Шест недели за Модриќ Барем да изиграше во Среда, не мораше вчера да се случи ова. Како некој да ни фрла клетви.
Отиде Модриќ, до крајот на сезоната без него. Аман бе, само што се врати. Многу ми е жал. Што ќе прави Анчелоти сега? Бензема најверојатно до натпреварот со Атлетико ќе се врати, за Бејл се уште ништо не се знае. Таман се вратија сите и заиграа колку-толку подобро, повторно истите проблеми. На здравје и титула и све!
Браво, браво, браво! И за тактиката на Анечелоти, и за играчите, и за сите! Не можам да опишам колку многу се израдував. Конечно Реал ги победи Атлетико, конечно. Madrid is WHITE! Алал да им е, на сите. Додека Пепе и Варан бранеа позади, Рамос учествуваше и во нападот и во одбраната. Солзи ми надојдоа на очите кога ги видов како се радуваат. Без Бејл, Бензема, Модриќ и Марсело победија, што најмногу ми прави ќеиф, без 4 клучни играчи. HALA MADRID Y NADA MAS!
Вечерва очекувам победа против Селта Виго. Пристигнале веќе, 500 ги пречекале. Навас и Чичарито делеле автограми. Рамос сакал да игра напред . Анчелоти изјавил дека повторно ќе го врати во одбраната.
Последната со Алмериа заврши 3-0. Хамес, Арбелоа и Алмериа си дадоа автогол. Хамес продолжува да изненадува, каков гол!!! Иско беше на клупа, најверојатно Анчелоти го одмара за Севиља. Хесе играше тотално безвеза, премногу изгубени топки, никаква замисла немаше. Најверојатно Анчелоти знаел за ова, па затоа не ни помислуваше да го стави во игра. А, речиси сите фановите, вклучувајќи ме и мене, се бунеа дека не добива доволна минутажа, ама сега кога видовме на што сме, навистина не знам дали заслужува. Нека го дадат некаде на позајмица, и да ни се врати посилен и подобар. Иљара, дали нема играно доволно, или пак има некој друг проблем, не знам што е, ама дефинитвно не е ниту за замена во 70-80 минута, а не пак за стартна постава. Начо иако играше многу малку беше одличен. Чичарито се труди и му успева. Повредата на Бензема, за него штета, но за грашокот добивка. Успеа да се докаже и му благодариме за голот против Атлетико, го дал 2:48 пред истекот на 90 минути. А, знаеме дека со Атлетико во финалето беше 92:48. За Бејл не сум сигурна колку сакам да игра стартна постава, доколку не е во форма, нека го остават на клупа, со Хамес и те како може да се успее. И мило ми е што Кејлор беше на гол, човекот заслужува многу повеќе утакмици, за жал не ги добива. +Ако дојде Де Геа, се сомневам дека ќе седи на клупа. За другите не знам што да кажам, стандардно одлични. Наводно Роналдо се налутил за голот на Арбелоа. Имаше слики дека ја зема топката во раце и се смее, а потоа прави гриманси и ја искажува разочараноста. Гладен е за голови, и тоа е добра особина. Проблемот е доколку воопшто мува не го лази, и се мава на терен без никаква желба за игра и типично ладење, кое навистина се забележуваше кај Бензема во одреден дел од сезоната. Фановите не треба да се лутат и да ја расипуваат сликата создадена за Роналдо, треба да ја почитуваат неговата упорност и желба. Како се распишав, доволно е. После Севиља, ќе чекаме да видиме што ќе се случи со Јуве. Очекувам пласирање во финале, достојни сме за тоа! Хала Мадрид!
Не знам дали да се смеам или да плачам. Катастрофална сезона, останавме без титула. Срамота! Се надевам дека на лето ќе има чистка во клубот. На пример: Анчелоти, Бејл, Арбелоа, Иљара. А, на нивно место ќе се доведат далеку подобри играчи, а на местото на Анчелоти, некој подобар тренер. За Чичарито баш и немам оформено некое посебно мислење. Не би сакала да замине бидејќи во последните неколку уткамици го даваше својот максимум и навистина се труди. Оваа сезона не совлада двојната повреда на Модриќ, клучниот играч во Реал. А, цел тим да се потпира само врз еден играч е лошо. Крос е преморен, Роналдо - константо супер, Бејл не се докажа годинава, Бензема само што заздрави од повредата, Хамес се докажа, и тоа како. За Иско не знам што да кажам, освен дека преубаво дрибла. Варан е предобар, се надевам дека ќе го задржат и нема да го продадат, тој е иднината на одбраната на Реал. Рамос и Пепе, се надевам дека и двајцата ќе останат во Реал до крајот на кариерата. Арбелоа не го бидува, нека си замине. Карвахал е стандардно добар, и Марсело и Коентрао се во ред(сега за сега). Го свират Касиљас на Бернабеу, ова она. Па, ќе го свират кога е во никаква форма. Какви се голови прими, тоа е срамота. Сите знаеме дека Сан Икер е легенда, но кога не е во добра форма, заслужува клупа. Можеби имам напишано порано, жал ми е за Навас, еден од најдобрите голмани седи на клупа. Силва го купија за ништо, всушност го купија за да седи на клупа. Премногу се нервирам, сезонава се изгубивме. Единствената надеж беше за Лигата на шампионите. И Juntos a por La Undecima и се отиде по ѓаволите. Да се надевам дека барем кошаркарите ќе направат нешто. На официјалната страна на Реал Мадрид пишува дека Рамос имал некаква повреда. Ќе чекаме да видиме што ќе направи чика Перез, кој ли светски познат фудбалер ќе го донесе летово, кој ќе се продаде, ќе се менува ли тренер, што ќе биде со Касиљас, ќе се опамети ли некој итн... ____________________ On the bright side: http://www.unscriptd.com/raw/football-(soccer)-cristiano-ronaldo-m001/
Последната утакмица сезонава. Тотално неважна. И онака се е изгубено. Повеќе среќа следната сезона, ако не таа, понаредната.
Мене многу ми е криво што Анчелоти си отиде,тука ни е грешката не му дадовме многу шанса,претходната сезона освоивме со него La Decima,оваа сезона беше лоша,но ај сме имале вакви и претходно и одма го избркавме.Добро,сега да го видиме Бенитез,штом сакаше Перез нов тренер.Јас се надевам дека веќе ќе престанат да купуваат играчи на позиции каде што не ни требаат нови играчи и да купат таму како што навистина треба,а тоа е во нападот.Сакам само за неколку фудбалери да искоментирам. Кристијано и Бејл оваа сезона ништо посебно не покажаа можат многу подобро,Бензема неможам да го индетификувам зашто еднаш е супер еднаш е дрво невидено,за Чичарито и Крос немам посебно мислење,Хамес е предобар ама и не толку колку што го величат,одбраната добра мада и тие правеа големи утки.Се надевам дека Коентрао нема да си оди,незнам зашто никој не гледа дека има огромен потенцијал и е предобар за одбрана и акции,Арбелоа и Иљараменди подобро нека си одат и така не играат многу,за Хесе ја прават истата грешка како за Мората и веќе не ми се збори за тоа што не го гледаме потенцијалот на фудбалерите од кантерата и кога Мората ги даваше головите ми беше мило што Перез виде каков играч продадовме.Друго нешто за што многу се нервирам е тоа што го потценуваат Иско,значи Иско е човекот,Иско е тоа што ни треба и гледам го вадат многу брзо и не го вклучуваат во акции,според мене сезонава Хамес и Иско на исто ниво играа,а само играта на Хамес ја преувеличуваат.Кејлор,не го видов човеков како брани асално,не обрнував многу внимание на тоа ама уште се прашувам што по ѓаволите му фалеше на Диего Лопез претходната сезона што го продадоа,само една причина сакам да знам,не ми текнува ни на една.
Епа, Икер мора да брани, Диего си оди, Икер мора да брани, Навас седи на клупа. Ништо чудно и Навас да си оди, ако дојде Де Геа. Го обожавам човеков, легенда е, ама кога прима глупи голови, тоа е знак дека треба да одмори малку. Не велам да си оди, напротив, сакам да остане. За Мората и јас го мислам истото. Сега ќе гледаме и ќе плакаме на головите од Мората. Ах, тој Перез. За Хамес не се сложувам, игра одлично, и не сметам дека му ја преувеличуваат улогата. Грашокот го шитнаа назад во Јунајтед, а толку се трудеше. Перез треба да се опамети. Нека го искористи летниов трансфер период за корисни играчи, на позиции на кои се потребни.
Абе Икер и вака и така мора да ја заврши кариерата во Реал Мадрид,а нема сигурно до крај на кариерата да седи на клупа,башка срамота и жално ќе биде ако не ја заврши тука.Чичарито мене многу ме нервира како фудбалер и ич не ми беше мило што дојде во Реал ама ај некако се вклопи со игра,но не доволно,не се истакна многу и плус има многу подобри играчи од него што Перез планира да ги купи.Него,мене сега ме интересира каков тренер ќе биде Бенитез,а повеќе кои играчи ќе ги купат и кои ќе ги шитнат,а воедно ми е страв зашто секогаш прават утки за такви работи.
Јас дадов до знаење дека не го сакам Анчелоти на тренерската позиција, впрочем и пред да дојде не го сакав за тренер, но, ако Рафаел Бенитез е неговата замена, мислам дека подобро ќе беше да го задржиме Карло После се'', човекот ни ја донесе La Decima. Минатата година кралевите беа страв и трепет во Champions league, освоија и Copa Del Rey, Анчелоти направи доволно за Реал за да добие уште една шанса. Флорентино Перез е тој што треба да се повлече, не да ги менува тренерите како чорапи. Луѓе, Бенитез е тренер на лузерски екипи
ke moze li da mi kazete kade gi ima dresovite na real madrid sakam da kupam samo neznam kade prodavat
Ништо чудно нема да биде и тоа. Ајде, можеби ќе биде подобро, биле живи па видели. Рамос сакал да си оди, барал повеќе милиони. Се надевам дека Перез нема да се изнервира.