Ајде да ги искоментирам и јас. Jane Fonda Brand: Georges Hobeika Не и требале на бабава тие ракави поткренати на свечен фустан, сепак за нејзини години таа изгледа добро, ама се гледа од километар, мнооооогу ботокс. Како и да е за стајлингот 8/10. Julia Stiles Moделов е веќе познат, со тоа што подобро ќе беше друга боја, црнава ја затвара многу а и не искомбинирала некој накит кој би можел да ја освежи. 6/10 Tilda Swinton Brand: Jil Sander Женава нема стил докажана научно, а уште полошо не се ни шминка!!! ужасна е. грда е. ми изгледа за нечиста. бљак -10/10 Amy Adams 10че преубава ми е, и моделот и бојата и шарите на фустанот и како и одговара со очите и колку е таа слатка ТОП Christina Hendricks Ја отече оваа со црвенава боја која има изјавено дека ја правела секси па секаде само црвено носи. Мене не ми е убава, досадна ми е. 3/10 Megan Fox Brand: Armani Prive Јас кажав за оваа 40килограми се направила. За мене ова не е онаа сексипилна Меган Фокс, туку анорексична Меган Фокс! Грда ми е, само коски на неа, нозете и се како стапченца. Дури и коските кај колкот и се испакнати. ГРДООООО!!! Баш проверив на интернет многу се збори за нејзиното слабеење кое преминало граници. Само фацуле убаво и е, ама кога ќе видиш колку операции има на 20 и нешто години . Фустан како фустан убав е, ама како на закачалка да го гледам. Anne Hathaway Brand: Armani Prive Лампион. Иако убаво и стои моделот, згодна е, само бојата не! 5/10 Michelle Williams Brand: Valentino Летен фустан за шетање покрај плажа. За црвен килим НЕ. 2/10 Heidi Klum Brand: Marc Jacobs Портокалов кармин бљак! А и фустанот чудно и стои, била и поубаво облечена! 5/10 Jane Krakowski Brand: Badgley Mischka За бремена жена која за 3 месеци ќе се породи 10ка. Супер фустан, одличен накит, посебно алките Jennifer Lopez Колку е нежна, слатка, убава, секси, супер фустан, блескави дијаманти, убав граден кош, секси задник, преубава жена. 10/10 Само старчено покрај неа ја груби Leighton Meester Brand: Burberry Prorsum Кога ќе размислам па ова и е една од најдобрите комбинации. Девојкава реално нема добар вкус за приватен живот. Фустанов не ми е грд, ама не ми е ни гламурозен до толку. 5/10 Halle Berry Како ефтина српска певаљка изгледа! 0/10 Sandra Bullock Brand: Jenny Packham Фустанот не е лош мене ми се свиѓа, ама некако многу ми е тажна Сандра, депресивна на сите слики, не се смееше цела вечер, џабе светки на неа кога таа ич не сјаеше! Шишките не и стојат и косата и има чудни нијанси. 7/10 Mila Kunis Brand:Vera Wang Бааааах колку ми е сексииии девојкава мачкица . И преубав фустан и она е убава 10/10 Christina Aguilera Свинче! Досаден фустан! Ама тоа на рака алка со прстен споен и тоа сребрен 1/10 Natalie Portman Мене ми е многу слатка, вечерта беше главна на црвениот килим и блескаше од среќа, спокој, мир ... ептен ми беше нежна. Фустанот не ме воодушеви, ме воодушеви таа со својот стас и беше толку горда на стомачето. Успешна е и приватно а и глумејки ја Нина го достигна врвот! Јас ќе и дадам 10ка, заради неа, зашто беше ѕвездата на вечерта. January Jones Brand: Versace Ја замислувам во фустанов госпоѓиња Версаче Без да читам знаев чив е грдиов фустан. Само Донатела прави сеуште фустани со вакво деколте и реси 3/10 ради убавиот лик Sofia Vergara Brand: Vera Wang Се покака од среќа вечерта и само се сликаше и фалеше на фустанот од Вера Ванг, а мене ич не ми се свиѓа! 2/10 Scarlett Johansson Brand: Elie Saab Немам срце да кажам не на фустан од Елие Саб Убав е фустанот, ама таа ми делува бледо во него. 8/10 Nicole Kidman Brand: Prada Во фустанов изгледаше мнооооооогу ефтино. Ич не ми се допадна. А и може да размисли да намали со тој ботокс, како стаклена кукла изгледа да ја фрлиш ќе се скрши! 2/10 Catherine Zeta-Jones Brand: Monique Lhuillier На сликиве не ми се допаѓа, ама гледајки ја во живо и се воодушевував. ПРЕУБАВА МИ БЕШЕ! Блиска женава со својата убавина, своите облини 10/10 Julianne Moore Розево и златно не ми идат во комбинација, а плус и тоа чудно со ѓердан па врз него фустан. Чудно 3/10 Eva Longoria Brand: Zac Posen Многу ми е обична. Ги стиснала градите кои реално ги нема, обична ми е, не ми остави впечаток ич. 5/10 Helena Bonham Carter Brand: Vivienne Westwood Зашто луѓево експериментираат на Златен Глобус? На Оскар? Абе се знае гламур е тоа, не циркуз! 0/10 Lea Michele Brand: Oscar De La Renta Во живо ми беше прееееееееееееубава. Фустанот прекрасно и стоеше. Совршен за неа. А и преслатка е! 10/10 Hailee Steinfeld За девојченце топ 10/10 Kaley Cuoco И оваа ми беше убава во живо. Фустанот и беше преубав, иако на сликава е бледа. 10/10 Olivia Wilde Не светкаше фустанов до толку, ама ете што прават блицови на апарати. Симпатична беше, поинаква од другите. Само штета го крена фустанот и ги покажа ужасните златни чевли 8/10 Angelina Jolie Ок, одамна знаеме која и е омилена боја. Ама како божица ми е, убава, покрај тој убавецот уште со јарешка брада уште поубава. 9/10
Golden sh*t awards, еве ги моите оценки од црвената јамболија Jane Fonda - прекрасна е! На тие години и јас сакам да изгледам така. Фризурата и фустанот, едноставно одлично! 10 Julia Stiles - треба некој да ја прекрсти во Julia STYLEs. Отсекогаш сум ја сакала и како актерка и како појава. Класична убавина. 10 Tilda Swanton - леле колку си го сакам фриков! Кога би ја видела во нешто понормално би се чудела, вака ова сосема одлично ми одговара на нејзиниот „не знам да се решам дали сум маж, дали жена“ изглед. 9че, само заради кондурите. Од кај го избаци розевово барби чевличе?! Amy Adams - ок ми е, убава ми е, која и да е цурава, прв пат ја гледам. Пристојно за ваква јамболија, и давам 10 Christina Hendricks - е ич не сакам црвени фустани. Од мене 8ица, плус прв пат ја гледам исто. Од кај се појавија новиве фаци?! Megan Fox - беспрекорна убавина. 10! Anne Hathaway - не ми се допаѓа фустанов ама ич однапред, одпозади е друга приказна. 7 Michelle Williams - ништо посебно, ми изгледа ко градинарче, а душа е ептен. 5 Heidi Klum - истото како за Меган Факсица. 10 Jane Krakowski - топ. 10 Jennifer Lopez - не ја сакам ама ич. Напрчени усни небаре за Фејсбук се слика. Како и да е морам да признаам дека има стил женава. 10 Leighton Meester - тука ми изгледа како да наметнала она што прво нашла на фотељата. 1 Halle Berry - божица е. Прекрасна е! 10 Sandra Bullock - нежно и прекрасно, токму каква што е и самата. Најубава ми е од сите досега што ги видов. Две 10ки Mila Kunis - малку го утнала моделот. Ама ај, и давам 8 заради мојата омилена боја Christina Aguilera - сигурни сте дека е ова Кристина? Што и е? Фустанот е преубав ама она ми е чудна и многу променета или здебелена?! Не знам. За фустанот и давам 10 Natalie Portman - убавина како од филм! Преубава е и преубаво е облечена. Заедно со Сандра ги издигнувам на највисокиот ранг. Три 10ки! Росоњерче ме мрзи понатака да коментирам, си ставила 350 слики еј Само ќе кажам дека Хелена ми е царица! Ја боли дупе за се! Не е облечена најубаво ама по овој стил е препознатлива, и се сака - и се може. Браво! Оливија има прекрасен фустан! Кетрин е класично преубава а онаа Анџелина кога ќе ја видам ми се повраќа веќе. Мислам дека и фрижидер ако отворам и таму ќе ја најдам. Што е многу, многу е! Толку од мене. Пирамида Армани Сваровски Долче Прадовска
Според вистинските критичари еве кои фустани биле најлоши на Глубуси... Спојлер http://crnobelo.com/zivot/shou-biznis-i-trac/7297-najloso-obleceni-na-globusi-2011 Мислам дека е време за нови слики... и ѕвезди кои ке бидат критикувани... Сите подолу закачени слики се од Critics' Choice наградите... 1. Натали Портман 2. Ким Карадашин 3. Никол Кидман 4. Софија Вергара 5. Ели Фенинг 6. Мила Кунис 7. Менди Мур 8. Мишел Вилијамс 9. Ема Стоун 10. Емили Блант 11. Џулиен Мур 12. Ева Мендес Јас на ниедна од овиее не би им дала 10
Госпоѓице Армани Сваровски Долче Прадовска да знаеш само колку слики не ставив од Глобусиве Иначе лесно е за ставање слики, али и јас се изнамачив за коментирање Иначе Хелена јас не можам да ја поднесам, многу ми е одвратна! Ама затоа со тебе не можам да се сложам за Хали Бери. Леле немала поодвратен стајлинг. Многу ми е слатка и убавка, ама стајлингов и е ефтин! Грд! Никаков! Иначе глобусиве беа вчера не да не е време за нови слики ама ај. Јас не ги коментирам зашто ем се постари 1 недела од глобусиве, ем глобусиве и тоа како се актуелни сеуште
Госпоѓице Донатела Росоњери Версаче Немој! Човек не може ни да ги доизгледа камо ли да ги коментира. Јас вчера се засилив ќе коментирам, оно крај да ти немало! Да ти кажам право Хелена ми е поим за цврсто изградена личност, а не за модна икона. Она си е таква, премногу ја почитувам како актерка и едноставно на некој начин ја разбирам. Веројатно како што ме шврка расположение за општа револуција против непишани правила и кодирано однесување, лицемерија и лигавштини кои се неминовни за вакви настани, и да бев глумица и позната, и секако богата - верувам дека често и јас ќе протестирав како Хелена на онаков начин. Погледни го Џони Деп, типичен пример за тоа ти е. Не еднаш се појавил во искинати фармерки на црвен тепих. Абе цар! Му се сака - му се може викам јас Секако, се работи за вкусови тука. Мене ми е Хали преубава во било што, ама онаа Анџелина на ништо не личи, и патем бетер е од Меган кога станува збор за коски на батерии Абе јас сум ти Анистон тим, шта ќеш Роси, тоа ти е Гледам ти ги бараташ „модниве правила“ - јас ги ставам во наводници затоа што за мене правила во модата не постојат. Постојат само журки каде некој ти налага да се облечеш некако, па ако сакаш да си дел од нив, ќе почитуваш. А во слободно време? Ако сакаат и ќеси најлонски нека носат, ми е гајле ако убаво им стојат и знаат да ги носат. И заборавив да кажам уште за Никол Кидман дека е секогаш преубава. Ок ботокс, пластики и чуда ама убава е и убаво е облечена, и давам 10.
Прво за постот на Росоњерка за 68th Annual Golden Globe Awards Jane Fonda - фустанот и чевлите не ми се допаѓаат, но таа и покрај нејзините години, се’ уште е една од најубавите жени на светот. 7/10 Julia Stiles - плавуша во црн фустан е проверено добра комбинација, 9/10 Tilda Swinton - десетка за доследноста на себе и оригиналноста, единица за комбинацијата. Просек 5,5 Amy Adams - ми се допаѓа. Непретенциозно, класично убаво. 9. Christina Hendricks - хммм фустанот ми е ту мач и некако не ми оди со портокаловата коса, ама за беспрекорната шминка еве 6. Megan Fox - убав фустан, ама навистина е преслаба. И ваквите чевли на платформа не ми се допаѓаат, не ми се елегантни и не ми одат на олку прекрасен фустан, а редовно ги носи. 8 само поради непогрешливиот Армани. Anne Hathaway - ми се допаѓа. Светкаво, ама класа светкаво. Погледот отпозади балансира со едноставниот крој од предниот дел на фустанот, а едноставниот крој го балансира раскошниот материјал 8,5. Michelle Williams - ооо Боже, дури и Валентино можел да изгледа лошо на некои луѓе. Уште ли постои девојкава? Не го подобрила стилот од времето на Dawson's Creek, ми изгледа како да заглавила во деведесеттите. 0. Heidi Klum - фустанот е интересен, но не е нешто посебно, а шминката е тотално утната. Еве една 7 зашто Хајди зрачи каде и да се појави, што и да носи, ама друг пат нека си се држи до нејзината црвена боја, кога е облечена во црвено доаѓа секој нејзин атрибут до израз. Jane Krakowski - незабележителна. 5 Jennifer Lopez - ми се допаѓаат чевлите и накитот, за другото знае таа подобро. Досадна фризура. 7 Leighton Meester - фустанчето е нежно кога одблиску ќе се забележи, но на прв поглед е незабележителна. За чевлите да не се повторувам - реков за Меган Фокс. Шминката и’ е одлична. 6 Halle Berry - фрик оф д уик. 0 Sandra Bullock - зошто таква фризура на олку свечен настан? Го расипува цел впечаток, кој инаку би бил одличен. 7 Mila Kunis - здивоодземачка и погледозапирачка. Совршено за 10. Christina Aguilera - во нејзин стил, ништо ново. 6 Natalie Portman - преубава е, едноставно зрачи. Значи можело розово со црвено Нежна и фрагилна, но сепак со горд поглед и став, едноставно совршен впечаток - 10. January Jones - е ова е од она "другото" црвено кое не ми се допаѓа. 5 Sofia Vergara - фустанов ко да се губи на црвен килим, а и не е нешто посебно. 6 Scarlett Johansson - добро, еве го совршениот фустан, само за некој со потемен тен. Скарлет ми изгледа како испрана со ваква боја, не и’ ласка . Можело да има барем малку појака шминка за да дојде до израз, вака ќе и’ дадам само 8. Nicole Kidman - секогаш елегантна, и не може да остане незабележана. Со силиконите се помирив некако зашто ми е меѓу најубавите холивудски фаци (иако ми беше уште поубава пред да ги стави), па ќе и дадам една 10. Catherine Zeta-Jones - раскошна убавина. Зелен фустан на црвен килим = полн погодок! 10! Julianne Moore - оу ноу, ноу ноу. Што е финтата со ракавот од фустанот пикнат во ѓерданот? 0. Eva Longoria - кој рече дека црното е занемарливо? Не кога го носи Ева Лонгорија! Ми се допаѓа тоа што не е натрупана со дијаманти, фустанот е раскошен сам по себе. 10! Helena Bonham Carter - е ја обожавам женава значи . 10 за доследноста и покрај влијанието на холивудскиот раскош и униформираност, ама 1 за вкусот . Просек како за Тилда - 5,5 и’ доаѓа. Lea Michele - која е па сега оваа? Бебешко розова не ми изгледа елегантно и прикладно за ваков настан, иако фустанот би бил прекрасен во некоја друга боја. 6 Hailee Steinfeld што знам, еве 4 Kaley Cuoco - ми се допаѓа, многу, иако е се во една боја и по малку безлично. 8 зашто мислам дека и’ треба некое освежување. Olivia Wilde - ОМГ оваа од светот на Дизни да не излезе? 1 Angelina Jolie - ко некој молив ми е. Бојата на фустанот и’ одговара, ама целокупниот впечаток не ми се допаѓа. 6 Спојлер Абе скоро половина од жениве не ги знам... Мора да гледам повеќе нови филмови
Можам да кажам дека се согласувам со светскиве модни критичари, го мислам истото за ѕвездиве на златнив глуобус уште пред да ги прочитам вистинските критики Значи ме бива за критичар
1. Натали Портман - хмммм од една страна ми е преобичен како чаршав да има свиткано и ајт терај, но сепак таа цртната рамка е добра, накитот е во ред и шминката исто така од мене 5/10 2. Ким Карадашин- Лошо, па дури и линија има, како да го дели фустанот на две половини, косата на Ким ми е преубава само заради тоа 2/10 3. Никол Кидман-Не ми се допаѓа 1/10 4. Софија Вергара - Должината не ми дефинирана, бојата ич не ми е убава, океј и е шминката и накитот 3/10. 5. Ели Фенинг - Бљак, толку 0/10 6. Мила Кунис - Мила ми е преубава, единствена замерка е тоа што ланчето и во зелена боја, со што ли сакала да го комбинира од мене 9/10 7. Менди Мур- едноставно но симпатично 8/10 8. Мишел Вилијамс -просечно 4/10 9. Ема Стоун - Убав фустан само што е светкав како и да е 8/10 10. Емили Блант - Супер скоцкано од мене 10/10 11. Џулиен Мур -Ич не ме бендисува 1/10 12. Ева Мендес- Вауууу што друго да кажам, само панделката или што и да е тоа на десното рамо малку е голема но сепак ептен ми се допаѓа 10/10
За сликите на Лавли: 1. Натали Портман - фустанот не ме импресионира, но таа е едноставно прекрасна, многу убаво се носи со бременоста. Црно - белата комбинација добро алудира на филмот . 7 2. Ким - со еден збор - кич. И бојата, и моделот. Убав накит, шминка и фризура супер како секогаш, но стајлингот и’ е промашен. 5 3. Никол Кидман - ретко греши, а овој пат според мене е грешка. Премногу ми е мрачен фустанот за таа порцеланска кукла. 6 4. Софија Вергара - не ми се допаѓа. 5 5. Ели Фенинг - фрик оф д уик. Никогаш не ми се допаѓа кога фустанот е во ист тон со тенот на кожата, а овој пат и моделот е исклучително лош. 6. Мила - како жарче ми е, и од сликава зрачи нејзината аура. Чевлите не ми се допаѓаат, затоа 9. 7. Менди Мур - преубав фустан, многу убаво и’ стои, единствено што не ми се допаѓа е тоа што каменот на накитот е во иста боја со фустанот, некако премногу униформирано ми изгледа. 9,5 8. Мишел Вилијамс - пак ми е смотана. Тие спуштени рамена би го уништиле и најсовршениот стајлинг (иако овде е далеку од совршенство). И какви се тие грди, грди чевли ? 1 9. Ема Стоун - не знам каков фустан носи, не се сомневам дека е скап, но мене многу ефтино ми изгледа, апсолутно никаков впечаток не ми остава - ни добар, ни лош. 3 10. Емили Блант - хммм не е лошо, ама ме нервира таа панделката на половина 7. 11. Џулиен Мур - комплетно промашување. Фустанот прави фигура на стомна Да ги немаше тие џебови и да беше тесен во половината, впечатокот ќе беше убав. 2 12. Ева Мендес - интересно и оригинално, ама таа панделка очи ми боде. Чевли на платформа не ми изгледаат елегантно, пак да си кажам. 6.
1. Натали Портман Фистанот, ташната и накитот ми се допаѓаат и само ради нив ќе ставам оцена 8. Фризурата и е многу залижана, а шминката па own: 2. Ким Карадашин Секогаш ублечена во тесно со цел да го истакне задникот Не ми се допаѓа многу. Фризурата е океј, но фустанот... НЕ! Едно 3че! 3. Никол Кидман Сушка се направила. Она жилине на вратот... Фустанот и наќитот ми се допаѓа па затоа едно 7че! 4. Софија Вергара Како некој поклон ми е 2 5. Ели Фенинг Убаво фустанче, само косата и е едноставна. 8че 6. Мила Кунис Убава како и секогаш 10ка 7. Менди Мур 10 8. Мишел Вилијамс Нема да коментирам, ај едно 1 9. Ема Стоун 8 10. Емили Блант 6 11. Џулиен Мур 2 12. Ева Мендес 4
Jane Fonda За нејзините години изгледа океј, не ми се допаѓаат златните детали на фустанот ама ќе помине5/10 Julia Stiles Фустанот е симпатичен, можеби требало да додаде некаква нараквица. 6/10 Tilda Swinton Немам коментар, не знам дома дали има огледало за да се погледне, ужасно. 0/10 Amy Adams Мене ми е симпатична, убав изглед, можеби тоа што се влече е премногу, но сепак ми се допаѓа.Можела да додаде и некоја нараквица, бидејќи обетките не се толку забележливи.9/10 Christina Hendricks Се што гледам е црвено, црвено и црвено..Можеби би изгледало без преголемиот цвет во горниот дел, некако премногу ја затвара. 5/10 Megan Fox Не ми е ништо посебно, а и ми изгледа по малку анорексично. 6/10. Anne Hathaway Прекрасно!Можеби е премногу светкаво, но знае како да го носи, и одлично изгледа во фустанот.10/10 Michelle Williams Со ваков фустан ли се излегува во јавност?!Ми се допаѓа само фризурата и шминката, само за нив се потрудила. 4/10 Heidi Klum Имам добар впечаток, фустанот е одличен, нараквиците исто така, малку сандалите не ми се допаѓаат но се на се одлично.Убава фризура и шминка. 8/10 Jane Krakowski Со оглед на тоа дека е бремена изгледа одлично, зрачи.Само обетките не ми се совпаѓаат некако.Сепак 9/10. Jennifer Lopez Одлично изгледа, можеби поинаква фризура би била полн погодок но и вака е супер! 10/10 Leighton Meester Фустанот ептен ми е чуден, некако не е мој стил.Фризурата и е убава, а и накитот и е океј. 5/10 Halle Berry Не ми се допаѓа воопшто. 1/10 Sandra Bullock Одличен изглед.Изгледа супер во фустанот, накитот и ташничката одговараат на целата комбинација.Само шишките малку отскокнуваат, некако и го затвараат лицето. 9/10 Mila Kunis Одлично! 10/10 Christina Aguilera Црвениот кармин е во секоја комбинација, премногу е.Фустанот е океј, ништо посебно. 6/10 Natalie Portman Интересен изглед, впечатлива е црвената боја. 8/10 January Jones Некако не ми се допаѓа кројот на фустанот, фризурата и шминката се добри. 5/10 Sofia Vergara Се на се одлична комбинација, задниот дел е некако премногу, ми заликува на корсет но ќе помине. 9/10 Scarlett Johansson Мене ми е срцка,преубаво изгледа!10/10 Nicole Kidman Онака класика ми е, ништо посебно,може и подобро. 4/10 Catherine Zeta-Jones Мене ми е прекрасна! 10/10 Julianne Moore Не знам што е со ракавот?!А некако и златно и розево не ми одат...4/10 Eva Longoria Црно, едноставно, не е ништо посебно, но сепак убаво е! 8/10 Helena Bonham Carter Ужасно!Не знам што сакала да постигне, како и да е не ми се допаѓа воопшто. 0/10 Lea Michele Слатка ми е, фустанчето и стои прекрасно.10/10 Hailee Steinfeld Фино, бело, убаво и стои. 10/10 Kaley Cuoco Убаво вклопена комбинација.Се ми се допаѓа.10/10 Olivia Wilde Многу е слатка, и ми беше прекрасна комбинацијава, се додека не ги видов чевлите, премногу се!Сепак 10/10. Angelina Jolie Бојава е необична, но нејзе и стои. 7/10
Не ми се допага баш како Каролинасе облекла...Фустанот е убав, само многу ја затвора...Да имал поинаков крој мислам дека поубав би бил...Ташната е ок, а нараквицата и сандалите не ми се допагаат а и не ми се вклопуваат во комбинацијата.. Бундата е супер..Инаку во глобала не ми се допага како искомбинирала.
Прво да кажам Каролинчето и Цацито се префалија за фустанов дека е од македонче што работи во странство за Луи Витон бла бла. А фустанот не дека е лош, ама многу класичен, чевлите подобро би било да се затворени класика салонка, бојата е добра одговара со алката, ташната добро е да била кремаста, вака многу бои. А бундата да била еднобојна подобро ќе било. А еве неколку нови фотки од настаните низ светов неделава Daveigh Chase Класична модерна чипкана комбинација, само интересно е што се панталончиња не фустан, иако подобро би било да е црна поставата и да внела акцесорис и ташна во друга боја да разбие монотоност. 7/10 Olivia Palermo Премногу бои за мој вкус. Палтото е преубаво, панталоните се добри. Чантата и чевлите се преееееубави, ама сами по себе, не во комбинацијава. Блузата и е неубава! 4/10 Cate Blanchett Убавка ми е, само да го откопчала палтото, супер комбинација за промена, класика. 9/10 Anne Hathaway Зини мајко и голтни ме!!!! КАТАСТРОФА! Се е грдо и панталоните и блузата и чевлите и ланчето се. 0/10 Shenae Grimes Комбинацијава ја смалува а и ми личи на плесачица на стомачен танц. На повисока девојка поубаво би и стоело ова. 4/10 Jennifer Lopez 1000ка оценка за чевлите Сукњата не ми се допаѓа, а блузата е добра и накитот. 6/10 Poppy Delevigne Сукњата е доволно шарена и не ми одговара со блузава. 5/10 Sofia Vergara Ќе попука во граден кош. Фустанов е убав, класична чипка, како завеса малку, ама сепак убава е секси 9/10 Mila Kunis Фустанов ми е баш убав, на поблед тен поубаво би стоело. 8/10 Julia Stiles Супер, ми се допаѓа како и стои и бојава и моделов и интересно е преливањето. 10че Hilary Swank Убавка е и многу нежно делува 9/10 Whitney Port Фустанот не ми е убав, а и изборот на чевли и ташна не ми се допаѓа бледо ја прават. 3/10 Diane Kruger Јес да е на Шанел фустанов ама пресмешно и стои 1/10
Daveigh Chase Замислата на ова парче обелка е интересна. Сепак, има гоооолеми пропусти, прво поставата, а врото црните шавови кои даваат изглед на долен веш. Чевлите се во ред, но сметам дека на овој аутфит неопходна е потемна шминка. 5/10 Olivia Palermo Не сум пристрастна, но се што носи оваа девојка ми е прекрасно. единствено нешто кое би сменила, а би ја направило комбинацијава многу подобра, е бојата ан чевлите, или самите чевли. Да изберела некои во боја со палтото ќе било одлично, но вака боите се испомешани. 7/10 Cate Blanchett Класична комбинација, која би била многу поштосна со впечатлив накит. Малку ме бунат панталоните, но сепак кај мене поминува солидно. 8/10 Anne Hathaway Веројатно одела на Винтиџ моментот. И за жал направила катастрофална утка! Илјада пати подобро би било да облечела црни панталонисо висок струк. Вака е измешано, точки, линии, бои, материјали!!!! 2/10 Shenae Grimes Не знам дали се ова панталони или сукња, но воопшто не и стојат. Колку е ниска, што вака изгледа како џуџеста циганка. Маичката е ужасна. 1/10 Jennifer Lopez Џенифер секогаш мора да убаци блинг- блинг момент во аутфитот. Но тоа го прави одлично. Прекрасно изгледа, навистина! А чевлите се неверојатни!!! 8/10 Poppy Delevigne На прв поглед делува хаотично. Едноставна црна суќна би била погодок тука. Кога ќес е додаде и чантата е едноставно ту мач! 5/10 Sofia Vergara Гламурозен изглед, прекрасен фустан, фигура и лице. Мала утка е чантата, но сепак не е ни приметна покрај токлу убавина. 9/10 Mila Kunis Убав фустан, но се чини предолг за неа. Некако се губи во него. Можела да избере друг накит, нешто потемно за да биде подраматично. Вака не е ништо посебно. 6/10 Julia Stiles Прекрасен футан, многу необичен. Икрено не можам да најдам забелешка во овој изглед, и шминакта и фризурата се прекрасни. 10/10 Hilary Swank И тука немам забелешки. Се е на свое место. 10/10 Whitney Port Делува многу неутрално, се губи некако во облекава... Инаку добро е искомбиниорано, складно е секое парче, но на неа би стоело нешто посмело и младалачко. 6/10 Diane Kruger Да почнам од фустанот кој и стои смешно, неприкладно и ја прави да изгледа како во кутија. Накитот и чевлите се добро комбинирани, а за фризурата можела повеќе да се потруди. На прв поглед изгледа како да и е глупаво во овој фустан, и сосема ја разбирам. 3/10
Daveigh Chase Подобро би изгледало кога би било фустан отколку панталонки, мене многу ми се допаѓа комбинација бела потстава + црна чипка, но долниот дел ме боде во очи... 6/10 Olivia Palermo Дефинитивно НЕ за чевлите, палтото убаво и стои но мене искрено не ми се допаѓа ни кројот ни бојата, панталоните мислам дека малку и се куси... 4/10 Cate Blanchett Горниот дел е ОК, долниот не баш, ако се земе во целост 7/10 Anne Hathaway Многу голема утка, само чевлите ми се допаѓаат 1/10 Shenae Grimes Блузата не се вклопува овде. 2/10 Jennifer Lopez Супер комбинација... Чевлите 10/10 Poppy Delevigne Сукњата и блузата се ужасни, посебно сукњата... Ми се допаѓа ташната но не е за во таа комбинација... 3/10 Sofia Vergara Освен чантата, целата комбинација е супер... 9/10 Mila Kunis Фустанот и е чуден, мене лично не ми се допаѓа 3/10 Julia Stiles Прекрасни обетки и фризура... Фустанот кога би бил неизбелен и тој би бил прекрасен вака 9/10 Hilary Swank 10/10 Whitney Port Не ми се допаѓаат боите на фустанчето, чевлите и ташната се ок. 5/10 Diane Kruger Фустанот не е лош но на неа лошо и стои. 4/10
Ајде нешто од Бафта 2011 (сори за километарскиот пост). EMMA WATSON Спојлер Нежна и убава. Фустанот ми е прекрасен,шминката одлична. 10 AMY ADAMS Спојлер Ми се допаѓа фустанот, убаво ја отвора бојата на косата. 10 JESSICA ALBA Спојлер Прекрасна. Како римска божица е. Богатата боја на фустанот е гаранција дека не поминала незабележано. И фризурата и шминката се супер. Стотка. EMMA STONE Спојлер Не ми се допаѓаат различни нијанси на црвено споени во едно. Чевлите и ташната се убаво вклопени. 8 HELENA BONHAM CARTER Спојлер Колку и да ја сакам типкава, ова не ми се допаѓа. 5 ANNETTE BENING Спојлер За нејзини години женава е чудо. Е сега бел фустан на жена во години... што знам, 8 GEMMA ARTERTON Спојлер не ми се допаѓа, чудна е панделката. 6 JULIANNE MOORE Спојлер Никаква линија нема фустанов, ја прави рамна без струк и колкови. 6 THANDIE NEWTON Спојлер Свежо ми изгледа, ми се допаѓа. 8,5 JENNIFER LAWRENCE Спојлер Премногу разголено е во горниот дел, а и таа огрлица ми боде очи. 7 EVA GREEN Спојлер Аууу адамс фемили. Не. 1 ROSAMUND PIKE Спојлер Многу свежа и допадлива. 9,5 HAILEE STEINFELD Спојлер Ужас. Ова би требало да е тинејџерка. Кој ли ја облекол вака? А од чевлите ми се . Нула MINNIE-DRIVER Спојлер Убав е фустанот, ама во друга боја повеќе би ми се допаднал. Вака малку невестински ми изгледа. 7 SARAH HARDING Спојлер Премногу црвено. Црвен фустан, чевли, шминка... Ту мач, и невкусно ми изгледа. 6 JANE GOLDMAN Спојлер Фрик оф д уик. Не можам ни да ја забележам облеката, ослепев. НУЛА FELICITY JONES Спојлер Должината на фустанот е утка. Пократок до под колена би бил одличен, а вака 6 TRACY EMIN Спојлер Фрик оф д уик набр ту. Не можам да го забележам стајлингот од фризурата и фацата. Natascha-McElhone Спојлер Преубава е. И фустанот, накитот, шминката - супер. 10 KIMBERLEY WALSH Спојлер Фустанот ми е некако блед и незабележителен. Косата и шминката ми се допаѓаат, една 7 од мене. RACHEL STEVENS Спојлер Слатко, ми се допаѓа. Непретенциозно а убаво. 10
Сега ќе ги ставам и сликите од Греми црвениот килим, а вечер ќе ги искоментирам и нив и оние од Бафта 2011. Melanie Fiona (Brand: Max Azria Atelier) Kim Kardashian (Brand: Kaufman Franco) Nicole Kidman (Brand: Jean Paul Gaultier Couture) Rihanna Julianne Hough (Brand: Malandrino) Natasha Bedingfield Eva Longoria Jennifer Hudson (Brand: Versace) Ciara (Brand: Emilio Pucci) Kelly Osbournе (Brand: Tadashi Shoji) Florence Welch (Brand: Givenchy Couture) Nicki Minaj Anna Nalick Ах да и спектакалот на доаѓањето на Лејди Гага во јајце, зашто така се чуствувала во моментов додека го спрема албумот, како во инкубација
Поминаа и Греми наградите. еееј Роси ме претрка . Ќе го оставам сепак постот, заради оценките што им ги доделив Ријана - Ужас, зборови немам... KATY PERRY Спојлер Слатка е секогаш, ама стајлингот никаков. Разбирам да сакаш да се одделиш од останатите, ама не со невкус. Nicole Kidman Спојлер Преубава. Фустанот е прекрасен. Стотка. Lea Michele Спојлер ми се допаѓа фустанот, ама чевлите ми се одвратни, како копита . 7 Jennifer Lopez Спојлер Згодна, знае како да го истакне тоа. 10 Dianna Agron Спојлер Мене ми се допаѓа ваков елегантен изглед. И накитот е преубав. 9 WILL, JADA AND WILLOW SMITH Спојлер Џејда е убава, само фризурата не ми се допаѓа многу. 9. А девојчево е врв на кичот и невкусот. НУЛА Florence Welch и лебедовиот фустан - Некои креации не треба да одат подалеку од модните писти. Eva Longoria - Бомба. И фустанот, накитот, шминката и фризурата. 10 Jennifer Hudson - хммм не е толку лошо, ама мааалку кичесто ми делува. 7 Heidi Klum Спојлер Ја обожавам женава, блеска каде и да се појави. 10 Selena Gomez Спојлер нежна, ми се чини ако ја допреш ќе се скрши . Ми се допаѓа - 10 Nicki Minaj - ноу комент Miley Cyrus Спојлер фустанот можеби би изгледал убаво со собрана коса и без тој упадлив накит. 7 Kim Kardashian - е ова е веќе кич златно. 3 Kelly Osbournе - споредено со тоа како изгледаше порано девојкава, ова е за 10 Naya Rivera Спојлер ова ми изгледа ко некоја наша просечна шнајдерка да го шиела . 2 Ciara - преголо, пренападно, 2 LeAnn Rimes Спојлер Ми се допаѓа фустанот, посебно делот кај ракавчињата. 10 Natasha Bedingfield Спојлер романтично, и премногу би рекла. 6 Jenna Ushkowitz Спојлер фустанчето ми се допаѓа многу, чевлите ич. 8 Janelle Monae Спојлер ужас Julianne Hough - многу шарено, ама убаво вклопено. Косата и шминката ми се допаѓаат. 8 Amber Riley Спојлер фустанот е убав, ама не за ваква фигура. 6 ЕДИТ: ШТО Е ОВА ПОБОГУ?!?!?!?!