Отсега па натаму само победи,нема простор ни за нерешени а не пак за пораз.Оваа година мора титулата да е на Реал,со ваква игра и те како ја заслужуваат. Драго ми беше да ја гледам Барса немоќна ,најголемото уживање овој викенд.
Големи честитки за Роналдо Кристијано Роналдо втор пат со „Златната копачка“ Португалецот Кристијано Роналдо по втор пат ја доби „Златната копачка“, откако минатата сезона ја заврши како најдобар стрелец во сите Европски лиги. Фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо по втор пат ја добива „Златната копачка“. Синоќа на свечена церемонија ова признание му беше доделено од страна на големите фудбалски великани Алфредо ди Стефано и Еузебио. Кристијано Роналдо кој минатата сезона постигна 40 голови за Реал Мадрид, изјави дека би бил посреќен да го види својот клуб со големите трофеи. Кристијано и претходно го има освоено ова признание и тоа во сезоната 2008/2009 кога настапуваше за Манчестер Јунајтед кога постигна 31 гол.
Сонце најубаво Вечерва на Телма Телевизија со почеток во 23 часот и 15 минути ке има филм за Реал Мадрид па кој сака нека гледа
Филмот беше добар,ме наежи сето тоа навивање,обожавање,бодрење на кралскиот клуб.Ми се допадна крајниот цитат па би го споделила. Holiday time and I'm going home аnd I still can't say what Real Madrid is.Is it enough to say it's the most famous club in the world? Or that its colors are those millions of people identify with? Is the answer in its history? In the players? Or is each person's story what defines it? Is it only football or is it the passion of the fans,their joy in victory,their sadness in defeat? Pain over the absence of those we shared the club with? Is it the self-sacrifice,the need to do betbravery in the face of adversity? Or is Real Madrid a small boy's dream and many people's hope? Yes.Madrid is all that and more.And yet,more important than knowing what Real Madrid is,is knowing what it means to each and every person.That's what happens with "feelings".
Ах,прекрасни моменти беа овие,да ни се повтараат и оваа година. http://www.youtube.com/watch?v=ESmkPXEwt80 http://www.youtube.com/watch?v=X-o-To1c ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=0-7Ir6rW ... re=related
Благодарност од Мичел Тело до Кристијано Роналдо, за тоа што песната постигнала голема слава откако Роналдо и Марсело го прославиле голот против Малага на тој начин... http://www.youtube.com/watch?v=PK2wklXn ... r_embedded
Лошо да,но сепак има и други добри играчи. Сегашниот состав е најдобар што сме го имале последните неколку години.Драго ми е што Игуаин и Кака се вратија во одлична форма,па и со Роналдо,Бензема и Озил мислам дека имаме големи шанси да ги победиме Барса,секако ако не играеме со играч помалку како што е обичај на Ел Класико. Оној пораз од 5-0 минатата сезона беше катастрофален и Реал играа доста лошо,морам да признаам. Но што се однесува до останатите дуели со Барса после тој реално Реал ги надигра Барселона во секој поглед.
Со оглед на моменталната форма на Барселона мислам дека ке падне против Реал овој пат зошто за разлика од Барса Реал е во убава форма.Се надевам дека судиите нема да заебат, да не испадне по весниците на крајот судијата го победи Реал Мадрид.
Баш штета што Ди Марија се повреди, зошто во последниве неколку натпревари повеќето голови паднаа по негова асистенција. Ај да се надвеаме дека ќе се опорави до тогаш Инаку ме интересира како ја типувате утакмицата Барса - Реал? Колку проценти за Реал, колку за Барса и зошто? Што мислите на која позиција е послаб Реал од Барса и обратно?
Ајде ќе се трудам да не бидам пристрасна и ќе кажам 52% за Реал а 48% за Барса . Барса е послаба во одбраната моментално,барем судејки по оваа последната утакмица.Пике и Маскерано се аут оф шејп веќе подолго. А Реал па можеби исто во одбраната но зависи каква ќе биде поставата.Серхио Рамос и Пепе морат да бидат во одбрана,тие се најсилната алка и без нив лесно може да се случи да претрчат Каталонците во шеснаесетникот на Касиљас.
И Карваљо мора да биди во одбраната против Барса, а се надевам и Ди Марија ке биди во составот детето е лудница, на крај нема да можат да излезат со него, јас лично многу го поштовам и си го сакам како играч. Мое мислење пак ќе играме со игач помалку, како што стана обичај последните 2 години, и очекувам изјава на Мурињо "Спремам стратигија со 10 играчи " - изјавата што ја даде пред натпреварот кога го освоивме купот хахаха Верен навивач сум на Реал од кога знам за себе. HALA MADRID ! .. И ВО ДОБРО, И ВО ЗЛО РЕАЛ ВО СРЦЕТО !!!
А го даваа ли натпреварот на канал5 или канал5 плус ? Сум заспала па ги испуштив утакмиците. А инаку резултатот е супер 6-2 за срцките мои . Како ми го разубавија овој никаков ден или ноќ.
^ Го даваа, го даваа. На плуската мислам беше. Инаку, да се изјаснам на темава.... ги посочувам како мој омилен тим, не за друго, зашто брат ми навива за нив, па мислев тоа наследно оди Башка кога почнав да се разбирам од светов Реал беа во подем некако и се‘ живо победуваа, па јако е да навиваш за тие што победуваат Или па јако е тие за кои навиваш да победуваат... Уште не ми е јасно ова Порано ги следев редовно.... се‘ дури играше Зидан. Кога се пензионира тој, се пензионирав и јас и ги следам само резултатите на интернет, но не го гледам натпреварот.
Casillas: Добро, шутот на Xavi го промени текот на натпреварот и тоа влијаеше најмногу врз нас. Беше повеќе лоша среќа. Barcelona не треба да биде опсесија. Изигравме еден натпревар организиран, без брзање. Моментот кој го одбележа натпреварот е 1-2. Не постои никаква војна, и не треба да зборуваме така. Ова е натпреварување со 38 натпревари и на т...оа треба да мислиме. Овие денови ќе се зборува многу или малку за овој натпревар, но во иднината се Copa del Rey и Sevilla. Сите се трудиме да бидеме максимално концентрирани и да дадеме се. Екипа сме и не треба да посочуваме само еден играч. Свесни сме за тоа што беше во игра, но не треба да се посочува само еден играч за виновен. Сега е многу лесно или многу тешко да се анимираат фановите, но и самите ние. Нема да биде лесно воопшто, не победија на домашен терен. Прекинавме една позитивна серија победи на тажен начин. Но мора да застанеме на нозе. Xabi: Почнавме добро во второ полувреме, но вториот гол многу влијаеше, а третиот само го затвори натпреварот. Штета што не издржавме подолго со 1-0. Знаеме дека до крај има уште многу, денес не сме задоволни од резултатот, но тука сме. Уште многу бодови се во игра и ќе продолжиме да се бориме со победнички дух. Можеше да биде подобро, но мора да се продолжи напред, се уште сме на добра позиција. Ramos: Еден ваков натпревар секогаш е нешто посебно и секогаш боли повеќе од било кој друг натпревар и уште повеќе кога губиш дома. Овде не завршува LaLiga. Имаме натпревар помалку и со победа повторно ќе бидеме напред. Не треба да бидеме негативни, животот продолжува. Во прво полувреме имавме шанса за 2-0, но ни фалеше среќата од другите натпревари. Они ги искористија нивните шанси и победија. Изиграа одличен натпревар и треба да им се честита. LaLigа продолжува, следниот натпревар го играме против Sevilla, која не е воопшто лесна на свој терен. Инаку прочитав некаде дека Реал планира да го купи Робин Ван Перси од Арсенал.Што мислите за ова?