1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Red Carpet + oценување

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 10 октомври 2010.

  1. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Petra Nemcova attends the 20th annual Women of the Year awards at Carnegie Hall on November 8, 2010 in New York City.
    [​IMG]
    [​IMG]
    Слатка девојка, фустанот ништо посебно али убаво изгледа ја неа, посебно ми се свиѓаат златните додатоци, али што е со чевлите? На првата слика ми изгледаат како влечки :worried:, шминката е супер, а фризурата можела малце поубаво да ја направи, плетенка како венче од самата коса и ќе била баш како божица :wasntme:.9/10

    Donatella Versace at Glamour magazine's Women Of The Year Awards
    [​IMG]
    Ау, многу е гадна ...Фустанов :worried: ... Долниот дел како испочупан е... Не ми се свиѓа. 2/10

    Hilary Swank at Glamour magazine's Women Of The Year Awards
    [​IMG]
    Ајдеееее.. па добро им дават ли огледало да се погледнат откако ќе ги облечат?! Грд фустан! 2/10

    Kate Hudson at Glamour magazine's Women Of The Year Awards
    [​IMG]
    Хм... Ми се свиѓаат чевлите (моделот), и шминката и фризурата и се убави, фустанот не ми се свиѓа ни како и стои ни како е скроен. 5/10

    Fergie at Glamour magazine's Women Of The Year Awards
    [​IMG]
    Ејј дречи!! Незнам, не ми се свиѓа, цела е црвена. 2/10

    Cher at Glamour magazine's Women Of The Year Awards
    [​IMG]
    Оваа па многу е црна... цела црна, плус тоа јакната не и требала, накит некој би завршил подобра работа. 3/10

    Kyra Sedgwick at Glamour magazine's Women Of The Year Awards
    [​IMG]
    Премногу е едноставна во горниот дел :| , фризурата не толку добра, чевлите не убави, шпиц па и со машна од страна, па и сребрени над све :puke: 4/10

    Queen Rania of Jordan at Glamour magazine's Women Of The Year Awards
    [​IMG]
    Е ова ми се свиѓа некако.. Можеби поише ми се свиѓа како и стои и како го носи, одколку самиот фустан али ок ми е, косата едноставна, шминката исто, таман си е :) . 9/10

    Kelly Osbourne at Glamour magazine's Women Of The Year Awards
    [​IMG]
    Оф оф! Блузава светка, има змиски принт и нема никаква форма - Лоша! Сукњава исто така има некој одсјај ама бар ја следи линијата на телото па ај нека помине, чевлите неможам ни да ги приметам убаво, фризурата :?: 3/10

    Julia Roberts at Glamour magazine's Women Of The Year Awards
    [​IMG]
    [​IMG]
    Џулија, елегантна :) Можела косата да не биде толку едноставна и фустанот да биде до колена, но ок е у глобала. 8/10

    Janet Jackson at Glamour magazine's Women Of The Year Awards
    [​IMG]
    [​IMG]
    Џенет... Па... фустанот преедноставен, ај добро, но накит?! Не ми се свиѓаат тие кругови менѓуши.. Бундата е убава :) 7/10
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Инаку високите штикли од Џенет Џексон ги носеше и Јелена Карлеуша на концертот на Аца Лукас во белградска Арена.

    ....чисто информативно :P
     
  3. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    Petra Nemcova-Фино изгледа,нежно и лежерно,ама можела нешто да направи со косата и поубави чевли да најде 6
    Donatella Versace-Лош изглед во секој случај,бојата е безвезе и формата на креацијата 2
    Hilary Swank-Горниот дел е како некоја решетка,а не сум одушевена ни од шминка и фризура 3
    Kate Hudson-Интерсен е материјалот само нема убава форма фустанот и делува многу монотоно,а и шминката не ми се вклопува 5
    Fergie-Па не е лошо,само фали некој детал да ја неутрализира јаката црвена боја 6
    Cher -Безлично,лошо искомбинирано,а косата е пусти ме да вриштим 1
    Kyra Sedgwick-Горниот дел од фустанот ме потсеќа на рамбовка,инаку многу едноставно со кичести чевли.Само ради шминка и фризура-4
    Queen Rania of Jordan-Фин изглед,само да е друг материјалот би било уште подобро 6
    Kelly Osbourne-Едноставно тука нема ништо што ми се допаѓа и што заслужува коментар.1
    Julia Roberts -Лош избор на должина на фустанот,инаку другото е елегантно и едноставно а ефектно.7
    Janet Jackson -Мислам дека во пократка варијанта фустанот би бил поубав,а од чевлите не сум ич одушевена.5
     
  4. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    [​IMG]

    Симпатична е.
    Косата можела поубаво во горниот да ја склопи некако мрсничка ми изгледа :)
    Шминката е супер.
    Фустанот иако е едноставен ми се допага, па не треба сеа нешто кичесто да акне нели? а и супер и стои.
    Чевли? на прв поглед ми се пристори ко боса да е. не ги бива нив..

    8/10 (поради коса и чевли :) )

    [​IMG]

    Прегрда е :tmi:
    Косата и е ок како фризура иако не одговара некако според неа.
    Шминка-превише црнило околу очи а има светла коса и тен
    Фустан-горниот дел, корсетот, ми се допага а после надоле како недовршен е :^) исцепкан исцепкан..
    чевли не гледам, не оценувам =)

    1/10

    [​IMG]

    Коса и шминка се ок.
    И фустанот исто ми се свига.. необичен е, ги следи линиите на телото и и ја истакнува фигурата.

    10/10 :)

    [​IMG]

    Коса и шминка се добри
    фустанот ми е некако чудно скроен, како недовршен па со тоа уште патентот на страна..некако не ми е арен..
    штиклите па тотална утка.. облекла сребреникав фустан а ваму златни штикли.. ????

    4/10

    [​IMG]

    коса и шминка се одлични.
    фустанот е супер, убаво и стои и убаво е скроен, зрачи со сексапил.
    штиклите не ми се допагаат, али добри се, и одговараат..иако би одбрала друг модел на црвени штикли.
    се на се ми се допага =)

    10/10

    [​IMG]

    многу е црна
    само лик и гледаш, коса облека, штикли се црно.. :?:
    косата ок и е..
    фустанот неможам многу да го видам али ми се чини добар. кожната јакна, како јакна си е ок, али како комбинација со фустанот е тотална утка!! елегантно меша со ROCK јакна, аман!!? штиклите се ок.
    накит никаков нема..
    катастрофа е

    1/10

    [​IMG]


    косата и фризурата се добри.
    фустанот ми се допага..едноставен, убава боја и добро и стои..и со таа лентата у средина..ок си е. штиклите се катастрофа..на цела елеганција, сребрена штикла па и со шпиц

    8/10

    [​IMG]

    косата е тапа. се гледа дека е пеглана, али тоа шишките и коренот...нема никаква форма..ко недопраена ..џабе пеглана
    шминката и фустанот се ок. и штиклите ми ѕиркаат златни..ок се.

    8/10

    [​IMG]

    од глава до пети катастрофа :D
    коса лоша, шминка нема, тоа светкавата блуза или шо и да е, ниту има стил ниту шарата е нормален анимал принт..нешто трето., фустанот залепен залепен за тело!! а нема нога за да се стегне и покаже, нозете цели целулит и се :worried:
    чевлите тапа, а уште и гледам нешто што ми заличува на плава тетоважа над чевлите... ма ни за турбофолк пејачка не ја бива..

    1/10

    [​IMG]

    [​IMG]

    фризурата и шминката се ок.фустанот некако не ми е...не го свакам..чевлите некако од никаде со избацен тигрест дизајн..

    7/10

    [​IMG]
    [​IMG]

    фризурата и шминката ми се допагаат.
    фустанот е преобичен, нема никаков накит, а тој што го има-менѓушите и прстенот не ми се допагаат.
    чевлите се прееевисоки али ај поминуваат. и бундата не е лоша..али пак, прецрна е..

    6/10



    тоа е тоа =)
     
  5. LadyStyle

    LadyStyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    121
    [​IMG]
    [​IMG]
    Можела да направи некое плетенче горе на косата,чевлите :puke:
    9/10
    [​IMG]
    Долниот дел на фустанот не ми се допаѓа,можела да стави накит(и малку ботокс :lol: )
    6/10
    [​IMG]
    Mалку ми е чуден фустанов...
    4/10
    [​IMG]

    Што е со шлицот??
    Чевлите??
    3/10

    [​IMG]

    Се се супер..
    10/10

    [​IMG]
    Пробала готик..не и успеало..кожа и платно некое ?!
    Хмм..не баш..
    1/10

    [​IMG]


    Бљаак. :puke:
    Од фустан до фаца до шминка до чевли...и пак..бљааак
    -0/10

    [​IMG]
    Супер..
    10/10
    [​IMG]
    Не баш...сепак тоа е нејзин стил..само шминката би можела да ја поправи :)
    6/10

    [​IMG]

    [​IMG]

    Се е ок,само чевлите -.-
    8/10
    [​IMG]
    [​IMG]
    Ми личи како да испомешала повеќе стилови..фризурата воопшто не ми се допаѓа.
    5/10
     
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Ајде нешто ново :$

    Kristin Cavallari at the Los Angeles premiere of "Burlesque"
    [​IMG]
    Фустанов многу наџиџан ми е во горниот дел. А убавка коса и шминка. Да ги немало во толкав голем број тие дијаманти подобро би изгледала, вака индијка, Санто. 5/10

    Leighton Meester at the 7th Annual CFDA/Vogue Fashion Fund Awards
    [​IMG]
    Фустанчето ептен ми е убавко, чевлите ууууууште поубави. Слаба е со накит и косата не и е убава ич. 8/10

    Sarah Jessica Parker at the New York premiere of "Harry Potter and the Deathly Hallows: Part 1
    [​IMG]
    Јаооо изгледа сакала да личи на некој од Хари Потер, од тие вештерките. 3/10

    Christina Aguilera at the Los Angeles premiere of "Burlesque"
    [​IMG]
    Оваа изгледа разводот го преболува со храна. Нели е дебела некако? Иначе убава боја на фустан, гламурозен е, само црвениот кармин нема потреба да го става на секоја комбинација. Тука можела и друга боја да употреби. 8/10

    Cher at the Los Angeles premiere of "Burlesque"
    [​IMG]
    Проститутка. Светлуцав прекраток фустан, а и цел прслук и излегол. Мрежасти хулахопки. Катастрофа. 1/10

    Taylor Swift at the "Teen Awards" at HMV Hammersmith Apollo in London
    [​IMG]
    Супер фустанче. Ама овие vintage чевли не и требале. Секогаш мора нешто да утне. А баш е слатка. 8/10

    Khloe Kardashian at the premiere of Screen Gems' "Burlesque"
    [​IMG]
    Кога би имала -10/15 кг би била топ. Имаат супер стил со сестра и. Фустанов е одличен. Одлични чевли. Накит уште подобар. Косата одлична. Ама килограмиве се единствен минус. Ама ова е оцена за стилот. Затоа 10/10 Би се облекла и јас вака :$

    Aerin Lauder attends the 7th Annual CFDA/Vogue Fashion Fund Awards
    [​IMG]
    Модерен фустан, црни хулахопки и црни чевли се хит, ама у фаца е грда, шминка нула, веѓи огромни. 4/10

    Eva Mendes attends "The Other Guy"
    [​IMG]
    Веројатно фустанов или ќе ви се свиѓа или ќе го мразите. Мене ми се допаѓа. Необичен, а и Ева е одлична, на секси девојка се и стои, само накит и недостасува 9/10

    Jennifer Lopez arrives at the 11th annual Latin GRAMMY Awards
    [​IMG]
    Пресветлуцаво за мој вкус. Иако таа е прекрасна и зрачи. 4/10

    Nicole Kidman and Keith Urban attend the 44th Annual CMA Awards
    [​IMG]
    Прекрасна е! Одличен чипкан фустан, нежна шминка, фризура одлична и чевли кои ја отргнуваат монотоноста и ја прават секси. 10/10

    Gwyneth Paltrow attends the 44th Annual CMA Awards
    [​IMG]
    Ииииии види покажување на Гвинет. Не сум ја видела во вака секси издание. Ми се допаѓа. Супер 10/10

    Jennifer Love Hewitt arrives at "The Artist's Museum Happening"
    [​IMG]
    Што и се случило бе???????? ДЕБЕЛА? Или фустанов ја прави како свиња? Стварно не знам, нозете и се подебели, ама лик слаб пак има. Катастрофа!!! 1/10

    Jennifer at Rock the Kasbah
    [​IMG]
    Значи до фустанот е. Тука е многу солидна. Баш слатка. Не ми се верува колку еден фустан може да додаде килограми. 9/10
     
  7. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Сега мое мислење :)

    Kristin Cavallari at the Los Angeles premiere of "Burlesque"
    [​IMG]
    Мене ми изгледа прикладно облечена и скоцкана. Не претерала со накитот, поради самиот фустан. А шминката и фризурата се одлични. 9/10


    Leighton Meester at the 7th Annual CFDA/Vogue Fashion Fund Awards
    [​IMG]
    Штосен фустан. Чевлите не ми се вклопуваат со него. Можела по гламурозна шминка и фризура 5/10

    Sarah Jessica Parker at the New York premiere of "Harry Potter and the Deathly Hallows: Part 1
    [​IMG]
    Не знам дали ова е само здолниште или и фустан. Во горниот дел ми е ок,а надоле делува како бумбар. Ниту пак ми се допаѓаат чевлите. 3/10

    Christina Aguilera at the Los Angeles premiere of "Burlesque"
    [​IMG]
    Здебелена е, се познава. Искрено фустанот е многу обичен, зелено трико, пуштено како завеса. Имала многу подобри изданија. 4/10

    Cher at the Los Angeles premiere of "Burlesque"
    [​IMG]
    Сакала да постигне некој ефект со панк-елегантен стил. Ама нема веќе 20 години. Не и личи фустанот, уште помалку со тие хулахопки. 2/10


    Taylor Swift at the "Teen Awards" at HMV Hammersmith Apollo in London
    [​IMG]
    Мене тука се ми се допаѓа. Комплет си е. 10/10


    Khloe Kardashian at the premiere of Screen Gems' "Burlesque"
    [​IMG]
    Добар избор. За обелката и целосниот аутфит има 10. Ама килажата... вака 9/10


    Aerin Lauder attends the 7th Annual CFDA/Vogue Fashion Fund Awards
    [​IMG]
    Облеката е соилдна, поминува. Накитот е слаб некако. А за шминката и фризурата можам да кажам дека веројатно болен и е шминкерот. 4/10

    Eva Mendes attends "The Other Guy"
    [​IMG]
    Приметив кај Ева дека се почесто е во некои подолги фустани, како да сака да ги покрие нозете. Страшно е секси. Фустанов ми се допаѓа многу. Чевлите се фантастични. Единствено би и додала црна масовна алка на раката за полн впечаток. 10/10

    Jennifer Lopez arrives at the 11th annual Latin GRAMMY Awards
    [​IMG]
    Супер изгледа. Единствено шминката можела за нијанса потемна. И за мене ова е премногу светлуцаво , ама морам да признаам дека на неа совршено и стои 9/10

    Nicole Kidman and Keith Urban attend the 44th Annual CMA Awards
    [​IMG]
    Добар е фустанот, ама некако ја затвара. Барем да имал три-четврт ракави! Штиклите сами по себе се супер, ама малку преагресивни за овој нежен фустан. Шминката и фризурата се долични. 8/10


    Gwyneth Paltrow attends the 44th Annual CMA Awards
    [​IMG]
    Разголена а, ама со вкус. Мене ми е одлична вака. 10/10



    Jennifer Love Hewitt arrives at "The Artist's Museum Happening"
    [​IMG]
    Вау. Ништо со ништо не се склапа во оваа комбинација. Почнувајќи од фустанот кој ја прави како гуде, па до штиклите кои не се вклапаат никако, и чантата која светка. Бљак! 1/10

    Jennifer at Rock the Kasbah
    [​IMG]

    Едноставен фустан , кој убаво и прилега. Требала само да направи погламурозна фризура, и да стави потемен кармин. Чевлите не се гледаат, а нема ни чанта, па не ми некако комплетна. 5/10
     
  8. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.093
    Допаѓања:
    258.408
    Пол:
    Женски
    Kristin Cavallari at the Los Angeles premiere of "Burlesque"
    [​IMG]
    Фустанов е интересен и бојава ми се допаѓа.Баш е средена како за на премиера, шминка, фризура и чевлите се симпатични и не упадливи. 8/10

    Leighton Meester at the 7th Annual CFDA/Vogue Fashion Fund Awards
    [​IMG]
    Фустанот некако ќе помине,чевлите се супер само фризурава не ми е јасна... како да излегла од под туш 7/10

    Sarah Jessica Parker at the New York premiere of "Harry Potter and the Deathly Hallows: Part 1
    [​IMG]
    Колку сака нека биде модна икона оваа комбинација не и е многу добра,сем ако аголот на фотографијата не е лош фустанов има чудна линија а чевлите освен што се вртоглаво високи не ми се допаѓаат.Накитот и фризурата се супер. 5/10

    Christina Aguilera at the Los Angeles premiere of "Burlesque"
    [​IMG]
    Фустанов ми изгледа баш фин за нејзинава моментална линија на телото. Со шминката и фризурата како и секогаш ја има претерано. 8/10

    Cher at the Los Angeles premiere of "Burlesque"
    [​IMG]
    Шер ми е слабост,бабичкава многу ме бендисува со нејзината ексцентричност но овој пат претерала со деколтето, чипката и мрежата, се заедно е премногу дури и за мене како нејзин фан :lol: 3/10

    Taylor Swift at the "Teen Awards" at HMV Hammersmith Apollo in London
    [​IMG]
    Супер супер супер! Јас лично никогаш не би облекла чипкан фустан па плус и бел но нејзе одлично и прилега,заедно со чевлите и фризурата е за чиста 10/10

    Khloe Kardashian at the premiere of Screen Gems' "Burlesque"
    [​IMG]
    Е ова е фустан што и јас би го носела, одличен е особено ми се допага несиметричноста со ракавите 10/10

    Aerin Lauder attends the 7th Annual CFDA/Vogue Fashion Fund Awards
    [​IMG]
    Од долу нагоре се е за пофалба ама главата го расипува впечатокот, чудно како да не се погледнала во огледало дека е ненашминкана а фризурата очајна. 4/10

    Eva Mendes attends "The Other Guy"
    [​IMG]
    Ева е ептен секси било што и да облече, чевлите 10ка, фустанот ми се допаѓа храбар е и баш и прилега. 9/10

    Jennifer Lopez arrives at the 11th annual Latin GRAMMY Awards
    [​IMG]
    Стандардно добра, стандардно светкава. 6/10

    Nicole Kidman and Keith Urban attend the 44th Annual CMA Awards
    [​IMG]
    Баш ми изгледаат заљубено на сликава. Одличен стил и кај двајцата, ќе дадам 9/10 бидејќи сум скарана со белата боја!

    Gwyneth Paltrow attends the 44th Annual CMA Awards
    [​IMG]
    Најголемото изненадување на листава...Гвинет од секогаш ми била бледа и неинтересна но изданиево е вуау! :inlove: Супер 10/10

    Jennifer Love Hewitt arrives at "The Artist's Museum Happening"
    [​IMG]
    Фустанов ми е баш интересен но воопшто не и стои убаво. Чевлите се баш фини но не и во комбинацијава,ташничката чудна и лош избор. 5/10

    Jennifer at Rock the Kasbah
    [​IMG]
    Одлично. Одличен фустан супер и стои но можела повеќе да го ангажра шминкерот! 8/10
     
  9. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    Kristin Cavallari-Прекрасно.САмо би можело да има помалку шљокици :) 9
    Leighton Meester-Многу нежно и слатко,се е погодено 8
    Sarah Jessica Parker-Тука нема нешто што ми се допаѓа и нема место за многу коментари.А да,чевлите се ужасни 4
    Christina Aguilera-Ми се свиѓа бојата.Инаку фустанот не е нешто,косата и е како гнездо.5
    Cher-Многу евтино делува во тоа прекратко светкаво фустанче надополнето со иста таква алка.Па ако се додаде уште и грозната шминка на и онака пластишното лице :x 2
    Taylor Swift-Фина шминка и фризура само многу бледо лице.Фустанот е ок,само мислам дека делот со чипката е вишок. 7
    Khloe Kardashian-Симпатичен модел на фустан ама геомтриски шари мразам.2
    Aerin Lauder-Црните хулахопки го кварат впечатокот што го остава фустанот,а фали и впечатлива шминка.4
    Eva Mendes-Чуден фустан,шарите ми се некако пренападни.Ама ако се погледне остатокот од телото и лицето на Ева оценката скока :lol: 6
    Jennifer Lopez-Многу е светкаво и не ми се допаѓа како е направен горниот дел од фустанот.6
    Nicole Kidman and Keith Urban-Не обожавам бела чипка,ама некако на неа и прилега.ама чевлите се промашај.А Кит - и така и така,ништо посебно.7
    Gwyneth Paltrow-Отворот кај половината е непотребен.Се останато е екстра.9
    Jennifer Love Hewitt-Многу е некако чупав фустанот,во склад со нејзината коса :lol: Чевлите не ми се свиѓаат.5
    Jennifer-Ова е веќе многу подобар избор,ама фризурата е статус кво.8
     
  10. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    381
    Kristin Cavallari Хмм...Веќе видено...мислам доста е со ваков облик на фустаниве...боја не ми се допаѓа...7/10
    Leighton Meester Супер и е фустанчево....слатко...ама фризурчево бе...како 1 недела да не и е миена...само заради фризурава 9/10
    Sarah Jessica Parker Аххх :inlove: Супер ми е Сара...секогаш е топ облечена...10/10
    Christina Aguilera Монотоно, досадно...бооја не ми се допаѓа...фустанов онака ама средена е битно 7/10
    Cher Колку години имаш Шер? Не ти личи ич...проститутка мрежастиве хулахопки одамна се аут :puke: 1/10
    Taylor Swift Нежно...складно... супер 10/10
    Khloe Kardashian Не сакам фустани до над колена...дебела ја прави...а онака не е лошо 6/10
    Aerin Lauder Јес да е модерен фустанов...ама не и стои 5/10
    Eva Mendes ааа Уникат!! ТОП....10/10
    Jennifer Lopez Што знам нешто ми фали инаку Џени секогаш ми е перфект...можеби бојава :?: 9/10
    Nicole Kidman and Keith Urban Слатки се и двајцата...Никол белово и супер стои, разбива монотонија со црвена штика...Храбро 10/10
    Gwyneth Paltrow Секси... :inlove: 10/10
    Jennifer Love Hewit За првиот... :x 2/10 Вториот не е лош ама не е ни нешто посебно 7/10
     
  11. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Kristin Cavallari at the Los Angeles premiere of "Burlesque"
    [​IMG]

    Мене ова фустанче ми се допаѓа. Ги сакам ваквите моделчиња а и таман е `спаркли` не забегува накај кич. Повеќе кристалчињата му даваат некој ориентален шмек. Косата и е пристојна и чевлите и се во контекст.

    Leighton Meester at the 7th Annual CFDA/Vogue Fashion Fund Awards
    [​IMG]

    Фустанчето е слатко, но не за оваа пригода. Штиклите се приказна сама за себе. Фризерот и умрел.

    Sarah Jessica Parker at the New York premiere of "Harry Potter and the Deathly Hallows: Part 1
    [​IMG]

    И уште кога ќе чујам за ова створење епитет `модна икона` ми се блуе. Тотален промашај. Па на сета несреќа само тие сини штикли и фалеа.

    Christina Aguilera at the Los Angeles premiere of "Burlesque"
    [​IMG]

    Агилера не ја сакам воопшто, но комбинацијава ми се допаѓа, и солидно ја носи. Одлична шминка, фустанот е гламурозен, тиркизот е полн погодок, фризурчето исто. Остава полн впечаток на дива.

    Cher at the Los Angeles premiere of "Burlesque"
    [​IMG]

    Хм.. Незнам од каде да почнам. Светкав фустан со чипкани ракави, краток крој, лаковани штикли, сребрена нараквица, и фамозните мрежасти хулахопки. Проститутката од Адамс Фемили!

    Taylor Swift at the "Teen Awards" at HMV Hammersmith Apollo in London
    [​IMG]

    Не ме бендисува баш... Нешто се обидувале да залепат неколку стилови во еден ама некако тажно делува. Секој детал сам за себе е убав, ама некако заедно споени...нјак. Па уште тој црвен кармин во целокупната замисла, (на "Teen Awards") перверзна црта и дава некоја..

    Khloe Kardashian at the premiere of Screen Gems' "Burlesque"
    [​IMG]

    Ужас! Фустанчево на некој друг може и да изгледа пристојно. Ама на оваа конституција, уф! Да се поднапиеш малце, и ќе ти се сврти во глава ако ја погледнеш, или ќе почнеш да халуцинираш. Фризурата е добра, сатен чевлите сосе нараквицата на некоја пригодна комбинација би биле одлични.

    Aerin Lauder attends the 7th Annual CFDA/Vogue Fashion Fund Awards
    [​IMG]

    Ова ми личи, како комшиката моја, Панда, да се дотерала за на свадбата на ќерка и од Шведска! Ф`станот свечен, модерен, л`скави хулахопки и штикли. Башка сино тулово, со црно и златно, ептен свечена комбинација моорее! (Се опнала, дотерала, ама шминка, чупалица, фризер никако. )
    Не би се зачудила и ако рацете и се недепилирани богами.


    Eva Mendes attends "The Other Guy"
    [​IMG]

    Ова фустанче мене лично ми е симпатично. Не за свечена пригода и нормално убаво искомбинирано. Ева е убава, фризурчето и е скоцкано, ама некако фустанов не и прилега. Ја прави широка во колковите, тесна во градите. Значи фустанчето само за себе е убаво, ама вака без ниту еден аксесоар, и на тие штикли лаковани не ми се допаѓа.


    Jennifer Lopez arrives at the 11th annual Latin GRAMMY Awards
    [​IMG]

    Косата ми се допаѓа. И фустанот е елегантен крој, ама многу фушерајски делува што и се `пресечени` нозете со краткото фустанче што го носи одоздола. Јас разбирам дека треба да се пресоблече за на бина, ама постојат гримиорни за тоа. Вака ќе ме натера да помислам дека во публика ќе се пресоблекува пред да излезе. Уште покемон ранче да си носи со алиштата за џогирање, за после настапот.

    Nicole Kidman and Keith Urban attend the 44th Annual CMA Awards
    [​IMG]

    Жена што секогаш изгледа негувано и отмено. Ова фустанче и дава доза невиност и убаво и прилега. Чевлите малку ме бунат со бојата, но сепак ова е некомплетна комбинација.

    Gwyneth Paltrow attends the 44th Annual CMA Awards
    [​IMG]

    Не ми се допаѓа. Ми личи на оние танчерките што се натпреваруваат, уште бројче на грбот и фали и ајмо на салса...

    Jennifer Love Hewitt arrives at "The Artist's Museum Happening"
    [​IMG]

    Убаво фустанче! Можеби ја прави малку рамна во струкот но моделот и бојата се симпатични. Убава е и фризурата, шминката дискретна, чантата во контекст. Е со нитните на штиклите мислам дека малку претерала, но сепак солидно се држи.

    Jennifer at Rock the Kasbah
    [​IMG]

    Хм штознам за ова. Како деверуша ми изгледа. Убаво е фустанчето само...пф, некако е некомплетирана севкупната замисла.
     
  12. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Kristin Cavallari
    Фустанчето е убаво, чевлите и фризурата и се на место. Можеби требала да стави некое ланче или пак да има чанта, но во секој случај е прекрасна комбинација. 9/10
    Leighton Meester
    Фустанчето и фризурата воопшто не ми се допаѓаат, не се за оваа пригода. Чевлите и се убави, но сепак џабе ако не знае да ги искомбинира како што треба. 5/10
    Sarah Jessica Parker
    Со еден збор, катастрофа. Црниот долг фустан воопшто не и се совпаѓа со сините чевли и црно-маслинестата чанта. Фризурата некако може да помине, ама останатото. :x 2/10
    Christina Aguilera
    Одлична комбинација. Фустанот е прекрасен, моделот баш и не ми се допаѓа, ама бојата е преубава. Не знаеме какви чевли носи, но се надевам дека не ги утнала. Досега најдобра комбинација. 10/10
    Cher
    Одвратно. Кај што е лошо искомбинирано уште па не и лежи на годините. Срамота за неа да се појави вака во јавност! |( 1/10
    Taylor Swift
    Фустанчето е слатко, ама чевлите?! :^) Фризурата речиси секогаш на истиот начин ја носи, така што сме навикнати да ја гледаме во вакво издание, карминот не и бил потребен. 5/10
    Khloe Kardashian
    Бљак. :puke: Само чевлите и вредат и ништо друго. 3/10
    Aerin Lauder
    Фустанот не ми се допаѓа, ама како комбинација не е многу лошо. Можела само да облече чевли во друга боја, затоа што вака со се црниве хулахопки, речиси и да не се познава од каде и се чевлите. 5/10
    Eva Mendes
    Мене лично, фустанот не ми се допаѓа. Едноставно не ми е прикладен за вакви свечености. Лакованите штикли и се катастрофа, не можела да најде со поголема платформа. Требала да стави накит, вака е премногу просто. Сепак фризурата и е на место. 3/10
    Jennifer Lopez
    Фустанот е интересен, ама премногу накичерен. Ременот баш и не и бил потребен, ама ајде, не прави проблеми. Фризурата и е интересна, чантата не ми се допаѓа. Можела и подобро. 5/10
    Nicole Kidman and Keith Urban
    Фустанот е нежен и убав, со убава боја, но чевлите не и се вклопуваат во оваа нежна комбинација. 7/10
    Gwyneth Paltrow
    Премногу голотија на едно место. Фустанот ќе беше многу поубав ако беше цел, а не со толкави шлицови и со гол грб. Чевлите и се совпаѓаат со фустанот ама џабе. 5/10
    Jennifer Love Hewitt
    Интересно фустанче кое (според мене) поубаво би изгледало со некоја посветла боја. Сепак убаво искомбинирано, иако чевлите баш и не ми се допаѓаат. 7/10
     
  13. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Ми требаше само мислење за да види дека не се убави , оти мисли дека сум и љубоморна оти она може да ги носи а јас не :)
     
  14. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Стварно имаш 20 години?
    Сеуште се чудам најискрено.
    По втор пат ги ставаш сликиве на форумов.
    Првата слика измешани стилови, не знам дал за искачање е ова или за преку ден. Плус сите бои ми се испомешани.
    Втората слика е за sweet sixteen, пренаџиџан тинејџерски фустан, детска коса, па уште и дречливи штикли облекла.
    Третата слика не е за слатки 16, него за полуматура, за девојченца.
    Четвртата е за тинејџерки како се фураат низ град во стартки и сите изгледаат ко јајца едни на други.

    Заклучок ако имаш 15 години во ред е да ти се свиѓаат сликиве, ако имаш повеќе треба да размислиш за својот стил.
    Јас вака да ме тераш нема да се облечам.

    И се надевам нема по трети пат на друга тема да побараш совет за сликиве.
     
  15. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Имам сестра помала ... затоа :) а иначе таа има 14 па сака совет ! Да видиш уште какви не слики има да мислиш дека има 6 години :)
     
  16. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Ќе оценуваме нови? :)

    Fergie at 2010 American Music Awards
    [​IMG]
    Ми се чини или ко да ја имитира Лејди Гага? Таков фустан, а и таа поза. Не ми е ова во нејзин стил, не и стои. 3/10

    Beyonce Knowles at the New York screening of "I AM...World Tour"
    [​IMG]
    Со потемна коса е поубава, фустанов и е прекраток и и ги истакнува големите битови, чевлите се добри. 5/10

    Julianne Hough at 2010 American Music Award
    [​IMG]
    Супер ретро фризура и шминка, ама фустанов подобар ќе е без долниот проѕирен дел, да е краток фустан. Сепак слатка е. 7/10

    Jessica to the Heroes Event
    [​IMG]
    Убавка е, убаво фустанче, штета што се прелива со бојата во позадина, мене баш ми се свиѓа. Нежен изглед. 9/10

    Rihanna at 2010 American Music Award
    [​IMG]
    Хммм, секси е, и стои добро посебно со косата. 10/10

    Sheryl Crow arrives at the 2010 American Music Awards
    [​IMG]
    Лошо. Фустанот е премногу шарен и тоа различни шари кои не ми се совпаѓаат. 2/10

    Jessica Albaat 2010 American Music Awards
    [​IMG]
    Секси е. Убава црно-златна комбинација. 9/10

    Heidi Klum arrives at the 2010 American Music Awards
    [​IMG]
    И овие се збудалени по чипка :lol: Иако овој модел бабски ми е малку а и широко. Хајди сум ја видела во многу посекси изданија, ова не е по мој вкус. 5/10

    Miley Cyrus arrives at the 2010 American Music Awards
    [​IMG]
    Иако е идиотка и сите ја мразат, ама сепак убаво се облекува. Фустанов и е топ. Чевли, шминка, фризура, се е на место. Иако тоа не треба да и виси, не е невеста па вел да има. 9/10

    Katy Perry arrives at the 2010 American Music Awards
    [​IMG]
    Го фура овој сладок, бомбонски изглед :D Ама убавка е. Зрачи некако. 9/10

    Taylor Swift arrives at the 2010 American Music Awards
    [​IMG]
    И шлагчето за крај. ПРЕКРАСНА Е. Јао не можев да ја познам!!! Тејлор секси си, овој стил одличен и е. Кукла е. Ко барбика. Не можам да и се изнагледам. Прв пат ја гледам во ова издание. 10 10 10 10 10 .... многу десетки
     
  17. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Ферги
    Фустанот ми е некако недефиниран. Како модел во горниот дел ми се допаѓа, ама стварно не знам што им требало долу да го засекуваат, можеле по истата линија да продолжат. За дезенот веќе не коментирам. Косата и е ок, само и‘ треба шминка. И‘ фалат обетки (можеби ги носи, ама не и‘ се гледаат) и ташна. Штиклите се многу отворени напред. 4/10
    Бијонсе
    Не знам значи стварно што е фината со фустаниве, ама еве и овој е „засечен“ и како што си е покрупна и ниска уште толку ја скусува. Па и ракавите, на што личат? :puke: Фризурата, како крава да ја лижела... Бијонсе дефинитивно имала далеку подобри изданија од ова. И‘ фали ташна. Чевлите, накитот... ми се допаѓаат. 7/10
    Julianne Hough
    Ќе се согласам со Росонерка дека таа завесата долу не и‘ требала. Иначе фустанот ќе беше совршен. Фризурата гламурозна, девојкава преслатка... само чантата :^) Требала нешто едноставно и црно да земе. И понежно. Чевлите само и‘ ѕиркаат, што не чини. 8/10
    Џесика
    На прв поглед изгледа како само по средина на телото да обесла нешто, поради бојата. Убаво е моделчето, но ја прави постара некако, заедно со фризурата. Чевлите не ми се допаѓаат поради тоа што и‘ се познаваат корените на прстите. А ташната :fubar: 7/10
    Рајана
    Девојкава скроз се побудали. Фустанот ми е како евтина завеса.... Бар да беше пократок, а не со перки надолу. И‘ фали чанта. А за фризурата... немам коментар :x Прекрасна. 7/10
    Шерил Кроу
    Аууууу катастрофа. Грозно :puke: Од фустанот што е никаков ништо друго не би можело да дојде до израз. 4/10
    Џесика Алба
    Е ова веќе ми се допаѓа. Црно разбиено со златно. Прекрасна е. 10/10
    Хајди Клум
    Женава ја обожавам, ама малце изгледа како по ноќница да излегла. Па уште и се познава како се раширила со нозете... 5/10
    Мајли Сајрус
    Немам коментар за девојчево. И покрај опашката што се влечка, морам да признаам дека е гламурозна. Јас би се облекла вака исто, само без тоа што се влечи. 10/10
    Кејти Пери
    Должината на фустанот и дава некоја сериозност. Малце е прешеќерен за мој вкус, но и‘ стои. Само и‘ фали чанта. И плус косата... како да не и посветила доволно внимание. 7/10
    Тејлор Свифт
    Имам некои мали замерки во однос на светлуцавоста, но кога ќе и‘ ја видиш фацата така слатка, па уште со шишките, права коса... милина. Рај за очите е девојчево. 9/10
     
  18. butterfly.mimi

    butterfly.mimi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    103
    Fergie Фризурата и шминка УЖАСНИ! Фустанот не ми се допаѓа во долниот дел 5/10
    Beyonce Knowles Фустанот е прекраток и лакот на ноктите на нозете стварно не и требал и фризурата не и е убава 8/10
    Julianne Hough Косата и е убава и сјајна, лицето и е побело од телото, барем јас имам таков впечаток. Немало потреба од поѕирниот дел фустанот 9/10
    Jessica Чуден е фустанот со тоа парталчето на средина... Чантата на што и одговара? 7/10
    Rihanna Конечно еднаш да има понормална фризура! Другото не го коментирам :x 2/10
    Sheryl Crow Грд фустан, природна и нежна шминка, обична фризура... 1/10
    Jessica Albaat Ееее ова е веќе нешто друго за ова 10/10 ;)
    Heidi Klum Фустанот ме потсеќа на оној на Ријана... Фризурата и шминката се ОК 2/10
    Miley Cyrus Убаво, средено, вклопено... 10/10
    Katy Perry Шминката е пренападна, косата недосредена. Чевлите се убави 4/10
    Taylor Swift Ми личи на барбика :) Фустанот е многу шљокичаст другото е ОК 8/10
     
  19. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Fergie at 2010 American Music Awards
    [​IMG]
    Лично не го разбирам фустанов. Футуристички, светкав...И чевли! Друго нема на неа. Многу некративно ми е облечена. И аман веќе со тоа истакнување на нозете. 4/10

    Beyonce Knowles at the New York screening of "I AM...World Tour"
    [​IMG]

    Мене ми е овој аутфит комплетен. Сјајно изгледа. Можеби е малку тесен, ама мене ми е страшно скеси. Деталите и чевлите се преубави. 8/10

    Julianne Hough at 2010 American Music Award
    [​IMG]
    Дури е и премногу отмена! Фустанот е убав , макар што краток поубаво ви изгледало. Шминката фризурата и деталите се одлични. Многу гламурозно. 9/10

    Jessica to the Heroes Event
    [​IMG]
    Интересно е фустанчево, ама малку чуден крој има. МОжела да избере нешто по секси, и да ја среди косата на друг начин. 6/10

    Rihanna at 2010 American Music Award
    [​IMG]
    Конечно после тоолку време да кажам дека ми е одлично средена и дека изгледа супер!! Фустанот е секси и е многу интерсен. Косата исто така. 10/10

    Sheryl Crow arrives at the 2010 American Music Awards
    [​IMG]
    Не ми се допаѓа фустанот. Би го носела на прошетка.И шминката е слаба. Можела многу подобро. 3/10


    Jessica Albaat 2010 American Music Awards
    [​IMG]
    Тука веќе е посекси. Убава комбинација избрала. Чудна ми е само во стапалата. Можела поинакви чевли да избере, сосема друг впечаток би добила. 8/10

    Heidi Klum arrives at the 2010 American Music Awards
    [​IMG]
    Не! НЕ за овој фустан што е тотален промашај, и лошо и стои! Од толку бави фустани, избрала чипкан долг и бабски фустан. Шминката и фризурата се беспрекорни. 4/10

    Miley Cyrus arrives at the 2010 American Music Awards
    [​IMG]
    Хана монтана убаво ссе средила.Убаво и чисто изгледа. Освен моментот што се влече позади неа. Требала една ножица да акне таму и решена приказна. 8/10

    Katy Perry arrives at the 2010 American Music Awards
    [​IMG]
    Убав фустан и чевли. Ми се допаѓа како изгледа. требала само темен кармин да стави, некоја бордо нијанса. 9/10

    Taylor Swift arrives at the 2010 American Music Awards
    [​IMG]
    Изгледа само мене не ми се допаѓа овој изглед на Тејлор. Шишките ама воопшто не и стојат!! И ја покриваат и така малата фацка, па вака личи на кученце. Фустанот не е лош ама некако лошо и стои, како поголем да и е. 7/10
     
  20. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    Fergie мислам дека овој пат изборот што го направила е лош.. не ми е по вкус.. 5/10
    Beyonce Knowles убаво и привлечно..секогаш знае што да си избере, иако не ми се допаѓа тоа што со тој фустан многу си ги истакнува бутовите 8/10
    Julianne Hough слатко, ама без она парчето прозирно.. а и чантичката некако не ми се допаѓа 6/10
    Jessica фустанот ми е многу чуден, а јас да бев на нејзино место, никогаш не би го облекла..чантичето не ми е баш усогласено, а штиклите не ми се баш најдобри 3/10
    Rihanna епа, добра е .. а и фризурата е топ 7/10
    Sheryl Crow како некое чергиче.. 1/10
    Jessica Alba ептен слатко.. 9/10
    Heidi Klum не во мој стил 2/10
    Miley Cyrus кул е.. 8/10
    Katy Perry слатко.. 9/10
    Taylor Swift најубаво..едностано останав без зборови 10/10