1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Real Madrid C.F.

Дискусија во 'Спорт' започната од BlackSwan5, 13 септември 2011.

  1. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Дури 8 реалови играчи во најдобрите 23 на првенството :clap:
    Касиљас, Коентрао, Рамос, Пепе, Кедира, Озил, Чаби и Роналдо :clap: Ма цел тим бре, другите тројца не добија оти не играа на европското (Кака, Ди Марија и Марсело) :lol:
    Реал Мадрид најефикасен на европското првенство
    http://www.sportmania.com.mk/fudbal/ite ... -prvenstvo



    Не навивав за Шпанија, досадна ми е нивната игра, апла Барса стил на игра форсираа, и единствено ми е мило само заради реаловата петорка во прв состав :)
    [​IMG]
    Рамос и Чаби ги бркаат тие што не се од Реал, да не се сликаат :lol:
    [​IMG]
     
    На BlackSwan5, LilBaby и starbucks им се допаѓа ова.
  2. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Срцки се. Колку се убави, колку се радуват, милина. Е, ај не ги сакај.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Одсекогаш сум навивала за Реал.
    За мене не постои др Фудбалски тим осфен Реал :)
    Дечко ми е за Барселона и ужасно се расправаме на оваа тема.. ]:)
    ReaL MadriD :l:
    CR7 :l:
     
  4. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Голем фан сум на Реал Мадрид и не пропуштам ниеден нивни натпревар,и не навивам за Реал Мадрид само заради КР7 како што прават некој мој другарки и другари....со тие што ги знам неможам да дискутирам за Реал Мадрид затоа што незнаат ни еден играч осен КР7 и Кака а за фудбалот општо па со никој освен со татко ми онака неогаш се расправаме он е за Милан јас за Реал и коментираме трансфери играчи ова она заедно гледаме фудбал...а со тие што навиваат за Барселона и тоа како се карам знам да си ќутам некогаш ама секогаш они први ми зборат и јас неможам да издржам и почнувам да се карам...и најмило ми е кога гледам дека тимот соработува и сите се заедно и се функционира како треба кога се радуваат и гушкаат и сакам секогаш такви да ги гледам,многу ги сакам играчите добро понекогаш како секој навивач знам да ги опцујам и да ги окривам за нешто ии немам најомилен сите ми се омилени ии многу ми е мака кога ги гледам тажни не секое изгубено Ел Класико и неможам а да не заплачам на секој пораз(да не зборам па за поразот од Баерн Минхен во полуфиналето ЛШ) но добро е што не губиме надеж и секогаш играчите даваат се од себе за победа.:)
     
  5. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Девојки и 2 тим на Реал- Реал Мадрид Кастиља беше унапреден од 3 лига во 2 лига. Годинава ќе играте против Барса Б :devil: , значи и младинците ќе имаат свое Ел Класико. Дориан Бабунски игра за Кастиља, а брат му во Барса 8) , ќе биде интересно.
     
  6. littlemix

    littlemix Активен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    јако ќе биде еј... :rock: одвај чекам да почне сезонаваа! :)
     
  7. littlemix

    littlemix Активен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Судењето на Бензема и Рибери ќе биде за една недела поради малолетна проституција и неизвесно е присуство на Бензема против Барселона! :(
     
  8. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Прочитав дека можеле да одат од 3 до 5 години во затвор :( ,и баш се изненадив за Бензема вмешан во вакви глупости со проститутки, ај ќе речиш Рибери многу убав е :D и затоа си барал проститутка ама Бензема :x штета стварно,тој е еден од тројцата Реалови играчи шо не ги мразам :doh:
     
  9. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    НЕ ми е јасно што стана со трансферот на Модриќ во Реал :^) зашто некој викаат дека бил во Мадрид и ги поминал медицинските прегледи после дека Муруњо на конференцијата кажал дека било доста и дека нема да сме го купеле Модриќ ако така рекол тогаш значи дека Кака нема да си оди а пишуваше дека Милан и Реал се при крај со приговорите за Кака и дека би можело Кака да оди во Милан и стварно не разбирам :?:
     
  10. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Mислам дека Модриќ бил повреден, нема да играл за репрезентацијата на Хрватска против Македонија,на квалификациите за светско првенство,и не бил во топ-форма,ама воопшто
    А иначе понеделник ќе бил представен како играч на Реал...
    еве подетално
    Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ во понеделник треба да биде претставен во дресот на Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“. Неговиот трансфер е договорен, а Тотенхем, според шпанските медиуми, ќе добие 30 милиони евра како отштета, плус уште дополнителни пет милиони евра како бонус во зависност од постигнувањата на Модриќ во дресот на „кралевите“. Договорот на Модриќ најверојатно ќе биде на пет години, а тој ќе заработува 4,5 милиони евра по сезона. Тоа е значително повеќе од досегашната негова плата во редовите на Тотенхем, која изнесуваше 2,5 милиони евра годишно.

    Преселбата на Лука Модриќ е веќе договорена работа, па шпанските медиуми сега нагаѓаат која бројка би можел тој да ја носи на грбот. Ако Нури Сахин го напушти клубот, тогаш ќе биде слободна „петката“ што во минатото ја носеше Зинедин Зидан, а моментно е слободен и дресот со број „23“, што своевремено убаво му стоеше на Дејвид Бекам. Има претпоставки дека Модриќ би можел да задолжи и дрес со број „16“, а во Тотенхем имаше „четиринаесетка“ на грбот. Во хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ го носи дресот со број „10“.
     
    На prettyliar му/ѝ се допаѓа ова.
  11. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Мурињо повика 22 играчи за првото коло од Ла Лига против Валенсија

    Голмани: Casillas, Adán и Jesús

    Одбрана: Pepe, Sergio Ramos, Marcelo, Coentrão, Albiol, Arbeloa и Varane

    Среден ред: Kaká, Özil, Xabi Alonso, Granero, Khedira, Lass, Callejón и Di María

    Напад: Cristiano Ronaldo, Benzema, Higuaín и Morata

    Сахин не е повикан, и со ова е се поизвесно дека ќе го напушти клубот :(
     
  12. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Сахин во Арсенал :)
     

    Прикачени фајлови:

  13. sweet.me

    sweet.me Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    6
    Лош photoshop :) ...
     
  14. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    па незнам дали е или не е го видов на една страна али мислам дека е вистина зашто Сахин е во Лондон па ќе премине во Арсенал а може ако ова не е фотошоп преминал! :)

    Едит:Нури Сахин моментално се наоѓа во Лондон, во следните 24 часови ќе ги помине лекарските прегледи и ќе потпише за Арсенал... ( на позајмица 1 година )!
     
  15. sweet.me

    sweet.me Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    6
    Знам дека е таму,ама на сликата се познава дека знакот на Арсенал е додеден. :)
     
  16. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Реал Мадрид го освои Суперкупот на Шпанија.

    [​IMG]

    Кралевите’ со 2-1 го добија реванш дуелот против Барселона, и благодарение на гол повеќе во гости стигнаа до трофејот од Суперкупот на Шпанија

    Избраниците на Жозе Мурињо имаа негатива од 3-2 од првиот натпревар кој минатата недела се одигра на Камп Ноу, но за кратко време успеаа да го свртат резултатот во своја корист.

    По една грешка на Хавиер Маскерано во 11. минута, Гонзало Игуаин се најде осамен пред Виктор Валдез и му донесе водство на Реал Мадрид од 1-0.

    Во 20. минута домаќините дојдоа и до предност од 2-0. Пике не интервенираше најдобро при една долга топка, а Роналдо одлично со пета ја префрли топката пред себе и од десетина метри го совлада Валдез за предност на ’Кралевите’ од два гола.

    Проблемите на Барса се зголемија во 28. минута, кога црвен картон заработи Адриано.

    Сепак, кон финишот на првото полувреме, благодарение на прекрасно изведениот слободен удар на Лео Меси, ’Каталонците’ успеаа да намалат на 2-1.

    Иако играа со играч помалку, ’Каталонците’ не се предадоа во второто полувреме и малку фалеше да обезбедат резултат кој ќе им го донесеше четвртиот во низа трофеј од Суперкупот на Шпанија.

    На стартот од вториот дел, Педро во два наврати се закани, но Икер Касиљас беше на висината на задачата и не дозволи да биде совладан.

    На спротивната страна Кедира по еден одличен соло пробив имаше шанса за гол, но Валдез одбрани, а Игуаин ја погоди стативата на десет минути до крајот.

    Во завршните мигови од средбата, Монтоја се најде осамен пред голот на Реал, но десниот бек на Барселона од косо биеше само во добро поставениот Касиљас.

    Пред последниот свиреж на судијата во шанса се најде и Меси, но неговиот удар заврши покрај голот.

    На крајот, Реал Мадрид се радуваше на трофејот од Суперкупот на Шпанија, прв по 2008.




    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  17. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Официјално: Есиен на позајмица во Реал Мадрид

    [​IMG]

    Реал Мадрид се засили со Михаел Есиен, репрезентативецот на Гана пристигнува на едногодишна позајмица од Челзи

    29 годишниот Есиен не беше дел од плановите на Роберто Ди Матео, па затоа ’Сините’ одлучија да му дозволат на фудбалерот да побара нов клуб.

    Пред неколку часа се појавија стории кои велеа дека Реал Мадрид стапил во контакт со Челзи, и двата клуба започнале преговори за едногодишна позајмица на Есиен.

    ’Кралевите’ се во напредни преговори со Анжи за трансфер на Ласана Диара, па во Есиен гледаат замена за Французинот.
    Во последните мигови од летниот преоден рок Реал Мадрид и Челзи постигнаа договор, па Есиен ќе ја обнови соработката со Жозе Мурињо, човекот кој го донесе на Стемфорд Бриџ во 2005.
    “Реал Мадрид и Челзи постигнаа договор за едногодишна позајмица на Михаел Есиен.” – гласеше соопштението на ’Кралевите’.

    Според мене добар потег, кога веќе го продадоа Лас. Сега има доволно играчи од среден ред за да ротира Мурињо. А и добро го познава Есиен како играч па би можел да ни биде многу од корист.
     
  18. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
  19. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
  20. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Искрено, не знам што му е на Роналдо.

    Ако толку се чувствува несреќен најпосле нека си оди, никој не го задржува на сила. Јас го сакам премногу како играч ама ваквите изјави не му ги бендисувам. Можеше барем отворено да каже за што поточно се работи. А не сега ние да нагаѓаме зошто е тој несреќен и зошто не ги прославил головите. Кажав, се ќе беше во ред барем да ги отвореше картите. Да кажеше, поради ова и ова а не "во клубот знаат зошто" :^). И денес топ тема што му на Роналдо?

    Навивачите на Реал го сакаат и баш поради нив не би требало да дава вакви половични изјави. Додуша статијата погоре е филувана малку ама несреќен сум во Реал. Изјавава може да се протолкува на триста начини и ај сега...