Сите е добри, освен Ријана, многу се замислува Ама најубава ми бесе Анџелина Џоли, фустанот е преубав а и она добро се држи, единствено што не ми се допаѓа Е НОГАТА!
It's time for other.. Во палетата на бои за лето, ја прифаќам бојата на топ-от. Сукњата исто, добра е. Ама штиклите? Па и згора на се’ косата... Вау! Ама, важно она зрачи... Прекрасна неутрална комбинација. Со ноти на префинетост, романтика, но и бунтовништво. Косата и дава тинејџерски изглед. Фина комбинација. Но, изгледа не умее да носи штикли и такви свечени фустанчиња. Цела ми е згрбавена. Нема став, нема гламурозност и елегантност. Јок. Јас потполно сфаќам дека асиметричните фустани се на мода. Но, како да не се погледнала пред да излезе од дома. Побогу, на што личи? Ем ја прави пониска. А тие сандалите со реси „каубој-стајл“ ужасно се вклопуваат со фустанот. Можеби бојата на каишот и ташничето со сандалите е исто, но, се што лета не се јаде. А и некако кафеавава боја ми се чини преостра за овој фустан. Сепак, треба нешто пофино. Просечна комбинација. Ваљда земала поука од Анџелина Џољи, па не си ја испакнала ногата низ шлицот. Ако, ако. Само, ми фали нешто.. Некои алки на десната рака, некој гломазен прстен. Косата во расфрлана пунџичка убаво би се вклопила, ама и вака е добро. Сакото е добро, иако низ градов мој видов многу подобри. Е сега, панталонките не ми чинат. Панталониве никако не ми одговараат со чевлите до глужд и кошулата закопчана до најгорното копче. Јас сфаќам дека сепак, тоа на чевлите е чипка, ама да беа ракавите на сакото засукани до лактите, ќе ја прифатев целата комбинација. Ми се допаѓа кошулчето што ѕирка под сакото. Ова не и требало. Сета таа комбинација ми е ужасна. Што не очекував баш од нејзе. Знам дека и таа има утки, ама не до толку.. Фустанов ми е просечен. Или потпросечен. Да бил без ролка, би било подобро. И без чизмите. Инаку, чизмите се баш лепотици. Само, треба да ги комбинира со друго, вака воопшто не доаѓаат до израз. Нежно и фино. Ништо нападно, но мислам дека би требало каивче во некоја по дречлива боја. И алки. Сандалките се фини, но уште подобро би било да се во појака боја, вака не доаѓаат многу до израз. Но, се’ на се’ - добро е. Добро, знаеме дека златната и е омилена. Ама, искрено, претерува. Добро е што си облекла штикли, наместо тие нејзините кантри чизми. Фустанот е нешто подобар, не е со светки барем. Некако, во деколтето ми е чуден фустанот, не и стои баш најдобро. Но, како и да е, мене ми е прекрасна. Ми се чини дека ова е едно од подобрите. Прекрасно. Ми се допаѓа текстурата на фустанот. Едино, ми фалат некои алки, прстен.. Не би рекла дека е добра. Всушност, фустанот ќе пројде некако. Ама, штилите не доаѓаат во обзир. Женава воопшто нема стил, стално е со ужасни утки. Нека си го смени стилистот. Ова ако личи на 11 годишно девојче, да земам да си испукам куршум у главава моја. Абе ај! Па плус и офарбана коса. Ма, знаев дека со првото гледање на whip my hair ќе ја замразам. Знам дека е мала за стил, но ова е претеризам. Единствено јакната ми се допаѓа, ама само како посебно парче. Другово е аут. Фустанов ми е утка, не гледам ништо убаво во него. Плус, оваа (шејм он ми, ама прв пат ја гледам) не знае да го носи. Се чини дека главата ќе и експлодира, толку и е голема... Па побогу, се знае дека не секаква фризура одговара на секој тип глава. Исто како што не секој модел на фустан/сукња/блуза/итн. одговара на секој/секое тип тен/тело. Ова ми се допаѓа, иако сметам дека комбинацијава е оставена на половина. Постојат модни додатоци, инаку.
Модата на Kids choice awards, благо кажано, ужасна.... Кејти Пери е како вонземјанин, дречлива, нападна и напорна. Ако целта и била да биде приметлива, супер, од авион може да се забележи оваа зелена боја, за која мислам дека е криминал да се носи како аутфит. Селена исто трганала по најдебилниот тренд, здолниште со висок струк и маичка ала 90-тите. Мене ми е просто ужасно за очите кога ќе видам вакви парчиња во една комбинација, иако нејзинава некако поминува, заради боите што се комплементираат. Кирстен избрала преубав фустан, а и штиклите се одлични. Меѓутоа, џабе парчињата кога не знае како да ги носи. Одвратен став, па што и да облече нема да дојде до израз. Ешли ми е промашај. Прво, тие големи колани, што сечат на половина се скроз аут оф дејт, а поготово на ваков потенцијално добар фустан. Како може таква убава боја да се осакати со толкав црн појас?!?! Штиклите се лош избор за ова, а косата и шминката и се ужасни. Сара делува недораснато за ваков модел на фустан, кој поради бојата , ме потсетува на кимоно за гејша. Многу слабо. Не остава впечаток со ништо, нема добри акцесоари, нема добра шминка ниту впечатлива фризура. Викторија Џастис зезнала работа со чевлите, кои се прекрасни, само не во оваа комбинација. Каде е чантата, накитот, шминката?! Хајди е исклучително секси. Не знам зошто, ама комбинацијава само на неа би можела да излгеда вака. Фустанот има обичен крој, ама совршено одговара со нападните чизми. Од мене има 10-ка за фризурата, шминката, лакот и накитот. Ема Стоун некако ми се губи во овие неутрални бои. ПЛус плавата коса, скоро би била неприметлива. Фустанот е убав, а требале чевлите да бидат нијанса потемни, ама скроз друга боја. На ваквиот изглед фали бродо кармин. Тејлор Свифт се облекува како теткица, а морам да додадам дека видно е разружнета. Фустанот и не би бил толку лош, да беше со должина прикладна за млада девојка. Шминката е бледило. Келси Чоу е најприкладно облечена за настанов. Интересен фустан, убави штикли и умерен накит. Кели Озборн и Вилоу Смит ми се тотална утка. Ариел Винтер избрала убав фустан кој за жал не и прилега. Недостига и чантичка, убави обетки и појака шминка. Миранда Косгрув ми е тотална фраерка во овој фустан. За жал чевлите лошо стојат , ја срактуваат во нозете и даваат груб изглед. Да одберела чевли од друг материјал, комбинацијава би се смирила и би била супер. Нешто поинвентивно треба да направи со косата, а и чанта е нешто што не може да се избегне.
Bernice Bejo Не ми се допага.2/10 Gwynet Paltrow Ми се допага префинета е.9/10 Angelina Jolie Убаво и стои црна боја, ми се допаѓа и како и стои црвениот кармин,косата и е убава, ама досадна е вејке, секогаш исто изгледа. 9/10 Penelope Cruz Многу добро,раскошно,преубава боја на фустанот. 10/10. Jessica Chastain Фустанов ми е у најмала рака кажано грд, не сакам златно, но толку ми е убава и мила на фаца што и ова може да помине. Најмногу од се ми се допаѓа косата. 6/10, Viola Davis Вчера на ТВ ми изгледаше пристојно, но на сликава изгледа ко марула. 1/10. Stacy Keibler Кажав - не сакам златно, ама немам видено утки кај оваа девојка, па така и овој фустан и стои совршено. 9/10. Milla Jovovic Ох. Ја обожавам, и и давам 10/10, не поради тоа, туку фустанов ми е совршен. Само што ќе ја погледнам - блеска, нема потреба од детална анализа. Е само би го сменила црвениот кармин.
Billboard Music Awards 2012 Моделчево би било слатко ако некогаш одлучам сирена да се правам за карневал. Ама стварно, бојата е таква светава, и целиот фустан ми е некако неубав. Ми се допаѓа косата и шминката. Преубава ми е. Само горниот дел на фустанот ми е некако weird, ама ќе помине.. Што и се случило? Не дека очекував нешто гламурозно, елегантно, префинето.. Ама барем девојчево имаше добри комбинации некогаш. Тенов ми е стварно грозен, а косата... Мене баш ми е убава. Иако велам дека треба да има нешто кое ќе ја разбива монотоноста, сепак многу ми е убав фустанот каков што е. Како да се замотала во милето на баба ми. Ма јок, но ме густа. Ај тој градникот што ѕирка - ќе простиме, ама и тие кремови штикли на што одговарат? А оној „ѓерданот“ ? Боже мој, милион тула не можела да си стави? Too much е за мој вкус. Е аман, сите почнаа со вакви фустани. Не ми се допаѓа. Мене ми е баш слатка. Ми се допаѓа и фустанот и бојата на карминот. Само чантичката не ми штима баш. Категорично не, па скраја да е.. Да бил обичен пеплум би било далеку подобро. Вака не ми штима самиот фустан. Градите како на изложба да и се. Инаку, ми се допаѓа фустанчево. Многу лошо. Како прво, долниот дел на фустанов вришти. Второ, сакото воопшто не ми одговара во сета таа комбинација. Да ги немало тие цирконите (впрочем, ми делуваат како брунки) ќе било подобро. Ама, слатка е комбинацијава. Никако! Едно од најлошите! Многу ми е ’гола’ . Не ми се допаѓа. Добро е, ми се допаѓа. А и како што можам да приметам има ослабнато бајаги.
Од последниве комбинации што ги видов ќе кажам само дека ѕвездиве можат вода да им носат на матурантките од Кочани На толку пари да изгледаш вака е греота и срамота
BBMA 2012 Alicia Keys и Swizz Beatz Убаво и елегантно. Класичен фустан, а и фризурата соодветна за приликата. Не и ги сакам обетките што ги носи на едното уво. Кај Swizz Beatz прифаќам се, освен чевлите, иако не се лоши сметам дека можел да одбере темна боја. Brandy Воопшто не изгледа како да е во 30тите! Прекрасна! Немам зборови. Ми се допаѓа бојата на фустанчето и чевлите секако, а и плик-чантата се совпаѓа со изгледот. И фризурата ми прави мерак. Nelly Furtado О, боже. Оваа девојка никогаш не ми се допаднала со изборот на облека. Особено сега. Изгледа како очајна домаќинка која брзајќи го зела милето на баба и и си сошила фустан. Па и црн градник под сето тоа бело! Катастрофа. Штиклите можеа да пројдат подобро ако не ѕиркаше црниот градник. Usher Е значи многу ми се допаѓа комбинацијава. Има храброст, а и богами добро го извел ова. Тиркизно и сиво.. кога би си ги замислила во глава тие две бои на црнец, па и не секој би можел да се носи вака. Едино косата му ја сакав повеќе скратена, не толку порасната, но сепак, одлично! Justin Bieber Не го сакам детево, ама не сум тука за тоа. Изгледа навистина совршено за негови години. Кул и лежерно, а и патиките ме освојуваат, мајке ми. Големо фраерче е со позиве, нема што. Единствено, би го одзела ланецот што му виси на фармерките.. многу ми е застарен тој модел детал. Се друго -одлично! Jordin Sparks Многу ми се допаѓа фустанчево. Иако не сакам толку отворени чевли, па и црни.. некако не ми одговараат.. таа изгледа многу слатко. Фризурата не е нешто посебно, ама може да пројде. Monica Brown и Shannon Brown Прекраснотија. Фризурата- совршенство! Прекрасен бел фустан, елегантен, а и токата оди со плик-чантата. Шминката соодветна, нежна. Можела да одбере поинкави чевли, но добро.. Shannon е презгоден и направил добар избор, единствено не ми се допаѓа што позирал со кренати ракави, како да се важни тетоважите во тој момент. Jeremih Многу убава црно-бела комбинација. Иако ова не е најдобрата поза што ја извадил на сликава, се изгледа совршено. Чиста 10ка. Robin Thicke Се враќаме во ерата на Присли?? Или подобро кажано Присли во дивиот запад. Боите се складни, ама не ми се допаѓа обидот за кантри изглед. Уште шешир недостига. Палтото како да му го изработиле К-15, а и фармерки на ваков елегантен настан не ми се сфатливи и прифатливи. Amber Rose и Wiz Khalifa Amber некако се има поправено. Фустанчето и е ок, како и чевлите. Единствено не ми се допаѓа што изгледа како градите да ќе и испаднат надвор секој момент и што ставила жолт лак. А овој Wiz е толку чудна градба.. нозеве помали од цело тело од половината нагоре. Како за него, пристојно е облечен, ама лично не ми се допаѓа неговиот стил. Еве како се облекуваат раперите денес... жално. Барем си одговараат со облеката, ако не со изгледот (таа крупна- а тој преслаб). Christine Teigen и John Legend Не ми се допаѓа фустанот на дамава, изгледа како да ќе и падне предниот дел кај градите, а John ми е срцка, баш е сладок и како и секогаш нема сомнеж за неговиот добар вкус.
ај јас ке ја оценам модата на Оскарите 2012 -преубави се и двајцата немам зборови чиста 10 -преубаво и стое 10 премногу обичен е но добро и стое 9 -косата не ми се допага а и фустано 5 -според мене една од најубавите комбинации на оскарите 10 -и оваааа е преубава комбинација 10 -многу не ми се допага материјалот на фустанот 7 -розева ташничка на што и одговара 7 една од најложите комбинациии 3 премногу кичесто 5 не е лошо 8 9 7 9 9 9 10 10 2 6 1 5 10
А што мислите за појавувањето на нашиот актер Дејан Лилиќ на филмскиот фестивал во Венеција, каде што е номиниран за престижната награда „Златен лав“ ? Познавајќи го одамна Декса, можам слободно да кажам дека ова е едно од најдобрите изданија од него. И во поспортското издание со стартките ми се допаѓа, баш тоа личи на него,а и во оделото е баш елегантен.Стварно не можам да му се изнагледам. Само имам замерка една, подитно да си го смени својот фризер. Од кога знам за него со такво несредено фризурче шета,можел за оваа пригода да ја среди малку. Како и да е браво, ова е голем успех како за него така и за нас и му посакувам уште многу вакви прошетки низ црвениот килим па и едно златно лавче да му падне во рацете. Заслужува човеков!
Од МТВ ВМА. Ријана - Ми се допаѓа. Пософистицирана страна од Рири. Накикот и е добар, чевлите исто. Фустанот е добар, како што реков софистициран ама мене ми се причинува или не носи прслук? Гледав и други слики, така изгледа. Спојлер Тејлор Свифт - Океј сваќам сакала да промени изглед, да не биде само златно и толку. Многу ме потсеќа на изгледот на Мајли Сајрус од половина нагоре, на еден предходен настан, и она носеше бел костим без блуса одоздола, само без панталони. Ќе беше подобро да облечеше некоја маица одоздола, да го раскопча сакото, и да облече некоја Кристијан Лобутин салонка, овие чевли воопшто не ми одговараат. Спојлер Мајли Сајрус - Сега, фустанот и стои мноогу убаво, добро оди со пликото, ама па многу ме потсеќа на Мортиша Адамс. Иако е плава, со тие црнине веѓи ич не одговара... Незнам што и е, свадба ќе прави она сече 80 проценти од косата... нормално сите ја пуштаат, не ја кратат Спојлер Ники Минаж - Д фак?! Зошто мислам дека оваа е бледа копија на Лејди Гага на времето. Косата е колку толку иста, оваа полицијска комбинација ми е веќе видена... И добро, што е со овие фул боди костуми што толку сака да ги носи Ни и ласкаат на телото, ни ништо... Спојлер Ема Ватсон - За мене Емка е најдобро облечена, младалачки, штосно, со јаки боички, и кондурчињата и се слатки. За мене МТВ наградите се онака полежерни, за помладата публика. Зошто би облекла фустан ала Оскарс? Браво Ема! Спојлер Деми Ловато - Повторно, лежерно и тренди. Ми се допаѓа стилот на Деми се повеќе, се подобрува. Порано беше гуди ту шуз, ама сега се гледа дека си знае каков стил и се допаѓа, добро го претставува. Спојлер Пинк- Аман бе Пинк, се едно исто па исто. Знаев дека ќе облечеш долг фустан со глупа шара и глупави долги ракави. Абе немаш тело за такви фустани и немаш. Стомакот се прозира, градите се непостоечки, и фризура ебате незнаеш друга да направиш,тоест да ти направат. Спојлер Амбер Роуз - Незнам дали вреди да ја коментирам, девојкава ми е неверојатно одбивна, ја гледам носи фустани од висока мода, а изгледа како кловн. Еве ова е чист пример! Мене ми се чини или е трудна? Бај д беј, оваа ''манекенка'' за мене е само позерка која оди со рапери, минатата или предминатата година беше на истиот настан со Канје Вест, само ги мења.... Спојлер Толку од мене.
Оценки на сите од 1 до 10 Ријана се е убаво вклопено. Незнам дали на мене така ми изгледа или е настварно така но не носи градник мислм дека поубаво би и стоело со градник.9 Мајли не ми се допага само косата другото си е ок .10 Тајлор го мења стилот добро нема замерки али сандали со оваа комбинација не ми стое баш најубаво ваков модел или ваков модел 5 добра комбинација немам замерки се си е на свое место 10 поголема утка од ова здравје 1 добра комбинација се си е на место ...10 младешки во повеке бои 9 во нејзин стил 8 можеле барем малку да ја нашминкат 6 од неа тоа и се чека долг фустан со глупи шари 1 ташната не ми оди тука 7 уште дна модна утка 1 погоре прочитав дека било од викоката мода не мис е верува напред стомак позади газ абе јаде само модни утки друго ништо 1 добра комбинација 10 убав е фустанот но не е за на црвениот тепик а и комбинација не е убава .... 4 можеле малку шминка да и стават но не и ставиле а поглупо не можело да биде 1
ВМА 2012. Ријана - Ми се допаѓа, конечно почна да се облекува како што и личи на годините, без чудни и промашени ствари.И многу елегантна е вака. Мајли Сајрус - WTF и е со косава? Ко петел личи.Комбинацијата хмм, не ми се свиѓа многу посебно кај градите тој дел.И обетките не одговараат. Тејлор Свифт - Онака, сама по себе е убаво искомбинирано, ама на нејзе не и личи.Пресериозно изгледа.И ѝ треба некој топ, маица што било одоздола. Кети Пери - Моделот на фустанот е убав, ама принтот и начинот на кој е направен некако не ми штимаат.И во контраст со косата не одговараат.Да беше во друга боја (крем или црвена) би бил десет пати поубав. Ники Минаж - За оваа не би коментирала многу.Кловн, ко Гага на времето.Еднаш се нема облечено убаво.Косата катастрофа.Па уште и огромнине бутови кои ги истакнува... own: Зое Салдана - За оваа првпат слушам, ама е една од поубаво облечените.Се е складно и скоцкано, облека, фризура, шминка...Фустанот е многу убав! Ема Вотсон - Супер за нејзини години, само она не изиграва нешто.Весело и интересно.Единствено и фали некој весел аксесорајз или чантиче. Деми Ловато - Иако не ја сакам, убава ѝ е комбинацијава, рокерски стил.Некое ланче би вметнала.И да, ич не иде со косата.Боље би ѝ било да се префарба црвена или кафеава. Алиша Кис - Не е лошо, иако не ми се допаѓа преостриот ракав на рамето, многу поубаво би било кога истиот лежерно би паѓал.И ѝ фалат некои впечатливи обетки.И да, поинаква фрзиура би ѝ стоела. Пинк - Немам посебно што да кажам, освен дека е добро, можеби малку повеќе деколте фали. Кеша - утка тотална.Почнувајќи од фустанот, па штиклите и на крај ташната.Ништо со ништо не иде. own: Рита Ора - И оваа утка, и то поголема.Незнам што сакала да постигне, али со облеката може само хипнози да изведува.Па и ланче одозгора. Амбер Роуз - Фустанот сам по себе не е лош, ако ја одземеме ролката, ама на неа ужасно и стои.Сало на све стране.И да, трудна е оваа или има огромно стомачиште? Џесика Лу - фустанов ко од они свадбарскине ми е, па и бетер.Кој можеше да креира вакво „дело“ се прашувам?Чевлите не се лоши, и фризурата. Марија Меноунос - Фустанчево би било преслатко да е од друг материјал и некоја си нежна, шеќерна боја.Ама вакво моделче со рок стил не иде никако.И со чевлите исто така. Џесика Зор - Ни е да кажам грдо, ни убава комбинација.Стварно онака, многу обично.Ми се доапаѓа траката на глава, разбива монотонија. Во целост, ми се допаднаа Ријана, Зое Салдана, Деми Ловато и Ема Вотсон. И да, имам прашање, на овие може да присуствува кој сака?Зашто пола од овие нит ги знам, нит сум чула за нив.
премиерата на Skyfall Спојлер Преубаво како и секогаш...на машките им е најлесно...10/10 Спојлер Онака во нејзин стил...и не е е лошо..8/10 Спојлер Ова ми се допага а и убаво и стои...8/10 Спојлер За нејзини години е убаво едино чатната не ми се вклопува... Спојлер Толку големи гради и вакво деколте не стои...5/10 ама затоа другиот фустан е преубав...10/10 Спојлер Баба ми не праша која е оваа невеста..и ајс кога и кажав дека не е невеста и беше чудно така да не е лош фустано али лугето нешто друго може да си помислат ...8/10 Спојлер По црните хулахопки некако ми ја грдат комбинацијата...часовникот и ланчето не е е лошо...4/10 Спојлер 10/10 ова е нешто поинакво.. Спојлер Поглупо здравје... 1/10
Модата на Kids choice awards. Па, мене искрено се ми се свиѓа. Зрачи од убавина. 9/10 За нејзините години е perfect. Само не ми се свиѓа топ-от. 8/10 Фустанот баш и не ми се свиѓа а и фризурата исто така. 6/10 DA FUQ? Е на што личи ова? Фустано може да се каже дека е убав ама со тие штикли ич ама ИЧ не ми оди. 3/10 Баш и не ми се свиѓа фустанот ама нејзе и стои многу убаво, зрачи девојкава. 9/10 Баш интересна комбинација, штиклите се преубави. Но, наместо панталонките можела да облече фармерки . 9/10 Ужас. Чизмите се убави но да ги искомбинирала со нешто друго. 6/10 Прекрасно. Како и секогаш преубава. И да и фалат алки. 9/10 Фустанчето е СОН, но штиклите некако ми се утка. И фали плико и акли. 8/10 Интересна, убава комбинација. И фали некое прстенче и алка. Другото е супер. 9/10 Прекрасна е, а и комбинацијава е супер кјут. 9/10 Овој стил баш и не личи на 11 годишно девојче дури и фарбена коса. Ма јок. Само ради облеката ке оценам со 9/10. Лелеле фустанчето...штиклите...dear god . Прекрасна комбинација. 10/10 Штиклите ми се гадни а фустанот и така и така еве 7/10. Модата на Billboard Music Awards 2012. Косата,шминката ми се убави а фустанот многу светкав. Не ми е убав. 7/10 Колку е само убав фустанот . 10/10 Што и се дешава со косата? Инаку комбинацијата ми е една од најубавите. Посебно штиклите. Сон. 10/10 Не е мој стил. Ама нејзе фустанот баш убаво и стои. 9/10 Интересен фустан . Ама штиклите не одговараат со фустанот. 7/10 Прекрасно. Јас би го сменила пликот. 9/10 Не ми се свиѓа фустанот ама нејзе многу убаво и стои. 9/10 Се убаво само чантата не ми одговара. 8/10 Штиклите и фустанот се убави, пликото е убаво но многу е мало. 8/10 ммм...ништо посебно. Штиклите ми се убави само. 7/10 Вииии многу ми е убава. И фустанот и штиклите, прекрасно. 10/10 Лошо, лошо. 4/10 Интересна комбинација. Не е нешто посебно. 8/10 Керли обично многу убаво се облекува но оваа комбинација ми е заникаде. 3/10 Прекрасно една од поубавите. 9/10 Фустанот е убав останатото не ми се допага. 7/10 За Амбер пишав. Виз ми е прекрасен. Убава комбинација. 9/10 И јас не го сакам ама за негови години прекрасно се облекува. Убав стил има. 9/10 Конечно завршив
Се е преубаво вклопено....10/10 Спојлер Се е убаво вклопено..10/10 Спојлер Преубаво 10/10 Спојлер модни утки..1/10 Спојлер 2/10 Спојлер http://www.femina.mk/images/articles/4196/07.jpg Како на закачалка и стое 10/10 Спојлер убаво ..10/10 Спојлер 6/10 Спојлер 7/10 Спојлер фустанот не е убав 8/10 Спојлер 2/10 Спојлер како на закачалка и стое 1/10 Спојлер убава,обична,елегантна комбинација Спојлер не е за такви пригоди 4/10 Спојлер некако чевлите и фустанот не ми одговарат...6/10 Спојлер не е лошо 8/10 Спојлер
Тејлор Свифт во Zuhair Murad Делумно добра комбинација но малку монотона мислам дека е премногу златно, чевли во црна боја надополнети со црна плик чанта би било подобро 7/10 Кери Андервуд во Abed Mahfouz Одлична комбинација но недостасува позацврстен граднник кој иако затворени би ги кренал и истакнал градите. Некоја алка во боја на чевлите и чантата би била полн погодок. 8/10 Гвен Стефани во Balmain Тотална утка за на црвен килим ова дефинитивно НЕ! 1/10 Кристина Агилера во Pamella Roland Можеби фустанот е малку лежарен но на Агилера и стои предобро со огред на вишокот килажа. Браво за неа 8/9 Ники Минаж во Monique Lhuillier Иако беше хиппи лето јаките неон бои пред 1-2 месеци не напуштија мислам дека Ники претерала со оваа долга жолта тоалета. 4/10 Хајден Пенетиер Преслабите нозе на Хајден во овој фустан се премногу истакнати мислам дека би било многу подобро да се појави во долга до половина тесна надолу широка тоалета со што би се истакнала прекрасната половина а покриле преслабите нозе на Хајден. Според мене 5/10 Кери Вашингтон во Stella McCartney Вашингтон комотно можела да дојде и по едноделна пижама(спаваќа) овој жолт фустан е претерано лежерен и одвратен, мислам дека подобро би било чевлите да бидат во боја на фустанот а чантата во боја на подлогата која ѕирка под чипката. 3/10 Пинк во Catherine Deane Пинк никако да се опамети повторно со долг фустан кој има нешто непотребно на него, овојпат оној горниот дел кај градите е одвратен. Но тоа е и очекувано од Пинк, има среќа што има и полоши комбинации со оглед на тоа 3/10 Џордин Спаркс во Etro Со еден збор ОДВРАТНО. Џордин како да е вратена неколку века наназат. Мислам дека оддамна му помина модата на овој паунов раскош на бои. 2/10 Хајди Клум во Alexandre Vauthier Истата замерка ја имам и тука како и кај Тејлор премногу златно да ме се повторувам, но за разлика од Тејлор, на Клум ќе и дадам повисока оценка поради шлицот кој ги истакнува нејзините нозе. 8/10 Луси Хејл Дежа ву. Комбинација која често ја среќаваме. Подобро би било чантата и чевлите да бидат во иста боја. 5/10 И еве ги последните две дами кои се појавиа на црвениот тепих на доделувањето на АМА наградите едната од нив ќе ја добие титулата 'Ин' а тругата 'Aут' Синди Лопер Дефинитивно најлошото нешто до сега. Аутот на вечерта немам повеќе зборови. 1/10 Џенифер Морисон блесна на црвениот килим во долга црна тоалета со потпис од Abed Mahfouz и беж чевли кои ја разбиваат црнината браво едноставно немам коментар ПРЕКРАСНО ја заслужува титулата Ин
Се мислев дали да овторам нова тема за модата на овогодинешните Оскари, ама веќе за секој настан има по некоја тема која ќе биде актуелна 3 дена, па вака овде ќе се обидам да издвојам некои. Годинава невестинското преовладува, де бела или беж боја пола и повеќе облекле, иновативност 0, оваа зима имаше супер бои како тренд, не знам зашто мислат дека секогаш невестинското пали, мене ми предизвика ролање со очи. Моите фаворити ги кажувам најпрво: Оливиа Мун Од поголемата доза на едноличност ми се истакнува со смела комбинација и затоа најмногу ми се допадна. Само здолништето ми е чудно кон крајот, можеби би требало финишот да биде поинаков, како слеан Спојлер Џесика Алба Освен пуфкастата чанта, комбинацијава ми е полн погодок. Не може да се занемари насмевката што секогаш ја носи, јас не ја рачунам насмевката како аксесоар, нели сега тоа е тотално ин да кажеш дека најдобар аксесоар ти е насмевката , лажната може да е аксесоар, кај нејзе ми е одлика на убавина. Спојлер Кејт Хадсон Без разлика што ми е омилена актерка, најчесто ме разочарува во нејзиниот изглед за вакви настани, тој ланскиот не ми се допадна нешто многу, овој ми е одлична спојка на црно со златно, и после 2 бремености одлично изгледа. Спојлер Останатите одат во спојлер. Спојлер Не ме чуди ако по 329823 пат ќе стане невеста, еве и еден тренинг. Мурад препотставувам е нејзиниот избор, според кројот на фустанот. Мене ми се допаѓа пошто е препознатлив и има супер модели, ама овој е веќе видено на не знам колку жени, па и ваков сличен носеше лани она. ДОСАДНО! И овој нејзиниов бејби бој ми е ролање очи, не го варам ко појава, и бело сако не варам. Чим Тејлор Свифт можела да смени после цело она шаренило и светлуцави фустани, можела и тета Џеј Ло да смени. За промена е океј. Група невести во еден кош ќе ги ставам. Немам коментар за нив. Освен дека Кели Озборн треба да се откаже од се што е поврзано со шоу бизнис, и да оди да снима реално шоу, загарантирана и е Е! програмата, за мода не ја бива ни најмалку, воедно е прогласена за најлошо облечена за 2012 а продава пуфки во Фешн полис. Хајди Клум бар еднаш да ме воодушеви со нејзиниот избор, се ми е глупо кај неа. Ех Хатавеј не ми се допаѓа, и многу е бре слаба, што стори. Анџелика Хјустон очигледно и во приватниот живот ја игра Мортиша Адамс, одлично и стои. Одам на црните, од кои Хелен Мирен ми е фантастична, Џулиана Ренсик ми е океј, аристократски стокмена, Никол Кидман сакала да се уклопи со боцките во трендот сезонава, но тој `изворот` околу мешето кои води или потекнува од меѓуножјето не и го сфаќам, Салма Хајек - божиќен подарок, закаснила со празникот, Ева Лонгорија е таман, ништо посебно, госпоџицата на Клуни не ми се допаѓа, едноличноста на фустанов ме убива, па и ми се чини ко сомот да е , Адел кога ќе облече друга боја освен црна ќе ја прокоментирам, немам ништо против црната, баш напротив ама нејзиното е стандардно, кроевите се исти, Софија Вергара не ме харесва оти очекував подобро од нејзе, не знам зошто ако имап мањак инспирација одма светки набацуваш, Рејчел Вајз без долниот дел од поставата ќе беше од-лич-на, не и требало тој дел. Патем, партнери се со Даниелчо? Зои Дешанел ми е преслатка и онака, во оваа комбинација ми е супер. Алиша Милано ме потсеќа на грчка божица, ама бојава е ту мач. Добро искомбинирала со тиркиз накит. На Џенифер Лоренс не и требало она тенко каивче на половина, сувишно е во приказната.
Ќе прокоментирам дел од последниот пост, од овогодинешниот Оскар 1.Џесика Алба-една од моите омилени.Елегантна комбинација но без таа чанта би била одлична,друго се е на место. 9/10 (поради чантата) Спојлер 2.Оливиа Мун-преелеганто,многу нежно,совршено.10/10 Спојлер 3.Џеј Ло-по не знам кој пат фустанов се шета на црвениот килим,овај пат разочара Ло.5/10 Спојлер 4.Хајди Клум-добар избор,и фризурата добро и стои на формата на лицето,но не ми се допаѓа онаа опашка на фустанот 9/10 Спојлер 5.Хелен Милер-прекрасна елеганта дама во години, многу подобро од повеќето нејзини помлади колешки.Браво! 10/10 Спојлер 6.Ева Лонгорија-стандарна комбинација, добро спаковна-ништо воодушевувачки. 9/10 Спојлер 7.Софија Вергара-како за најубава жена очекував искрено нешто повеќе од неа, но не е ни лоша вака, не ми се допадна многу фустанот во долниот дел.8/10 Спојлер 8.Алиша Милано-цела приказна во глобала е ОК ама бојата боди очи.6/10 Спојлер 9.Адел-можеби носи црно за да изгледа послаба но некогаш е права баба во комбинацијата што ќе ја направи, исто како сега. 4/10. Спојлер 10.Никол Кидман-можеби сакала да биде во тек со трендот со боцки, но комбинацијата е и права утка. 2/10 Спојлер