1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Red Carpet + oценување

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 10 октомври 2010.

  1. love.edward

    love.edward Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2011
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    245
    фустанот на Блејк многу ми е грд, иначе девојката убаво се облака ама како да утнала со фустанов. Рајан супер е, ама она кондурине не му се излижани малце? -.- некако ич не му одговараат со оделото, повеќе ми штрчат.
     
  2. MoonChild

    MoonChild Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    91
    како ви се допаѓа комбинацијата ,мене баш ми е убава убаво е фустанчетоо :)
     

    Прикачени фајлови:

  3. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Формата и кројот на фустанчето се преубави, но боите воопшто не ми се складни. Горниот дел и е бордо, долниот дел јако црвен, а штиклите накај лила ми маваат.
    Подобро ќе беше горниот дел да биде црн, долниот бел а штиклите црвени. :inlove:
     
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Тоа е класика веќе видено и многу досадно.
    Ние македончињата недај боже да комбинираме бои, сите мешања на бои ги поврзуваме со кловн, со циганска облека, со скитничка...
    НЕ, модерно е, преубаво е да се мешаат бои, така не си ист како целата маса луѓе.
    Секоја и чест на Ева Лонгорија, преубава комбинација! Чевлите совршенство :inlove:

    Инаку Рајан со исклучок на чевлите е одличен, чевлите се добри но за поспортска комбинација, не за ова преубаво одело.
    Додека Блејк дел ми се допаѓа а дел не. Она што ме нервира е прекратко што е долното фустанче и широко во долниот дел, доаѓа како да облекла фустан врз фустан. Требало да е потесен тој дел а мож и малку подолг. Јас сакам бело а и чипка така да со мали корекции може фустанов да е одличен. А ми се допаѓа што е комбиниран со златно ;)
     
    На renata77, SunFlower94 и la.parisienne им се допаѓа ова.
  5. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Да, знам јас и во македонија имам видено девојки кои носат облека со повеќе измешани бои. Ова е прашање на вкус, а секој си има различен вкус. :)
    И јас сакам мешање бои, но јас лично никогаш не би искомбинирала црвено со розево, црвено со бордо... :) тие бои ми се многу слични и за моите очи, барем на мене сметам дека не стојат убаво :)
    Секоја чест на оние кои си се носат така, особено на оние кои преубаво им стои. :)
     
  6. litllemonster

    litllemonster Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    4
  7. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886

    За првата комбинација нема многу да коментирам, впрочем фустанот е многу обичен и нема некои посебни детали што искрено мене ми смета, или ако е обичен фустанот бар да има добар аксесоар, вака поминува незабележана, единствено самата појава Џесика самата по себе привлекува внимание, во последно време сите селебрити ги гледам со ваква боја на облека, можда им е хит :)

    Што се однесува до втората комбинација-солидно, баш младолачки што би се реклo, иако пак ќе кажам некако не сум многу импресионирана и од двете комбинации на Џеси :) И простувам само затоа што е убава :P
     
  8. la.parisienne

    la.parisienne Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    172
    Преубава комбинација на синиот фустан и накитот кој Џесика го носи. Совршено се надополнуваат. Убаво и стои и црвениот кармин, нема прејака шминка на очите и не изгледа евтино, а и прочитав во Cosmo дека оваа сезона се комбинираат јаки со јаки бои. Така да, :up: .

    Вториот outfit е типичен girly. Изгледа баш романтично и нежно, облеката е нешто што јас би го искористила за романтична вечера за двајца :$ . Вниманието го привлекуваат чевлите. Целиот outfit како да вели: I am an angel, but I can be such a devil sometimes. :)
    А, оваа облека баш и прилега и на бронзениот тен.
     
  9. la.parisienne

    la.parisienne Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    172
    Што мислите за овој фустан на Miley Cyrus кој го носеше на Оскарите 2010?
    Мене ми се допаѓа многу. Не ми се допаѓа какво држење има, мислам дека некоја друга ѕвезда би го износила подобро, а и белезијата би ја иставила, би и ставила некоја помалечка, понежна.

    [​IMG]
     
  10. litllemonster

    litllemonster Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    4
    не е лош фустанот на мајли ми се допаѓа посебно горниот дел од фустанот како да има корсет а и светките даваат повпечатлив изглед на фустанот фризурата и е супер и одговара со фустанот шминката е супер но би и ја заменила да белезијата со некоја понежна....
     
  11. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.240
    морам да кажам дека девојчето во овој фустан ми изгледа многу диспропорционално,
    многу голема глава има
    на некој друг сигурно ке ми се бендиса ама овака малку потешко,
    треба да ја игнорирам мајли целосно
     
  12. stewart

    stewart Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2010
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    30
    Ако го гледам само фустанот тогаш би му дала 10ка, но заедно со накитот, фризурата и целосно Мајли... :x
     
  13. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Џесика на двете фотографии ми е преубава. Секогаш зрачи со сензуалност, женственост и убавина.
    А кај Мајли држењето никако не ми се допаѓа. Секојпат ми е некако машкаста, подгрбавена...
     
  14. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    За Алба....првиот фустан не ми се допаѓа,не сакам такви кроеви,неинвентивни да речам :) Ако го носи за да го прикрие стомакот во бременоста тогаш е ок,ама инаку мислам дека фигурата и дозволува да облече нешто мнооооогу поинтересно.
    Во вториот случај ми е супер,онака баш младалачка комбинација,модерна,супер.
     
  15. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Фустанот на Мајли не ми се допаѓа бидејќи изгледа како да облека корсет и долга сукња над него.
    За Ева Лонгорија ми се допаѓа комбинацијата,но не и боите.
     
  16. litllemonster

    litllemonster Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    4
    1.тејлор свифт секогаш изгледа прекрасно но овде некако не ми се допаѓаат штиклите некако не ми оди со фустанот а и малата ташна што ја има е златна боја некако не ми оди...фустанот е прекрасен црвена боја одлично и стои на тејлор...феминки ваше мислење???
    http://famewatcher.com/wp-content/uploa ... -dress.jpg
    2.Овој фустан на ешли и стои прекрасно ми се допаѓа како се е искомбинирано интересн крој има фустанот...
    http://cdn.buzznet.com/media/jjr//2008/ ... rds-04.jpg
    3.И за крај џесика алба.Се повеќе и повеќе ме изненадува со нејзиниот стил БРАВО! многу елегантно фустанот е прекрасен...
    http://www.millionlooks.com/photos/Jess ... -Paris.jpg
    што мислите кој фустан е најубав на тејлор на ешли или на џесика???
     
  17. stewart

    stewart Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2010
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    30
    За Тејлор немам некој посебен коментар освен дека имала многу подобри комбинации. Фустанчето е симпатично но ништо посебно :|

    Кај Ешли ми се свиѓа тоа што фустанот го искомбинирала со едноставни штикли и нема ташна. Можеби не и биле потребни алките, но и вака е ок. :)

    Од сите овие комбинации на Џесика ми е најубава. Се заљубив во комбинацијата :inlove: Фустанчето е толку нежно и и одговара. Шминката е дискретна...едноставно 10/10 :D
     
  18. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Eве ги тенисерките на црвениот килим на забавата по повод започнувањето на Вимблдон.
    И ги бива спортисткиве? :)
    Со оглед на тоа што тоа се спортски девојки кои пола ден се во тренерки или спортска гардароба, мора да кажам не се лоши воопшто ;)

    Шарапова
    [​IMG]
    [​IMG]
    Модерна си е девојкава нема што :)

    Серена Вилијамс
    [​IMG]
    Уф уф не ја коментирам. ужасна ми е!

    Возњацки
    [​IMG]
    Одела на сигурна црна варијанта, убаво е фустанчето.

    Лаура Робсон
    [​IMG]
    Повеќе ми личи на макененка. Убав фустан и чевли дефинитивно. Само фали подреч акцесорис.

    Ана Иванович
    [​IMG]
    Дефинитивно најсмела комбинација. Фино е фустанчето, само цветот ме нервира а и убава боја а и таа е доста секси.

    Јелена Јанкович
    [​IMG]
    Не знам зашто никогаш не ме воодушевувала, а фино изгледа, али секогаш имам за неа ама :)

    Лисицки
    [​IMG]
    Портокаловка, фина е, али ми изгледа фустанов ко за на тениски терен, сличен дизајн :lol:

    Сорана Цирстеа
    [​IMG]
    Фустанот ми е преубав, а и преубаво и стои, одлична е
     
  19. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Серена ужас...многу е страшна :x
    Сорана Цирстеа- убаво, нежно
    Другите не ми оставија некој посебен впечаток. :)
     
  20. la.parisienne

    la.parisienne Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    172
    Шарапова и Ана Иванович изгледаат прекрасно. Другите онака, додека Вилијамс е ужаас.