1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Real Madrid C.F.

Дискусија во 'Спорт' започната од BlackSwan5, 13 септември 2011.

  1. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Стадионот Сантијаго Бернабеу кој е домашен терен на Реал Мадрид бил отворен на денешен ден 14 декември во 1947 год.

    [​IMG]
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Се надевам дека еден ден ќе имам можност да отидам на Бернабеу.

    Тоа ми е најголемата желба :) .
     
  3. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Браво за Касиљас :clap: ,потполно заслужено.


    Касиљас по четврти пат најдобар голман според IFFHS

    Специјалисти, новинари и фудбалски експерти од 81 земја учествуваа во гласањето, а голманот на Реал Мадрид и Шпанија доби најмногу бодови, и се најде на првото место пред Мануел Ноер од Баерн Минхен и Виктор Валдез од Барселона.
    Ова е четврата година во низа, како Икер Касиљас ја доби наградата на IFFHS за Најдобар Голман во годината, и со тоа Шпанецот го надмина екс-голманот на Интер, Валтер Зенга кој во периодот од 1989 до 1991 во три наврати ја добиваше оваа награда.
    [​IMG]
     
    На BoaVista и starbucks им се допаѓа ова.
  4. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Серхио Рамос:
    Многу сум горд на својата екипа. Има работи со кои што не можеш да се бориш. Денес доминираше играта на Реал, многу бевме супериорни. Им благодарам на мадридистите за нивната подршка и нека знаат дека оваа екипа никогаш не се откажува. Знаеме кој е патот. Респект кон судијата, без коментаи. Тука се сликите и професионалците за да анализираат што се случи. Хала Мадрид!

    Гранеро:
    Треба да бидеме задоволни. Требаше да победиме, бевме подобри. Мислам дека имавме лоша среќа, но покажавме добра игра

    Пепе:
    Се чуствуваме горди, покажавме дека сме екипа која што е посупериорна од Барселона. Ќе направиме навивачите да се чуствуваат горди на нас. " Пепе изјави дека како што во екипата се горди од денешниот натпревар, публиката треба да биде горда на своите играчи. - Ќе се бориме за тоа!

    Чаби Алонсо:
    Tребаше да постигнеме три гола, не успеавме, но се боревме до крај. Знаевме дека ќе биде тешко но пробувавме до крајот. Изигравме добра партија. Навистина е штета што така заврши. Но чуството дека си одиме знаејќи дека бевме подобри исто така е важно.
    Психички екипата покажа голема сила, не се откажавме до самиот крај, но не успеавме. Знам дека не ни послужија овие два гола но се сме горди бидејќи бевме подобри. Знаевме дека ќе биде комплицирано и ни фалеше среќа. Се виде дека имаме повеќе шанси од почетокот до крајот.

    А за Пепе извикувале "убиец,убиец" навивачите на Барса.
    http://www.youtube.com/watch?v=lADOh2fOCt8
     
    На BoaVista и lovemebaby им се допаѓа ова.
  5. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Преска на Телма даваа филм за Реал Мадрид, штета што не го фатив од почеток. Филмот беше од времето кога играа Зидан, Роналдо и Бекам. Баш го даваа Ел Класико, тогаш во Барса играше Роналдињо. Натпреварот заврши 4:2 за РМ. Многу беше убаво кога ги даваа головите, радувањата на фановите, фудбалерите. Чувството беше исто кога ги гледав видеата за нашите ракометари и кошаркари. Имаше изјави од фанови, навивачи, од играчите. Интересен беше филмот.
    Вечер срцките ми играат со Гетафе. Терсене противник е Гетафе. Да се надеваме дека ќе победеме.
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Да,знам го имам гледано тој филм.Мислам повеќе пати го даваат на Телма :) .

    Прекрасно чувство навистина.Да се гледаат легендите како Зидан,Раул,Роналдо и секако победата против Барселона.Дури откако го изгледав тој филм,сфатив колку го сакам овој клуб.И мислам дека оној кој не е страствен навивач нема да го сфати тоа чувство на гордост и радост кога се победува.Да не беа нашата репрезентација и Реал нема да знаев што значи да се навива со целото срце.

    А за вечер против Гетафе.Се надевам на победа секако :) .
     
  7. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Реал Мадрид денес славе 110 год. постоење.
    Feliz cumpleaños Real Madrid!

    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Hipica, lovemebaby, ani22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Нека му се среќни 110 години постоење и да не радува со уште многу победи и титули.

    [​IMG]
     
    На lovemebaby, ani22, LilBaby и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    На marija-88 и BlackSwan5 им се допаѓа ова.
  10. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Мадридисти пред нас се многу тешки натпревари.Против Хихон во сабота ќе биде полесно,ама затоа во вторник се среќаваме со Баерн во ЛШ и тоа на нивни терен.

    Што мислите има ли шанси Баерн да не победи? Јас лично мислам дека ќе биде многу тежок натпревар,но секако се надевам на победа.Иако непредвидливи се германците а и се игра прво на гостински терен.Се надевам дека ќе успееме да дадеме барем гол во вторник,сепак голот на гости е многу битен.За на Сантијаго Бернабеу да ја само завршиме работата.

    А другата сабота ново Ел Класико,и тоа на Камп Ноу.Факт е дека Барселона е супериорна кога се работи за Ел Класико ама јас мислам дека е време да ги победиме конечно ]:) .А и на реваншот во купот се уверивме дека Реал може да се носи и со атмосферата на Камп Ноу.Само да нема пак таква судиска помош за Барселона,оти дури тогаш не знам што ќе направам :swear: .

    Да се надеваме дека ќе влеземе во финале на Лига на Шампиони и дека ќе ја земеме титулата во Ла Лига :) .
     
  11. marija-88

    marija-88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    26
    Незнам зошто луѓето се осмелуваат да му ја дадат фаворитската улога на Барселона за Ел Класико, зарем Реал не покажаа дека се најдобри? Зарем не покажаја дека можат да се носат со Барса и на Ноу Камп? Натпреварите во купот оваа сезона, во ЛШ минатата сезона и неколку други натпреви не беа решени од судиите?!?!?
    Со кое право луѓето ги доделуваат 3 бода на Барса, па уште калкулираат каде Реал можи да киксни за на крај Барса да ја освој Ла Лига, зарем тоа е толку едноставно после ваква успешна сезона, после 10 бода предност,да следуваат тешки натпревари али вчера Реал покажа како ке ги реши :D :D
    За ЛШ сигурно одиме натаму, Баерн се добри ама верувам во Реал моја прогноза Баерн-Реал 0:2 во Минхен, после во Мадрид не е толку важно али моја прогноза 2:0 или 3:0. Hola Madrid !!! :)
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Да,да вистина е дека повеќе Ел Класико натпревари беа решени од судиите.Ама да бидеме искрени дека Реал оваа сезона два пати на домашен терен загуби од Барселона со коректно судење.Па затоа мислам дека некако се супериорни,ама ништо не се знае.Докажавме дека на Камп Ноу може да ги надиграме,се надевам дека така ќе биде овој пат.Само што знаете дека кога Реал ќе се ослободи од тој психички притисок и ќе почне да напаѓа Барса користи џокер повикај судија.И затоа сум загрижена ама ќе видиме другата сабота.Во секој случај очекувам да дадат се од себе.
     
  13. Tanjus

    Tanjus Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    70
    Па нормално дека Барса ќе тепа цело време оти си ги има судиите и со нивна заслуга ќе ги земат титулите, ама ништо не е невозможно, се надевам дека ова Ел класико ќе биде фер плеј :) Hala Madrid :inlove:
     
  14. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Jас мислам дека Реал ке победи,не затоа што ги подржувам туку зошто мсилам дека баш тие 3 поени ке им се потребни за да ја заверат титулата.Не верувам дека баш тоа Мурињо ке си го дозволи.
    Јес да Барселона победи неколку пати но и Реал успеа да го скрши малерот а посебно Роналдо за кој велеа дека се губи на големи натпревари.
    Тоа што играат на гостински терен не значи дека Барселона ја има улогата на фаворит.Во дербињата нема фаворити...Не е битна и моменталната форма на клубовите.Можеби ке се случи Барса да има лош ден и да го загуби натпреварот или обратно.
    Само не глумење и глупи судиски грешки.Ако уште на старт се досуди непостоечки пенал можеш да помислиш каков ке биде текот на настаните.На другата екипа ке и падне моралот.А противникот ке го искористи тоа.
    Само немој Пепе да направи старт за црвен картон па тек тогаш Реал може да сонува за победа.Немаат право на кикс.
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Баш би сакала така да биде,конечно да ги поразиме и тоа на нивни терен :) .
    Баш поради тоа што некои навивачи на Барса почнаа уште сега да слават и да си ги рачунат тие три бода,па баш би било убаво ладен туш :) .Но се додека не почне натпреварот не се знае ништо.

    Факт е дека на Реал му требат тие три бода,мислам и без нив има еден бод предност ама тоа е ништо и е многу ризично земајќи во обзир дека гостува кај Билбао,што нема да е лесно.

    И јас се молам за фер-судење.Затоа што ако нешто ме нервира,тоа е да им се судат пенали без потреба и да се дават црвени на Реал без потреба.Но исто и играчите на Реал не треба да прават глупи стартови затоа што лесно може да добијат црвен.Посебно Пепе,Рамос и Алонсо ќе ги замолам да не го ни допираат Бускетс или Алвеш оти на нив толку им треба.Ај ќе видиме,па се надевам дека ќе се радуваме на победа.

    Хала Мадрид!!!
     
    На ani22 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tanjus

    Tanjus Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    70

    Треба на 10 метра од сите да бегаат оти овие а им се приближиш одма паѓаат на земја ко да си ги отепал, само треба да се надеваме дека ќе се погоди фер судија кој нема да биде потплатен ;)
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Ќе суди Алберто Ундиано Маленко, го судеше финалето на купот Реал-Барса минатата година.
    [​IMG]
     
  18. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Тогаш победуваме,затоа што и во купот победивме :P .
    Туку јас мислам дека во стартната постава треба да бидат Роналдо,Озил,Кака и Игуаин на местото на Бензема.Ама ќе видиме што ќе одлучи Мурињо.Само нем па некои експерименти да прави на Ел Класико.
     
  19. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Реал Мадрид оваа година ги руши сите рекорди.

    Откако го сруши рекордот по постигнати голови кој беше 107 голови а моментално кралевите имаат 109 постигнати голови, и е израмнет рекордот по број на гостински победи во една сезона на една екипа,кралевите се тргнати по рушење на нов рекорд односно по бројот на постигнати бодови, моментално Реал е лидер на табелата со 88 бодови, 7 повеќе од второпласираната Барселона.. на кралевите му требаат уште само 6 бодови до крајот за да стани сигурен лидер на табелата до крајот има уште 4 кола а рекордот по постигнати поени го држи Барселона од пред две сезони тој рекорд изнесува 99 поени, па така кралевите се тргнати во атак на 100 бодови, и ќе биде првата екипа во историјата на Ла Лига која стигнала до 100 бодови.
    [​IMG]

    Роналдо: Заслужена победа, сега е ред на Баерн

    Со победоносниот гол против Барселона Кристијано Роналдо во пракса направи Реал Мадрид да биде шампион, а освен тоа ги затна устите на критичарите кои тврдат дека игра слабо во најважните натпревари. По триумфот против каталонците Португалецот беше претпазлив и изјави дека сега сите во тимот треба да се сконцентрираат за претстојниот реванш од полуфиналето на Лигата на шампионите против Баерн (Минхен).

    "Одигравме одличен натпревар и победата ни е заслужена. Ги поздравувам своите соиграчи. Секој од нив помогна за тоа да го постигнеме овој резултат. Се радувам што победивме токму на" Камп Ноу " и поставивме нов рекорд за најмногу постигнати голови во една сезона (109 досега ). Сега треба мислите да ги насочиме кон реваншот со Баерн. Германците се многу силен тим, но ние ќе ја имаме поддршката од нашите навивачи, верувам дека заедно ќе успееме да победиме и да се пласираме во финалето ", рече Роналдо.
    [​IMG]
     
    На esperanca, BoaVista и starbucks им се допаѓа ова.
  20. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Годинава поставуваме нови рекорди.
    И по 34 кола во Ла Лига ги имаме:
    Најдобриот стрелец: РОНАЛДО 42 - рекорд
    Најдобриот асистент: ОЗИЛ 16
    Најдобриот напад: 109 - рекорд
    Најдобра гол - разлика: +79
    Најдобро напаѓачко трио: КР7(42) + Бенз(21) +Пипита(18) = 81
    Најмногу победи: 28
    Најмалку порази: 2
     
    На lovemebaby, Wild-GirL, marija-88 и 2 други им се допаѓа ова.