Парфемчињата се копии на оригиналите, цената им е 150 денари, прилепско производство се.. Досега сум ги користела еconomic но поголемиот дел од нив мирисаат тешко, само неколку ми се допаднале. Пред некој ден една другарка мирисаше преубаво и ја прашав што парфем користи ми рече дека се викал Rеlax, досега ги немав забележано но ги има на секаде и за разлика од економикот не мирисаат на алкохол и хемија.. На брзање вчера земав еден бидејќи ептен бев љубопитна, бројката му е 4174, заборавив да видам чија копија е доколку некој знае нека ми каже.. Исто ми се допадна копијата на Victoria's sеcrеt - Bombshеll тој ми е во план следен.. Што мислите? Дали некој ги користел и колку сте задоволни..