им се допаѓа ова.
  16. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.399
    Пол:
    Женски
    За жал ама точно е- заради сериските убијци научиле да внимаваат повеќе. Заради случаи како Тед Банди, девојките во 70-те, уплашени да не бидат негови жртви научиле дека луѓето не се такви како што личат, дека изгледот лаже и дека не треба да одиш со непознат до неговата кола, до местото каде што те кани, или да го пушташ дома.
    Потоа тие девојки станаа мајки на децата од 80те и тоа ги учеа од мали, да бегаат од непознати..бар мене мојата така ме учела од првиот момент кога почнав да играм надвор и да излегувам од дома на улица ..
    Сега јас ги учам моите деца на истото со тоа што сега ги имаме истите психопати и на интернет па ги учиме како да се чуваат и он-лајн...
    Со тоа што му кажувам на детето што може да се случи и какви се не постојат на светов не го оштетувам, не му правам психички проблем. Само го учам да внимава на себе.
     
    На SStasia, WildMk, Anne Boleyn и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.399
    Пол:
    Женски
    Најголемата позитивна работа од следењето на true crime е тоа што некои случаи се разрешени благодарение на нивната голема експонираност на Јутуб и сл медиуми.
    Заради тоа што дошла информацијта до поширока публика се нашло тело на жртва, му се влегло во трага на осомничен или бил најден доказ..
    Многу пати заради тоа што имало видео од тоа како полицијата си ја врши работата или како истражува некој случај биле воочени неправилности и пропусти во нивната работа од страна на тие кои ги следат тие канали. Заради јавноста и спроведувачите на законот биле приморани да се преиспитаат, да се дообучат, да се подобрат во начинот на кој работат.
    За голем број од оние кои следат вакви содржини ова е една од основните мотивации.
    За пример видете го случајот со Габи Петтото на пример од 2021. Благодарение на Јутуб и на популарноста на случајот се најде телото на девојката. Беше побарано од луѓето што во одредена дата биле во одредена област да си ги проверат снимките од нивните надзорни камери, мобилни и што било, да не случајно се сретнале или да не го забележале парот. И едно семејство што кампувало во близина го вратиле назад снименото од својата надзорна камера во комбето и забележале дека го снимиле комбето на парот, паркирано покрај патот. Таа снимка потоа испадна дека е последната направена снимка во врска со случајот. Била направена само неколку часа пред убиството на девојката и на сами неколку стотина метри од местото на убиството. Благодарение на анализата на снимката полицијата и семејството успеаја да го најдат телото на девојката. Во истиот случај, на самиот почеток, додека девојката беше исчезната а нејзиниот вереник недостапен се појави на Јутуб видеото од камерите на сите полицајци кои неколку дена пред нејзиното исчезнување го застанале на автопат парот заради пријава од сведок за домашно насилство. Видеото е сега доказ против полицајците дека не постапиле соодветно во ситуацијата и со тоа не успеале да ги спречат идното убиство. Прво погрешно заклучиле дека девојката е агресор, а не дечкото, не ги препознал манипулациите на дечкото врз девојката и не ги фаќа лагите кои тој ги кажува на нив, не адресира трагите на насилство што таа им ги посочува. Ги разделуваат на една ноќ наместо да поднесат согласно нивните закони пријава против агресорот. Да ја поднеле пријавата макар и за погрешното лице, за девојката, тие ќе спречеле идно убиство. Ама решиле да ги пуштат децата...
    Потоа вереникот, класичен нарцисиден случај што се гледа и од видеото на полицијата и нивните видеа на Јутуб, во бес ја убива девојката додека се на некое изолирано место, праќа лажни СМС пораки до нејзиното семејство за да добие време да избега од таму. Со нејзиното комбе со кое патувале дотогаш заедно се враќа итно дома кај своите родители. Тие се затворени за комуникација со нејзините и најмуваат адвокат. Дечкото бега од дома и покрај медиумите и луѓето кои веќе им ја опседнуваат куќата. Благодарение на следачите на случајот, два месеци подоцна се наоѓа телото на девојката. И благодарение на сведоци повторно, доста подоцна после месеци, во мочуриштата во близина на неговиот дом наоѓаат негови останки (се самоубил наводно со пиштол) и проштално писмо во кое го признава убиството на вереницата.
    Нејзиното име е денес синоним во борба против домашни насилство, пример како не треба да се штити насилникот туку своето, како треба да се комуницира подобро со своите деца за нивните проблеми, за потребата да се едуцираат луѓето за нарцисоидното растројство, како да се препознаат подобро таквите луѓе, како да се постапува со нивните жртви, особено од службените лица.
    Еве ви и втор пример за случај разрешен од страна на поддржувачите на крими каналите-Keily Rodney. Исчезната тинејџерка после журка во шума. Јутиберите ги повикаа adventures with purpose да се вклучат во потрагата. Тоа се нуркачи со скенери кои имаат свој Јутуб канал за решавање застарени ама и актуелни случаи на исчезнати лица со тоа што пребаруваат води за потонати возила. Дечките се вклучија и ја најдоа за некои два часа колата на девојката со неа внатре во езерото недалеку од местото каде што била забавата. Да бе беше Јутуб нејзиното семејство уште ќе ја бараше. Заради медиумската покриеност на случајот се воочи колку е локалната полиција неподготвена, не спремна и неискусна. Оставија заради нестручност во езерото докази (лаптоп, лични предмети од колата) кои потоа повторно локален јутибер ги најде, извади од вода и ги предаде на семејството. Сега најново, јутубери најдоа видео од надзорна камера на владата за превенција на пожар во шумите од таа ноќ на кое е случајно снимено како нејзината кола влегува во езерото. Јавноста е таа која сега прашува зошто не биле тие снимки проверени порано.
    Она што можат повеќе луѓе кои имаат воља и време да истражуваат е она што полицијата може да го употреби (ако сака) за да се справи со огромниот број случаи на исчезнати и убиства.
     
    На tanjita, MissChievous, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Можи зато сум опседната со муабетот: “Аман пријавувајте криминал! :worried:

    Озбилно ми е прашањево...
    Една кратка психолошка инспекција... плиииз :D
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.399
    Пол:
    Женски
    Некогаш пријавувањето спасува живот. А некогаш и информираноста и едукацијата.
    Стварно е така.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Стварно сум опседната со криминал.
    Посебно таков, во кого има насилство.

    Ако го гледаше Џефри, ко та Гленда сум
    Во секој град кај шо живеев 'едно' сум со 192 (facepalm)
    Сигурно ме имат запишано ко: Онаа досадната :D
     
    На Anne Boleyn му/ѝ се допаѓа ова.