Освен на бит пазар каде на др место можам да си набавам бидејки барав во рамстор и во новово веро немаше а мислам дека видов еднаш али не сум баш сигурна во верото мислам дека видов ај ако знаете кај можам да најдам освен на бит пазар кажете ми
Сестра ми зема пред некој ден од зелено пазарче за 600денари. Супер е за масажа. Планирам секој ден да го користам и да видам дали има ефект за целулит и за слабеење.
во базаро има копијата мислам била 500 или 1000че ама тоа е оној марипол (така се вика копијата) го имам со месеци...и за тие пари добро ме трае... преубава масажа...и бтв целулитот ми се намали
луѓе сакам да прашам дали треба да се употребува на гола кожа или може и преку хеланки??? и дали мора да се мачка телото со крема или немора??? ве молам за одговор .. колку време е потребно да се масира? доволно 15мин?
Јас се масирам на гола кожа, и се мачкам со крема, пошо еднаш пробав без крема и после кожата ми беше црвена и многу ме чешаше. Инаку препорачливо е до 15 мин дневно да се користи,не повеќе. И исто така не треба да се задржуваш на едно место подолго време пошо можеш да си ја оштетиш кожата. Јас сум многу задоволна од овој масажер. Помага и за целулитот, но треба да си употребува подолго од 1 месец за да се видат резултатите.
Брановидното е за затегнување на кожата, а тоа со топчињата е за целулит. Да, и мене некогаш ме чеша. Но тоа ако сум заборавила да го исчистам делчето помеѓу 2 масажи. Пробај како што имаше Strawberry.6 погоре напишано - користи крем, така не би требало да те чеша.
Имам копија и се вика Relax Spin & Tone, убаво масира, многу брзо врти ама го запустив ја, го користам ретко, ќе треба да почнам повеќе да се масирам.
Па нормално е да имаш појава на црвенило и чешање, тоа значи дека има ефект. Тоа е поради зголемената циркулација на тоа место
Јас го имам скоро една година и можам да кажам дека нема ама баш никаков ефект. Добар е во случај ако сакате малку да се опуштите. Relax ДА, Tone НЕ
Ај некој ако знае за сигурно да ми каже дали навистина има во Базаро, и колку е како си рекла ти 500 или илјада ептен тука негде.. Или каде има од овие имитацииве, да е негде до 1000ден одамна го купувам чудово и никако да земам.
Кај мене има ефект... ако сте сакале за два дена да видите резултати, сте се излажале за парите. Ама со долготрајна употреба - ефикасен е. Инаку и јас имам имитација, од оние Maripol, 1000 ден. е во едно продавниче во Кисела Вода, кај рампа... побарајте на Пазар3 има оглас.
Каринче, на Зелено пазарче, во делот кај што продаваат алатки, делови за санитарија, некои апарати за домаќинство и слично, значи кон излезот на пазарот, од страната на Кјуби, има по 700 денари, Relax & Spin Tone, кутијата, деловите и упатството се исти како на Relax & Tone. Истиот продавач има огласи на Пазар3. Единствено не добиваш гаранција, а моќноста е иста, успеав да споредам. Мене ми е топ.
Има со сигурност во базаро, мојот е од она базаро во влае ама и во соравија го има (другарка од таму си зема минатиов месец) 1000 че мислам ..и овој е тој имитација (марипол) а не е како тие од пазарче еве јас ќе му дојде како го имам скоро година пу пу супер ми е да не го урочам
Таман ќе одев после празникот на зелено пазарче да земам шо рековте 700 бил, сеа ме предомисливте 500 на Битпазар Лукс може да ми кажеш каде поточно ги има на Битпазар, да не лутам зашто таму ептен ретко ме носи патот.. тешко ќе се снајдам?