Видео со обраќање на играчите вчера кон публиката. Момци . http://www.youtube.com/watch?v=zU0zCbVProk Судејќи по ова на видеото, можно е Игуаин да си замине. Навистина неќам ич да замине од клубот ама ако тој реши така, тогаш што да се прави. Во секој случај сметам дека ќе си остане запамтен како еден од најдобрите играчи на овој клуб, и оние најпосветените пред се. Иако минатата сезона поради повредата не играеше во најдобро светло, сметам дека оваа сезона беше играчиште. Се покажа во најдобро светло и баш поради тоа не сакам да си оди , еден од најомилените играчи од Реал ми е ама тоа е... Играчите доваѓат и си одат ама клубот останува...иако се надевам дека сепак ќе остане.
Да се расплачеш, и песнава во позадина да те убие! http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... cziw3x8niM Некој гледал тениско финале во Мадрид, јеа!
Исто така беа и на еден друг меч, на Федерер мислам беше. Роналдо, женска му, Фиго и ваљда жена му на Фиго беше тоа ама многу грда . А мене па баш ми се свиѓаат Роналдо и Ирина како пар, мислам од сите негови девојки најубава ми е. А и се познава дека се стварно заљубени, иако да не се лажеме по малку сакам да сум на нејзино место . Ај ништо, од Реал сите зафатени упм .
Абе дека си одговараат физички, си одговараат, ама дека нешто многу се сакаат не ми изгледа баш. Некако она ми е многу крута и вештачка, како да сака да се прослави покрај него(уствари и така се прослави, претходно ретко кој беше чул за неа), незнам некако не ми е природна ич. А и Кикица е некако вештачки, поприродно и позаљубено изгледаше кога беше со Нереида. Мене ептен ми се свиѓаат како пар Икер и Сара, ептен совршени ми се двајцата и баш си одговараат. Кога се во јавност спонтано се однесуваат, ненасилено, за разлика од Кики и Ирина кои се ептен фејк. Спојлер Искрено ова, не сум љубоморна
Е кои ги знае, мене ми делуваат онака заљубено а можда е и повеќе глума. Само се подолго заедно а Кики ги менеше порано како чорапи, затоа сега ми изгледа дека малку се уозбилил ама којзнае . Да си славен колку е добро, толку е и лошо никогаш не знаеш дали некој те сака поради тебе или поради слава. Мислам дека и Кристијано го имаше кажано тоа во едно интерву. Инаку Сара и Икер стварно се убав пар, особено тој бакнежот после светското .
Еве на што мислев кога пишав дека ептен фејк ми се Кики и Ирина. Спојлер Ептен некако ладно се понашаат. Нит се држат за раце, одат еден покрај друг ко мумии, или па уште потрагично се бркаат по улиците Ма не најозбилно така изгледа. Имаше и едно видео, стигнуваат и двајцата во исто време пред еден ресторант каде треба да вечераат и Кики си цепа напред, ни застанува ни да ја сочека Ирина, оваа по него со долгометражни чекори И после кога на некоја манифестација ќе изненадат со нежности баш фејк изгледа. А можда па и такви карактери се незнам, можда и непријатно им е, ама како и да е, не ми се допаѓаат заедно. Двајцвата одделно се убави, заедно не Спојлер Сара и Икер
Спојлер Е да, на овие слики изгледаат ладно и незаљубено, и тоа ептен. А и која е фората да одат еден позади друг . http://www.youtube.com/watch?v=oFs_sUY6 ... ure=relmfu http://www.youtube.com/watch?v=ie-GnE-k ... ure=relmfu Многу се згодни во костуми , ова на церемонијата по повод титулата.
Официјално: Мурињо го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2016 Реал Мадрид денеска информираше дека постигнале согласност со Мурињо за продолжување на соработката до 2016 година. Со потпишувањето на новиот договор, Мурињо стави крај на сите шпекулации кои го поврзуваа со заминување од Мадрид. "Реал Мадрид и Жозе Мурињо постигнаа согласност за продолжување на неговиот договор со клубот до 30. јуни 2016" - стои во соопштението на Реал Мадрид. Во првите две години на клупата на Бернабеу, Жозе Мурињо му донесе две титули на Реал Мадрид, победи во Купот на Шпанија и Примера. Целта за идната сезона е одбрана на титулата во Шпанија и трофејот во Лигата на Шампионите.
Роналдо, или ќе ни дадеш победа или .... Ирина Ја викам и двете Спојлер Ова од натпреварот Португалија и Македонија, а со оглед на тоа што изиграа нерешено, Кики нека ја даде Ирина
Дресовите за наредната сезона, мене ми се допаѓаат . http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... HkxXlYC5iU
Пепе доби ќеркичка... Честитки и нека му е жива и здрава... и паметна на мајка и, оти татко на моменти има спој на жичките во главата )) Превземено од Македонски фанови на Реал Мадрид Нека му е честито.
Честитки за Пепе, не сум читала еве сега од тука дознав . Абе Пепе си е за мене злато играч. Нека збори кој што сака за него, нека е и агресивен и што ти знам таму ама игра и се бори од срце за Реал. Ете, затоа најмногу го почитувам и ми еден од најомилените во Реал. Нека му е со среќа уште еднаш, да биде убава на мама а борбена на тато .
Среќен роденден на легендата на Реал Мадрид Раул Гонзалес Бланко. Те чекаме да ни се вратиш некогаш кралу .