-Секогаш одлично облечена. Права божица. Fox -Секој коментар е сувишен.... -Едноставно преубаво. Прекрасен фустан. -Прекрасна силуета. Фустан кој визуелно го смалува струкот. - -Едноставно предобро. -Мила Кунис.. Прекрасен црвен фустан и предобра шминка. -Преубавата Џоли во долг и елегантен зелен фустан... -British Comedy Awards.. Убав фустан... -
Лошо деколте, како да и’ се разделени градите. Инаку, убаво искомбинирано, нежно розе со златно, ама ептен ниска ја прави. Фризура и шминка - добро. 5/10 Тој делот на деколтето не ми се допаѓа, премногу би било разголено без него, ама и бестоа е прозирен, така да, без него. Шлицот некако не ми оди. Фризура - добро. Шминка - во очите ми е ептен зацрнета, па и’ се смалуваат. 6/10 Интересен фустан, шминка и фризура - добро. 7/10 Малце сандалите не ми штимаат, ама ќе погледнам низ прсти, преубава е! Шминка и фризура - натурал, многу солидно. 10/10 Замислата испаднала друга. Горниот дел ајде, ќе помине, ама тие ресите долу? Милион пати би било подобро без нив. Шминка - добро. Фризура - ќе помине пунџава. 4/10 Штиклите ми се како влечки. Фустанот - грд. Уникатен е, оригинален, ама многу лош. Нема ташничка, соу бед. own: Шминката и коњското опавче ќе поминат. 0/10 Едноставно и убаво. Интересна е кошулата како и сакото. Добра замисла, добар производ. Шминката и фризурата се многу едноставни, ама убаво е. 9/10 Убав фустан, добра салонка, добра фризура и шминка. Само, мислам дека нешто ми фали, ама добро е и вака. Можеби обетките би требало во некоја друга боја и ташничката да биде пожива, ама изгледа не сакала да ризикува чим се одбрала за црно-бела комбинација. Како и да е, супер е. 10/10 Шминка и фризура - супер, многу солидно. Штиклите - добри. Ама, фустанов ич не ми штима. Од грд - погрд. Па како ја оцртува..бљак. 2/10 Гордниот дел на фустанот - ќе пројде, ама долниот ноу веј. Материјалот е светликав и не ми се допаѓа. Штиклите - ужас. Шминка - многу едноставно, ама ако. Фризура - можело поубави бранови (локни) да и’ направат, а не вака. Или пак пеглана коса. Нема ни ташничка, а и никаков акцесоар. 1/10 По-драч не можело значи. Бојата е слатка, ама многу нападна и треба да се користи умерено и умно. Целосно фустанот - не ми се допаѓа. Штиклите - не можам да ги сфатам. Фризурата и шминката добри се. Обетките се убави. 3/10 Фустанот е добар, ама многу е плиток горниот дел кај градите. Должината не ми се допаѓа. Ако не друго, барем да биде поприпиен во делот кај бутовите и нозете. Замислата за сино-златна комбинација е успешно остварена. 9/10 Деколтето е утнато, а и овај шпицот на штиклите... Добра шминка, добра фризура. Сума сумарум - ништо посебно, ама ќе пројде. 5/10 Фустанот т.е. ресите ми се ужас. Јок, не ги бива. Штиклите не се нешто убави, ама слатки се. Шминка и фриз - солидно. 4/10 Убав фустан, добри штикли. Ми фали само некоја ташничка. Шминка и фризура - солидно, многу. 8/10 Шминка и фриз - добро. Дали е до позата, не знам, ама фустанот не ми штима баш. Не е убаво изведена црвено-сребрена комбинацијата. 5/10 Фали ташничка. Фустанот е загонетен и добра замисла и изведба на истата. Ми се допаѓа, не многу, ама солидно е. Шминка и фризура - исто така солидно. 8/10 Лошо. Не ми се допаѓа како и стои фустанот, а и црвениот кармин. 1/10
Не ми се допаѓа, многу полна ја прави фѕстанов. Има широки рамена па според мене не треба да носи вакви фустани. Убава бојата на фустанот. 4/10 Само проѕирниот дел кој треба да го покрива деколтето ми пречи. 8/10 Шминка и фризура солидна, но дали е до позата фустанот ужасно и стои. 5/10 Ужасна ми е. Не верував кога видов од кого е фустанот. Дали девојкава не знае како да го носи или не знам што, но лошо. 1/10 Да е фустанот краток до каде што почнуваат ресите би и дала 10ка вака 8. Поинакви чевли и фризура и би изгледала многу подобро. Чевлите никако не одат. 7/10 Преубава ми е. 10/10 Некако коланот не ми оди, но убава е. И фали малку накит. 9/10 Не ми се допаѓа ама ич. Фризура и шминка може да помине, но фустанот прелошо и стои. 1/10 Без коментар сум, нит коса средена, нит се потрудила околу облеката. 1/10 Девојкава и онака ми е прегрда ама барем нека нашла нешто што ќе и стои. 1/10 Ланчето е преубаво, фризура, шминка, но надолу лошо. Само бојата на фустанот е убава. 1/10 Ме разочара, навистина очекував од неа нешто поубаво. Не дека е лоша, но оној шарениот момент на фустанов не можам да го сфатам. 4/10 Што е со ресиве? 0/10 Фустанот ми е многу убав, но чевливе се прилично лоши 2/10 Трудница е, а изгледа многу вулгарно. Црвено со сребрено ич не ми иде. 1/10 Да не е толку долго, совршена би била. 10/10 Лошо! 0/10
Оваа убаво стокмена? Пффф. -Косата и е залижена како некоја крава да ја обработувала. -Шминката не е добра бидејки лицето и е како милка со лешници, а со повеке туш се скренува вниманието од крајно неубавата кожа. -Брадавиците и се познаваат и делува претерано курвински. -Шлицот.. што е многу многу е. Како може оваа Меган да се поредува со Џесика Алба, и Кејт Мидлтон?! Според мене нема ни Б од Божица
Вчера се одржи Златен глобус 1012 г. Имаше доста добри креации. Мене ми беа најубави: И Џоли не е лоша Мадона апсолоутно најлоша Имаше доста добри, но Софија вергара(правта слика) 10 чиста. Погоден и фустан и боја и совршено и стои. Mила кунис имала далеку подобри аутфити, но не е лоша. Шарлис ми е катастрофа. Хахди, едноставна но сепак многу убава
Eдноставно предобро. Елегантно и префинето. Неможам да и ги видам штиклите какви биле, ама верувам дека и тие биле предобри како и целата комбинација од фустан и накит. Не ми се допаѓа. Премногу ''бледа'' комбинација. Преовладува само кремастата боја и целата комбинација изгледа премногу монотоно. Чевлите и ташната би можеле барем да бидат во друга боја. Кројот на фустанот не ми се свиѓа воопшто.
^ Цурава ми е бомба!!!! Најубавата на Златен глобус без конкуренција. Aјмо ново. 2012 SAG Awards Angelina Jolie in Jenny Packham Неубаа, мушама фустан, а и се исушила нема облини ко порано, не ми зрачи со сексипил. 3/10 Emma Stone in Alexander McQueen Ја мразам должинава, а и монотоно, неинтересно 2/10 Lea Michele in Versace Погледнете ги сите слики секаде ја испружила ногата за да и се гледа шлицот, аман Не ми се свиѓа, а посебно таа шпиц чевла. 3/10 Rose Byrne in Elie Saab Oд цел асортиман на фустани од Елие Сааб она ова го облекла Jessica Chastain in Calvin Klein's Преубава боја, досаден крој! 4/10 Zoe Saldana in Givenchy couture Утка! Ariel Winter in Collette Dinnigan женче во тело на 13 годишна девојчица Diane Lane in David Meister Не е лоша 7/10 Kaley Cuoco in Romona Keveza Убавка е посебно фризурката ама стандарден е фустанов, мора да има ваков пердувест, а ги мразам таквите! 6/10 ииии трите мои 10ки одат кај Sofia Vergara in Marchesa Пак е убаа бре, не е перфекција како на златни глобуси, ама и ова и стои фантастично 10/10 Stacy Keibler & George Clooney (in Marchesa) перверзии препреубава!!! 10/10 John Krasinski & Emily Blunt Мојот фаворит, пред се ради изборот на бојата, преубава ми е! 10/10
1-Колку е трагична сликава......(како загреотичка застанала) 2-На Бијонсе како да и` е претесно и неудобно во фустанов. Мислиш секој момент градите ќе и` скокнат надвор. Иначе фустанов ми е убав. Ѓерданот би требало да биде поневпечатлив. 3-Ту мач за девојче. Со сила се прави теткица. 4-Колку типски фустан и повонебичаен. Иако на прв изглед е како за во диско, ама се` на се` кул и шик. 5-Потребно ли е да коментирам?? Кога на дете кое уште не знае како да се исправи, му даваш ваков фустан, и тоа ваков....
1- Ми се допаѓа фустанот ама многу ми е ослабната и згрбавена. 2- Прекрасна ми е како и секогаш. 3- Убава ми е, но не и одговара на годините 4- Одлично изгледа, многу ми се допаѓа 5- Бабетина... Катастрофа
Модата на гала вечерата на amfAR во Њујорк 1. Сара Џесика Паркер Како успева секогаш толку убаво да изгледа и со 46 години набутани во г*зот Прекрасна е! Иако секогаш прави некои несекојдневни и невообичаени комбинации - секогаш блеска. Иако би сакала да видам како изгледа фустанчето во горниот дел и вака многу ми се допаѓа. 9,5/10 2. Синди Крафорд Убава е, ми се допаѓа во целост само не ми паѓа на окото убаво тој дел фустанот како стои кај куковите, не знам зашто ми изгледа како растегнат. 9/10 3. Елизабет Харли Исто како и Сара, прекрасна е со тие 46 години. Немам кај неа замерки. 10/10 4. Ерин Хатертон Фустанот фин, не е нешто посебно. Фали накит. Косичено како немиено цела недела, мрсничко и несредено. Шминката тапа. 4/10 5. Џулиен Мур Прекрасна е со сите тие свои мистични изгледи. Немам замерки. 9/10 6. Хајди Клум Зашто типкава секогаш мора да ја фаќа косата во пунџа? Колку ми е преубава со пуштена коса, а таа се во пунџа. Се е топ, и шминка и накит и фустанот, само што косата и е во пунџа. 9/10 7. Лејтон Мистер Лелее! Теткица. Не ја препознав. Шишкине воопшто не и стојат. А фустанот со крзно ми е +40, иако веќе и некои од нив не се облекуваат така. Лошо! Само штиклите и ташничето ми се допаѓаат... 4/10 8. Каролина Куркова Преубав фустан. Многу ми се допаѓа целосно, само штиклицине бе. Кај уште со тие врвкиците од пред десет години. Тоа е утка. 8/10 10. Алекса Чанг Од прво по ликот ми заличи на Лејди Гага. Али како и да е ме уплаши. Ова е можеби една од поголемите катастрофи вечерта. НИШТО нема убаво на неа (освен штиклите) Прво што ќе коментирам - косата. Каде бе таква бушава? Демек мода било бушава, која мода ко од спиење да станала и ко да не видела чешел цела недела. Фацкана исплашена, очине ококорени. Како застанала као некое гревче. Облеката катастрофа... 0/10 И на крај Линдзи Лохан. Искрено поголема катастрофа од оваа неможе да има. Изгледа 10 години постаро, море какви 10. Мене за баба ми изгледа а она има само 25 години. Фустанон убав е ама не и стои. Бојата на косата утната тоталка, уште постара ја прави...
Морам само Линдзи Лохан да ја искоментирам. Што е ова бе?!?!?!? Како со сила да сакала да се направи баба од 70 години. Не е нормално ова. ОМГ ОМГ ОМГ. Катастрофа. Не ја ни препознав. Да не напишеше SexyLady кој е, сериозно немаше да знам. Свашта. 0/10
Не знам дали е со сила. Ваква е најверојатно од сите тие дроги, алкохоли.. потоа во во болница на рехабилитација... Организмот веќе и се распаѓа од дрогата..
1. Сара Џесика Паркер Не е лошо, макар што би изгледала многу подобро доколку палтото би било откопчано, а може да се изостават и ракавиците. Комплименти за бојата и формата на косата. 8/10 2. Синди Крафорд Фустанот започнува добро, но надолу продолжува како рибарска мрежа и и ги проширува колковите. Добра чантичка. 7/10 3. Елизабет Харли Секоја чест за изгледот на тие години, но фустанот не ми се допаѓа. Имам проблем со должината - би требало да биде подолг, а можела да облече и некои повпечатливи чевли. 6/10 4. Ерин Хатертон Фустанот многу ми се допаѓа, но и недостасува накит и шминка. Девојката е прекрасна и можеби сакала да изгледа природно, но требало да обрне повеќе внимание барем на косата. 7/10 5. Џулиен Мур Фустанот е добар, ми се допаѓа бојата, ми се допаѓа црвениот кармин. Меѓутоа не ми се допаѓа како делот околу стомакот е решен, ја прави да изгледа подебело. 8/10 6. Хајди Клум И јас се прашувам зошто Клум постојано се појавува со пунџи на вакви настани, па нели ги рекламира Schwarzkopf? Фустанот е интересен, но корсетот би можел да биде позаоблен, а не со остри рабови. 8/10 7. Лејтон Мистер Изгледа многу постаро за нејзини 25 години, шишки не и стојат, фустанот би бил многу поубав доколку долниот дел е од ист материјал како и горниот, а не од крзно. Ташничката и чевлите многу ми се допаѓаат. 7/10 8. Каролина Куркова Можеби најдобриот фустан до сега, но од друга страна чевлите? Исто така можела малку повеќе да се потруди околу фризурата. 8/10 10. Алекса Чанг Ова можеби не е најдоброто издание на Алекса, но девојката е прекрасна. Долниот дел на фустанот е океј, горниот би требало да биде малку потесен. Чевлите ми се допаѓаат. Исто така изгледа лошо затоа што така застанала на оваа фотографија, инаку според мене е многу убава и скоро секогаш е добро облечена (со исклучоци, очигледно). 7/10 Спојлер 11. Линдзи Лохан Само едно имам да кажам: Kids, drugs are bad Изгледа 15 години постара и покрај ужасната боја на коса и лошо избраниот фустан. И треба потемна боја, а фустанот е plain и кога веќе го облекла, требало да го надополни некако, на пример со чевли во некоја неонска боја. 5/10 Се на се, никој посебно не ме воодушеви, повеќето сум ги видела и во многу подобри изданија.
GRAMMY 2012 Rihanna E oваа фризурка со црн корен најнеубаво и стои од сите трансформации нејзини. Обичен грд фустан, многу накит златен дури и ланче ставила во деколтето бе. А и ципелката и е крш!2/10 Adele Срцка бе, многу ми е убава со ретро фризурката и црвен кармин, како пин ап девојка, фустанов е супер зашто ја издолжува, бидејки е ниска и буцкаста, така да одличен стајлинг за нејзиното тело, а носи и преубави дијаманстки обетки. 10/10 Katy Perry Во фустан од Елие Сааб, но неможам да и ја смислам таа сина коса. Кај цицките на сите слики ми е чудна. 7/10 Kelly Rowland Елегантен изглед, убав избор на накит, симпатично во секој случај 9/10 Jessie J Ич не ги сакам овие фустани ич. 2/10 Kate Beckinsale Фино фустанче ама некако тинејџерско. На греми најчесто се носи поелегантно. А убаво е фустанчето, го замислувам на некоја матурантка. Фустанов е на Zuhair Murad можела од него да избере долга хаљина 5/10 Fergie Ужас! Леле па и долнава облека мидер и градник бабски. Ужас! 1/10 Alicia Keys and Swizz Beatz Јој циркуз Плишано лилјаково сако и машна А на Алиса не ми се допаѓа фустанот робокапски ни ланчето, а штиклите исти и се со на Ријана, не ми е јасно што убаво виделе на нив едно ременче и шпиц однапред бљак. Ужас се и двајцата 1/10. Taylor Swift Па мислам многу нормално фустан со светки. Досада најголема на цел свет!!! Најди си друг стилист! Gwyneth Paltrow Вонземјанец, ах колку е слаба коски и кожа. 5/10 Amber Rose Она не е Амбер ако нема на себе дречливо. Нејзин стил, тоа е она, мене не ми се допаѓа 4/10 Adam Levine & Anne Vyalitsyna Тој е перфектен, а оваа ај ако не гола да дошла кога веќе сака да си го покаше сексипилот и доброто тело. Фустан кој премногу открива, не ги сакам таквите. за него 10/10, за неа 3/10. Carrie Underwood Ја гледав на црвениот тепих блескаше едноставно. Фустанов совршен е за неа. На слики ми го нема тој сјај но синојка најмногу баш она ме воодушеви. Штета не се гледа целиот гол грб на фустанов. И шминка и фризура се тип топ 10/10 Lily Aldridge Перфектен изглед на една трудница, перфектен! 10/10 Paris Hilton Aко заборавам дека она е Парис Хилтон, ако и ја отсечам главата е тогаш за фустанот ќе ставам оценка 10/10 Фустанот е од Basil Soda. И за крај лудачава
Rihanna WOW шишка Не ми се свиѓа како и стои фустанот, излегува дека колковите и се над колената Adele исто не ми прави мерак изгледа како стар-мало. Би и дала едно 20 години повеќе со овој изглед. Katy Perry Е ова е веќе друго, иако би било многу поубаво во некоја друга боја. Само не и морало и косата да и одговара на фустанот Kelly Rowland ми е најубава-фустанот е прекрасен и преубаво и стои. Kate Beckinsale Симпатична, ама многу обична. Fergie Зарем има што да се коментира тука Alicia Keys and Swizz Beatz Штикли без ремче многу поубаво би изгледале на нозете на Алиша, а дечково со неа и плишот не ги можам Taylor Swift Не е лоша, ама каде и да се појави е речиси исто облечена. Gwyneth Paltrow За фигурата што ја има можела многу подобро. Amber Rose И сама се чудам на коментаров, ама убава ми е Adam Levine & Anne Vyalitsyna Он ми е многу добро скоцкан, оваа со него можела малку подолго, а и некои поинтересни сандали. Carrie Underwood Не знам какво тело има, но веројатно поради тежината на фустанот не може убаво да и се види силуетата и тоа ми е единствена мана. Lily Aldridge Прекрасна е. Paris Hilton Сум заборавила дека постои Инаку ми е преубава. За последната е излишно да коментирам
Rihanna- Многу е отворено деколтето,а има и ланче ставено.За новата фризура да не коментирам На ништо не и личи.Изгледа многу ефтино Adele-Прекрасна како секогаш Елегантен фустан,малку шминка,црвен кармин и супер Katy Perry-Ми се допаѓа фустанот,но и мене ми е чудна во градите Kelly Rowland-Елегантно.И накитот и се совпаѓа со фустанот. Jessie J-мене ми се допаѓа што е различна од другите,уникатна е Тоа ретко се наоѓа и не се цени! Kate Beckinsale-не ми се допаѓа фустанот.Како некој партал завиен ми е Fergie-да му се згади на човек Alicia Keys and Swizz Beatz-овие стварно како на циркус,што е финтата со овие незнам ни како да ги кажам...штикли прозирни па шпиц Лилјаково сако и машна! Taylor Swift-не е лоша...но веќе е досадна со тие долги фустани со светки! Gwyneth Paltrow-ми се допаѓа фустанот...но очигледно на неа не и стои.Ја истенчува уште толку! Amber Rose-WTF?! Ова е фустан? Adam Levine & Anne Vyalitsyna-Адам ми е супер.А оваа подобро да дошла гола.Како може така да оди па и на Греми Carrie Underwood-Од сите ова е најдобро. Lily Aldridge-нежно,но женствено.Супер за трудница. Paris Hilton-како секогаш прекрасно изгледа.