Eве како изгледаа некои ѕвезди кои ги познаваме на the MuchMusic Video Awards во Канада: Нина Добрев & Иан Сомерхелдер Јас на Нина би и дала 7, а на Иан 6. Можат и подобро. Селена Гомез 9 - Изненадува во последно со добри парчиња. Лејди Гага 7 - Бидејќи повеќе и ги сакам полудите аутфити. Селена Гомез & Џастин Бибер на сцената Овде 10. Двајцата изгледаат многу убаво. Па, што мислите?
^ На Нина ми се допаѓа фустанот и чевлите, но косата и' е утка според мене. 8/10 Иан... 5/10. Не ми се допаѓа, колку и да барам нешто убаво во оваа комбинација. ^ На Селена фустачево преубаво и' стои, а и убаво искомбинирала со чевлите. 9/10 ^ Гага - 2/10. ( За карминот и очилата ) ^ Колку и да зборуваат лошо за нив, мене ми се многу убав пар. Двајцата скоцкани од глава до пети. 10/10
Не сум голем фан на Селена Гомез и Џастин Бибер но ке ги искоментирам само нив бидејки навистина се прекрасно облечени.Облеката е едноставна но топ,од глава до пети се средени прекрасно
Let's talk wizards fashion Денес во Лондон се одржа премиерата на 'Harry Potter And The Deathly Hallows, Part 2', која беше наменета само за екипата од феноменалниот серијал. Онаа, за нас - гледачите е на 15 јули, па затоа додека чекаме ајде да коментираме како нашите омилени волшебници изгледаа чекорејќи на можеби и најдолгиот црвен тепих до сега Даниел Редклив и Бони Рајт Мене воопшто не ми се допаѓаат; 6 за двајцата. Ивана Линч Иако додека чекореше по тепихот изгледаше преслатко, сега забележувам дека чевлите се некако прегруби во однос на фустанчето, јас би одбрала некои понежни, така да 7 - според мене. Том Фелтон, и девојката ( најверојатно ) - Џејд Оливиа Кога и да го видaм мене ми е презгоден, така да му давам 9.5, а, и од Џејд фустанот изгледа прекрасно, можеби со некоја друга фризура, малце по гламурозна би изгледала магично, но и вака поминува - 9. Руперт Гринт И покрај тоа што се чини дека сакото му е тесно , Руперт изгледа сосема ОКЕЈ како за на црвен тепих, па така 7.5. Ема Ватсон Мислам дека поубава неможеше да биде. Оскар де ла Рента совршено ја надополни нејзината убавина. - 10! Џо Роулинг Колку и да е модерен цветниот дезен, мене овај аутфит никако не ми се допаѓа, ми изгледа како градина. Така да..5.
Ниту Ретклив ниту Бонни не ми се допаѓаат воопшто, чиста (6ка.) Фустанчево на Линч е предобро и бојата и све добро се вклопува (9) Фелтон одлична комбинација ми се допаѓа, ( Оливиа промашена инвестиција (6) Гринт .. прилично океј, сакото некако не ми се вклопува со панталоните.. Ема Ватсон - прилично добар фустан (7) Џо Роулинг- ама ич не ми се допаѓа фустанов преобичен и премногу цветен (6)
Роулинг Со сета почит кон делото кое го создаде, но мене никако не ми е по мерак фустанов. Можеби е интересен на прв поглед, но ме потсеќа на некоја стара мушама за на маса. 1 Ватсон Блеска како и секогаш, дури и со кратка коса. Совршенство од девојка, според мене. 100000000 + Гринт Во дечково сум заљубена од својата седма/осма година. И навистина, иако копчето ќе му препукне од тоа што е тесно, и иако панталончињата го прават низок и со кратки ноџиња - за мене тој ќе си остане first love. 8 Фелтон & Оливиа Преубави се. Немам никаква забелешка! 10 + Линч И јас се сложувам за чевлите, не се во согласност со фустанчето. 7 Редклив & Рајт Знам дека Англичаните имаат некоја чудна мода, но ова ми е ептен старско. 4
Кејти Пери заедно со Ники Минаж во пакет и марш во канта. За мене е претеризам ова, и не ја разбирам поентата што треба да се постигне. Ниту убаво делува за очи, ниту е складно, ниту и ласка. Не знам до каде планираат со аутфитиве да одат, ама дефинитивно границите се надминати, па сега секоја сака да се истакне, па ајде преку облеката. Неможам ни оцена да дадам. Ми делува многу гламоурозно, а и се гледа дека и е пријатно во тоа што го носи. Бојата ми е интересна, фризурата е одлична и обетките се впечатливи. 10/10 Е ајде сега кажете ми дали ова е секси?? Мене ова ми е страшно вулгарно! Делува како кобасица во целофан замотана, а градите и се некако спласнати. Инаку фустанот е убав, и накитот е на место. Фали поинтензивен кармин. 7/10 Ми се допаѓа што Адел е свесна за совјата фигура и вешто си ги покрива маните. Фустанот можеи и не е којзнае што, ама должината на ракавите и на здолништето се идеални за нејзиното тело.Чевлите се интересни, ама не сум водушевена од фризурата. Мислам дека една голема алка би дошла супер. 8/10 На прв поглед ми е хаотично, натрупано и пердувесто. Самата креација не ми се допаѓа, иако околу деталите се погрижила и се е на место. 6/10 Ќе додадам уште неколку: Бритни си останува достојна на лошите комбинации. Никао не разбирам како ова фустанче(или споени панталончиња?) одговара со овие гломазни и грди чевли. Нивната големина и ги скратува нозете и прави да делува како труп. Ниту шминката не е впечатлива, а ниту фризурата. 3/10 Ванеса одела на олд холивуд лук, ама некако нешто не ми штима. Мислам дека е фатена од лоша перспектива, ама и се исцртува стомачето на лош начин. Шминката е добра, ама фризурата требала да биде малку поинаква. 6/10 Морам да признаам дека фустанот на Мајли ми се допаѓа, и кога излезе на сцената ме изненади пријатно. Единствено што не ми се допаѓа е ланчето, од кое нема потреба покрај овие обетки. 9/10 За нејзини години е супер дотерана. Можеби требала да избере некоја весела чантичка да го разбие црнилото,или пак интересен накит, ама и вака поминува. Сепак ова е комбинација со која нема голема утка, не е смела, видена е. 5/10 И Селена ми изгледа фантастично! Фустанот е необичен, и не ми се допаѓа многу горниот дел, ама морам да признаам дека одлично и прилега, а уште поодлично е комбиниран со златните чевли,ташна и алка. Мислам дека малку потемна шминка на очите не би била на одмет. Сепак 10/10
Кети-ужасс!!! 0/10 Бијонсе-ми се допаѓа фризурата, шминката, обетките, само фустанот би можел да биде малку подобар! 8/10 Ким-убава фризура, и фустанот е убав но не и стои на Ким воопшто...накитот е ОК, би можела да биде подобра шминката 7/10 Адел-би можела да облече нешто по младолико, како баба ми е...фризурата 0...ми се допаѓа шминката! 5/10 Кели-искрено, не ми се допаѓа...фустанов никогаш не би го облекла! 3/10 Бритни-ми личи на робот! чевлитее фали накит, шминка, фризурата не нешто нај! 2/10 Ванеса-голем сум обожавател на Несса, но овој пат не ме воодушеви! ми се допаѓаат накитот и шминката, фустанот не е толку лош....а фризурата каква прекрасна коса има, ова и фалеше! 7/10 Мајли-се е на место, браво! 10/10 Ребека- ПРЕКРАСНА КОМБИНАЦИЈА...најубава ми е од сите овде 10/10 Селена-ми се допаѓа фустанот! само горниот дел би можел да биде подобар...добар накит, фризурата и е убава... 9/10
Да надополнам од VMA`s. Најубајте ги немате клаено Немам коментар, сликите кажуваат се. Мислам дека фустанот не му одговара на фигурата. Чевлите се ок. 3/10 Фустанчето е ок, ама чевлите не ми се бендисват. 7/10 8/10
Кети-неми се допадна воопшто 2/10 Бијонсе-супередна од поубаво облечените 9/10 Кимне е нешто нај нај 8/10 Адел-ми се допадна фустанот и чевилте но не се за VMAТРЕБАШЕ НЕШТО ПО УНИКАТНО И ПО ИНТЕРЕСНО 6/10 Кели-искрено, БЕШЕ СУПЕР СРЕДЕНА И ФУСТАНОТ БЕШЕ ОК ама нешто како да фалеше 8/10 Бритни-не е за нејзини години 4/10 Ванеса-УЖАС и здебелена 0/10 Мајли-КАТАСТРОФА 1/10 Ребека- ПРЕКРАСНО изгледаше и шминка накит и фризура се беше погодено 10/10 Селена-вториот фустан на селена поубаф беше овај воопшто не мисе допадна ама останатото беше суперр 6/10 џеси уникатноо 9/10 ники-лудоо 8/10 деми -воопшто не ми се допадна 4/10
Кети-10 Бијонсе-7 Ким-8 Адел-2 Кели-6 Бритни-5 Ванеса-5 Мајли-10 Ребека-8 Селена-10 Ники-0 Џеси-6 Деми-10
да бидам fashion police..: -Nicki Minaj девојкава сака да фура некој гага стил ама не и иде нешто најдобро./2 own: -Аdele многу старински се облака женава.. /6 own: -Vanessa Hudgens како и Selena Gomez не се облекуваат колку што имаа години во некои од креациите изгледаат многу постаро./9 :up: -Kim Kardashian добро мора ли секогаш да биде со ци**ите надвор?! /5 own: -Katy Perry некогаш знае да дојде во некоја убава креација ама некогаш..интересно ми е кај кети што секогаш има интересни маникири на ноктите /9 :up: -Beyonce па претежно убави креации има /10 :up: -Аngelina Jolieима стил навистина е секогаш во убава тоалета/ 10 :up: -Jennifer Lopèz секогаш е во прекрасна креација и не е нападна воопшто/10 :up: -Lady Gaga си има свој стил и е уникатна/8 :up:
Кејти ми личи како да се маскирала за 1ви Април. Па добро бе каде е стариот холивудски гламур, одсега се вака ли ќе одат? Бијонсе премногу ми дречи фустанчево ( а тоа го кажувам јас, која обожава кога луѓето носат светли облеки во смели бои). Ким ми е тотална утка. И ова вас на секси ви изгледа? Мене на ништо друго не ми личи , освен на дебела жена. Воопшто не и стои. Прешироки колкови, а во горниот дел кај градите цела висната. А и премногу светкаво е, а фризурата е најобична. Адел се појавила со најлошата можна фризура. Личи како да ја фатила во репче, да нанела лак за коса и да ја пуштила. А за фустанчево, сваќам дека сакала да си ги прекрие недостатоците, ама можела бар убав фустан да најде. Кели ми е премногу кич. Само тоа имам да го кажам. Бритни воопшто не сакам светкави работи, а посебно не некои што се поспортски, на пример комбинезон. А и цела е црна. Ванеса има сличен фустан ко на Ким , значи кич. А и ич не и стои како здебелена да е, можела бар фустан што го покрива стомакот. Фризурата и е ужас и е многу грда ( јас за неа мислам дека е преубава , ама фризурава ја прави ужасна) Мајли - што е со дезенот на фустанов? Не ми се свиѓа. А иначе нејзе предобро и стојат стреч фустанчиња. Си викате дека на преслабите ( на пр. Селена) не им стоеле и дека на Ким подобро и стоеле ама ај споредете ги со Мајли. Значи она не е ни преслаба ни дебела. Има совршена разлика помеѓу половината и колковите. Ребека па со тешко срце можам да кажам дека најдобро се облекла. Проста комбинација која не е за ваков настан туку за шетање низ град, но сепак е подобро од фрик шоуто што го приредуваат другите. Селена ми е преслаба за фустанов. Па девојкава нема колкови и ко на закачалка и стои. што се прави рокерка со сила? Фустанов би и стоел на пр на Тејлор Момсен која носи мнооооогу шминка и е рокерка, а не на Селана која едвај и моливче ставила и има бебешка фаца. Вака убав е ама не е за неа. Џеси - и што да кажам за неа? Ужас Ники ноу комент. Ств. Неможам ни да видам што носи од што натрупала работи и се изгубив во комбинацијава. Деми - не сакам светкави фустани. Добра и е фризурата. Нз како се вика убав и е фустанот , ама кондурите се уништиле Зои тука па обратно, убави штикли , ама грд фустан
Emmy red carpet 2011 Бело-сребренкасто Црвено секси Сини нијанси Minka Kelly Mногу ми е убавка, нежничка, а и фустанот ми се допаѓа, комбинацијава тегет и црно кој вели не иде. Ма тегет иде со све! 9/10 Heather Morris Јас јес да сакам карнери ама ова ми е ту мач, не ми е баш по вкус 4/10 Kristen Wiig Она што ми се допаѓа е преливањето со златен акцесорис, но горниот дел од фустанот не ме фасцинира 7/10 Evan Rachel Wood and Kate Winslet Рејчел ми се допаѓа блед тен, ретро фриз и одличен светкав фустан со убав крој, убаво и стои 10ка. Плус Елие Сааб е Но Кате не ме фасцинира ич иако станува збор за фустан пак од Елие, обичен црвен фустан кој ич не и дава сексипилност, многу умерена ми е 5/10. Heidi Klum Јој не не, ме нервира фустанот како цвет, а и не се потребни 3 скапи дијамантски прстени еден до друг да се носат. Не ми се допаѓа! Sofía Vergarad Бојата е убава, моделот фин, требала да оди или на златно или сребрено а не обетки една боја алка друг метал. Плус беспотребни се материјалите што и ѕиркаат од под фустанот, а и чворчето направено од материјал. Со корекции би била за 10, вака 8че. Gwyneth Paltrow Колку само колку би бил поубав фустанот да е едноделен, без гол стомак! А што убава шара има ептен! Kerry Washington Убаа шминка и фризура, а и фустанот до половина, ама надоле е ужас! 5/10 Emily Blunt Пак Елие Сааб, не е лош кројот, но многу детали и накинџурен и е за мој вкус.7/10 Kelly Osbourne Koга ќе се сетам која беше Кели пред 3-4 години и оваа сеа не можам да не се изненадувам. И плус моден критичар е Фустанов има убава боја и одличен е посебно во горниот дел со прерамките 9/10 Julia Stiles Многу ја сакам бојава, убав модел и чипка, но сепак ми фали огрлица. 8/10 Christina Hendricks Џоа кафанска певаљка Kaley Cuoco Не ми е јасно зашто ниски девојчици го носат овој модел на фустани со шкљ должина која ги прави џуџести Ian Somerhalder and Nina Dobrev Баш ми се убави вака заедно, одлично и за двајцата!
Minka Kelly Само долниот дел од фустанот ми се допаѓа, горниот ми е како бабичка, со исклучок на ракавите. Heather Morris Не! Kristen Wiig Ми се допаѓа тоа што се прелева. И шминката и фризурата и е ок. Evan Rachel Wood and Kate Winslet Рејчл ми е преубава, како божица некако ме потсеќа. И Кејт е добра но многу подебела ја прави кројчето на фустанот. Heidi Klum Не ми се допаѓа воопшто. Кај фустанот накинџурен и нападен па и триста прстеништа. А со фризурчето ко за гревче е. Sofía Vergarad Само завесата под фустанот и смета. Gwyneth Paltrow Да и јас се согласувам дека ако бил едноделен поубав би бил. Kerry Washington Убава е ама фустанот многу сиренски ми е. Emily Blunt Ми се допаѓа, но не многу. Kelly Osbourne Супер е само фризурата не ми се допаѓа. Julia Stiles Убава боичка, па и моделчето. Не ми се допаѓа тоа што кај има малецки гради некако уште поминијатурни и ги прави овој фустан. И да фали накит. Christina Hendricks Бугарска певачица на турбо фолк. Мислам дека ф’станон ќе и бликне, ќе се распуца. Пуна е месо. Kaley Cuoco И јас би коментирала за должината - безвезе е, уште пониска ја прави. Инаку ми се допаѓа како искомбинирала црно со црвено. Јас лично не обичам кратка коса така да не ми се допаѓа фризурата. Ian Somerhalder and Nina Dobrev Типчево одамна ми е сместено во гигантската листа на непреболени љубови. И во пижами да го видам секси ќе ми биде. Нина ми е прекрасна, фустанов многу убаво и стои и и’ ги истакнува перфектните атрибути, црвено и жешко. Накитот, шминката и фризурата ми се складни со овој изглед. :up:
Minka Kelly Баш ми е убава. Ѓердан не препорачувам поради затвореното деколте, алки-не одговарат тука, ракавите се долги чипкасти па ќе изгледа нападно. Ама, сепак ми фали нешто. Можела некои повпечатливи обетки. 9/10 Heather Morris Деколтето е преголемо, ни на сон не би сакала да се начукам во вакво нешто или пак ако видам некој во вакво нешто. Што е многу, многу е. Во целина целиот фустан не ми се допаѓа. Ептен натрупано за мој вкус. 1/10 Kristen Wiig Ова ми изгледа на некој чаршаф го собрала во фалти и ајде, фустан да ти било. Јок, не ми се допаѓа. Само ми се допаѓа преливањето на бојата. 2/10 Evan Rachel Wood and Kate Winslet Фустанот на Рејчел ми е сосема убав. И’ одговара и фризурата и се’. 10/10. Кејт ми е некако многу обична. Не ме изненади. Деколтето баш не и стои. 3/10. Heidi Klum Не ми се допаѓа. Горниот дел до пред ова ’расцветаното’ ми е сосема ок, ама надолу - . Подбро ќе било фустанот да си е пуштен надолу, едноставно а убаво. На чевлите ми се допаѓа само нијансата. Фризурата не ми се допаѓа, како залижана... 0/10 Sofía Vergarad Кога веќе оди на комбинација со црвено, требало да оди на стрикно две бои - или златна, или сребрена! Моделот ми е убав, а оние како мрежички одоздоле (парчињава де) не ми се допаѓаат. 8/10. Gwyneth Paltrow Мене фустанов ми е џипси стајл. Уствари тоа не е фустан туку дводелен костим. Фризурата така пуштена не ми се допаѓа, подоро би било со кадрава пуштена коса или пак некоја пунџа. 4/10 Kerry Washington Фустанот не ми се допаѓа од половината надоле. И тоа ич. Без таков дел ќе биде многу подобро. 5/10. Emily Blunt Не ми е нешто посебно. Просечно, онака. За мој вкус е пренатрупано. Фризурата е океј. 6/10 Kelly Osbourne Хм... Па, не е по мој вкус. Не ми е нешто посебно. Прерамките се штосни. 6/10 Julia Stiles Добро е, само што делот кај вратот ми е празен. Добро би дошол некој ѓердан. 9/10 Christina Hendricks Деколтето не ми се допаѓа. Фустанот е многу накинџорен, а воопшто не одговара на нејзината висина, ја скусува уште повеќе. 0/10 Kaley Cuoco Должината не е убава. Или подолг, до штиклите или пак до над колената, вака не ми се допаѓа. 7/10 Ian Somerhalder and Nina Dobrev Двајцата ми се супер. Преубави се. 10/10
Добро бе оваа Кристина Хендрикс шо се замислува дека е којзнае колку згодна и секси. Сакам и поштувам и облини и големи гради, ама побогу оваа е одвратна. Препрепрепреисфорсирано. На која слика и да ја види човек, увек е со градите притиснати со сила до нос, пошо без тоа до колена веројатно се. Софија Вергара има голема цицка али е жена и пол и знае да се носи. Оваа е евтина до немајкаде.