Нека ни е со среќа новиот играч. Знам дека повеќе клубови беа заинтересирани за Данило и ми се допаѓа кога навремено ги завршуваме овие работи. Воопшто не сакам да поминат овие денови, на 14-ти имаме натпревар кој би сакала да го преспијам
Со среќа нека му е на Данило. Ама, колкава минутажа ќе добива? Коентрао планира на лето да оди во Јунајтед, изгледа. Според мене, слободно може да си замине. Оваа сезона има одиграно премал број на утакмици, така да. Постојано кружат вести за Арбелоа, и тој нека си оди. И така Карвахал е милион пати подобар!
Јас би сакала Коентрао да остане уште некое време, да се проба со него и наредната сезона Арбелоа нека си оди, го стигаат и годините.
Целиот ден хејтерите на Кралскиот клуб молчеа, требаше барса одвај да победи една Селта за да ги разврзат јазиците Не е фер што фарса се вади од прекини и на такви начини, но, ние да си го гледаме нашиот успех. Циганската среќа ќе им го заврти грбот еден ден.
Каква ПЕТарда на Роналдо! Цариште! Хет-трик во 3 минути, hell yeah! Зошто бе не дадоа три минути надокнадување? Сигурно ќе имаше уште еден гол , 10 на рамно. Ете, така треба да се игра, да се бранат повеќе, да напаѓаат сите. Се надевам дека БалеТО се врати во форма. Добар беше. Хамес се врати, и магично тимов функционира? Иско не играше поради жолти картони, а сега кога е назад, каде ли ќе го сместат? Бејл, Иско, Хамес, Крос, Модриќ? Одбраната ни е речиси стандардна, со исклучок на повредите. Арбелоа/Каравахал(Вториов повеќе ќе игра, тоа е сигурно, многу е подобар од Арбелоа), Варан/Пепе, Рамос(незаменлив) и Марсело/Коентрао (Коентрао ќе си оди изгледа?) Напред е ББЦ, е сега средината, се надевам дека Анчелоти ќе смисли тактики, и сите ќе бидат задоволни од минутажата. Кога ќе имам слободно време, повторно ќе ја изгледам целата утакмица , милина е. Се враќа онаа сила на тимот, иако и Гранада не е некое мерило. Но, последниот пат кога победија 8-2 против Депортиво, ако не грешам имаа 22 победи по ред? Дали треба да очекуваме сега нешто? Се надевам дека самодовербата е вратена назад, и ќе направиме нешто против Атлетико, оти ноќна мора ќе ни станат.
Не сакам Рамос да замине, а верувам дека и Мадридистите не сакаат. Се надевам дека се само лажни гласини кои непотребно се шират.
Да се поправам, хет-трик во 8 минути! Дури сега забележав. Инаку, за вчерашната утакмица: Судијата треба да го средат малку, па да видиме кому ќе дава жолт за симулирање, кога ќе свири пенал, кога топката ќе биде излезена од теренот. Еве, сите се вратени назад, со исклучок на Пепе, што по ѓаволите повторно не функционира? Не знам дали вината е во играчите, или во Анчелоти, кој упорно постојано излегува со исти состав. Крос и Роналдо нема да играат на следната утакмица, се надевам дека Анчелоти ќе искомбинира нешто од оние на клупа и ќе го победат Еибар. И Касиљас беше супер вчера, ако примаа гол, уште толку ќе го свиреа на Бернабеу.
Можеби не се 12 години, но сигурно дека се 9 и оваа тема не заслужува да биде загадена со нечистите методи на фарса. За Еибар воопшто не се грижам, кој и да биде составот би требало да поминеме лесно. Што се однесува до Карло, подобро нека се подготвува за Вторник, зашто во случај повторно да се случи нешто лошо, виновник ќе биде тој. Ако доживеам уште една елиминација од оние, ќе си земам за дрскост да речам да си ги спакува куферите.
Доколку ова е се'' што можеш да напишеш, немој да ме цитираш. Ако толку не го сакате Реал, зошто имате потреба да влегувате во фан клубот? Комплекси од Кралевите.
И Анчелоти кажал нешто. Буквално го однесе, и не, не одеше на топката, и коментаторот убаво кажа. Не сакаме провокации! Си имате свој фан-клуб!
This optimism, which has appeared hand-in-hand with a notable improvement in their game, has allowed Real to believe that they can get back what they so quickly lost in the first dark months of 2015. Then, they let the league leadership slip through their hands. Today, they are convinced that they can win it back. With the game against Atlético just around the corner, this high couldn't have come at a better moment. Ancelotti is now in charge of a group of men that are head and shoulders above the side that got whipped on 7th February. The team's form, feelings and energy have all taken a new lease of life and make up the same optimism that sees the league as a real possibility. The Real Madrid players also feel that the football calendar is on their side. After dropping points down in Seville, Luis Enrique's men now face Valencia at home and then Espanyol away. Any more mistakes by 'Los Culés' would very likely see Real piggy-backing them to the top spot. Real Madrid and Barcelona are both to play four of the seven games left at home. Real's biggest challenges will be their visits to Balaídos and the Sánchez-Pizjuán. Both encounters should prove tough, but first they must take on Atlético de Madrid - twice. by Marca Read more: Real Madrid: 'Yes We Can' - MARCA.com (English version) Изгледа и Одегард има некои проблеми со Кастиља. За утре има оптимизам, се надевам Анчелоти ќе излезе со состав кој ќе ги однесе до победа, инаку ќе биде чао ЛШ.
Да се надеваме дека ќе паднат и фарса и Проклетико, во спротивно ќе се уништи сезона која имаше огромен потенцијал да биде една од најдобрите за Кралевите. Ќе повторам дека во тој случај виновен би бил Анчелоти кој не знаеше да тактизира со формата на играчите непотребно ги изложи на повреди и кондициски проблеми. Сега бодовно ги трпиме последиците.
"Everyone has to put a shift in defensively, not just Bale. In attack too. It's not an issue of numbers. If I want to have numerical superiority in the midfield I'll field seven midfielders and if Atlético field eight, I'll field nine. But it isn't an issue of numbers". - Ancelotti Треба да му каже и на Роналдо малку повеќе да се враќа наназад. "If Bale isn't at 100%, he won't play. I have a really fresh squad and if one player isn't at 100% he won't play. But Bale is at 100%. Bale had a fantastic season last year. He scored in both finals. We hope to play finals in the next months and he will be important, just like last year. The key is to have a compact team". И Бејл повторно ќе игра? Нееее... не е потребен само за финале. Sevilla-Barcelona "I didn't see Barcelona's slip-up. I went to the cinema and I didn't see it. We're happy to be fighting for these two competitions. We're very close or very far. We have a gap to make up in La Liga and we're in the quarter-finals of the Champions League". Хахахха, на кино бил. Абе Анчелоти, ако не ги сложиш коцките како што треба, ќе одиш и на театар.
Нели допрва треба да играме против Севиља, да седнеше малку да ја проучи нивната игра или киното е поинтересно? Се надевам дека ќе ме демантира, но, воопшто немам доверба во овој човек за утрешниот натпревар
Добро беше, добро. Првото полувреме Атлетико навистина беа надиграни, колку пати ја поминаа половината? Штета што гледав на стрим, па ќе сецне малку, и еве ги веќе пред корнер шутираат. Секоја им чест, се бореа за секоја топка. Така и треба. Јако темпо, трчање без престан. Да се надеваме дека на Бернабеу ќе победиме. Жал ми е за Марсело, ќе ја пропушти следната, а тој е еден од најефективните во нападите.
Јас не сум задоволна. Анчелоти не сфаќа дека атлетико мадрид во споредба со нас се никој, и дека не треба да оди на ништо друго освен на победа.