Мои фаворити се: 1. Има само 14 години а сјае како вистинска ѕвезда. 2. Прекрасна боја и крој, и јас посакувам да го имам. 3. Бременоста многу добро и влијае... Прекрасна е... 4. На сликата неможе да се види прелевањето на фустанот од сребрено во златно.... Но сепак е прекрасен.... 5. 6. Додека воопшто не ми се допаднаа... Фустанот изгледаше како дае направен од изрезбан картон.... Мене многу грд ми беше фустанот особено горниот дел.... Фустанот ми беше убав, и накитот ми беше убав... Но накитот врз фустанот е тоа воопшто не ми се допаѓаше...
Стајлингот на ѕвездите за Оскар забавите: Мадона со Лурдес Шарлиз Терон Jessica Biel Камерон Дијаз Гвинет KATE BECKINSALE LEA MICHELE Лив Тајлер ROSIE HUNTINGTON-WHITELEY CAMILA ALVES Emma Stone Ева Мендез Тејлор Свифт AMANDA SEYFRIED Anna Paquin Селена Гомез ZOE SALDANA Ellen-Barkin Џоан Колинс Џесика Зор (ваљда така се чита презимето) ANNE HATHAWAY NICOLE RICHIE AND JOEL MADDEN DIANNA AGRON Хајди Florence Welch Claire Danes Kim Kardashian Кели Озборн Тори Спелинг ... На црвениот ќилим немаше многу утки, но отпосле е забавата
Cate Blanchett- Првиот пат кога го видов фустанов ми беше ужасен ќе дадев 0 без размислување но сега ми е прекрасен, еве од мене 8/10 Helena Bonham Carter- Немам коментар 0/10 Jennifer Lawrence- Фустанов е ептен обичен 4/10 Natalie Portman-Прекрасно со еден збор, што друго да кажам се` се вклопува 10/10 Scarlett Johansson- И Скарлет ми е ептен убава ама фустанот не ме импресионира нешто многу 6/10 Hailee Steinfeld- Само мене ли не ми се допадна девојчево како Пепелашка ми е 2/10 Melissa Leo- Како Стар Ворс ми е -.- лошо 0/10 Florence Welch- хмммм некако многу затворена е во фустанов, не ме бендисува....3/10 Anne Hathaway- Супер е ама и карминот и е црвен па многу некако црвено само ради карминот 7/10 Michelle Williams-Убав фустан 8/10 Mark Ruffalo and wife Sunrise Coigney- Фустанот о.О, половина како статуетката за Оскарите да не сакаше да личи??? Марк арен е 8/10 ама таа 0/10 Sharon Stone- Леле сликава, помислив дека жеснава падне од што е на криво како и да е просечно 5/10 Hilary Swank-Како паун е она долу како и да е интересен фустан 7/10 Nicole Kidman- Супер е Кидман, фустанов баш и ја истакнува висината само забелешка за штиклите не и одат на ништо 8/10 Penelope Cruz- Многу свети 6/10 Halle Berry- Супер и бојата ми е допаѓа 10/10 Gwyneth-Paltrow- леле неее катастрофа 0/10 Reese Witherspoon- прекрасно, елегантно само за на црвен тепих 10/10 Мила Кунис- Дефинитивно најдобро беше облечена на оскарите 100 од мене
Мадона со Лурдес Мадона ми е секогаш ту мач. Стајлингот на малата ми се допаѓа иако не е доволно гламурозен за овој настан. Фустанчето е слатко, ама малку прекратко. За двете 5/10 Шарлиз Терон Многу е нежна, како самовила. Интерсен фустан, иако можела да си дозволи нешто со потесен крој. 8/10 Jessica Biel Интересен фустан, ама премногу ги нагласува градите, како да отскокнуваат. Шминката не ми се допаѓа воопшто. 7/10 Камерон Дијаз Многу убаво фустанче, и многу јаки нозе Тип-топ е средена, немам замерка 10/10 Гвинет И овој фустан е утка. Делува на замотана во светликав чаршаф. Оваа година Гвинет утна скроз. 2/10 KATE BECKINSALE Убаво ја оцртува овој фустан, а и е многу гламурозен. Сметам дека треба појак крамин да стави. 9/10 LEA MICHELE Побогу, што е со тие рамења?! Ужасно и стои во тој пределја шири некако. А и фустанот не убав сам по себе. 4/10 Лив Тајлер Лош став за сликање. Фустанот делува ефтино, како долга наметка од трико, му фали живост, енергија. За косата и шминката немам забелешки. 5/10 ROSIE HUNTINGTON-WHITELEY Многу убаво лице, и прекрасна хаљина. До сега најмногу ми се допаѓа. Чевлите се одлични, единствено чантата не и ја гледам, но не се сомневма дека е убава. 10/10 CAMILA ALVES Мене ми делува премногу нападно. Како чипкава да ја напднала. Можела барем ланчето да го тргне, зошто вака делува како да се гуши во чипка. 7/10 Emma Stone Не ми се допаѓа од ниедне аспект. Ме буни и ме плаши. 2/10 Ева Мендез Ева можела многу подобар избор да направи. Фустанот е лош, многу лош. Додатоците се сосема добри. Но со тоа лице, кој воопшто гледа во фустанот? 5/10 Тејлор Свифт малку и се здосади Тејлор со црвениот кармин и со фризура а ла 60-тите. Стајлингот е беспрекорен, делува глатко и порцелански. 10/10 AMANDA SEYFRIED Како прво фризурата е премногу кежуал, а карминот неприфатлив. Фустанот не ми седопаѓа, премногу е обичен. Како да не се потрудила. 4/10 Anna Paquin Воопшто не ми се допаѓа фустанот, а ни изборот на чевли. МНогу некреативно. 3/10 Селена Гомез Овој црвен фустан е веќе поубав. делува многу грациозно, пофалба и за шминката и фризурата. 9/10 ZOE SALDANA Ова не е по мој вкус, и е премногу нападно. Црниот појас штрчи, а и сатенот на чевлите. 7/10 Ellen-Barkin Не! Не знам од каде да почнам, затоа не почнувам воопшто. 1/10 Џоан Колинс И ова не! 1/10 Џесика Зор (ваљда така се чита презимето) Интересен е фустанот на прв поглед, ама на втор е помалку убав... Чуден некако, недефиниран. 3/10 ANNE HATHAWAY Мојот омилен од нејзините оваа вечер, прекрасен фустан. Убаво изгледа таа во него, само физурата би ја сменила. 9/10 NICOLE RICHIE AND JOEL MADDEN Што е ова? Грд фустан и лоша шминка. 2/10 DIANNA AGRON Чудна должина има фустанов, а инаку е убав. Требала да направи друг избор за чевли и додатоци, вака некако многу е монотно. 6/10 Хајди За мене ова е премногу светликаво и огледално. Иако таа сепак, изгледа прекрасно!! 8/10 Florence Welch Овој е многу подобар од претходните фустани кои ги носела. Барем делува грациозно во него, поелегантно. Знам дека од фризурава не се откажува, ама барем појака шминка да имаше.... 7/10 Claire Danes Што да кажам за ова?!!! 1/10 Kim Kardashian Секогаш мора да и се излеваат атрибутите, и овој фустан не е за толкава задница, зошто изгледа како да и е тесен. Инаку фустанот е многу убав, а и изборот на накит, чевли и шминката. 9/10 Кели Озборн Браво! Искрено се радувам што волку убаво изгледа. А и да сакам замерки во стајлингот нема. 9/10 Тори Спелинг Воопшто не ми се допаѓа фустанот, целата личи на коцка. 4/10
BLAKE LIVELY AT A CHANEL DINNER, NEW YORK Прекрасно е облечена, до детаљ. Фустанчето (Шанел, афкорс) е необично, да не можеш очи да тргнеш од него. Чевлите (Louboutin) и чантата одлични, а накитот супер е вклопен и освежува. Плус - мнооогу згодно тело има. Фацата ќе и’ ја занемарам овој пат Сакам да го имам секое парче што го носи
BLAKE LIVELY AT A CHANEL DINNER, NEW YORK Уф мене па ич не ми се свиѓа, многу премногу бело, поубаво би било нешто како обетките дали чевли, дали чанта. А и шанелскиов фустан мене не ми е убав. Само чевлите и чантата ги сакам, ама во друга комбинација, не во оваа. 10ка за телото, 3ка за изгледот Мадона со Лурдес Мадона претерува, па аман црвен килим на постоскаровски забави а она мислиш долна облека и бундичка облекла. Ќерка и ми е топ, па девојченце малецко е, ја приметувам си гради одличен стил. Шарлиз Терон Овој фистан ме потсетува на Викторија Бекам пред неееееколку години кога носеше на ревија сличен фустан Така да идејава ми е досадна за фустанов веќе видено некако, а Шарлиз е лепотица над лепотиците Jessica Biel Ич не и стои убаво во горниот дел, а и шарите не ми се допаѓаат 4/10 Камерон Дијаз Јаааааао нога!!! убава ми е супер, преубаво и стои фустанчево, супер акцесорис 10/10 Гвинет Не ми е убава, ама во споредба со оној грд фустан на црвениот килим што го носеше ова е подобро, ама не и најдобро. Да мења стилисти женава! 5/10 KATE BECKINSALE Колку убаво и стои моделов мх мх, е само неутралнава шминка не и требала, треба појака. А и ташна и чевли подобро во друга боја, вака монотоно. 8/10 LEA MICHELE бљак 1/10 Лив Тајлер Досаден фустан, а и лошо ја сликнале, може и подобро таа од ова. Eве ги со тато, јас се чудам како од ваков човек излезе пренајубава девојка http://image.celebritieswonder.net/imag ... 683575.jpg ROSIE HUNTINGTON-WHITELEY Колку е пренајубава! И фустанот е убав, а чевлите уште поубави! 9/10 CAMILA ALVES Поубава беше на оскарите, не дека е лош фустанов, само делот кај вратот е беспотребен. Emma Stone Се е заникаде! 0/10 Ева Мендез Фустанов е чуден, без форма, не можам да го разберам, а и не го свиѓам. Какви секси изданија имала Ева, ова е еден од нејзините понеубави стајлинзи. 3/10 AMANDA SEYFRIED Симпатична ми е иако многу се испораширила 8/10 Селена Гомез Убаво и стои, отмено делува 10/10 ZOE SALDANA Фустан за во канта 0/10 Ellen-Barkin уф ова е најгрдо од се досега Џоан Колинс Или НЕ НЕ, ова е најгрдо! Џесика Зор Хммм интересна е, понеобична од сите други, ама и не по мој вкус. 5/10 ANNE HATHAWAY Пренајубава!!! 10/10 NICOLE RICHIE AND JOEL MADDEN Се враќаме во 90сетите кога се носеа фустаниве? не не 1/10 Хајди Многу светки ама па и стои убаво, посебно долниот дел. Сепак претерале со циркони, огледала што и да се оние на фустанот. Kim Kardashian Хммм не е лоша, ми се допаѓа 8/10
Значи Тејлор Свифт морав да ја ставам во посебен пост и да кажам дека е една од најдосадно облечените жени на црвените килими. Е ова е последното значи на оскари. Досадна е со тие светки, со тие кратки фустани или долги светкави и исти такви чевли и ташна светкави. И речиси во 90% од манисфестациите така се облекува и со иста шминка и фризура! И ај и долгиве Значи феминки ако дома некоја има фустан со светки ќе ве молам да и го позајми на Тејлор, зашто она ги износе речиси сите светкави фустани што постојат
Баш така Росонерка, ба спомнав и јас кога ја коментирав. Тој што и е стилист е веројатно едно некреативно суштество. Нема смисла секој настан таа да е речиси иста!! Досадна е , страшно досадна. Или е во сребрено или златно, со розев или со црвен кармин. Шминката на очите константна. Лигава ми е башка
PRINCE'S TRUST AWARDS 2011 CHERYL COLE - Ми се допаѓа, интересна комбинација на боите. Ми се допаѓаше се’ додека не го видов фустанот од позади: Што е оној метален дел? Тотално непотребно го уништува фустанот. Шминката и’ е преубава, косата исто. Спојлер KIMBERLEY WALSH Ми се допаѓа фустанот, и’ ги истакнува женствените облини. Целосно е убаво искомбинирано, ми се допаѓаат и чевлите, накитот и црвениот лак за нокти. NAOMIE HARRIS What the... Моделот на фустанот е убав, ама некако за приликата не ми одговара. Но што е со хулахопките и чевлите? И црната ташна и тоа што виси од неа?
Росонерка ми го украде зборот. Премногу монотоно нешто е Тејлор, уште сега можам да кажам што ќе носи на следната свеченост. -.- Давам општи критики сегаandra Bullock ми е исто така доста предвидлива. Jessica Biel & Eva Mendes прават утка до утка според мене. Jolie колку и да им е убава на некои, мене ми е просто одвратна и не ми е женствена во тоа што го носи. Beyonce ми е често too much. А Portman толку ми оди по нерви, нешто неописливо. Ниту знае да го носи тоа што го облекла, секогаш ми е обична, безживотна и како машко во ставата и држењето.
Не е црвен килим, него е концертот на Каролина. Да коментираме малку наши Што би рекле за нејзиниот стајлинг? Шминка накит фризура ми се допаѓа. Тоа чудо од мантил кошула ми се допаѓа во ракавите. Ама кратките џинс панталончиња на овој свечен мантил, на тој убав брош не ми се совпаѓа ИЧ! Зашто не земала црни
Мене стајлингов на каролина ич ама ич не ми се свиѓа Кај рамената како балони да набутала, брошот и алката ми се кичарајски, а кратките панталони ми се за по надвор, фризурата не и е лоша, а шминката и е убава.
Мене ми е особено убава во лик тука, пофалби за шминкерот/шминкерката! Надоле ми е во ред, необично некако, но сепак фино...И се ќе беше подобро доколку панталончињата биле црни.
Не е лош стајлингот, ми се допаѓа. Фризурата и шминката се супер, многу е убава навистина, а за облеката ќе кажам само дека е ок, но кратките панталони некако не се совпаѓаат со целата комбинација, инаку другото е супер.
Шминката и’ е стварно многу добра. Тој мантил ми е интересен за на сцена, многу скапо и ексклузивно изгледа, само не знам со кој памет ги ставила тие пантолончиња Воопшто не се совпаѓаат
Ке било подобро ако тој мантил бил фустан. Или пак оздола да носела нешто др, само не панталонките. Фризурата и шминката се океј. Накитот ми е премногу шарен, не ми се вклопува.
Фризурата и шминката ми се допаѓаат, иако мислам дека можела во последниот или претпоследниот аутифт да ја пушти косата. Ако ништо друго, барем да не е иста цело време. Првиот изглед ми е промашај. Не го разборам концептот на ова чудо што го носи, и воопшто смислата и целината на аутфитот. Панталончињата се крш. Ужасно лошо делува тексасот со светкавив материјал на палтото. Елеганција заебана со кежуал момент. Чевлите не и ги гледам. Замислата за вториот фустан ми се допаѓа, ама како е реализиран ич. Особено не ми се допаѓа моментот со ролката и ракавите. Би било поубаво барем еден момент да имаше, а вака е ту мач горе, а премногу едноставност доле. И црниот ластик во средината некако го груби фустанот. Искрено, ако Цаци го правела фустанов и препорачувам срдечно да крене раце од креирање. Последниот изглед е баш сценски и концертен. Ми се допаѓа. Овде би можела да ја замислам со пуштена и извиткана коса. Така би делувала многу повесело, поразиграно. Онака, заклучокот ми е дека девојкава сака да е покриена и дека е малку досадна кога станува збор за гардероба. Ипак, пеачка е, треба да си дозволи да експериментира, па дури и да помине некоја граница. А може и до Цаци е, за која пак ќе кажам дека ми глуми лудило и дека не ја бива за естетика колку што мисли самата таа. Оцена за сите аутфити на концертов, едно 4-че.