Богами ако ти делувало права среќничка си мене ништо не ми делува ни креми ни ништо све сум пробала. Делува само антицелулитна масажа исклучиво со раце а не со некои апарати како овој.
Море све праев ко што треба. Секое сабајле и секоја вечер по еден саат се вртев по незете и џабе.[/quot хмммм, кај мене се појавија некои резултати,ама мора да продолзам со исто темпо...нормално е дека многу време ни се таложиле овие масни наслаги, и сега сакаме за месец-два да ги снема....ај да бидеме упорни повеке време...и се ке се среди
Го имам Relax&Tone .... Од искуств ви кажувам дека понага само при масажа,но никако не помага при намалување на телесна тежина,наслаги,ниту пак за целулит.
во кутијата имаш како упатство за употреба нешто такво. и на него пишува дека ако ти се појави црвенило да не го користиш
Го имам ама не го користам, немам потреба, поише сестра ми се средува со него, има резултати, целулитот на нозете веќе и го нема иако не го користи долго време , неколку месеци
Се согласувам и јас дека за масирање е супер ама за друго тешко..а го имам тој Relax&SpinTone oд 350 денари и е перфектен ништо не му фали, дрма јако, ме служи секој ден со месеци.
Ја следев темава од поодамна, ама дури сега пишувам јас го користев кога го купив (го имам тој „фалшот“ што е од 400 денари од бит пазар, демек копија на тој од топ шоп, ма да јас не верувам во оригинали и копии кога се работи за вакви работи битен ми е џебот. Немав време да го користам кога го купив, за брзо го баталив на подолго време и еве од денес пак си почнав. Сега ќе водам друга тактика, за да видам дали навистина макар и малку ми делува. Почнав со масирање само на едната нога, планирам така да продолжам една недела, па да си знам дали вреди да се користи воопшто Ќе ве известам по една недела што бива Од утре си викав и сатва да си купам, колку толку ќе појави нешто можда плус.. ма да лани се масирав (рачно) само со бекутан масло и исти резултати ми даде како кога се масирав со гарние гел, али ајде, да го убрзам демек процесов, си се подлажувам
Ако го барате за слабеење не помага. Или барем кај мене( и кај 10 други кои го имаат) немаше резултати
Општи прашања Девојки ај ако има некоја од вас што знае нека ме упати. Каде да барам на Бит пазар Relax & Tone?
јас пред една година го нарачав на овој бр. 077 608 447-Марјан....бројот го најдов на форумот, и ако не се лажам околу 750 ден. беше ( до Битпазар не ми се одеше),bdw човекот ми го донесе до дома,и немам никакви замерки за масажерот, одлично работи....позз
Jas vcera se masirav. ama rakata so koja se masirav (so koja sto go drzev aparatot), denes mnogu me boli, vas ne? [mod-kirilica:2mde50x9][/mod-kirilica:2mde50x9]
Конкретно овој го немам користено ама имам масажер со долга рачка и пластични додатоци и на вибрации. Недела дена ги масирам нозете во комбинација со сатва, не приметувам некој кој знае каков ефект на целулитот освен што кожата ми е помазна и позатегната можеби и ќе има во иднина, не се откажувам. Ама случајно открив дека после инетизвно вежбање од кое обично добивам ужасно воспаление на мускули со масажата го спречувам. Просто не ми се веруваше дека ми ја тргна болката од мускулите како со магија и после тоа како нова сум. И да не делува против целулит не ми е гајле штом ми помага со болката доволно ми е.
Девојки да не знае некоја од каде да го купам масажеров? Во топ шоп го неаат веќе, а на стара некако шубе ми е