https://www.fakulteti.mk/mobile/new...-krimi-seriite-bazirani-na-vistinski-prikazni И би додала чисто како податок,дека според некои истражувања ,бројот на сериски убијци драстично бил зголемен кратко после втора светска војна.Како што беше наведено, според тоа постојат индикации дека ова што ни се случува моментално а и за време на короната ,можно е да повлече пораст на бројот на сериски убијци.
А дали некој ги следи овие следачи на вакви содржини? Какви се нивните животи,ако се опседнат со аматерско следење на сериски убијци? Наместо да се едуцира полицијата и стручните служби, аматери нека им ја вршат работата....а тие ако им чини ќе прифатат она на што некој денови потрошил, ако не нема, никому ништо.... Едно е пријавување ( иако и за нив знаеме дека неосновано може и отфрлено да биде ) сосема друго е следење и анализирање болни умови.
Не сум фан, не слушам подкасти, ретко гледам ако е серија. Документарци ми се досадни. Ама со true crime жанр сум запознаена благодарение на другарка ми и нејзината опсесија. Неа да ја слушам на темава ми е интересно. Иако серискиве убијци ги памтам како: „тој шо ја ебеше глата на мајка му“, „тој со хотелот лавиринт шо беше приведен за tax fraud и шо си чуваше скелети како сувенири“, „аааа тој убајо, шпанец ли беше?“, „кои беа бе тие со белото комбе мажо и жената шо киднапираа деца?“ итн. Уф и баба Анјушка ли беше шо убиваше насилни мажи на жени, по барање? Бегам од темата. Некогаш ми е интересно колку морбидни теми не влечат како луѓе, а колку други понормални теми не згрозуваат и тој феномен ми е интересн. Зошто е така? Зошто не влечи морбидното и дури го гледаме со фасцинација ама први сме да осудиме нешто далеку понепроблематично па чак и нормално само зошто ни е непознато? Од таму би рекла дека не е фасцинација со непознатото. Можеби двоумење за потенцијал кој го имаат тие луѓе да се однеусваат вака и потенцијал кој секој од нас можи да го има и можи то е то шо е фасцинантно. Пред се и психологијата на еден убиец, сериски убиец, силовач итн. Шо е то шо ги прај да се однесуваат вака? Шо е то шо прај да убие, да мачи? Мислам дека кај поќето иди од таму фасцинацијата. Како шо кажав, лично не сум некој фан иако сум доста запознаена со темата ради бести. Е сега нешто шо почесто ми излегва како коментари надвор од форумов и шо е доста добра точка за размислување е: ова е TRUE crime. Не е фикција. И тие сериски убијци имаат семејства како и што жртвите имаат семејства и се изложени на овај нов „тренд“. Пример имаше многу споредби за новата серија со Дамер и снимки од реалното судење. И јавни искази на семејството на жртвата кои се ретрауматизирани зошто и да неќиш да гледаш нешто, ако е доволно популарно - стига до тебе. Ако сите знат дека си инволвиран, дури и ќе ти го насочат. И мислам дека популизирањето на докусерии за сериски убијци, кои се повеќе реални него повеќе фикција, и кои не се во согласност со семејствата на жртвите - во најмала рака можи да донесат повеќе штета него добро.
Периодов youtube каналот "Explore with us" пуштија доста зачудувачки случаеви, а следново морам да го споделам бидејќи срцето ми се скрши, не можам да прифатам дека психопати повредуваат дечиња без око да им трепне. Душа малечка, девојчето е родено од мајка наркоман, докторите верувале дека родена е зависник и не знаеле на почетокот дали ќе преживее. Успева да се избори, преживува. Наредните 2 години, татко и' ја чува, но немаат дом, тој спие во кола, девојчето кај негов брат. За на крај, таткото да се вработи кај едни, да купи куќа во нивна близина и да го остава девојчето на чување кај нив, односно кај жената, додека тој работи 12 саати. За после кој знае колку физичко малтретирање претходно, едно утро женава да го претепа девојченцето до смрт. Ебате животот. Која е поентата во сето тоа патење? Невина душа, немоќна, нежна, малечка. И после некој ќе каже, сè се случува со причина. Или слично срање као, на подобро место е. У пм...
Леле, значи истиов канал го заследив и минативе викенди си гледав interrogations со утринско кафе. Овој конкретно го немам гледано, ама ќе го видам. Инаку интервјуата се многу добро објаснети т.е. објаснет е целиот процес како се одвива и кои техники ги користат детективите.
Еве предлози од мене за крими документарци: - The trials of Gabriel Fernandez - Crime scene: The vanishing at the Cecil Hotel - Abducted in plain sight - Our father - Night Stalker: The Hunt For a Serial Killer
Еве пар случаеви кај што деца се криминалците. Спојлер: Видеа Случајот со Aiden Fucci, избодува девојче со нож над 100 пати: Уште едно дете што избодело друго детенце: Тинејџерка што убила девојче: Други малочетници убици: https://youtu.be/u432T_cDgQs https://youtu.be/ufDLMeNT8Yw https://youtu.be/25wC533f7dQ https://youtu.be/0eVTk_2zcaA https://youtu.be/s4dYWfDqt4g Од овој се ежам: https://youtu.be/OoWSWlAX6Sk Во училишта: https://youtu.be/CETSXzmd1Og https://youtu.be/gK_DbxAciho https://youtu.be/oNtaFVAS69g Има премногу случаеви, ме мрзи да пребарувам уште низ историјата на youtube.
Си ги прегледував листите на Spotify и сум заборавила дека на времето кога многу слушав вакви подкасти, сум направила плејлиста. Па еве ако некој е заинтересиран, 20 саати трае. https://open.spotify.com/playlist/6WrYz9TS8qlchQH2nmK9gr?si=CtF9WqWpTTGfbXz_DsQhyA&pi=EOuvEDSaR56ov