1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Red Carpet + oценување

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 10 октомври 2010.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    А малку нашиве да ги дирнеме :)

    Ajде Макфест 2011 ;)

    Ристе
    [​IMG]

    Наде
    [​IMG]

    Водителката
    [​IMG]
    [​IMG]

    Гаџа
    [​IMG]

    Никола и Дарко
    [​IMG]

    Елена и другарка и :D
    [​IMG]
    [​IMG]

    Бојан и женцка му
    [​IMG]
    [​IMG]

    Тарабунче
    [​IMG]

    Влатче
    [​IMG]

    Патетичните Лоба и Билбилов
    [​IMG]
    [​IMG]

    Наташа
    [​IMG]
    [​IMG]

    Белов :rofl:
    [​IMG]

    Емил
    [​IMG]

    Орхидеја и некст тајм
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    И победникот
    [​IMG]

    Ивица :D
    [​IMG]

    Сања
    [​IMG]

    Бојана
    [​IMG]

    Повелете не се штедете :D
     
  2. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Ауу не се штедам, почнувам одма. :D

    Ристе добра замисла, ама малку реализацијава е .... Не знам зошто облекол иста боја на кошула со панталоните. Инаку трегерите и часовникот се супер.

    Наде- толку демоде фустан, виден преку 1000 пати искомбиниран со евтин накит!! Единствено што ми се допаѓа е фризурата, за другото можела да се потруди повеќе.

    За Водителката неам зборови. Не знам дали ми се потслоши од брадавиците или од моделчето што делува така простичко. Вториот фустан е во ред, ма да многу монотоно делува целиот аутфит.

    Гаџа си е во некој фазон и тоа е во ред со оглед на песната. Страшно иритирачки ми делува што со капчево и очилата некако ми го копира Тони.

    Дарко и Никола ми се убаво средени, тренди и шмекерски. Е малку бодат очи плесачициве, што ја убиваат целокупата слика.

    Елена и непознатава кога ги видов првпат си викам -Еве ги Бијонсе и Лејди Гага во наша верзија, како излезени од спотот за Telephone. Делуваат атрактивно, тоа е факт, ама за креациите сами по себе можам до утре да мрчам.

    Бојан ми делува малку смешно во капутов, како некое набиено човече со мешлак. :tmi: А за девојката немам посебен коментар, убаво е искомбиирано и одбрала убав накит.

    Тарабунов-ѕвездо моја патетична!!! :*:

    Влатче со стандард некреативна комбинација. Нема утка со џинс и црна кошула, ама досадничко е, поготово за фестивалски настап.

    Лоба е во ред средена со оглед на настапот, иако има повеќе потенцијал девојката и може да изгледа феноменално.
    Роберт мојот омилен мекотел, уште овеќе личи на полжав во облекава. Знаеме од кај им е исприацијата за настапов, среќа додале демек секси полицајка за да се разликува.

    Наташа-претпоставувам дека одела на нешто во рок фазон, ама мене впечатокот ми е катастрофален.

    Белов исто како Влатче-сигурно си е сигурно. Немам забелешки за аутфитот, го скротува тоа шаренилоод сценски настап. Патем, мислам дека неговата песна најмногу влегува во уво, фаворит ми беше.

    Орхидеја изгледа баш сценски. Фустанот е интересен и убаво и прилега. Мислам дека можела малку подраматична шминка и друга боја на кармин, лицето и се губи во аутфитот.

    Дечкото што победи исто е класика. Фино кошулче, фина панталона.

    Ивица да ставел уште лампион и таман ќе биде украсен. Не знам како ја склопил краватава што си сија со панталониве во цигла боја. Па уште и цвикерчињата што си висат... еден црвен нос и право во Медрано.

    Сања е авица- тигрица. :D Значи фустанов не е катастрфален, ама некако не ми прилега на неа. Го носи на некој селски начин. Делува на бугарка.

    Бојана заслужува аплауз за транформацијата. Кој успех е замислете што влегла во кожни панталони!!!! Мене ми смета тоа прслукот што извира, можела на друг начин да постигне таков ефект.


    Се изморив бе!!! :whew:
     
    На lolyta777 и sesilija им се допаѓа ова.
  3. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Машките изведувачи изгледа како малку повеќе да се потрудиле од обично.
    Ристе, Емил, Дарко и Никола, Ивица, браќата од Next Time - добри се сите, иако можеле да внесат некоја сценска драматичност, сепак пристојно, урбано.
    Белов остана заробен во црното сако. :yawn:
    Викторија повеќе ми се допадна првата вечер со белото фустанче.
    Наташа во последно време се труди околу настапите. После весникот, ова е одлично.
    Вера не е Вера во вакви фустани.
    Бојан не знам што сакал да постигне со овој капут па и крзното, ама женцка му е крива, требало да му каже. :)
     
  4. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Јас не го гледав ова, така да незнам какви песни имало и дали им одговарал аутфитот за на сцена со песната, ама ќе си искоментирам според сликиве :lol:

    Ристе
    Уф изгледа како да носи едноделно нешто на себе, али добро не изгледа толку лошо, донекаде е и шик :D се надевам има добра чевла 8/10

    Наде
    Не ми се допаѓа фустанот, тој тул доле ме потсеќа на фустанчиња во некој рок ( Аврил Лавињ) фазон :worried: и воопшто не и оди со фризурата. 5/10

    Водителката
    seriously? no bra? :o Многу лошо. Утка!
    греота за чевлите што биле во комбинација со ваков ф'стан 3/10 (ради чевлите само)

    Гаџа
    Тренерки со капче и патики (претпоствувам).... Немам што да коментирам. 6/10

    Никола и Дарко
    Исто облечени. Шалче, кошулче, фармерче.... :D Ај ќе поминат 7/10

    Елена и другарка и
    И што е ова сега? Не ми се допаѓа! Микс од Лејди Гага и Ники Минаж аутфити. 4/10 ( ради штиклите на Елена)

    Бојан и девојка му
    Бојан - Мачо мен :rofl: Ме нервира маичката со таков крој, тепихчето му се гледа хаха. Што знам стандард ми е во овој фазон, ништо посебно. 6/10
    Девојка му - Не е нешто посебно, ама убавка е. 8/10 ( Е што се нервирам чевлите што не им ги сликнале :devil: )


    Тарабунов
    Малце досадна и видена комбинација многу пати. 6/10

    Влатче
    Го исфенирале :D Аутфит - класика. Ќе помине ај. 7/10

    Лоба и Билбилов
    Незнам што да коментирам. Билбилов ми личи на ѓубреџија, Лоба ништо интересно. 3/10

    Наташа
    Неможам да го видам цел фустан, ама до кај што гледам, интересно делува. Накитот и шминката и се одлични но не и фризурата. 8/10

    Белов
    Секогаш, секаде ист! Не е интересен! 4/10

    Емил
    Елеков мати вода, боље без него, ќе имал некој урбано опуштен стил. 6/10

    Орхидеја
    Прекрасна ми е и она и фустанот! :inlove: 10/10

    победникот
    И тука ништо посебно, обичен аутфит. 6/10

    Ивица
    Добар е, но без краватава во секој случај. 7/10

    Сања
    Поделено и стои. И убаво и неубаво! 5/10 Ако ме разбра некој добро е :D

    Бојана
    Штоооо?! Несекајќи и паднало маичево или вака и беше стајлингот??? Целокупно 3/10
     
  5. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.756
    Ристе - ко Ристе. Делува како некој друг да го облекол, нема ништо инвентивно освен трегерите. На ваква кошула, се носи добра темна боја панталони.
    [​IMG]
    Наде - Фустанот е во ред, но и одговара на слаба тинејџерка. Јас колку што имав увид, Наде е крупна и има над 22 години.
    [​IMG]
    Водителката - Вера е глам рокерка, и вториот син фустан подобро и прилега. Првиот, не е за нејзин стил, а уште помалку за возраста. Можела да интервенира со наметка или некаков суптилен накит.
    [​IMG]
    [​IMG]

    Гаџа - си фура некој свој стил, ова во склоп со кореографијата, е ок.
    [​IMG]

    Никола и Дарко - облечени се во најнова мода. Со единствена забелешка дека половина момци во земјава го носат овој стил. Не ми е јасно зошто се плашат од бои и комбинации.
    [​IMG]

    Елена и другарка и :D - Ова беше шок за уши и очи. Елена се потруди барем да испее коректно, додека другарка и, ем што фалшираше, во ова жолтово бодеше очи. И дефинитивно сметам дека Елена требаше сама да ја испее песната, со можеби помоќно издание на овој палто - фустан. Честитки за телесниот изглед, се гледа дека се труди и негува.

    [​IMG]
    [​IMG]

    Бојан и женцка му - Бојан под итно да си го смени ставот на сцена! Ко некој тепач бик. Со овој стајлинг, боже ме опрости како евтино бугарско макро. Девојка му облечена ко за на слава. Млада, а со толку бледи бои, јок. На фестивал, ако ништо друго не промовираш освен песна, промовираш и стајлинг, креативност, моќ со појавност. Овде нешто не функционираше.
    [​IMG]
    [​IMG]

    Тарабунче - дежаву. моментот со ѕвездата е ок, некаков обид.
    [​IMG]
    Влатче - дежаву 2.
    [​IMG]
    Патетичните Лоба и Билбилов- сама си кажа - патетично. Роберт се спремил да изгледа ранливо и затворски. Лоба е уште една од барби лук цурките што никогаш немала харизма, ниту пак ќе има.
    [​IMG]
    [​IMG]

    Наташа - моќна песна, моќен фустан. Само за неа имам целосна пофалба. Од емоција до реализација, одлично.
    [​IMG]
    [​IMG]

    Белов :rofl: - Досаден, од секогаш.
    [​IMG]

    Емил - се труди, но оваа комбинација е исто така веќе видена.
    [​IMG]

    Орхидеја и некст тајм - Орхидеја изгледа преубаво, но во овој тип фустани се пееше пред 15 години. Некст тајм? - следен пат подобро.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    И победникот - Ништо поразлично од просечното.
    [​IMG]

    Ивица :D - гледам дека се обидел да измеша стилови, и не е лошо.
    [​IMG]

    Сања - немам коментар. Ваков бесен принт повеќе ја прави старолика и бледа.
    [​IMG]

    Бојана - пофалби за линијата, утка за комбинацијата. Помина времето кога Гвен Стефани вадеше прслуци на мегдан. Сега не е тренди, туку е убер невкусно.
    [​IMG]
     
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    На Билбилов уште брадичка му фали и ист Ахмед кафанџијата од Кога лисјата паѓаат :D Видете му ја фацата само и замислете го со брада! ИСТ!

    На Наде не и стои тоа фустанче.

    Водителката со црвениот фустан кај што е како од бордел да излегла.

    Гаџа ми е одвратен и отсекогаш ми бил, башка што и да облече човеков едноставно не му стои бе, со тоа кусите ноџиња :worried:

    Никола и Дарко се ок, мада повеќе ми се свиѓа комбинацијата со ременот, а танчеркиве не ми се јасни воопшто.

    Другарка и на Елена (незнам која е) и Елена заедно ми се многу ефтини. Особено другарка и, таа комбинација ја имам гледано на некоја селебрити из иностранство :D

    Бојан не чинит, палтото е вишок. Џенцка му е супер.

    Тарабунов бе хахаха види како грефче некое е, обично некако, нема што да се коментира.

    ВлатЧе ко крава да го лижела, и патем таман помислив после бруката на Евросонг Влатче ќе не лиши од појавување на секој фестивал, оно еве ти го пак. И уште не ми е јасен филмот со гитарата |(

    Наташа (прв пат ја гледам), ама ок е, ми се допаѓа.

    Белов... Ах, таман ќе речев ко од кафана да излегол, оно гледам сценскиов настап бил во тој стил нешто. Белов ми е во комплет за греови, и како појава и се во пакет.

    Емил - Распашана команда, но ме густа ич. Марама, елек... Пренатрупано, ко од мочање да излегол ми е.

    Орхидеја е убава, не дека е Велешанка, да не помислите нели, ама убава е, и згодна. Само горе кај градите не ми се допаѓа фустанов, а дека и стои убаво - да.

    Победникот е ок, ништо особено, ама убаво изгледа.

    Ивица, ах бе Ивица... Како Тошо Малерот со машната, Тошо во еден скеч (не се сеќавам кој) има носено машна на маица бела.

    Сања ми е убава.

    Бојана е нај големиот промашај во пакет заедно со Ивица.

    Толку.
     
  7. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Ристе
    Ми се допаѓа свежина што сакал да ја донесе или тој што го облекол да донесе со комбинацијава. Ама премногу бордо на едно место а Новата година е далеку октомври сме. Со крем панталона како трегерицата поубаво би изгледало.

    Наде
    Ова е класичен досаден матурски и полуматурски фустан, а Наде ни е тинејџерка, а ни оди на матура.

    Водителката
    Мора да и ги пофалам плавите чевли кои уште во темата на Макфест и ги пофалив :lol: , но фустаниве и се потпросечни, а и една постара жена на позиција водителка на фестивал кој го гледаат од 5 до 105 години не треба да дозволи брадавици на виделина. Постои супер избор на градници во денешно време.

    Гаџа
    Стандард шема негова класика.

    Никола и Дарко
    Овие барем се потрудиле во изгледот и пофалба за тоа, но многу ми се темни зашто не облекле шарени кошулки барем.

    Елена и другарка и :D
    Се гледа а воедно и слуша, двеве оделе на варијанта еротика а батали пеење. Ми личат на копии на Кети Пери.

    Бојан и женцка му
    Бојан попримил од бугариве, ко божем манга некоја е, а па кога ќе видам цвикери на сцена и ланче извадено, крзно на јакна да не влегол во хип хоперски филм? Катастрофа. А како на цуркава моделче има за 600 денари во Евроазија го носи пола Скопје. Иновативност чиста нула.

    Тарабунче
    Се погрижил за сценски настап и да изгледа слично на танчерите но е многу бледа копија и досаден стајлинг.

    Влатче
    Овој гарант заборавил да се облече или му се заклучила вратата од собата неможел гардаробата да си ја земе или имало пожар му изгорела облеката или некој друг инцидент. Зашто вака вајда и по дома се шета со фармерки и црна ефтина кошула.

    Патетичните Лоба и Билбилов
    Сеуште неможам да се приземам од нивниот настап, уште солзи ми течат.
    Лоба како заштитно лице на Пикокс можела да ја средат поубаво, а за овој мутле не коментирам.

    Наташа
    Девојкава си имаше добра песна која одлично ја интерпретираше и сакаше фустанот да и одговара на сцената и песната. Ми се допаѓа што си имаше приказна во главата за нејзиниот стајлинг и поврзаноста со песната. А и ми изгледаше како да ужива во тоа што го носи, фин акцесорис, фина фризура, малку пренападна шминка за мој вкус но сепак давам позитивна оценка поради тоа што знаеше таа што сака да постигне со комбинацијава.

    Белов :rofl:
    Ова одело вајда му е истото од Операција триумф дека и таму носеше само вакви комбинации со оделце. Досада!!! :tmi:

    Емил
    Се потрудил, му треба повеќе малку но одел на спортска комбинација, а фестивалот не е спортски натпревар.

    Орхидеја и некст тајм
    Орхидеја ми е полн погодок и како треба да се погрижи некој за на фестивал. Си сошила модерен фустан, убаво тело, убав лик, убава коса. Само она заслужува чиста 10ка.

    И победникот
    Се облекол за свирката после макфест што ја имал во штипското кафуле :?:

    Ивица :D
    Ова е најлошиот машки стајлинг.

    Сања
    Делува многу ефтино, ко бугарска певаљка.

    Бојана
    Јас се изненадив кога ја видов, се стегнала се скоцкала ослабела изгледа бракот и годи. Ама извини Бојана не ми требаат твоите гради со се црниот цел градник сервирани на тацна.


    Како и да е треба да сватат дека фестивал не е свирка па и да бил фестивалот нискобуџетен сеедно. Среди се, дотерај се, види на интернет што е модерно, сошиј фустан или потруди се за сценски настап. А не женскиве тука да ги видиме на некоја свадба да речеме ќе се 100 пати подотерани од сценскиве настапи на фестивали. А исто и за мажи, тие па мислам фармерки, патики, обична кошула од 500че, краватата на тато и може да пејат. НЕ! Средете се.
     
  8. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Прво ќе кажам, леле како не сум ја видела темава :tmi: , па хоби ми е да јадам г**мна за нашиве „џет-сетери“и општо за селебрити пипл ин да врлд,
    второ, не го гледав т.е. слушав фестивалов си ги поштедив ушињава од таа тортура и
    трето се согласувам со Роси, ова нашиве немаат појма од сценска гардероба и шминка.

    Епа сега вака :
    Ристе симпатично момче, но со иста боја на кошула и пантолони ми изгледа како во некој комбинизон пикнат. Едното од овие две да било во друга боја би било многу поубаво и помодерно. Добриот часовник и трегерите ј вадат комбинацијава колку толку, инаку би бил тотална утка 4/10.
    Наде нејзиниов фустан ми изгледа како да е позајмен од некоја матурантка од претходниве генерации, фризурата е добра, накитот така така, ама фустанот многу лош 3/10.
    Водителкава е колатерална штета и за очи и за уши, се прашувам дали воопшто таа знае што е тоа долна облека, и ако веќе не носи градник дали барем гаќички носи?
    Би и дала 0 или -1, ама вторите штикли и се убави и заради нив има прелазна 2/10.
    Гаџа мене искрено неговиов стајлинг ми делува како да е на проба а не на фестивалски настап, претпоставувам нешто хип-хоп му е песМата ама па тренерки и капа, не ми е накако за фестивал тој има 2/10.
    Никола и Дарко у реду што пееле дует ама па неморале во исто да се облечат, можеле малце по креативни да бидат, но комбинацијата не лоша, интересна е, далеку подобра од онаа на Гаџа на пример 7/10.
    Елена и другарка и интересни ми се, само некако стајлингов боље би им идел за во спот отколку за на фестивал, но се потрудиле, ако ништо друго барем пуштиле М-ТВ 6/10.
    Бојан и женска му, дечково катастрофа, ко мафијаш во булгарски спот ми делува, па уште и ланчето и наочарата, за него 1/10, а цурава не солидно комбилизонче, само штиклите што неможам да и ги видам за тоа што се гледа 7/10.
    Тара, ахх проклета да е шминкерката што го нагрдила, а инаку вака кошулче, машна, фармерка и сако, онака не е лошо, но некако лежерно ми делува, ако вака оди на фестивал каде треба да е тип-топ тогаш на свирка да го очекувам во шорц и рамбовка 4/10.
    Влатче, кој бе Влатче те исфенира, фенот да му прегори, косата му е 100% утната, многу посимпатично делува кога не му е фенирана, а ова кошула и фармерка е досадно и монотоно а и некреативно 2/10.
    Лоба и Роберт, абе девојчево има потенцијал, згодна и убава е, да ја средиле како што треба ќе изгледа ко бомба, вака во мантилов ми е како на брзање за на свирка да застанала да отпее па да продолжи 3/10, Роберт е уживеан во улогата, па незнам дали да го коментирам стајлингот или тоа што во нашите затвори немаат портокалови униформи, тоа само во амерички филмчиња кои Роби изгледа многу си ги гледа 1/10.
    Наташа иако првпат ја гледам цурава морам кажам дека шминката, фризурата и гардеробата и се одлично ускладени. Криво ми е што неможам да и го видам цел фустан но од ориложеното не изгледа лошо 9/10.
    Белов од сите машки од фотграфииве неговиот стајлинг највеќе ми прилега за сценски и фестивалски настап, само она ципелана малце ко да ми боде очи ко на шпиц да ми иде 9/10.
    Емил воопшто не ми се допаѓа особено моментот фармерка во чарапа, а одозгора патика, па четка фризура и ужасно ме потсеќа на оној Кико од Идол, заради кошулата ќе добие 3/10.
    Орхидеја и Некс тајм девојкава ми е најдобро од сите облечена, можеби за нијанса појака шминка, но фустанот и е одличен 10/10, а момаков веќе виден на секој настап и секој спот таков стил си фура 5/10.
    Победникот со саксофонот во позадина ми личи на кафански певач, но вака каишот и фармерките му се ок, ам кошулата никако не ми се допаѓа 2/10.
    Ивица абе не е толку лош под услов да ја извади таа сатенска машња и тоа наочарите од џеб, така би бил ок, ама со машњава е ужас 1/10.
    Сања можда мислела да ја копира Џеј Ло, ама за џал копијава не и успеала, фустанот ко фустан не е лош, јез да малце на блгарска певица потсеќа особено со накитот кој е сувишен 4/10.
    Бојана па не е лоша освен прлукот кој е цел излезен, доколку тоа горе поинаку било изведено повеќе би ми се допаднала 7/10.
    :whew: :whew: :whew:
     
  9. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Ристе - Не е толку лоша комбинацијата но бојата малце ми вреска :) .

    Наде - Типкава направила толку досадна комбинација што и самата не е свесна.Со овој долниот дел на фустанот ко од Црниот Лебед ми е излезена,накитот не ми се допаѓа.

    Водителката - Верна на ужасните модни комбинации,и двата фустани се за никаде но морам да кажам дека штиклите од втората комбинација ми се допаѓаат.

    Адрија Гаџа - Не ми се допаѓа стилот кој го фура,така да и овде како и секогаш ми е глупо облечен.

    Никола и Дарко - Многу ми се допаѓа,многу ги сакам и двајцата и супер се облечени,во нивен стил 8) .

    Елена и таа другарка и (пошто никој не спомна име мислам) - Ужас во боја ама буквално :) .Се потрудиле да ги ископираат Гага и Кети Пери но ако мислам дека стилот на Гага и Пери е кловновски ова ми е уште покловновско и кич.

    Бојан и Соња - Бојан е стварно како некој макро тип :) а Соња е убаво облечена но ништо посебно.

    Александар Тарабунов - Па добро што му фали на дечкото па толку го критикувате.Убава му е комбинацијата само ѕвездичката ми е некако да кажам смешна и непотребна во целиот аутфит.Он си има харизма,што и да облече.

    Влатко а.к.а Џон Бон Џови wannabe - Овој стварно не можам да го коментирам оти самата појава ми е одвратна.И стварно не разбирам и јас што е финтата со таа гитара,само за моден додаток му служи изгледа |( .

    Лоба и Билбилов - Како прво не ми се допадна сценскиот настап па затоа не ми се допаѓа оринџ затворската униформа на Роберт а Лоба ми е прекрасна,што и да облече оваа девојка и стои добро.

    Наташа - Само фризурата и е добра,фустанот не ми се свиѓа.Кожа,нешто светкаво,нешто сребрено се ми е некако натрупано.

    Александар Белов - Комбинацијата како комбинација не е нешто ептен лошо но самиот тој ми е да кажам,секогаш ми изгледа како да има птичје гнездо во косата.

    Емил - Ми се допаѓа,обожавам ваков стил.

    Орхидеја - Убав фустан но можела и без тоа сребреното на фустанот.

    Зоки - Не е лош,ми се допаѓа.

    Ивица - Малку ми е како циркузант,стварно можел и без таа машната.

    Сања - Досадни ми се вакви фустани,можела нешто пооргинално да смисли.

    Бојана - Стварно што е финтата со извадениот градник :^) ,кожените панталони се убави.
     
  10. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Ристе
    Не го знам дечково, ама мене ми е симпатично облечен, посебно ми се допаѓа што панталоните и кошулата се иста нијанса.Плус со трегерите, одлично :clap:
    Наде
    Воопшто не ми се допаѓа фустанов, нема никаква креативност во него, сто пати виден на интернет.И не ми се допаѓа изборот на обетки.
    Вера
    Иако не сум воопшто против неносење прслук, тука ич не ми се допаѓа како и стои.Па и сепак, манифестација е, требала да стави, не си шета на улица.Фустанот инаку ми се допаѓа, ама требало со малку потемни хулахопки.
    На втората слика, штиклите сепреубави, фустанот катастрофа.
    Гаџа
    Овој Гаџа многу знае да се занесе во комбинациите, многу гледа MTV.Некогаш знаел добро да смисли, ама тука не ми се допаѓа, особено моментот со наочарите.
    Никола и Дарко
    Ок ми се, стандардно, само Дарко не е лошо малку да подослаби.
    Елена
    За никаде ми е, ни за пред мтв :D Не знам каков ефект сакала да постигне со тоа што не се дооблекла.
    Бојан
    Не ми се допаѓа кога настапуваат со капути, па и со крзно овој, мислиш настап на отворено е, па и наочари, немој молим те, рефлекторите го ослепуваат.Баш ми делува како да нема самодоверба, па се крие.Девојка му не е лоша.
    Влатко и Тарабунов ми се ок, само не ми е јасна ѕвездата кај Тарабунов.
    Лоба и БилбиловЛоба изгледа решила да ја копира Лонгорија кај Летерман, единствено косава ми се допаѓа.Билбилов изгледа во Комуналец се вработил :)
    Наташа
    Ми се допаѓа девојкава многу, само не морало толку нападна шминка.
    Белов
    Како и Тарабунов, изгледа и него го влечеле за кравата пред настапов.Вака ми се допаѓа, е сега тоа со краватите е веројатно мода, ама мене не ми фаќа око.
    Емил
    Без шалот би било супер.
    Орхидеја
    Не знам што да речам за фустанов, не е толку лош, ама јас не би го носела.Ми се допаѓа што не ставила никаков накит :clap:
    Победникот
    Нормално, просечно облечен.
    Ивица
    Ваков стил ич не ми се допаѓа и не се разбирам многу, па не знам што да искоментирам.
    Сања
    Без ланчиња би било поубаво.Зашто толку сакаат да се китат?!
    Бојана
    За никаде.Што повеќе да кажам?!
    Значи, оној Ристе и девојката со кожниот црн фустан ми се најубави.


    Познатите на Модната недела во Њујорк

    Бијонс и Соланж
    [​IMG]

    Ана Винтур и Тејлор Свифт
    [​IMG]

    Серена Вилијамс и Ким Кардашијан
    [​IMG]

    Луси Лиу
    [​IMG]

    Бар Рафаели
    [​IMG]

    Ед Вествик
    [​IMG]

    Ники Минаж
    [​IMG]

    Келан Луц
    [​IMG]

    Мајкл Даглас
    [​IMG]

    Каролина Куркова
    [​IMG]

    Кели Озборн
    [​IMG]
     
  11. Insanity

    Insanity Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    59
    Ајде ЕМА наградите :D
    1.Кети Пери
    [​IMG]
    2.LMFAO
    [​IMG]
    3.Бруно Марс
    [​IMG]
    4.Колдплеј
    [​IMG]
    5.Селена Гомез
    [​IMG]
    6.Џастинчо
    [​IMG]
    7.Адам Ламберт
    [​IMG]
    8.Џејсон Деруло
    [​IMG]
    9.Дејвид Гета и Тајо Круз
    [​IMG]
    10.Џеси Џеј
    [​IMG]
    11.Кејти Би
    [​IMG]
    12.30 seconds To Mars
    [​IMG]
    13.Ејми Ли и Некој Типац :)
    [​IMG]
     
  12. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    1. Keјти Пери 1/10
    зошто? зошто мораше сега да се фарба во розево? па и цела облечена во розево? ужасно.

    2. ЛМФАО 3/10
    океј, ваљда во нивен стил.

    3. Бруно Марс 3/10
    исто океј.

    4. Колдпеј 8/10
    кежуал, и супер се такви. :)

    5. Селена Гомез 10/10
    веројатно единствениот фустан кој ми се допадна вечерта. преубаво и стои.

    6. Џастин 10/10
    морам да признаам, од машките најдобро се средил. :)

    7. Адам Ламберт 3/10
    ужасно.

    8. Џејсон Деруло 7/10
    добро, само незнам зошто фармерките морал да ги стави внатре во чизми или што и да носи.

    9. Дејвид Дета 9/10
    сакото е доста интересно, само некако патиките не ми одговараат.

    10. Тајо Круз 5/10
    мен ин блек (незнам кој дел) :D

    11. Џеси Џеј 1/10
    со некој килограм повеќе исто како дита вон тиз ке ми е..

    12. Кејти би 1/10
    типично.

    13. 30 секунди во марс 4/10
    како и ЛМФАО, во нивен стил.

    14. Ејми ли 1/10
    знае и поубаво, мислам готикот како стил на облекување го сакам и можела да избере друго нешто. ова на неа ми е само како еден куп крпи.
     
    На Belieber163 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Модата на ЕМА наградите беше ужас!!!
    Затоа не ја ни коментирам, ќе ставам се ниски оценки.

    Еве од неколку свечености црвен килим.
    Нешто поженствено и поубаво, а не циркуз како ЕМА.

    Cosmopolitan Ultimate Women Of The Year Awards 2011

    Kylie Minogue
    [​IMG]
    Едноставна и убава, ми фали само накит нешто црнилово да го разведри. 8/10

    Abbey Clancy
    [​IMG]
    Колку поубаво би било ако фустанов е доооста пократок и посекси изгледот ќе е, вака ем и ја скратува и изгледа ниска, а манекенка е. 4/10

    Jameela Jamil's
    [​IMG]
    Сликава ја ставив за да ја пофалам најоригиналната чанта! :wasntme: Воедно фустанот има ептен убава боја корална.

    Glamour Women Of The Year 2011

    Jennifer Lopez
    [​IMG]
    Не е лоша, но таа била облечена каде каде поубаво, не ме воодушеви со изгледов. Но сепак секси шлиц нема што 8)

    Jessica Alba
    [​IMG]
    Воопшто не е по мој вкус, на калуѓерка ме потсетува :$

    Emma Stone
    [​IMG]
    Фустанот ми се допаѓа, но прво и е предолг, а второ нема потреба од толку ланци, доволно е што има каиш. А вака неколку ланци на врат, неколку во рака и не ми се допаѓа тоа. 5/10

    Lea Michele
    [​IMG]
    Ова е одлично, гламурозно, едноставно, а сепак толку убаво. 10/10

    ELLE 18th Annual Women in Hollywood Tribute Awards

    Frieda Pinto
    [​IMG]
    Лоша реализацја на Фрида со Келвин Клајн, лош фуста со ужасна должина и грди чевли. Фино е ланчето за разбивање монотонија, но сепак фустанот се уништува. 2/10

    Abigail Breslin
    [​IMG]
    Тетка! А има 15 години :o катастрофа 1/10

    Јennifer Aniston
    [​IMG]
    Лампионска топка. Згодна е но преголемо деколте за мој вкус. Ал нога ипол 8) 8/10

    VERSACE FOR H&M RED CARPET

    Blake Lively
    [​IMG]
    Едноставно, а убаво ептен 10/10

    Coco Rocha
    [​IMG]
    Блед тен, бледа облека, ко гола да е. Ич не ми се допаѓа 2/10

    Jessica Alba
    [​IMG]
    Ептен слично со она погоре, светкав фустан, црни салонки и хулахопки. јес да овој фустан е подобар каде каде. 7/10

    Jennifer Hudson
    [​IMG]
    Фин фустан, убаво и стои но дефинитивно друга ципела би одбрала.

    Allegra Versace
    [​IMG]
    Многу слаба, анорексична беше она нели?
    Сукњата е убава, но зошто е цела во црно кога е преслаба :tmi:
    Па земи друга боја вака изгледа ко чечкалица.

    Byrdie Bell
    [​IMG]
    Многу сакам свечен фустан лелеав на кожна јакна. Ептен ми се допаѓа комбинацијава 10/10
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  14. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Kylie Minogue
    И јас се сложувам со Роси, фали нешто да се разведри цел изглед

    Abbey Clancy
    Само шарката ми се свиѓа, друго ништо. Навистина куса ја прави, а оние штикли :puke:

    Jameela Jamil's
    Ташничката и е закон! :rock:
    Ми се допаѓа целосно, само шишкине како кровче и се.

    Jennifer Lopez
    Прекрасна како и секогаш, немам замерки

    Jessica Alba
    Тоа целото светкаво, а одоздола како кошула да носи, не ми одговара воопшто.

    Emma Stone
    Целосно ми се допаѓа, бојата ми е многу убава на фустанот.

    Lea Michele
    Убаво е, ми се допаѓа фустанот, но фризурата не.

    Frieda Pinto
    Фустанон како хамер да умотала околу себе

    Abigail Breslin
    Навистина е како теткица, не ми се допаѓа

    Јennifer Aniston
    Мене ми се допаѓа целосно

    Blake Lively
    Преубава, најубава!

    Coco Rocha
    Ми се допаѓа бојата на фустанот, ама ете тоа што е слична боја со тенот не. Како некоја принцеза од игрине ми е.

    Jessica Alba
    Повторно светкаво, но поубаво од погоре. Интересна замисла.

    Jennifer Hudson
    Чизмите и се груби

    Allegra Versace
    Само сукњата ми се допаѓа... нозене - за греота

    Byrdie Bell
    воопшто не ми оди фустанов со кожна јакна, свечено и спортско заедно - утка!
     
  15. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Се сложувам за наградите ЕМА. Кичови.
    Безвкусно.


    Kylie Minogue ми е супер. Некако умее да си ги носи годините и умерена е во тоа. Факт е дека фали некој детал што ќе отскокне. 8/10

    Abbey Clancy- дезенот на фустанот ми се допаѓа, ама имам замерки за моделот. Нешто не штима во изгледов. Јас би избрала и други чевли. 5/10

    Jameela Jamil's - стварно е убава чантата. :wasntme: Мислам дека изгледов треба да се доработува многу, почнувајќи од фризурата и недостатокот на мали детали. 4/10

    Jennifer Lopez пак со смел фустан. Убаво изгледа, нема што, иако можела да си поигра со изборот на чанта и друга боја на кармин. 8/10

    Jessica Alba- грешката што ја прави е тоа што избира црни чевли и црни дебели хулахопки речиси секогаш. Многу поубав ефект ќе имаше без хулахопките и со поинаква фризура. Инаку фустанот како замисла ми се допаѓа, само должината да беше малку поразлична, над колената. 7/10

    Emma Stone- фустанот е убав и и прилега на бојата на косата и самиот тен. јас би ги оставила ланците, ама намето оваа чанта би земала едноставна и малечка. Дефинитивно треба друг кармин да стави. 8/10

    Lea Michele и од мене 10-ка, затоа што е отмена и ненападна. Прекрасен фустан, убава шминка и фризура. :clap:

    Frieda Pinto - мене ми се допаѓа моментот како чевлите и ланчето го компонираат аутфитов, ама линијата на овој фустан е за друга девојка. Воопшто не и стои ваков модел. 4/10

    Abigail Breslin- сакала да си игра со бои и да го постигне младалачкиот ефект, ама скроз промашила со изборот на фустанот. И моделот и бојата и должината се ужасни, а чантава не е за во приказнава во ниеден случај. Стилист подИТНО!

    Јennifer Aniston - мене женава ме остава без зборови, просто занемувам и ја зимам како пример за тоа како треба да се држи една жена во тие години. Изгледа прекрасно! И да сакам, замерка не можам а најдам. 10/10

    Blake Lively- Јас овој фустан го гледам во сосема друга комбинација. Можела да избере други чевли за да биде повпечатлива. 9/10


    Coco Rocha- не се ни гледа колку е лош овој фустан од толку што е бледа. Катастрофален и ружен со примеси од некоја старовековна инспирација. 2/10

    Jessica Alba- дефинитивно треба да ја носи косата фатена. Многу убаво фустанче и јаки чевли , иако не се приметуваат многу добро. 9/10

    Jennifer Hudson- изгледа дека ваквите модели и се омилени. Фустнечто е во ред, ама чизмичкиве не се комбинацијава. 8/10

    Allegra Versace- Кошулата со оваа сукња не. Ептен се измиксани текстурите и делува кичасто. Да одберела друга смирена варијанта на кошула, каде-каде ќе беше поубаво. 3/10

    Byrdie Bell- убав фустан, кој можела да го носи во свечено светло. Одбрала рок фазон што е сосема во ред, ама требала да се потруди за шминката. 6/10
     
  16. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    [​IMG]
    Не ми се допаѓа што се офарбала розова. Не одговара,цела розово.. Палтото ми се допаѓа. 3/10
    [​IMG]
    Ми се допаѓаат, но не ми се баш за некој таков настан. 5/10
    [​IMG]
    Како младоженец ми е Бруно. Бојата ми се допаѓа. 5/10
    [​IMG]
    Ништо посебно.. 2/10
    [​IMG]
    Нааајубава ми беше, од сите. Преубав фустан, преубаво и стои .. 10/10
    [​IMG]
    Од секогаш ми се допаѓало кошула и блуза , па 10/10
    [​IMG]
    Многу ми е плав, како да е дојден од некаде. 2/10
    [​IMG]
    Добар е ! Лајк ! 7/10
    [​IMG]
    Како животно ми е. Не го очекував ова од неа .. :^) 2/10
    Останатите надоле, не ме мрзи да ги пишувам ,туку не заслужуваат повеќе од 1 , за мене ! :)
     
    На Belieber163 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    American Music Awards

    Taylor Swift
    [​IMG]
    Знаев! И без да ја видам ќе ви кажев дека носи светкав фустан. Не сум видела подосадни и послични стајлинзи, едно исто носи секогаш. Светкаво! Убавка е, аман АМАН смени облечи нешто друго поразлично!

    Katy Perry
    [​IMG]
    Оваа влезе во некој пинки фазон, освен чевлите ништо друго не ми се допаѓа. 3/10

    Julie Bowen
    [​IMG]
    Ова ми се допаѓа, 10ка би дала само ако не беше толку светкаво, бар некои бои без светки да беа, но сепак едноставно а убаво изгледа. 9/10

    Mary J. Blige
    [​IMG]
    Не ми се свиѓа принтов а и не и требале толкави обетки нападни. 3/10

    Jennifer Hudson
    [​IMG]
    Браво за фигурава, ко вајана е. Секоја и чест. Ама фустанчево едноставно не го бива. Бугарска певаљка. :| Штиклите ок се, ама па многу светкаво бе некако, сите се во светки аман :) 5/10

    Selena Gomez and Justin Bieber
    [​IMG]
    Побогу у кој филм се? На оваа фустанов и е грд, сатен бе обичен |( а овој плиш, диригентси комплет и спортска патика. Бљак. Никакви се! 1/10

    Heidi Klum
    [​IMG]
    Уф фустан хартија. Донт лајк! 2/10

    Ј Lo
    [​IMG]
    Јеееес! Нема светки :lol: Навистина ми е убава, како дрвце, шлиц и нога убава и чевли црни ми се допаѓа најмногу од сите погоре кичови. 10/10

    И за крај Бијонсе со мешенцето :wasntme:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    По по деколте ипол 8)
    Убавица бре!
     
  18. guguence

    guguence Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    291
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    обично ја мразам ријана ама фустанов и стои феноменално
    на пене лопе крус и давам 9
     

    Прикачени фајлови:

  19. Belieber163

    Belieber163 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    444
    1. Keјти Пери 1/10
    Не...Розевата коса е тотално промашување :puke:
    2. ЛМФАО 10/10
    Супер се во нивен стил

    3. Бруно Марс 5/10
    Добро е ама розевото ми дречи... :?:

    4. Колдпеј 3/10
    Можеле и подобро да се средат :|

    5. Селена Гомез 7/10
    Добро е ...

    6. Џастин 10/10
    Прекрасен е :inlove:

    7. Адам Ламберт 1/10
    Очајно и ужасно... :doh:

    8. Џејсон Деруло 10/10
    Добро се средил :)

    9. Дејвид Дета 2/10
    Сакото ужас, другото може да помине... :!:
    10. Тајо Круз 5/10
    Добро е....

    11. Џеси Џеј 4/10
    Фустанот е интересен, но косата можела малку повеќе да ја среди

    12. Кејти би 2/10
    Плишот воопшто не ми се допаѓа , но само поради салонките ќе добие 2

    13. 30 секунди во марс 4/10
    Ок се...

    14. Ејми ли 0/10
    Лош фустан, а чизмите не одговатаат со таков тип на фустан :puke:

    15.Kylie Minogue 9/10
    Фали нешто во јака боја да ја разбие монотонијата

    16.Abbey Clancy 0/10
    Воопшто не ми се допаѓа

    Jameela Jamil's 10/10
    Супер комбинација, а убавата ташничка ја направила забележлива целата комбинација

    Jennifer Lopez 8/10
    Прекрасна е , но шлицот за жена во средни години би го изоставила

    Jessica Alba 1/10
    Се на се личи како средношколски стил со многу светки и глупости. Фуј :puke:

    Emma Stone 8/10
    Ми се допаѓа се но на фустан со вакво деколте не би ставила ланци на вратот туку би ставила некое по дискретно ланче
    Lea Michele 10/10
    Елегантна и убава

    Frieda Pinto 1/10
    Не ми се допаѓа фустанот, а исто така и она го носи како да и е умотан хамер баш како што вика Секси Лејди

    Abigail Breslin 1/10
    Не и одговара на годините ваков фустан и не е убав

    Јennifer Aniston 7/ 10
    Како комбинација е совршена. Но деколтето е предлабоко и фустанчето е прекратко за нејзини години.Сепак не одговара
    Blake Lively 10/10
    Дали девојкава ме маѓепсува со нејзиниот шарм или пак е прекрасно облечена сеуште неможам да откријам.

    Coco Rocha 3/10
    Чудна ми е ..Незнам дали е жива или умрена.

    Jessica Alba 9/10
    Не ми се допаѓаат многу светките но во споредба со другата комбинација оваа е супер. :)

    Jennifer Hudson 8/10
    Чизмите се чудни, не ми се допаѓаат

    Allegra Versace 2/10
    Не ми се допаѓа се вкупно, но ајде ено 2-че за суќната која не е многу лоша

    Byrdie Bell 9/10
    Убава комбинација...
     
  20. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    People's Choice Awards 2012
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]