Ќе морам да се повторам со Старфиш, Цаци под итно да се откаже од титулата моден креатор, која сама си ја зададе. Вториот фустан не личи на ништо, исто како и општо зборувано повеќето комбинации на Каролина за кои била таа задолжена. Првата ми се допадна како што сум кажала во претходниот коментар, со исклучок панталоните. Втората е нешто полошо од крш. Кои се тие циркони, траки по таков елегантен фустан? ГОЛЕМ FAIL е обидот да се направи фустан како оние од модните писти на големите светски модни куќи. Веќе третата комбинација ми е целосно на место. Убаво склопено ми делува со фатена коса. Фустанот е измислен за настап, и дури и да е од Цаци, повторно не е доволно добар за да ги покрие претходните грешки.
Модата на хуманитарната гала на amfAR Гвен Стефани во L.A.M.B. Алесандра Амбросио во Roberto Cavalli Бар Рафаели во Roberto Cavalli Брук Шилдс во Marchesa Елизабета Каналис во Roberto Cavalli Ева Херцигова Донатела Версаче во сопствена креација Роберта Армани во Armani Ирина Шајк во Versace Мила Јовович во Versace Наоми Кембел во Givenchy Ума Турман во Chanel Џејн Фонда во Roberto Cavalli Џенет Џексон во Haider Ackermann Фрида Пинто во Lanvin Миша Бартон Кирстен Данст во Chanel Couture Каролина Куркова во Chanel Couture
Баш сеа гледав на страната на стилисимо, токму панталоните што ги спомна се од Стилисимо, корсетот е од Зап Милано. Чевлите од првата комбинација се Стилисимо (кои не се ни гледаат на сликиве). Другото е само по препорака на Цаци, али не е од неа искреирано Се убив барајки информации од кај и се креирани работите, али и онака ептен има малку информации за концертот, а за стајлингот сегде пофални зборови
Абе искрено некако мислам и да земала црни, немаше да ми одговара со куси панталони.. Убава и е замислата, делува отмено..ама можела да го направи целосен фустан а вака незнам во шо категорија да го ставам!?
Според мене прекрасен фустан за на Ред Карпет, но не видов слики од годинешниот Кански фестивал или има посебна тема? Имаше и таму доста за коментирање од RED CARPET..
Каролина во првата креација изгледа како на маскембал да отишла, а не на настап..Катастрифа невидена Мантилот на Бетмен ме потсеќа, а накитот и е крајно кичест и гнасен..Врв на оваа тотално промашена комбинација се тексас пантолончињата одоздола...Не знам само на што и одговараат..Изгледа крајно смешно..Шминката и фризурата можат да пројдат... Втората комбинација исто не ми се свиѓа, а посебно не одговара на млада девојка како неа, фустан до земја и плус до грло затворен горе, а отворен грб позади и фустанот широк и штрчи на сите страни и ја прави да изгледа коскесто и слабо... Третата комбинација може да помине некако, не е толку лоша - чевлите се ок...
Никогаш не сум ја гледала Сара Џесика Паркер како модна икона, али во креацијава на Elie Saab за Канскиот Фестивал 2011-та ми е..
Како ви се допаѓа модата на MTV Movie awards 2011 Кристен Стјуарт во Balmain Селена Гомез во Giambattista Valli Ема Вотсон во Marchesa Ема Стоун во Bottega Veneta Лејтон Мистер во Balmain Аманда Бајнс во Herve Leger Ели Фанинг во Dolce&Gabbana Лили Колинс во D&G Блејк Лајвли во Michael Kors Камерон Дијаз во Phillip Lim Рис Витерспун Нина Добрев во Georges Chakra Роузи Хантингтон Вајтли во D&G Бруклин Декер во No. 21 Ники Рид во Heather Хејли Стајнфилд во Луј Витон Џесика Шор во alice + olivia Челси Хендлер во Lanvin Мене само неколку ми се така арнички ,со по некоја измена Лејтон,иако мислам дека би било поинтересно да се со еден ракав или нешто така фустанот.. Камерон на пр би можела да одбере друга боја на штикли. На оваа Хејли не и требало тоа блузиче бело. Ми се допаѓаат и Селена Гомез,Ема Вотсон(со други чевли нормално) На Бруклин Златнава пробуваам да го замислам фустанчево во некоја мат боја.. Инаку,нешто што ми падна во око,вака на прв поглед е дека шпицот,ама оној заоблен полека но сигурно си се пробива и ќе се врати во мода на голема врата,сакале ние или не.Мене ми делува баш убаво.
Кристен Стјуарт во Balmain - Кристен е секогаш слично облечена и секогаш има иста фризура. Мене ми се допаѓа изборот на фустанот, а на чевлите, ама шти и да облече она, делува како да не се потрудила воопшто. Затоа 6/10 Селена Гомез во Giambattista Valli -малку не ми е јасен моментот со горниот дел на фустанот, ама вака од прва ми се допаѓа како изгледа. Многу ми се допѓаат боите. 8/10 Ема Вотсон во Marchesa -Фустанот е убав, ама мислам дека малку згрешила со чевлите кои ептен вриштат од комбинацијава. Сметам дека овој изглед бара појака шминка. 8/10 Ема Стоун во Bottega Veneta -на прв поглед делува супер, ама ако посебно ги гледам парчињата е голем хаос. Фустанот не ми беш по вкус, чевлите не ми се допаѓаат, а ташничката едвај се вклопува. Косата и е преубава. 7/10 Лејтон Мистер во Balmain -За разлика од многуте промашувања, ова ми делува солидно, иако нешто чудни и се рамениците. Чевлите се интересни, исто и косата. Сепак, не ме остава со отворена уста. 6/10 Аманда Бајнс во Herve Leger -Дали да почнам од фустанот кој и не и стои баш ласкаво, од чантата која на ништо не одговара, од чевлите кои воопшто не се спојуваат со ова или пак од едната бела алка. 1/10 Ели Фанинг во Dolce&Gabbana -делува слаба, мала, изнемоштена и неухранета. Ми се допаѓа тоа што го носи, ама не како го носи. Млак изглед. 3/10 Лили Колинс во D&G -ми се допаѓа фустанот, а мислам дека погрешила со чевлите. Не ми се допаѓа шминката, воопшто. 4/10 Блејк Лајвли во Michael Kors - преубав фустан, иако е чудно застаната па делува некако дебелка. Единствено што фали е еден добар пар обетки, вака делува некомплетирано. 8/10 Камерон Дијаз во Phillip Lim -ова парче може да стои вака само на Камерон и само на нејзините совршени нозе. Супер ги одбрала чевлите и прстенот, а со ланчето направила мала утка. 9/10 Рис Витерспун -како да одела на сигурна комбинација. Фустанот е убав, чевлите се добри, ама сепак нешто фали. Дефинитивно и треба појак кармин. 7/10 Нина Добрев во Georges Chakra -ми се допаѓа фустанот, ама не можам да забележам дали чевлите се златни или сребрени. Убав изглед. 9/10 Роузи Хантингтон Вајтли во D&G - воопшто не ми се допаѓа фустанот, целиот ми е ту мач. И изборот на чевли е некако безвезен. Можела многу подобро. 5/10 Бруклин Декер во No. 21 -не сакам да коменитрам за тоа колку лошо и стои фустанот во горниот дел. премногу се двојат чевлите, и мислам дека фалат обетки. 4/10 Ники Рид во Heather -пофалби за иборот на фустан, ептен ми се допаѓа. чевлите и чантата се на место. направила утка со фризурата. 7/10 Хејли Стајнфилд во Луј Витон - не ми се допаѓа изгледов, едноставно не. Не делува младешки и свежо, а таа изгледа како ниско патче. 3/10 Џесика Шор во alice + olivia -доста смел и интересен изглед. Мислам дека фали уште еден детал во боја на чантата. 8/10 Челси Хендлер во Lanvin -делува веќе видено. Иако чевлите се супер, овој фустан е некако поминат, ништо посебен. Можела барем со чантата да внесе свежина. Шминката е ужасна. 4/10
Jao кој малер, ги искоментирав речиси сите со исклучоци на некои и мислењето не ми се прати, ми се појави бланко страна, а на опцијата назад ми се избриша мислењето Па ај во 2 реченици ќе кажам дека нема преголема утка, а нема ни некоја која премногу ме воодушеви. Прилично досадни стајлинзи. Некои се облечени во црно, во темно, во долги ракави ко да е зима, а некои па во комбилизон за на плажа. Ми се допадна Ема Вотсон, девојкава ептен ме воодушевува со стајлингот и ставот, права дама станува. Аманда Бајнс има преубав фустан на Леџер, којшто го уништила со грди чевли, грда чанта и грда нараквица. Блејк Лавли требала да го скрати фустанот. Рис има солидна комбинација. А Лејтон Мистер посебно ќе ја коментирам со споредба Не е лоша, НО погледнете сличен фустан на ЏЛо На Лејтон и стои ко на закачалка, делува така срамежливо во него, а и не зрачи со сексипил. Не дека не е добра комбинацијата, ама треба доста да се корегира. А ЏејЛо го има сето она што и фали на Лејтон од став, сексипил, грациозност и поубави чевли
Претежно сите ми се убави, и морам да искоментирам дека сум пресреќна што полека полека се враќаат во мода нормални, женствени чевли без копитарски платформи
У суштина сфатив дека сум многу тапа во следење на безначајни филмчиња очигледно од холивудска продукција. Ма никого не познавам! Од кај искочија луѓево - High School Musical ли од каде? Освен Камерун, Рис и Блејк никого не познавам, мајке ми...ау да и Селена ја знам затоа што има еден спот на којшто ги носи моите обетки и по тоа ја запамтив Не дека се чуствувам ко нешто битно да ми избегало од полето на перцепција, ама ете тоа прво ми падна у очи и плус фактот дека - стареам Кристен Стјуарт во Balmain Многу обично а сепак не толку убаво за да кажам во едноставноста е убавината. 4 Селена Гомез во Giambattista Valli Солидно, горниот дел не и го разбирам, инаку солидно. 9 Ема Вотсон во Marchesa Ми се допаѓа фустанот но чевлите не. 8 Ема Стоун во Bottega Veneta Убаво. 9 Лејтон Мистер во Balmain Девојкава која и да е, не знам во кој филм глумела ама ко да ми е исечена од Стартрек. Некако доброволно во глава ми иде песнана од BEP I'm a be, I'm a be, I'm a be...I'm a be. And I wanna do the robot dance with her . 1 Аманда Бајнс во Herve Leger Ужас. 0 Ели Фанинг во Dolce&Gabbana Vintage gone bad. 0 Лили Колинс во D&G Vintage gone bad. Part 2. 0 Блејк Лајвли во Michael Kors Ех бре риба и пол. Одлична ми е. Иако бои те се различни сепак гледам логика и убавина во тоа што го носи. 10 Камерон Дијаз во Phillip Lim Одлично. Со такви нозе се мора да е одлично. И преубави ми се чевлите. 10 Рис Витерспун Прекрасна е, нежна е, женствена е. Немам замерки. 10 Другиве ме мрзи да ги коментирам, доста се просечни според мене. Епа толку од мене
Некако не сум многу импресионирана од црвениот тепих на MTV Movie Awards 2011, така да ке ги искоментирам само тие шо ми се допаднаа... Ема Вотсон во Marchesa, (горниот дел ми е преубав) Селена Гомез во Giambattista Valli (едноставна, одлична комбинација) Аманда Бајнс во Herve Leger (фустанот донекаде ми е океј, штиклите ) Блејк Лајвли во Michael Kors (Блејк ми нема згрешено никогаш во избор на облека, али неможам едноставно да ги поврзам овие две бои) Нина и Џесика ми се тотална утка и како што гледам шпиц штиклите нешто доста присутни. Додека од CFDA Awards 2011 Џесика Алба во Diane von Furstenberg (преубава комбинација на бои )
Кристен Стјуарт во Balmain Не ми се допаѓа бојата на фустанчето а и не е ништо посебно баш неприметно а и во оваа Кирстен никаква сексипилност 1 Селена Гомез во Giambattista Valli Убаво младалачко фустанче.Ми се допаѓа фризурата но целата комбинација не е нешто импресивно па затоа 5 Ема Вотсон во Marchesa Не ми се допаѓа горниот дел од фустанот некако е без веза а и зошто девојката се унаказила со машка фризура не стои на секој а и долгата коса е поим за женственост 3 Ема Стоун во Bottega Veneta Убаво фустанче,добро ускладени боји ми се допаѓа 10 Лејтон Мистер во Balmain Преубава е и мене баш ми се допаѓа фустанчето.Косата и е прекрасна овака подолга и посветла.Еноставно блеска 10 Аманда Бајнс во Herve Leger Не ми се допадна некако не знам девојкава ми е ко искочена од Звезде Гранда.Никаков стил 1 Ели Фанинг во Dolce&Gabbana Јас во ваква комбинација не би ни во двoрот излегла а камоли на црвениот тепих 1 Лили Колинс во D&G Не ми се допадна некако не знам За бојата на фустанот н сакам ни да коментирам а чантата е посебна приказна 1 Блејк Лајвли во Michael Kors Не е лошо но не ме импресионираше имала Блејк и поубави комбинации 8 Камерон Дијаз во Phillip Lim Секоја чест жената се одлучила за еноставна но сепак впечатлива комбинација 10
Кристен Стјуарт- Фустанчето е убаво, но нејзе чудно и стои, косата и е убава и штиклите исто така.6/10 Селена Гомез-Супер скоцкано од глава до пети 10/10 Ема Вотсон-Убав е фустанов, малку поозбилен за нејзини години 8/10 Ема Стоун- Интересен фустан, шминката и е прекрасна 10/10 Лејтон Мистер-Фустанот Како машка кошула да има облечено и голема и е.....Штиклите се солидни заедно со косата3/10 Аманда Бајнс -Све ми е боје лепо стоје.....А и како Спојлер проститутк а е облечена 0/0 Ели Фанинг- Комбинацијава е солидна ама не за на црвен тепих, повеќе е секојдневна 5/10 Лили Колинс-Штиклите ми се преубави, фустанчето не 3/10 Блејк Лајвли -Како теткица ми е на сликава Блејк има преубави комбинации ама мене оваа воопшто не ми се допаѓа 2/10 Камерон Дијаз- Каква комбинација, ептен ми се допаѓа се` на неа 10/10 Рис Витерспун-Просечно, 5/10 Нина Добрев-Косата прекрасна, штиклите исто, фустано чудно и седи 6/10 Роузи Хантингтон Вајтли-Штилите катастрофични и се, фустанот исто не ме бендисува 1/10 Бруклин Декер-Не сакам фустани со светки, очи ми копаат 2/10 Ники Рид- Интересно фустанче, не ми е јасно ташничето на што одговара 7/10 Хејли Стајнфилд-Аууу не, катастрофи а и ташничката сина 0/0 Џесика Шор-Како индијанец ми е ич не ми е елегантно 0/0 Челси Хендлер-Доста солидно, за шминката имам само забелешка, воопшто не се познава 7/10
Eva Mendes at the Los Angeles Philharmonic 2010/2011 Season Opening Night Gala Eva Mendes -2 од 10, воопшто не ми се допаѓа фустанот светкав е и изгледа како чуден материјалот. Фризурата и е промашување тотално, ваква фризура ми изгледа како секојдневна фризура апсолутно нешто што не е за црвениот тепих. Sarah Jessica Parker at New York City Ballet Fall Gala Сара Џесика Паркер 1 од 10 воопшто ама воопшто не ми се допаѓа. Како прво пресветкав е фустанот, како второ накитот воопшто не и одговара со облеката бидејќи тој е лежерен некако секојдневен,а фустанот многу свечен. За фризурата да не коментирам како крава да ја излижала. Чантата воопшто не ми оди со таков фустан подобро би било некоја плик чанта,а бојата се прифаќа. Son Ye-Jin at 2010 Pusan International Film Festival 4 од 10 бидејќи ми се допаѓа декорацијата и бојата на фустанот,но обликот што е како балски не ми се допаѓа. Фризурата ми е премногу секојдневна мислам коњско опавче?! Апсолутно не за црвениот тепих јас би одбрала некоја крената фризура. Blake Lively at Tiffany & Co. Introduces Eyewear Блејк 6 од 10 фустанот виолетовото ми се допаѓа,а црното што стои како блуза крај виолетовото не ми се допаѓа. Фризурата и е океј и одговара во стилот на фустанчето опуштено,но убаво. Dania Ramirez arrives at the FENDI Boutique opening Даниа 10 од 10 прекрасно фустанче убава и нежна шминка, фризурата би можела да биде подобра,но во ред е. Но најголем впечаток фустанчето ми остави навистина убаво. Sienna Miller attends the opening ceremony of the 21st British Film Festival Сиена 8 од 10 бидејќи не сакам животински принтови. Инаку ок е. Rihanna attends the Miu Miu Ready to Wear Spring/Summer 2011 show during Paris Fashion Week 0 од 10 не знам како воопшто ја примиле таму! Одвратно! Не знам дали пробува некој Винтаж стил,но апсолутно не и оди! Keira Knightley attends the Chanel Ready to Wear Spring/Summer 2011 Кеира совршено! 10 од 10 за такво случување комбинацијата е прекрасна, фризурата и шминката исто така. Одлично. Dita Von Teese attends the Jean Paul Gaultier Ready to Wear Spring/Summer 201 Дита 8 од 10 не ми се допаѓа шминката пре нападна ми е и од сето црно и црвениот кармин изгледа пребледо... Инаку во ред е.
Леле мори Ријано тие чорапиве и штикливе од бабами да не ги позајми? Ах чекај бе ни бабами нема вакво нешто Ужас! една голема 0!
А што мислите за изгледот на Blake Lively и Ryan Reynolds на премиерата на филмот Green Lantern ( која се одржа денес на 17 јуни ) ? Blake Lively Ryan Reynolds Двајцата заедно