Нема шанси не се слабее со релакс како се залажувате за целулит помага доколку се масирате редовно а да ослабеш без диета само со релакс нема теорија ако има таков некој нека се јави
Имам глупаво прашање, ама морам да го поставам. Денес си купив Relax and Tone, ама не можам да ја отстранам заштитната мрежа. Пробав секако и страв ми е да не го слупам нешто. Дали е со одвртување или само со повлекување...
со повлекување... ама најтежок дел за мене е кога треба а ги сменам тие додатоците појма немам како се мењаваат и затоа само тој као бранчиња го користам...
Да, се снајдов... Малце повеќе сила и се повлече... Сепак Фала Иначе другите делови за менувања ми беа полесни, исто со повлекување, каде што има на две места вдлабнати страни на црната основа, тука притискаш и повлекуваш... Ако се поткрени само едната страна од делот тогаш, ке ја поткрениш и другата спротивна страна и излегува цело. Новиот дел само го притискаш на основата. Ваљда правилно ги менувам, ако не, ке ми останеше цела црна основа во рака... Поздрав
и јас го имам ама сега не се масирам не се слабее со јадење мора да нејадиш за да ослабиш, или само упорност треба. И орбитрек имам и Релакс&Тоне ама ништо ни со едното вежбам ни со другото се масирам сега морам да почнам со двете да бидам упорна и се надевам дека ќе успеам
Женски, практикувајте да се масирате од долу нагоре, значи од колена накај колокви, пошто секоја масажа се прави на тој принцип....со тоа го олеснувате патот на крвта која оди накај срцето, и со тоа се забрзува циркулација...и ќе имате поголеми ефекти...
Пред 1 недела го користам Relax & Tone на стомахот и половините. Имам проблеми на странините делови и можам да ви кажам дека се забележуваат резултати. Делот на половината ми стана помек односно се осеќа ефектот од него. Го користам 1 недела, со 10 мин. од едната, 10 мин. на другата страна (кај колковите) и од 5-10 мин. на стомак. На почетокот првиот ден - два малку чешеше, но понатаму не... и откако ќе завршиш со масажата маалку ти е осетливо тоа место, но не е некоја јака болка или ништо слично. Планирам да се масирам уште 1 недела, за да потоа го користам другиот дел за затегнување на кожата. Тој за топење маснотии помага, сега ќе видам за зацврстувачот, планирам да го користам со некој гел за зацврстување.
И јас го имам ама моментално не го користам има резултати само ако си упорен и секојдневно да се масираш. Сега ќе почнам пак па се надевам дека ќе успеам до крај оти јас секогаш така правам почнувам 2-3 дена и после се откажувам
Здраво девојки! Пред 3 дена го купив Relax & Tone, за масажа е супер. Купив и антицелулитен балзам Сатва (Sattwa), ама незнам дали е добар. Прочитав едно мислење дека помага при отстранување целулит .. ама сакам и друго мислење ) Фала однапред
Бил некој сега брзо во продавницата на топ шоп или дали се има некој јавено да го порача по телефон за да ми каже дали се чека многу? Од коментариве заклучив дека е прилично корисен, (со чесни, а богами и ретки исклучоци на кои не им помогнал, или добиле некои чуда по телото). Паа.. се решив да го земам и јас Се надевам ќе успеам да останам упорна, оти ко шо гледав, пролетните месеци (кон летото) повеќе имало заинтересираност за масажеров а ако се почни уште од сега има можност да се постигнат резултати до наредното лето господово 2011 - то па видеќемо.. Си реков затоа да ве прашам, дали некој сега брзо има порачувано, пошто кон летото ваљда се поголеми побарувачките и го нема многу многу на залиха, па сега можда го има повеќе? М? Поздрав и фала на сите на помошта при одлуката
Во топ шоп го има, малце треба да чекаш додека да го донесат, ама незадоволните купувачи ги продаваат на пазар3 сум видела огласи, ти викам за масажа купи го, а за целулит никако не помага!
Значи станува збор за истиот масажер Relax & Tone? Да не е некој кинески, или што јас знам.. Ова ме зачуди бе, 3 часа масирање во денот?? Не е то малку од повеќе претерано? Сум слушнала за 15тина мин, пола сат... ама 3 саати?
Масажерот е 3000 ден веке една година го користам и одличен е тие пари за 5 мазажи во салон ке ги дадете а вака дома за секогаш ке си го имате. За масирање се разбира по 30 мин активно и чао целулитче.