Алис,а можеш да ми кажеш што пишува на тој на мајка ти ?! Ајде ако не,тогаш вторнички ќе го земам.Денес се мислев,се туфкав и отиде денов.
Лилит ти кои ги гледаше на Пазар3 ли Гледам има и од 110, од 1600.. И јас се наканив да земам, вака не иде веќе. Мене ми е и за обична масажа, ама секако и за антицелулитна ќе го користам.
Дали некоја од вас има искуство со рилексот и попуштени вени? Може не лично вие, млади сте, ама некој постар член во семејството со попуштени вени дали го користи и дали смее воопшто да се користи?! Да појаснам малце... немам сеуште попуштени вени, но затоа сите жени (па и мажи) од мојата фамилија, сите до една, го имаат овој проблем, значи и мене ќе ме стаса кога тогаш, плус циркулацијата ми е лоша, нозете секогаш смрзнати. Пред некое време забележав дека вените на длабнатината на коленото ми се поизразени и решив превентивно да се реагирам за да го одложам нивното појавување за што е можно подоцна. Во една книга што ја најдов пишува дека се препорачува секојдневна масажа на стапалата и нозете, од доле кон горе, само што никаде не е спомнато дали мора да е рачна... Се мислам да не го убрзам процесот со рилексот, па да си направам проблем?! Уште од сега знам дека нема да ја користам најјаката брзина (по сите ваши коментари што ги прочитав)... Како и да е имам дилема да го купам или и од пазар секако не вреди толку пари да се дава кога веке се истите!
Јас го имам...и искрено ми служи само за добра масажа кога сум уморна. Го користев лани 2 месеца редовно и има резултати ама мн мали, барем кај мене
I jas go imam veke dolgo vreme...........go zemav bidejki mi se pojavi celulit pa mislev deka ke mi bide od korist.Go koristev sekoj den i toa po 30 minuti ,a ne po 10 min kako sto treba no iskreno voopsto ne mi pomogna. Go koristev so meseci i edinstveno sto dobivav beshe edna dobra masaza . No so takov problem kako tvojot iskreno spored mene ne e bash vo red da go koristis .Prvo konsultirajse so strucno lice.
Спанко,вени никако силна масажа.Татко ми има попуштени вени и не смее ниту да ги притиска листовите на нозете,туку само со блага масажа,нешто посилно од еве да речеме галење и баш од доле нагоре. А башка,оди на лекар и праша на друг начин како превентивно да делуваш.Како на пример пиење на калциум и сончање со цел да создадеш витамин д кој ќе овозможи полесна абсорпција на калциумот од кој се составени вените во добар дел или нешто такво,ама ништо без консултација со лекар. Рилакс енд тоун право да ви кажам се сомневам дека е добар за било каква масажа,освен против целулит,евентуално стапала.Премногу е груб и тие вибрации кои ги создава не се баш за пределот околу вратот,рбетот,особено пак главата.
Јас го имам оргиналот од топ шоп и фака прашина веке 3 месеци.Се масирав на стомакот,но децата ми се родени со царски рез ужасно ме болеше стомакот посебно на тоа место.Прекинав,едоставно изгубив воља.Единствено што приметив,бидејки ставав некој гел за стрии дека стриите за тој период што се масирав се намалија но сега си се пак истите.
Знам лилит дека се премногу болни, може не сум осетила на мене, но не гледам причина зошто да не им верувам на сите останати. Не сум се консултирала со лекар, но еднаш кога бев на масажа кај добар масажер и ми направи некои тестови со притискање, нешто дали ќе ми се испакнале вените или не... и ми кажа дека немам никакви симптоми да не се замарам пред време туку самосугестивно да си помагам! Да им зборам буквално *венички мои јас вас многу ве сакам и сакам да ме служите и да не осетите болка итн* А за преветнивата освен масажа и витамини во форма на апчиња уште се препорачуваат и цедени сокови од морков, цвекло, целер, магдонос, спанаќ и др. топло-ладен туш за поттикнување на циркулацијата. И на крај пак се ќе биде залудно кога гени си се гени А рилаксот го планирав само за бутките и газето, никако вратот, а уште помалце стомакот не планирам да си ги уништам органите! Во секој случај, ти благодарам!
Овај го зедов од кинески 950 ден. Скоро па ист по форма, иста функција, но трипати поевтин. Има резултати но треба да се користи редовно.
Братучетка ми купила масажер, по форма, големина и функција е ист како Relax&Tone, дава исти ефекти за 500 денари. Така да, не вреди да се порачува...
овој го имам и јас но не долго време, го користам скоро секој ден но сеуште не сум забележала резултати, мислам дека е рано. пошто го имам видено и „оригиналот“ од топ шоп потполно се исти имаат исти додатоци, иста брзина па дури и бојата им е иста, и кога го користиш без да видеш нема шанси да погодиш кој го користиш.
^ Допатува мојот масажер, ваков манипол боди од бит-пазар за 500 денари и ме изненади што не галами како што мислев туку и баш е тивок. Татко ми ме посоветува да не ги немувам многу брзините, да оставам цело време некоја средна и да не го иклучувам самиот масажер туку директно од струја, зошто вели дека ако нешто има да се расипе тоа е тој птекидач (или како и да ми го кажа). Уште ова го немам пробано за целулитот па ќе видиме дали и кога ќе даде резултати.
Читав многу пофални работи за масажерот и јас го купив за целулит А за гелови, креми многу имам пробано и сите се исти. Па видов тука повеќе го препорачаа Сатва од алкалоид. Го зедов и го пробав на раката да видам дали пече така како што пишува. И навистина се вцрвени раката многу и сега ми е страв да го ставам на нозе и да се масирам. Сакам да ве прашам за колку време ви поминува црвенилото да не стои подолго време? плијс хелп
На Бит-пазар ли има од ова имитацииве? Јас сакам да земам утре еден, може некој да ме упати кај потошно да најдам стварно ќе бидам кнап со време
На упатството на Рилекс енд тоун пишува дека не смее да се користи за масажа на главата ,дури ни на најслаби вибрации,бидејќи дејствува штетно на централниот нервен систем . На вратот исто така. Не смее да се аплицира директно на рбет и на пределот кај бубрезите.Инаку е добар,го имам дома,го користам одвреме-навреме,добро релаксира ,ја зголемува нервната спроводливост (како и секоја друга терапија со вибрации),а со самото тоа се подобрува циркулацијата (клеточна исхрана,размена на материи и сл.) Посебно е добар за целулит,дава резултати и без антицелулитен гел ( но во помала мера),а во комбинација со гел е одличен и за кратко време се решава проблемот со кората од портокал. Добар е за превенција на болки во половината (искучиво на слаби вибрации),грбот,при менструални болки помага во ослободувње од истите ...Горе-долу,тоа е повеќенаменско машинче кое и тоа како може да помогне.
Јас имам ист таков, со исти функции,исти делови,исти брошури,но не пишува Рилекс енд тоун, не ни го порачавме од Топ Шоп,но сепак истиот е, јас го користам за масажа,а не за слабеење искрено не верувам дека има големи резултати.
Абе какво слабеење... се знае, се слабее ако внимаваш на исхрана а ова помага за да го разбие целулитот
А што чај пиеше? Јас вчера си го земав и веќе 2 пат се масирам, онака убаво, интензивно. Али сега видов дека многууу ми се истакна целулитот- ко на стара жена значи не знам зошто така, прочитав дека нели треба на површина да го извади али ова е ептен гадно бе, а да речеш дека седам дома и не се движам, јас 4 пати идам у теретана! А инаку нормално е на некој да не му делува, ама всушност ова ти е исто ко нормална антицелулитна масажа само 100 пати појака! и Нормално боље ќе платам 3000 да ми стои него 3000 за масажи што можда нема да траат