Kim Kardashian- Едноставно и елегантно,само фали накит или појака шминка да дојде до израз. 7 Freida Pinto-Горниот дел можеби би поминал во некоја друга комбинација,ама сукњата не баш,а чевлите никако. 3 Freida Pinto-Ми се свиѓа фустанот-нежен и романтичен,чевлите и ташната се добри,шминката исто така.Недостига накит и поинаква фризура. 7 Freida Pinto-Не знам што се случило со лицето и косата-катастрофа,а фустанот сам по себе и не е многу по мој вкус-4 Hilary Swank-Аууу дречи целата,кај златен фустан па уште и црвен накит.Целокпуниот изглед ми е бљак.-1 Freida Pinto-Интересна комбинација,само делот кај препамките не ми е баш по мерак.Солидно.6 Kristen Stewart-Некако премногу се мешаатшарите и дезенот.Горниот дел и дезен повеќе ми се допаѓа.Фризура не знам воопшто дали има,а шминакта е просечна.5 Blake Lively-Најдобро нешто е фризурата дефинитивно.Фустанот како модел не е лош ама не со толку голем брош и не во комбинација со кафеаво.Чевлите се лоши.4 Nikki Reed-Едноставно и симпатично само во долниот дел фустанот како да е многу надуван и разбрануван.А каде се ташна,накит?? 5 Sarah Jessica Parker-Фантастично-некогаш поамлку е многу повеќе.Само да беше барем малку поубава 9 Michelle Williams-Изгледа како некоја баба.тотално без врска-1
Kim Kardashian - совршена комбинација, нема никаква утка! 10/10 Freida Pinto - ова ли се носи на црвен килим? Тотална утка, изгледа многу постаро, фустанов ми е за некоја жена од пеесетина години, а не за неа. А за чевлите еден збор е доволен - катастрофални! 0/10 Christina Ricci- комбинацијата е одлична, иако доколу ставела ланче ќе изгледало поубаво! Само требала да ја среди косата! 9/10 Kate Hudson- фустанот нема одредена должина, нит под коленици, нит до доле.. како рибарот Климе ми е. Косата и е ужасна, можела повеќе да се среди! 1/10 Hilary Swank- фустанот и така и така, чантата е убава, штиклите не ми се допаѓаат. А исто така не ја сфаќам поентата на ноктите! На нозете и се црни, а на рацете не и се лакирани.. 3/10 Freida Pinto- за разлика од претходната комбинација, оваа е одлична. 10/10 Kristen Stewart- знаејќи дека таа на црвениот килим оди облечена најкежуал, оваа комбинација ми се допаѓа, и тоа премногу иако требала да си ја среди фризурата. 8/10 Blake Lively- одлично, иако фустанот повеќе би ми се допаѓал доколку од позади не продолжуваше до доле, но сепак и вака е убав. 10/10 Nikki Reed- интересно, иако можела да додаде некој аксесоар. 8/10 Sarah Jessica Parker- па ништо посебно, фустанчето е убаво, се совпаѓа со хулахопките и чевлите, но и треба некоја погламурозна чанта и некое помало ланче (според мене) 6/10 Michelle Williams- катастрофа. 0/10 Carey Mulligan- не ја сфаќам поентата на комбинацијава! Едноставно некои луѓе немаат вкус за тоа што одговара и за она што не одговара! 0/10 Keira Knightley- грд фустан, кој не се совпаѓа со чевлите, воопшто нема накит, ниту пак носи чанта. 0/10 Hilary Swank- фустанот посебно ми се допаѓа, баш како за вакви прилики, чевлите баш и не ми се допаѓаат но затоа се совпаѓаат со комбинацијата. Потребна и е чанта и ќе биде супер! 8/10 Bryce Dallas Howard- фустанот преубаво и стои, убаво и ја изразува фигурата, но мене не ми се допаѓа. Сепак добро е искомбинирано затоа една десетка од мене за неа! 10/10
Kim Kardashian Црн класичен фустан...инаку добра комбинација со накитот...навистина интересно. Оценка: 9/10 Freida Pinto Долниот дел на фустанчево не ми се допаѓа, а чевливе се катастрофа! Оценка:2/10 Christina Ricci Интересен фустан...но фали накит...а фризурава не и одговара, нити пак шминката Оценка: 3/10 Kate Hudson Косата и фустанот...ужасни...единствено чевлите се добри...се на се лош стајлинг! Оценка: 1/10 Hilary Swank Фустанов со штикливе - не се вклопува! Оценка: 2/10 Freida Pinto Добар стајлинг...само фризурава не ми се допаѓа баш... Оценка: 7/10 Kirsten Stewart Косава и е ептен лоша...И фустанов не е убав...повеќе пати имала ваков сличен стајлинг и навистина многу промашувања прави девојкава на црвениов килим! Оценка: 2/10 Blake Lively Прекрасен стајлинг...нешто поразлично а и поинтересно...само оној кафеавион детаљ, и тоа пеперутката не ми се свиѓаат...а другото е супер. Оценка: 9/10 Nikki Reed Убаво фустанче и интересни чевли...само недостасува накит! Оценка: 8/10 Sarah Jessica Parker Конечно нешто поинакво од нејзина страна... Оценка: 4/10 Michelle Williams Катастрофа! Оценка: 1/10 Carey Mulligan Ужасна комбинација! Оценка: 1/10 Keira Knightleyb] Добра фризура и шминка...но фустанот и чевлите не ми се допаѓаат! Оценка: 2/10 Hilary Swank Еве една добра комбинација. Прекрасен стајлинг! Оценка:10/10 Bryce Dallas Howard Елегантен, убав и модерен стајлинг! Браво! Оценка:10/10
Еве нови: Америка Ферера, за разлика од сликата која сме навикнати да ја гледаме за неа во Ugly Betty, овде ја гледаме во секси издание. Ќе започнам со фустанот: моделот дефинитвно и одговара и убаво ја оцртува нејзината латино фигура, само требало да биде пократок бидејќи вака ептен ја скусува (свесни сме дека нема идеално тело). Каишот под градите одлично и ги истакнува истите. Сандалите се прекрасни, не се истакнуваат премногу, но сепак интересни за да разбијата мала монотонија. Чантата е елегантна, накитот дискретен. Единствена грешка што тука ја направила е што требала косата да ја собере и да стави малце појака шминка, бидејќи вака е целата бледа. 9/10 Блејк Ливли на забава на Реј Бен Облечена баш за пригодата. Не би било баш адекватно на забава на овој ретро бренд на очила да се појави во свечена тоалета. Младалачки изглед по нејзин вкус со мал моторџиски акцент. Дискретна шминка. Косата средена, но не премногу, да изгледа природно. Оваа девојка дефинитивно ретко прави утка! 10/10 Софија Буш Моделот на фустанот е убав, но нејзе ми се чини како да и‘ е голем малце. Останатото е во ред. Можеби требала фризурата да не и‘ е сплескана толку во горниот дел. 7/10 Ванеса Вилијамс на доделување на ЕМИ наградите, 2008 Фустанот ич не ми се свиѓа: материјалот не дозволува таква должина, дезенот не дозволува повеќе од две бои, а врв на се‘ е лентата од циркони, бисери или што и да се. Обетките се во ред, но алката ми блешти малце. За чантата не би знаела што да кажам бидејќи чевлите не и‘ се гледаат. Па ни косата не и‘ е собрана како што треба. 5/10 Кристл Лина Хулахопките и‘ се вишок. Кога веќе облекла такви хулахопки, требало да облече некој фустан кој долу ќе биде тесен и пократок, а и обични салонки, не кондури со ремчиња. Вака изгледа премногу џиџана долу, а горе празна (можеби мислела дека со градите ќе надополни). Дефинитивно невкусно. Како да излегла по дебели сомотни пантолони и прслук. Косата како крава да ја лижела. Едино шминката и прстенчето на рака ми се свиѓаат. 2/10
Америка Ферера премногу класичен фустан, теткински никаков...дури и во Ugly Betty има некоја подобра комбинација од оваа...воопшто не ми се допаѓа ни фустанот ни како и стои 2/10 Блејк Ливли Стварно девојкава досега нема направено утка...штосно и младалачки 10/10 Софија Буш бојата на фустанот катастрофа моделот не е лош...можела и подобро 7/10 Ванеса Вилијамс Ноу комент Црно бела комбинација сакам...али овдека е тотална утка...4/10 Кристл Лина Пренатрупано...хулахопки вишок, деколте не не... 2/10
Америка Ферера-Не е лошо,класика со интересни сандали.Само требало повеќе акцент да се стави на чминка и фризура. 7 Блејк Ливли-Премногу кежуал варијанта,инаку е ок.6 Софија Буш-Убав фустан,само материјалот е некако премногу светкав и шарен.И фризурата не е многу успешна.7 Ванеса Вилијамс-Да ја нема таа светкава лента би било супер.Фино...8 Кристл Лина-Невкусно,безлично,,недефинирано...3
Америка Ферера, со оглед на тоа каква килажа има и обликот на телото добро изгледа иако мене лично не ми се допаѓа баш многу. Фустанот е долг, кајшот не и треба и можела повпечатливи менѓуши.5/10 Блејк Ливли Супер,убаво и интересно. Убаво искомбинирано, не е нападно, а е впечатливо. Чиста 10ка. Софија Буш Не ми се допаѓа како и стои фустанот, можела да одбере друг модел. Менѓушите се убави. 4/10 Ванеса Вилијамс Убаво,елегантно и и прилега на фигурата. Менѓушите и алката се убаво ускладени. 10/10 Кристл Лина Фустанчето е едноставно многу. Хулахопките не и требале воопшто. Можела да стави накит за да разбие монотонија. 3/10
Salma Hayek attends the Opening Night Gala during the 2010 Doha Tribeca Film Festival Селма ми е нежна девојка, за свечен провокативен фустан, а не за нешто пофутуристички, кој не и стои и во којшто изгледа смешно 4/10 Taylor Swift performs on NBC's "Today Show" Фустанов е свечен, светкав, има убав скап накит и чизмии кожни високи кои ИЧ не одговараат на фустанот, накитот и нежниот изглед на Тејлор. На оваа комбинација да облекла прекрасни чевли со висока потпетица би изгледала перфектно. 5/10 Ciara at the "For Colored Girls" premiere Ми се допаѓа што е средена, убава фризура, фустанот е солиден иако можеби со ремен поубаво би изгледал сето ова. И ми се допаѓаат чизмите со кои се разбива монотонијата. 8/10 Heather Graham attends the 14th annual Hollywood Awards Gala Требала друга боја на фустан, ми изгледа бледо, анорексично во ова. Иако фустанот е убав и црвените детали ми се допаѓаат. Сандалите не ми се свиѓаат. 6/10 Helena Bonham Carter attends the 14th annual Hollywood Awards Gala Отвори се земјо и голтни ме!!!! Вака на гала вечер???? Ја ни по леб у продавница вака не би идела. Ко скитник е! Нема да ставам 0/10 туку во минус оценка ќе ставам. Leighton Meester attends the 14th annual Hollywood Awards Gala Лепотица! Модерна ептен. Комбинација на Елие Саб и Џими Чу = 10че Eva Mendes arrives at Glamour Reel Moments Должината на фустанов ја прави ептен ниска. Убав акцесорис, фустанот не ми се допаѓа нешто посебно, а посебно не должината. 7/10 Jessica Biel arrives at Glamour Reel Moments Комбинацијава и дава +10 години, ко тетка е, а не млада убава згодна девојка. Премногу црнило, преееемногу! Не е лошо за постара жена, но Џесика Бел ја замислувам во посмели и поведри комбинации, не ова! 5/10 Halle Berry arrives at the 14th annual Hollywood Awards Gala Секси е, ама нема ни накит ни ташна. Останатото е во ред, иако не ми остава голем впечаток. 5/10 Jennifer Lopez appears at the 32nd Anniversary Carousel of Hope Gala Џенифер не е Џенифер ако не носи светкав секси фустан, кој и стои преубаво! Вака настапуваше на гала вечерта, ми се допаѓа секси, женствено, преубави сандали 10/10 А вака пристигна на гала вечерта. Секогаш е со стил женава. Одлично. 9/10 Kelly Rowland attends the International Women's Media Foundation's Courage Нeубава должина на фустан, некако не ми одговараат толку многу светкави детали, чизмите не ми одговараат на овој фустан, треба чевла. 2/10 Michelle Williams poses in the press room during the MOBO Awards 2010 Добар е фустанот, убав крој, малку пресветкав ама добар е. Чевлите и се супер. Ама златните детали непотребни и се на оваа комбинација. 7/10 Scarlett Johansson attends the 3rd edition of the Mango Fashion Awards Убави чевли, ама фустанот не ми се допаѓа. Затоа сепак има убаво ланче. Ама и косата и е неубава. 6/10 Јennifer Garner arrives at the 6th Annual Pink Party Оф лелелеле. Како не треба една позната личност да се облекува! Нели и фалат кругчиња на сукњата? Ја скинала А тие сандалите на што и одговараат? На килимот 1/10 Eva Longoria's directorial debut "Latinos Living the American Dream" Ауууу костум. Па неморала и црна кошула и црни чевли. Ептен затворено. Ако сакала да постигне деловен изглед не морала да се зацрни и затвори толку сепак. 3/10 Ariadne Artiles attends "TAG Heuer" 150th anniversary party Супер фустан, го сакам. Чевлите се предобри, и тие ги сакам. И чантата е супер. Јас вака би се облекла 10/10 Diana Vickers performs during the opening of Britain's Next Top Model Live 2010 Прекрасно!!!! Фустанот е фантастичен, сандалите предобри, фризурата одлична. 10/10
Salma Hayek - не ми се допаѓа воопшто, на неа и стојат тесни фустани бре има што да покаже, ни бојата ни ништо од фустанот 0/10 Taylor Swift - штета што ја упропастила комбинацијава со чизмите, знаеме дека е кантри ама воопшто не и одат со фустанот... 7/10 Ciara - фустанот не е нешто посебен, подобро би бил да не е толку напумпан доле, а чевлите се wow 8/10 Heather Graham - да фустанов ја прави уште по бледа а и не е интересен, многу монотоно 2/10 Helena Bonham - ова не вреди ни да се коментира 0/10 Leighton Meester - супер комбинација, интересен фустан и прекрасна боја, чевлите се исто преубави и се е добро усогласено, шминка фризура... 10/10 Eva Mendes - фустанов ја прави многу женствена и ми се допаѓа тоа, иако фустанот не е по мој вкус, убаво е усогласено со чевлите чантата шминката и фризурата, со оваа комбинација Ева изгледа како вистинска дама 9/10 Jessica Biel - тапа! 0/10 Halle Berry - фустанот е убав само да бил потесен во ракавите би бил за 10ка, чевлите не се нешто посебно но одговараат сепак 7/10 Jennifer Lopez - фустанов ми е ептен танчерски и ко за на уметничко лизгање, ако е за настап или слично специјално наменет ок е, но за на црвен тепих не одговара и воопшто не е гламурозен, делува ефтино затоа што премногу открива, за сандалите немам спорови едноставно се прекрасни 6/10 Другиот фустан во долниот дел ми личи на завеса, а горе е преубав незнам зашто не го продолжиле така али ај... фризура шминка супер 5/10 Kelly Rowland - интересен фустан, но должината не ми се допаѓа барем да бил подолг, накитот ми се допаѓа и одговара со фустанот, а исто и чантата, едниствено што не ми се допаѓа во комбинација се чевлите кои воопшто не се совпаѓаат со ваквиот стајлинг, требала златни да облече... 4/10 Michelle Williams - ич не ги сакам светлуцавиве фустани, за никаде се, чевлите се фантастични 3/10 Scarlett Johansson - многу едноставна комбинација на која и недостасува многу накит, а и фризурата е утка 2/10 Јennifer Garner - фрик оф д вик =) лошо, претерала со ланците, сукњата е катастрофа, чевлите се убави, штета што одговараат само со тепихот хахах ( ме изнасмеа росоњерка) 2/10 Eva Longoria - е ме разочара сеа, црно црно црно црно лошо 1/10 Ariadne Artiles - одлична комбинација, и одлично и стои, прекрасна е целосно 10/10 Diana Vickers - интересно невообичаено и стилски браво 10/10
Salma Hayek Ми се допаѓа како изгледа модел,но не ми се допаѓа бојата затоа 9 Taylor Swift Фустанчето е прекрасно,но сепак ке се надоврзам на другите со другите дека поубаво би стоело на некој високи потпетици,затоа 8 од мене Ciara чизмите не ми се допаѓаат ич,али другото е ок 7 Heather Graham Убаво,добро комбинирано,убаво и стои 10 Helena Bonham Грзонооо...Што ли мислат ли овие луѓе,не одат на маскенбал.Најголема 0 Leighton Meester Па не е лошо,изгледа ептен слатко 10 и од мене Eva MendesНе ми се допаѓа должината на фустанот,доколку би бил пократок би изгледало по убаво,а другото е ок посебно бојата на фустанчето,убаво и стои.9 Jessica Biel Премногу црно,изгледа како да жали,и не и стои 1 од мене Halle Berry Преубаво е,преубаво и стои посебно кај градите.Навистина прекрасно 10 од мене Jennifer Lopez Во двете комбинации е прекрасна.Секогаш знае да се облече за пригодата па и да привлече добри критики две најголеми 10 од мене Kelly Rowland Премногу затворено,со никаква должани а ни чевлите не се ни малце убави.Најмногу што ми се допаѓа е накитот и затоа 3 од мене Michelle Williams Убав модел,но премногу темни бои,а и нактиот не се совпаѓа 4 Scarlett Johansson Фустанчето е ок,накитот чевлите исто,али фризурата е премногу обична како за низ дома фатена безвеза 6 Јennifer Garner Катастрофално,грдо и не одговарат.Премногу накит има ставено.Сукничето изгледа али како што забележавте и фалат кругчина 2 Eva Longoria За накитот и шминката 10,костумчето е супер али е премногу црно не одговара некако за него 5 Ariadne Artiles Супер фустанче,чевли ташничка.Само фризурата можела некако по убаво да ја среди.8 Diana Vickers Фустанчето не е по мој вкус,али другото е ок затоа 8
Salma Hayek-Не ми се допаѓа стилот на фустанот а ицелиот изглед е некако некомплетен.Чевлите не се лоши. 2 Taylor Swift-Многу впечатлив фустан,нежна фризура,добра шминка...единствено чизмите не се вклопуваат.7 Ciara-Шминка и фризура супер,ама фустанот е премногу волуменозен а чизмите ми се бљак.4 Heather Graham-Делува премногу бледо и монотоно.Добар е кројот на фустанот ама со друга боја би бил мнногу подобар.Сандалите не ми се свиѓаат.5 Helena Bonham Carter-Па ова на ништо не личи.Единствено добро е чантата.А со тие чизмите како скитник е.1 Leighton Meester-Специфичен фустан.Се на сен фин изглед со исклучок на чевлите.(приметив дека многу ретко ми се допаѓа изборот на чевли на овие славните ) 6 Eva Mendes -Лежерно а елегантно.Полн погодок.10 Jessica Biel-Немам што да искоментирам.Без врска е. 3 Halle Berry-Премногу отворено и неструкирано.Делува како фустанот да и е голем или како да облекла пижама.5 Jennifer Lopez-Секси.Се е на место и супер искомбинирано. 10 А втората комбинација не е баш по мој вкус.4 Kelly Rowland-Интересна замисла за фустанот само што должната е ептен утната.Накитот воопшто не ми одговара со ваква сива боја а чизмите се катастрофа.3 Michelle Williams-Убав фустан само да не е толку светкав.И накитот некако не одговара.6 Scarlett Johansson-Премногу едноставно и во горниот дел без форма.Фризурата и чминката се ок.6 Јennifer Garner-Ауууу...што е ова?Многу лош обид.0 Eva Longoria's-Кога би било за деловна пригода би било совршено со исклучок напалтот,премногу е долго.Шминката е многу добра.8 Ariadne Artiles-Убав изглед,сотоа што мислам дека не би бил на одмет некој детаљ на фустанот,колку да разбие монотонија.8 Diana Vickers-Недефиниран стил,неуспешна фризура....1
Salma Hayek Црна и златна комбинација...утка...фустанов никаков..ја прави постара.5/10 Taylor Swift Фустнов ми се допаѓа...интересен е...можела само други чизми или не црни ама не е лошо 8/10 Ciara Супер....чизмичките разбиваат монотонија..10/10 Heather Graham Како да е гола...не ми се допаѓа ни фустанот ни бојата ни штиклите 4/10 Helena Bonham Цццц....катастрофа... 0/10 Leighton Meester Топ...штосно, убаво, нежно...10/10 Eva Mendes Интересна е...9/10 Jessica Biel обично црната е најдобра комбинација и класика, која никогаш не излегува од мода ама ова бе на што личи...на се само не на фустан...2/10 Halle Berry Едноставно а предобро...да,да...10/10 Jennifer Lopez Сексиии...Џени ретко прави утка....и за двете комбинации предобри се 10/10 Kelly Rowland не и не...а штиклите 2 броја поголеми...пак не 1/10 Michelle Williams Боја на фустанот Кројот не е лош...ама не е мој вкус...6/10 Scarlett Johansson Класика...едноставно ми се допаѓа 10/10 Јennifer Garner Боивее ауу....катастрофа...но веј 2/10 Eva Longoria's Сигурно жали судбина...катстрофаа, никаква е не и личи 2/10 Ariadne Artiles Нежно, убаво симпатично....10/10 Diana Vickers Уникатно е да... штосно ама не е мој вкус... 9/10
Salma Hayek 2 - Не ми се свиѓа ама баш ништо на неа освен нежната шминка..Самиот фустан кројот принтот стилот и стои одвратно , сандалите се убави да ама за некои типски комбинации а не за свечени пригоди.Накит- Жено божја на што ти идат менѓушиве???на теткинската фризура можда? Тaylor Swift 7 - Комбинацијава би добила и поголема оценка да не беа вака избацени кожниве чизми а и фустанов можел малце пострукиран да биде Ciara 4 - за штиклите шминката и фризурата...фустанот можела дома да го остави и никад да не го облече Heather Graham 6 - убаво искомбинирано од фустанот до деталите шминката..сандалите би можеле и други да бидат..Арно ама на нејзе све тоа некако не ми стои како прво ради тенот ко второ ради бојата на очите. Helena Bonham 1 - Мислам дека нема потреба да се коментира! Leighton Meeste 8 - Убаво ама може и поубаво.Шминката јок! у плус неморала баш толку да се заплави , можела и некоја друга боја да искомбинира..Ама се извади со фустанот - прекрасен. Еva Mendes 9 - Kaко принцеза ми е тука... Единствена утка должината на фустанот Jessica Biel 3 - Изгледа ко баба на погреб.Пребледа шминка мртва креација која неможаам да ја дефинирам фустан ли е сукња и маица ли е???Ко вреќа од чипка со каиш стегната Halle Berry 6 - како да излегла не доспремена од дома..си ја заборавила ташната накитот...А и фустанот може и за два броја помал да земела..плива во него. Jennifer Lopez прва комбинација 10 - Совршено ..во се! шминка фризура фустан акцесоари! малку поекстравагнтно но за настап е се опрашта Втора комбинација 5 - Во горниот дел фустанот како од гипс да е , во долниот како вел од невеста да земала и да го закачила...Може она многу подобро од ова! И доста е за сега Многу слики од еднаш сте изнаставале , мој предлог е следен пат по помалце слики а почесто зошто овака заморно е сите до крај да се искоментираат а и да се дочитаат напишаните коментари
Се сложувам, претерав со слики Сепак значи колку се работи за вкус. Сите останати 10тина мислења даваат 8,9,10, а ете ти го оценуваш како чиста единица. Интересно сепак, вкус е За мене девојката е перфектно, модерно облечена, со најуникатна одлична фризура и фантастичен фустан и дадов чисто 10че
Salma Hayek - фустанот некако не и одговара на формата на телото, а и дезенот не ми се допаѓа 3/10 Taylor Swift - фустанот е обичен, но дезенот го прави впечатлив... Шминката е одлична, а чизмите никако не одговараат на целава комбинација 6/10 Ciara - фризурата и шминката се супер! Ми се допаѓа и фустанот иако сметам дека му недостасуваат некои модни детали, чизмите не ми се допаѓаат... 6/10 Heather Graham - романтична комбинација со прекрасна фризура. Црвените детали му даваат посебен шмек на комбинацијата. Чевлите ми се некако демоде 8/10 Helena Bonham Carter - ха ха ха CoOL ми е женава, секогаш е посебна и различна. Само морам да признаам дека нема никакво чувство за мода, така да овде ништо не одговара на ништо 0/10 Leighton Meester - нежно и женствено Само наместо овие чевли да ставеше некои сребрени да и одговараат на чантата. 9/10 Eva Mendes - ми се допаѓа се освен должината на фустанот ни кус, ни долг! 9/10 Jessica Biel - досадно, монотоно, мрачно... 1/10 Halle Berry - многу е шљокичасто фустанчето, а нема ни некоја добра фризура или шминка. 2/10 Jennifer Lopez - добро е за сценски настап 9/10 фустанот е некако крут, фризурата не е ништо посебно... 4/10 Kelly Rowland - убаво и стои фустанот ама многу е затворен. Чевлите не ми се убави, а накитот не е соодветен 2/10 Michelle Williams - фустанот е убав, бојата му дава ексцентричност... А што бара златен накит во оваа комбинација? 8/10 Scarlett Johansson - обично, не е лошо ама не е ни нешто WOW! Ланчето прво ми падна во очи ми се допаѓа 6/10 Јennifer Garner - Леле боже... Еден тон накит, сукњата , блузата, чевлите... 1/10 Eva Longoria - како одделни парчиња се ми се допаѓа, ама вака се црно досадно е малку... фризурата е ужасна, а шминката монотона како и облеката, обетките не одговараат 5/10 Ariadne Artiles - Шик и елегантно. 10/10 Diana Vickers - фустанот е костим. фризурата е тренди, сандалите се ТОП! 2/10
Salma Hayek - мислам дека поседува многу сексапил, овој фустанов ми е многу кичаст, не во нејзин стил. Сандалите се супер. Шминката и фризурата воопшто не се гламурозни. 4/10 Taylor Swift - И фустанот, и шминката и фризурата се веќе видени на неа. Салнки би биле одлични, наместо овие чизми 4/10 Ciara- добар фустан, шминка и фризура. Штиклите се одлични. Умерен накит, иако можела нешто друго да избере. 9/10 Heather Graham- како што гледам ташната и одговара со карминот?! Сребрени штикли со златен накит. 3/10 Helena Bonham- карактеристилна модна утка на тие што настојуваат да останат доследни на својот стил. 1/10 Leighton Meester- Штиклите, чантата и накитот се одлични. Панделката на сред фустан ми штрчи. Нешто не ми штима тука. 8/10 Eva Mendes- Ми се допаѓа интересниот крој на фустанот. Додатоците и се супер.Шминката и фризурата перфектни. 9/10 Jessica Biel - нав волку црнина можела барем кармин во боја да стави. Бледа делува, исушена. Чевлите се класика. 5/10 Halle Berry - што и да облече женава и стои фантастично. Секој додаток на овој фустан е премногу, би направил да изгледа како елка. Штиклите се просечни. 6/10 Jennifer Lopez- фустанов е нешто што неможе секој да го носи. Не ми се допаѓа , ама на неа и стои фантастично. Штиклите и чантата се преубави. Одличен сценски аутфит 10/10 - кај вториот фустан ме мачат тие црните ленти на велот. Фустанот е убав инаку. И фризурата е одлична. Требала само црвен кармин да стави. 9/10 Kelly Rowland- Фустанот е добар. накитот е во погрешна боја. Чизмите се премногу нагласени. 4/10 Michelle Williams- Фустанот може да помине, сандалите исто така. Убава е алката, ама не во овааа комбинација. 6/10 Scarlett Johansson- ако ја гледам почнувајќи од горе, се ми е во ред, освен пренагласените сандали. Да облекла сандали во некој по смирена боја, па дури и златни или тегет, ќе било супер. 7/10 Јennifer Garner - Одделно секое парче е интересно. Вака во целина , не! Бисерите се одлични. 2/10 Eva Longoria - пишува дека одела на дебата вака облечена, па ајде можеби сакала по сериозно да делува. МОќела да разбие со друга боја на кошула! Многу ја затвара. делува стара. 3/10 Ariadne Artiles- Ова е по мој вкус. Би ставила само поагресивна шминка. 10/10 Diana Vickers - Фустанот ми е недефиниран. Фризурата и штиклите се одлични. 7/10
Salma Hayek attends the Opening Night Gala during the 2010 Doha Tribeca Film Festival многу тетски фустан, кој на нејзиното тело не одговара и ја прави пониска .. шминката и штиклите се ОК, а и фризурата не е нешто убаво, катастрофа е.. 2/10 Taylor Swift performs on NBC's "Today Show" фустанот и самиот негов дезен се екстра, само што чизмите не и се баш најдобри .. фризурата и шминката нежна - како и секогаш, а сребрените алки и одговарат на фустанот .. можело да биде погламурозно ако наместо чизми имала штикли .. сепак најмногу ми се допаѓа од сите 10/10 Ciara at the "For Colored Girls" premiere гламурозно изгледа .. само не морало да и биде фустанот до гуша, ама сепак преубаво и стои .. штиклите и шминката се ОК... 8/10 Heather Graham attends the 14th annual Hollywood Awards Gala фустанот е за никаде.. штиклите се ептен обични како и ташничката ... 1/10 Helena Bonham Carter attends the 14th annual Hollywood Awards Gala таква комбинација, никогаш во животот не би облекла, а уште помалку за на црвен тепих .. ептен е за никаде .. и фризурата и шминката и фустанот и алките и хулахопките и тие мартинките и ташната се за никаде 0/10 Leighton Meester attends the 14th annual Hollywood Awards Gala супер е, ама не е во мој стил..7/10 Eva Mendes arrives at Glamour Reel Moments фустанот ја прави ептен ниска, а и не е ништо специјален, не ми се допаѓа каков е, а уште помалку како и стои .. фризурата е добра и шминката исто така, штиклите не ми се допаѓаат многу .. 3/10 Jessica Biel arrives at Glamour Reel Moments ептен старински облечена, а слаба е и вискочка па би можела да си најде 1000 пати поубави фустани..косата дури и не и се познава од црниот фустан.. 5/10 Halle Berry arrives at the 14th annual Hollywood Awards Gala не остава некој впечаток, а и нема ни некој аксесоар ниту пак некоја ташничка ..6/10 Jennifer Lopez appears at the 32nd Anniversary Carousel of Hope Gala сексапилно и заводливо..фустанот е убав со убав дезен, а и преубаво и стои, ташничката и штиклите и одговараат на фустанот, шминката и фризурата не се нешто посебни, ама и одговараат на стилот 9/10 венифер во белиот фустан - убаво и ја оцртува фигурата и многу убаво и стои .. таа знае како да направи неубав фустан - одличен браво за неа 9/10 Kelly Rowland attends the International Women's Media Foundation's Courage должината на фустанот е неубава, не морало да се кити со такви светкави додатоци, чизмите ич не и се убави, а за фризурата и шминката „ноу комент“ ич не е убава .. 1/10 Michelle Williams poses in the press room during the MOBO Awards 2010 премногу светкав фустанот, ама добар е .. штиклите и се добри, ама златната алка не и одговара баш..6/10 Scarlett Johansson attends the 3rd edition of the Mango Fashion Awards фустанот ми е утнат, фризурата исто така, штиклите и се убави, а и ланчето е убаво 3/10 Јennifer Garner arrives at the 6th Annual Pink Party пренатрупана со ѓердани, сукњата и е како да е лепена со трзалици штиклите се утка! 0/10 Eva Longoria's directorial debut "Latinos Living the American Dream" ептен затворено и монотоно .. 3/10 Ariadne Artiles attends "TAG Heuer" 150th anniversary party фустанот е убав, чевлите се добри, ташничката исто така.. 8/10 Diana Vickers performs during the opening of Britain's Next Top Model Live 2010 фустанот е штосен, ама не е по мој вкус .. не ми се допаѓа каков е во рамењата, некако шилкаст, ја прави како робот..фризурата е ОК, а штиклите ми се допаѓаат ептен .. 8/10
Salma Hayek -нејзе не и прилега ваков фустан, требало да облече фустан кој го оцртува незјиното тело. Овој фустан ја прави постара и пониска. Материјалот е многу лош, а и шарата. Чевлите се прекрасни. 3 Taylor Swift-Многу е светликаво. Чизмите не и одговараат,а и накитот светкав е. Секогаш има совршена шминка и фризура. 5 Ciara-Долниот дел од фустанот не ми се допаѓа, требало да биде потесен. Чизмите се убави, но таа висина не ми се допаѓа. 6 Heather Graham-фустанот ми се допаѓа. Чевлите и накитот требало да бидат црвени за да се добиело совршен изглед. Helena Bonham -без стил и вкус. 0 Leighton Meester -на прв впечаток одлично, иако материјалите на фустанот, сандалите и чантата не одговараат. 9 Eva Mendes-фустанот требало да биде потесен и пократок. 7 Jessica Biel -изгледа како вдовица, а и 10 год. постара.2 Halle Berry-долги ракави и сандали не ми се допаѓа. Сандалите се премногу нежни за фустанов. 3 Jennifer Lopez -преубава! 10 Jennifer Lopez -ми пречи делот што се влече. 9 Kelly Rowland -никаква должина, а и чизмите не и одговараат. 2 Michelle Williams-фино, иако материјалот на фустанот е лош. Чевлите се прекрасни. 8 Scarlett Johansson-овие чевли со овој фустан Не! 2 Јennifer Garner-како пејачка од некоја биртија.1 Eva Longoria- премногу црно, а и не сум навикната на вакво издание. 3 Ariadne Artiles-совршено. Уште чантата да била во двете бои би било без никаква мана. 10 Diana Vicker-не сум воодушевена од фустанот, но сандалите се прекрасни. 3
Salma Hayek-Не и одговара фустанов на фигурата 3/10 Taylor Swift-Зашто чизми???? Фустанот е прекрасен и е фантастично искомбиниран со алките на рака(ама се` кварат чизмите) 5/10 Ciara-Чизмите ,преубави се, фустанот хммм онака ништо посебно.... 7/10 Heather Graham-Преслабо изгледа во фустанов 2/10 Helena Bonham-Лошо, многу лошо! Ко питач е облечена :/ 0/10. Leighton Meester-Штиклите,фустанот,накитот,шминката и чантичката се топ! 10/10 Eva Mendes-Едноставно ми се допаѓа 9/10. Jessica Biel-Ја кажува мноооогу постара и слаба 2/10 Halle Berry-Сандалите ми се допаѓаат, фустанот не 3/10 Jennifer Lopez -Тука Ј.Lo личи како да има 29 година чиста 10. Kelly Rowland-Чевлите изгледаат како да и се преголеми(барем јас таков впечаток добивам) фустанот никаков 2/10 Michelle Williams-пaaaa просек 4/10 Scarlett Johansson -Фустанот е многу обичен ..... 6/10 Јennifer Garner-незнам зошто во фустанов ме потсеќа на овие од Индија, премногу од се` а сандали на шо и одговараат? 0/10 Eva Longoria-Многу озбилна ми е во оваа комбинација која не го истакнува нејзиниот сексипил 0/10 Ariadne Artiles-Интересно фустанче и штиклите ми се допаѓаат 10/10 Diana Vickers-Специфични чевли а и фустанот е убав 8/10
Ashlee Simpson оn Decades Denim Јао анорексија. Просечен фустан, криви преслаби нозе со модринки, монотоно, а обетките ич не ми се слагаат на комбинацијава. 2/10 Julianne Moore arrives at the Bvlgari Express Кој би помислил дека има 50 години Интересен фустан за нејзини години, преубави прстени кои нормално Булгари се, е само чевлите требало да и се затворени не сандали, ама ок е. И преубава шминка и фризура. 9/10 Amber Tamblyn arrives at the premiere of Fox Searchlight Pictures' "127 Hours" Се видела во огледало пред да искочи? Фустанов дречи! Уф да е друга боја се би било подобро.А за шишката не правам муабет Вака на премиера, НИКАКО! 1/10 Natalia Vodianova arrives at Harper's Bazaar 'Women Of the Year Awards Новогодишно лампионче. Па плус и ланче златно, па и ташна златна аууу, кич. Штом одбрала црни чевли, требала и црн акцесорис, барем малку понормално ќе изгледаше. 3/10 Karen Gillan arrives for the 'Cosmopolitan Ultimate Women Of The Year Awards 2010' Ова ми е секојдневен стајлин, а не за црвен килим за доделивање на космополитен награди. Иако има ТОП фризура, а комбинацијата ептен ми е штосна фино фустанче и блејзер, чевлите се убави ама не се за овој изглед и лоша боја. 7/10 Petra Nemcova attends the Women's Wear Daily 100 Anniversary Gala Многу ја сакам плавава боја, а прстенот и е прекрасен. Ма цела е убава. Не претерано, не шарено, не светкаво, покласичен убав изглед. 9/10 Kelly Brook arrives for the 'Cosmopolitan Ultimate Women Of The Year Awards 2010' Чевлите сами по себе убави се, ама не со фустанов. А тој не ми е по ќеф! 5/10 Christina Ricci attends the 2010 Library Lions Benefit at The New York Public Library Хммм оваа секогаш чудно се облекувала. Не ми се свиѓа, ама не е ни прелоша. 6/10 Elizabeth Hyrley at the Elton John AIDS Foundation Winter Bal Фустанот Нежно, елегантно, преубаво 10/10